1 Последните денови на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. Вто 22 Ное 2011, 1:21 pm
Muaz al Islam
Модератор
Мухаммед саллаллаху алејхи ве селлем, најодбраниот пратеник...Најдобриот човек кој одеше по земјата...оној на кој му припаѓа шефаатот на Судниот ден...
Најдобриот и најблагородниот човек...прв кој ќе влезе во Џеннет[You must be registered and logged in to see this link.]...
Оној за кој Господарот на сите светови вели:..,,Ти си навистина,со најдобар морал.’’-и тој ја почуствува смртта! Откако ја заврши својата чесна мисија,последните денови од својот живот ги помина чесно, онака како што било кој друг може само да го посака...Овие последни денови од неговиот престој на дуњалокот[You must be registered and logged in to see this link.] ни раскажала мајката на верниците Ајша радијаллаху анха...
Во месецот сафер(втор месец во хиџретскиот календар)се разболе Пратеникот,саллаллаху алејхи ве селлем. Болеста траеше само до следниот месец,т.е. месецот ребиул-еввел. Пратениковата,алејхи селам, болест била тешка и исцрпувачка. Потешка од било која друга болест која ја почуствувал некој Аллахов роб. Ајша,радијаллаху анха,не обавестила дека,кога на пратеникот го погодила таа болест,сакал да стане и да оди на намаз во месџид[You must be registered and logged in to see this link.], кој бил споен со неговата,саллаллаху алејхи ве селлем,куќа. Кога станал со намера да излезе,паднал и се онесвестил. Штом дошол при себе,прашал:’’Дали луѓето клањаа?’’Присутните му одговориле:’’Те чекаат тебе,о Аллахов Пратенику.’’
Тој потоа рече:’’Дајте ми вода.’’Па му дале, а тој зел абдест и потоа станал со намера да оди во месџид, па по втор пат паднал и се онесвестил. Кога се освестил,прашал:’’Дали луѓето клањаа?’’Му рекоа:’’Те чекаат тебе,о Аллахов Пратенику.’’Тој повторно рече:’’Дајте ми вода.’’Кога му дале вода,повторно се очистил и станал да оди на намаз, но и по трет пат се онесвестил. Кога дошол при себе,повторно прашал:’’Дали луѓето клањаа?’’Рекоа:’’Те чекаат тебе,о Аллахов Пратенику.’’Тогаш тој рече:’’Нека Ебу Бекр ги клања луѓето,јас не можам.’’
Ебу Бекр го менувал Пратеникот,саллаллаху алејхи ве селлем,предводејќи намаз на асхабите дванаесет дена.
Кога се разболел, Пратеникот побарал дозвола од своите други жени болеста да ја помине во куќата на Ајша,радијаллаху анха.
Така еден ден ја повикал Ајша и ја прашал:’’О Ајша,каде се оние седум динари кој ти ги дадов?’’ Ајша му рекла:’’Ги чувам.’’Тој рече:’’Подели ги како садака, не сакам кај мене да остане никаков иметок.’’ Ајша рекла:’’Во ред,о Аллахов Пратенику.’’Потоа паднал во несвест.Кога се разбудил,ја прашал:’’О Ајша,што си направила со динарите?’’,А Ајша рекла:’’Уште се тука.”’
Како се посветила во грижење на Пратеникот,саллаллаху алејхи ве селлем,заборавила да ги додели.Пратеникот тогаш рекол:’’Подели ги како садака.’’Ајша ги поделила динарите како садака[You must be registered and logged in to see this link.],а Пратеникот рекол:’’Сега!’’,т.е. сега сум мирен.
Овој хадис ни говори дека Пратеникот,алејхи селам, не оставил ништо во наследство.Дури ни тие седум динари не сакал да останат кај него,туку му рекол на Ајша да ги подели.
Ајша понатаму пренесува:’’Потоа дојде неговата ќерка Фатима.’’Единственото дете кое останало живо за Пратениковиот живот, додека сите други Пратеникови деца умреле во текот на неговиот живот, освен Фатима, од нив се:Касим, Абдуллах, Ибрахим, Зејнеб, Умму Кулсум и Рукајја.
