1 Опрости и заборави Пет 25 Ное 2011, 5:23 pm
Muwehhid
Модератор
Во Името На Аллах Милостивиот, Самилосен!
-О Правоверници!Слушајте што зборувам, не заборавајте и земете го ова при срце.Морате да знаете дека секој муслиман е брат на другиот муслиман.
Сите вие сте исти и имате исти права и обврски.
Никаква предност нема арапот над неарапот,ниту црнецот над белецот,ниту белецот над црнецот.
Сите вие сте потомци Адемови а Адем е створен од земја.
-О Муслимани треба со потполно внимание да се сакате и да се помагате меѓусебно.
Несмеете меѓусебно да се навредувате ниту со сила да одземате едни од други.
Од својот брат муслиман земете го само она што тој сам ќе ви го даде.
Чувајте се од неправда.
-Во вашата работа,Исламот и целокупниот интерес нека се воздигнат над вашиѕе интереси.
Насочете ги вашиот живот кон Исламот и дајте се од себе во работата за Исламот.
-Никогаш не газете на правата на ниеден човек.Не заборавајте дека почитувањето е едно од главните основи на Исламот.
(Извадок од излагањето на последната худба на Мухаммед а.с)