Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
60 начини на бришење на гревот EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
60 начини на бришење на гревот EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
60 начини на бришење на гревот EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
60 начини на бришење на гревот EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
60 начини на бришење на гревот EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
60 начини на бришење на гревот EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
60 начини на бришење на гревот EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
60 начини на бришење на гревот EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
60 начини на бришење на гревот EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
60 начини на бришење на гревот EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
60 начини на бришење на гревот EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
60 начини на бришење на гревот EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
60 начини на бришење на гревот EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
60 начини на бришење на гревот EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
60 начини на бришење на гревот EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Similar topics
Кој е он-лајн?
Севкупно има 216 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 216 Гости :: 2 Bots

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
60 начини на бришење на гревот Vote_lcap60 начини на бришење на гревот Voting_bar60 начини на бришење на гревот Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
60 начини на бришење на гревот Vote_lcap60 начини на бришење на гревот Voting_bar60 начини на бришење на гревот Vote_rcap 
Muwehhid (937)
60 начини на бришење на гревот Vote_lcap60 начини на бришење на гревот Voting_bar60 начини на бришење на гревот Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
60 начини на бришење на гревот Vote_lcap60 начини на бришење на гревот Voting_bar60 начини на бришење на гревот Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
60 начини на бришење на гревот Vote_lcap60 начини на бришење на гревот Voting_bar60 начини на бришење на гревот Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
60 начини на бришење на гревот Vote_lcap60 начини на бришење на гревот Voting_bar60 начини на бришење на гревот Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
60 начини на бришење на гревот Vote_lcap60 начини на бришење на гревот Voting_bar60 начини на бришење на гревот Vote_rcap 
Monoteizam (343)
60 начини на бришење на гревот Vote_lcap60 начини на бришење на гревот Voting_bar60 начини на бришење на гревот Vote_rcap 
muharem fazli (323)
60 начини на бришење на гревот Vote_lcap60 начини на бришење на гревот Voting_bar60 начини на бришење на гревот Vote_rcap 
Haqq (253)
60 начини на бришење на гревот Vote_lcap60 начини на бришење на гревот Voting_bar60 начини на бришење на гревот Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
1. Покајување - тевба. Аллаховиот Пратеник рекол: "Кој ќе се покае пред да излезе Сонцето од запад, Тој ќе му ја прими тевбата." (Муслим, бр. 2703). Мухаммед, а.с, исто така рекол: "Навистина Возвишениот Аллах ја прима тевбата на човекот се додека душата не му дојде до грклен."
2. Излегување - заради трагање на наука. Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с, вели: "Кој го следи патот кој води кон наука, Аллах џ.ш.ќе му го олесни патот до Џеннетот." (Муслим, бр. 2699)
3. Споменување на Аллах. Мухаммед,с. а.в.с, вели: "Сакате ли да ве известам за вашите најдобри дела, најценети кај вашиот Господар, најголеми по степени, подобри за вас од делење сребро и злато, повредни од кога и да се сретнете со вашите непријатели, и да удирате по нивните вратови а тие удараат по вашите?" Асхабите одговорија: "Секако, Аллахов Пратенику!" Тој одговара: "Споменувањето на ВозвишениотАллах џ.ш.." (Тирмизи, бр. 3347)
4. Правење добро и упатување на добро. Мухаммед, с.а.в.с, вели: "Секое добро дело е садака, а кој упатува на добро , тоа исто и како да го прави." (Бухари, 10/374 и Муслим бр. 1005)
5. Вредност на повикот во верата на Аллах. Аллаховиот Пратеник рекол: "Кој , ќе повикува на правиот пат има награда колку сите оние кои го следат, при што, нивната награда ништо не се намалува." (Муслим, бр. 2674)
6. Наредување на добро, и забранување зло. Мухаммед, с.а.в.с, вели: "Кој од вас виде некое грдо дело, нека го одстрани со рака, а ако не може, тогаш со јазик, а ако и тоа не може нека со срце го осуди ,а тоа е знак на најслабиот иман." (Муслим, бр. 49)
7. Киражет - учење на Кур'ан. Мухаммед, с.а.в.с, рекол: "Учете Кур'ан. Кур'анот на Судниот Ден ќе се појави во улога на шефаатџија(сведок) на оној кој го учел." (Муслим, бр. 804)