Фатима е единствената која ја погоди тешкотијата на смртта на неговиот татко, Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем, а Пратеникот ја осетил тешкотијата на губењето на своите шест деца.
‘’Кога влезе,Фатима седна кај Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем,а тој и рече му се приближи. Се приближи,а Пратеникот и шепна нешто на уво,а таа заплача. Гледајќи дека плаче, Пратеникот повторно ја викна да се приближи и и шепна нешто, а таа се насмеала.’’
Кога се тргна од кај Пратеникот, пријде Ајша, мајката на верниците и прашала:’’Штое тоа?За така кратко време те видов да плачеш и да се смееш.Што ти рече Пратеникот?’’Фатима одговорила:’’Зарем да ти го откријам она што Пратеникот ми кажа во тајност.Да сакал да рече наглас за да слушнеш,ќе речеше.’’Ајша на тоа ништо не рекла.
После смртта на Пратеникот, Ајша и понатаму размислувала за тоа што и рекол на Фатима, и во една прилика, кога ја видела Фатима,радијаллаху анха,прашала:’’Пратеникот се пресели,сега кажи ми,поради моето право кај тебе,што ти шепна?’’(Ајша била мајка на верниците,исто така и мајка на Фатима,иако била помлада од Фатима 8 години). На тоа Фатима и одговорила дека Пратеникот а.с. и го кажал следново:’Џибрил[You must be registered and logged in to see this link.] доаѓа секоја година по еднаш за со него да го проучам Куранот, а оваа година дојде два пати да го обновам Куранот, и мислам дека е тоа затоа што ми се приближува смртниот час.’, па јас заплакав. Кога виде дека плачам, повторно ми шепна:’Ти си првата од мојата фамилија која ќе дојде со мене.Зарем не те радува тоа што ти ќе бидеш прва од сите жени во Џеннетот?’,
па се насмеав...’’
Ајша продолжува понатаму:’’Потоа излезе Фатима радијаллаху анха, а после неа кај Веровесникот саллаллаху алејхи ве селлем, влезе Абудррахман ибн Ебу Бекр(кој бил брат на Ајша)носејќи во рака мисвак[You must be registered and logged in to see this link.]. Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем, погледна во мисвакот кој Абдуррахман го држел во рака.’’Гледајќи го тоа, Ајша се сврте према Пратеникот, затоа што приметила дека гледа во мисвакот и го прашала:’’Го сакаш ли,о Аллахов Пратенику?’’ Пратеникот одговорил:’’Да’’.Ајша радијаллаху анха, го зеде мисвакот од Абдуррахман, го отстранила користениот дел од мисвакот и малку го омекна , потоа му го даде на Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем. Аллаховиот Пратеник ги исчистил забите со него пред самата смрт...Затоа Ајша радијаллаху анха, вели дека Пратеникот умрел измеѓу нејзините гради и вратот,и од Аллаховата милост спрема неа,последното што Пратеникот осетил во устата е нејзината плунка, затоа што ги очистил забите со мисвак со кој таа го омекнала со своите заби..
Значи,Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем, ги чистел забите со мисвак, а потоа погледнал накај небото и рекол:’’Со оние на кои благодетта Своја си ја дарувал,од веровесниците и искрените, шехидите[You must be registered and logged in to see this link.] и добрите. Ова е најдоброто друштво’’Потоа рекол:’’Во возвишеното друштво!’’
Ајша рекла:’’Веровесникот не умира пред да му се даде да бира.’’Значи,ако го сака дуњалукот,останува и понатаму на него или одбира да умре.
‘’Разбрав дека Пратеникот со овие зборови одбрал да се пресели.’’
Три дена пред смртта,на Пратеникот му се поправи здравствената состојба и излегов меѓу асхабите,а главата ја врзал и ја стегнал поради болката која ја чувствувал, па им рекол:’’Навистина Аллах му дал на робот да избира помеѓу дуњалукот и неговите украси и она што е кај Аллах,па тој одбра она што е кај Аллах.’’
Ебу Сеид ел-Худри рекол:’’Тогаш заплака Ебу Бекр и рече:’Би те откупиле со нашите татковци и мајки, о Аллахов Пратенику.’Му се чудевме на Ебу Бекр...