8. Подучавање на Кур'анот и негово учење. Мухаммед,с. а.в.с, вели: "Најдобар меѓу вас е оној кој учи Кур'ан и другите ги подучава на тоа." (Бухарија, 9/66)
9. Давање на селам. Аллаховиот Пратеник рекол: "Нема да влезете во Џеннет се додека не поверувате, а нема да верувате додека не почнете да се сакате. Сакате ли да ве упатам на нешто што ако го правете ќе се сакате? Ширите го меѓу вас селамот." (Муслим, бр.54)
10. Љубов во името на Аллах. Мухаммед, с.а.в.с, рекол: "Навистина Аллах на Судниот Ден ќе рече: "Каде се оние кои се сакале во Мое име, денес ќе ги ставам во Своја ладовина, а друга ладовина, освен Мојата ладовина, нема да има." (Муслим, бр. 2566)
11. Посетување на болен. Мухаммед, с.а.в.с, рекол: "Секој муслиман кој го посети својот болен брат наутро, на него салават донесуваат 70 000 мелеки се додека не се стемни, а ако го посети навечер, на него донесуваат салават 70 000 мелеки додека не се раздени, и ќе имаат хариф (градина) во Џеннетот." (Тирмизи, бр. 969)
12. Помагање на луѓето во враќањето на долгот. Аллаховот Ресул рекол: "Кој му помогне на оној кој банкротирал, Аллах ќе му помогне (олесни) нему на дуњалукот и на Ахирет." (Муслим, бр.2699)
13. Скривање на мааните на другите луѓе. Мухаммед, с.а.в.с, вели: "Кој ја сокрие мааната на Аллаховиот роб на дуњалукот, Аллах ќе ја сокрие неговата на Ахирет." (Муслим, бр. 2590)
14. Одржување на родбинските врски. Аллаховиот Ресул с.а.в.с. рекол: "Крвното сродство е закачено за Аллаховиот Арш и говори: 'Кој ме одржава, Аллах него да го поддржи, а кој ме кине, Аллах него да го прекине." (Бухари 10/350 и Муслим, бр.2555)
15. Убав морал. Прашан е Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. за она , што најповеќе луѓе ќе ги одведе во Џеннетот, па одговорил: "Богоплашливоста и убавиот морал." (Тирмизи, бр. 2003)
16. Вистинољубивост. Мухаммед, с.а.в.с, рекол: "Држите се за искреноста, зошто навистина искреноста води во доброчинство, а доброчинството води во Џеннет." (Бухари 10/423 и Муслим, бр.2607)
17. Совладување на лутината. Аллаховиот Ресул с.а.в.с. рекол: "Кој ја савлада својата лутина, а биде во состојба да ја спроведе, на Судниот Ден Аллах џ.ш.ќе го повика на чело пред сите створенија за себе да избере Џеннетски хурии, од кои ќе посака,." (Тирмизи, бр. 2022)
18. Кеффарет седенки. Мухаммед,с. а.в.с, рекол: "Кој ќе седи во седенка и многу зборува, па потоа, пред да стане изговори: "Субханекеллахуме ве би хамдике ешхеду ен ла иллахе илла енте естагфируке ве етубу илејке! Ќе му бидат опростени гревовите кои ги направил на таа седенка." (Тирмизи, 3/153)
19. Стрпливост. Мухаммед,с. а.в,с, рекол: "Нема муслиман кој ќе го погоди невоља, тегоба, грижа, тага, незгодност, па и со трн да се убоде, а да Аллах заради тоа не му избрише некои гревови." (Бухари, 91/10)
20. Доброчинство на родителите. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: "Нека пропадне , нека пропадне !" Асхабите прашале: "Кој Аллахов Пратенику?" Аллаховиот Пратеник одговарил: "Оној покрај кого, едан или двата родители ќе доживет старост, и не влезе (заради својата покорност спрема нив) во Џеннет." (Муслим, бр. 2551)
21. Ангажирање помош на вдовиците и сиромасите. Аллаховиот Пратеник вели: "Оној кој брза да им помогне на вдовиците и сиромасите, е како муџахид на Аллаховиот пат". Мислам дека уште рекол: "Како оној кој клања не прекинувајќи, како постач кој редовно пости." (Бухари, 10/366)
22. Грижа за јетимот. Мухаммед,с.а.в.с, вели: "Јас и оној кој се грижи за јетимот ќе бидеме во Џеннетот заедно" - ја подигнал раката и го покажал тоа,со кажипрстот и средниот прст." (Бухари, 10/ 365)
60 начини на бришење на гревот Fundamentals23. Абдест. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: "Кој земе абдест и тоа го направи на најдобар можен начин, ќе спаднат гревовите од неговото тело, така да, ќе испаѓаат низ неговите нокти." (Муслим, бр. 245)
24. Учење на шехадетот после абдестот. Мухаммед, а.с, рекол: "Кој ќе земе абдест и тоа го направи на најдобар начин и потоа рече: "Сведочам дека нема друг бог освен Аллах, кој нема придруженик. Сведочам дека Мухаммед е Аллахов роб и Пратеник", потоа проучи: "Господару, направи ме од оние кои се кајат и од оние кои се чистат" – ќе му се отворат вратите на Џеннетот за да влезе на било која ќе посака ." (Муслим, бр. 234)
25. Повторување по муеззинот додека учи езан. Мухаммед, а.с, вели: "Кој каже по завршувањето на езанот: "Милослив Аллаху, Господару на овој савршен повик и намазот што настапува, дозволи му на Мухаммед да посредува за нас кај Тебе, подели го достојанството и високата чест и после проживувањето постави го на чесно место (ел-весиле) кое му го вети." - заслужил мој шефаат.
26. Градење на месџид. Аллаховиот Ресул вели: "Кој ќе изгради месџид поради Аллаховото задоволство, ќе му биде изградена слична куќа во Џеннетот." (Бухари, бр. 450)
27. Употреба на мисвак. Мухаммед, а.с, вели: "Да знам дека нема да го отежнам својот уммет би му наредил да го употребува мисвакот пред секој намаз." (Бухари, 2/331 и Муслим, бр. 252)
28. Одење во месџид. Аллаховиот Ресул вели: "Кој порани да оди во месџид, Аллах ќе му припреми посебни степени во Џеннетот кога и да порани ." (Бухари 2/124, Муслим, бр.669)
29. Пет дневни намази. "Кој да е муслиман кој ги клања пропишаните намази убаво земајќи абдест и извршувајќи скрушеност и руку', ќе му биде откуп за претходните гревови, исклучувајќи ги големите гревови и тоа за цел живот." (Муслим, бр.228)
30. Клањање сабах и икиндија намаз. "Кој ќе клања сабах и икиндија, ќе влезе во Џеннет." (Бухари, 2/43)
31. Клањање Џума намаз. Мухаммед, а.с, вели: "Кој земе абдест на најдобар можен начин, потоа појде на Џума-намаз, слуша и внимателно ја прати хутбата, ќе му се простат гревовите кои ги направил помеѓу двете Џумаи и гревовите од уште три дена." (Муслим, бр. 857)
32. Моментот кога во Џума(петок) се примаат довите. Мухаммед, а.с, вели: "Во Џума (петок) има еден момент кој, робот- муслиман, ако го погоди ,чинејќи дова на Аллах додека е во намаз, ќе му се прими довата ." (Бухари, 2/344 и Муслим, бр.852)
33. Клањање на потврдените суннети покрај петте фарз намази. Мухаммед, а.с, вели: "Нема ни еден роб - муслиман кој клања секој дан 12 доброволни реката покрај фарзот, а Аллах да не му изгради куќа во Џеннетот." (Муслим, бр. 728)
34. Клањање два реката после направен грев. Мухаммед, а.с, рекол: "Нема роб кој направи грев, убаво да се очисти, потоа да стане и клања два реката, потоа да го замоли Аллах за опрост , а да не му биде опростено." (Ебу Давуд, бр. 1521)
35. Ноќен намаз. Мухаммед, а.с, рекол: "Најдобар намаз после фарз -намазот е, ноќниот намаз." (Муслим, бр. 1163)
36. Духа-намаз. Мухаммед, а.с, рекол: "Вие сте должни секој ден за секој свој зглоб да дадетете садака. Секое славење (тесбих) е садака, секоја благодарност (тахмид) е садака, секое величење (изговорен текбир) е садака, наредување на добро а забранување на зло е садака. Се тоа го надоместуваат два реката на духа намаз." (Муслим, бр. 720)
37. Салават на Аллаховиот Пратеник. Мухаммед, а.с, вели: "Кој донесе на мене салават, Аллах на него ќе донесе десет." (Муслим, бр. 384)60 начини на бришење на гревот Namaz
38. Пост. Аллаховиот Ресул вели: "Нема роб кој пости едан ден на Аллаховиот пат, а да Аллах за тој ден , неговото лице не го одалечи 70 харифи од огнот." (Бухари, 6/35 и Муслим, бр. 1153)
39. Постење три дена во секој месец. Мухаммед, а.с, вели: "Постење три дана во секој месец вреди како редовно да се пости." (Бухари, 4/192 и Муслим, бр.1159)
40. Пост на месецот рамазан. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.вели: "Кој ќе пости верувајќи и надевјќи се на Аллаховата награда во месецот рамазан, ќе му бидат опростени неговите гревови." (Бухари, 4/331 и Муслим, бр. 760)
41. Постење шест дена во Шевал. Мухаммед, а.с, вели: "Кој ќе го пости месец рамазан, а потоа пости шест дена во Шевал, како да постел цела година." (Муслим, бр. 1164)