Пратеникот не известува за човекот на кој му е дадено да бира, а Ебу Бекр плаче?Каква врска има едно со друго.(...) Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем е тој на кого му е дадено да бира, а Ебу Бекр беше најучениот од нас,кога е во прашање Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем.’’
Понеделник,12.ребиул-еввел,Ебу Бекр клања како имам на асхабите.
Пратеникот алејхи селам, и вели на Ајша да го подигне. Сакал да ги види своите асхаби[You must be registered and logged in to see this link.].Погледнал преку отворот на месџидот и ги видел асхабите како клањаат зад Ебу Бекр. Во тој момент асхабите се свртеа кон Пратеникот, алејхи-ефдалу салати ве етемме теслим.
Енес радијаллаху анху за тоа проповеда:’’Неговото лице светеше како месечина...’’
Погледнете го примерот љубовта кон Пратеникот,саллаллаху алејхи ве селлем,и на кој начин неговиот асхаб, Енес радијаллаху анху,го опишува.
Веровесникот се насмеал гледајќи ги асхабите во таква состојба,значи му било мило што Аллах ги собрал на добро и покорност.
Потоа Пратеникот се вратил назад во куќата. Овој ден,понеделник наутро,си отиде неговата душа,салавату рабби ве селамуху алејхи. Дошол мелекот[You must be registered and logged in to see this link.] на смртта и ја зел таа добра мубарек[You must be registered and logged in to see this link.] душа, најдобрата душа која е спуштена на Земја...Душата на Мухаммед саллаллаху алејхи ве селлем.
Пратениковата ќерка рекла: ’’О татко мој, ја примил Господарот довата[You must be registered and logged in to see this link.],о татко мој,во Џеннетул-Фиредус[You must be registered and logged in to see this link.] е твоето престојувалиште,о татко мој, на Џибрил ќе се пожалиме...’’
Се преселил понеделник наутро,саллаллаху алејхи ве селлем. Го огусулиле[You must be registered and logged in to see this link.] и го завиткале во ќефини[You must be registered and logged in to see this link.],а потоа одеа и му клањаа џеназе[You must be registered and logged in to see this link.] еден по еден. Не му клањале никако џеназе во џемат. А кој бил во состојба да настапи пред асхабите и да клања како имам[You must be registered and logged in to see this link.] на џеназето на Пратеникот???
Значи,џеназе му клањале поединечно, мажи и жени. Кога еден би излегол,друг би влегол и би клањал. Ова продолжило цел понеделник и цел вторник, а навечер во вторник за среда, го закопале Пратеникот,саллаллаху алејхи ве селлем.
Кога го закопале и на враќање кон своите куќи, како кажува Енес, радијаллаху анху,’’Се во Медина се стемни. Враќајќи се, се сретнав со Фатима, ќерката на Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем,која ми рече:’’О Енесе,дали го закопавте Аллаховиот Пратеник?’’Реков:’’Да’’.На тоа таа рече:Како имавте сила да го фрлите во земја Пратеникот?’,па заплака,а и јас заплакав и не можев ништо да речам.....’’
Автор:Шејх Осман ел-Хамис
Превод: Гариб
[You must be registered and logged in to see this link.] рајот
[You must be registered and logged in to see this link.] Овој свет
[You must be registered and logged in to see this link.] Место за молитва,т.е. џамија
[You must be registered and logged in to see this link.] Делење иметок во добротворни цели
[You must be registered and logged in to see this link.] Ангелот Гаврил
[You must be registered and logged in to see this link.] Дрвце специјално наменето за чистење заби
[You must be registered and logged in to see this link.] мачениците
[You must be registered and logged in to see this link.] Другари,
[You must be registered and logged in to see this link.] ангелот
[You must be registered and logged in to see this link.] благословено
[You must be registered and logged in to see this link.] молитвата
[You must be registered and logged in to see this link.] Средишен дел на рајот-највозвишениот дел
[You must be registered and logged in to see this link.] избањале
[You must be registered and logged in to see this link.] Посмртни чаршафи
[You must be registered and logged in to see this link.] Молитва за погреб
[You must be registered and logged in to see this link.] Предводник во молитва