42. Пост на Денот на Арефат. Мухаммед, а.с, вели: "Постот на Денот на Арефат ги брише малите гревови кои се направени предходната и кои ќе бидат направени во наредната година." (Муслим, бр. 1162)
43. Пост на Јевмул ашура. Мухаммед, а.с, вели: "Постот на Денот на ашура, се смета кај Аллах вреден и ги брише гревовите кои се направени во таа година." Муслим 1162)
44. Припремање ифтар на постачот. Мухаммед, а.с, вели: "Кој му припреми ифтар на постачот има награда како и постачот, со тоа што не му се намалува ништо од наградата." (Тирмизи, бр. 807)
45. Кијам на Лејлетул кадр. Мухаммед, а.с, вели: "Кој ќе клања ноќен намаз во Ноќта Кадр, верувајуќи и надевајќи се на Аллаховата награда, ќе му бидат опростени гревовите кои ги направил." (Бухари, 4/221 и Муслим, бр.1165)
46. Делење садака. Мухаммед, а.с, вели: "Садаката ги гаси гревовите како што водата го гаси огнот." (Тирмизи, бр. 2616)
47. Извршување хаџџ и умре. Ресулуллах с.а.в.с.вели: "Умра до умре ги брише гревовите кои во меѓувреме се направат, а за исправен хаџџ нема друга награда освен Џеннет." (Муслим, бр. 1349)
48. Дела во првите десет дена на зул-хиџе. Мухаммед, а.с, рекол: "Нема дело , кое на Аллах му подраго од човечките добри дела ,од она, кое го направи во првите десет дена на зул-хиџе." Асхаби те прашале: "Дали ни од џихад на Аллаховот пат?" Реулуллах одговорил: "Ни џихадот на Аллаховиот пат, освен кога , човекот кој излегол со својот живот и имање, потоа ништо од тоа не вратил дома ." (Бухари, 2/381)
49. Борба на Аллаховиот пат. Мухаммед, а.с, вели: "Да се Пробдее едан ден на Аллаховиот пат подобро е од дунјалукот и она што е на него, а да се има простор во Џеннетот колку еден биц, подобро е од Дуњалукот и се што е на него." (Бухари, 6/11)
50. Делење на Аллаховиот пат. Ресулуллах с.а.в.с. вели: "Кој спреми газија (борец) тој веќе се бори на Аллаховиот пат, кој ќе се грижи за неговото семејство , тој веќе се бори." (Бухари, 6/37 и Муслим, бр. 1895)
51. Намаз на умрениот муслиман и следење џеназе. Мухаммед, а.с, рекол: "Кој ќе биде присутен на џеназе додека не се клања, има едан кират, а кој ќе биде присутен додека умрениот не се закопа има два кирати." Прашан е: "А што се тие два кирати?" Ресулуллах одговорил: "Како два огромни ридови." (Бухари, 3/158 и Муслим, бр. 945)
52. Чување на јазикот и срамните делови од телото. Мухаммд, а.с, вели: "Кој ќе ми гарантира (дека нема да греши) со она што е меѓу неговите вилици и нозе јас му го гарантирам Џеннетот." (Бухари, 11/264 и Муслим, бр.265)
53. Вредност на ла илахе иллеллах и вредност на субханеллахи ве бихамдихи.
Мухаммед, а.с, вели: "Кој изговори сто пати во текот на денот: "Нема друг бог освен Аллах, Единствен, кој нема придруженик. Нему му припаѓа сета власт и благодарност и Тој е Семоќен", тоа му е повредно како да ослободил 10 робови, му сепишуваат стотина добри дела а му се бришат стотина гревови, тоа му е заштита од шејтанот тој ден се додека не се стемни. Никој нема да направи ништо повредно освен човекот кој го направи истото повеќе пати од него." Исто така Аллаховиот Ресул рекол: "Кој каже во еден ден субханаллахи ве бихамдихи стотина пати, ќе му бидат опростени малите гревови и да ги има колку морската пена." (Бухари, 11/168 и Муслим, бр. 2691)
54. Отстранување од патот она што ги вознемирава минувачите. Ресулуллах рекол: "Видов човек во Џеннетот како ужива заради гранче кое го отстранил од патот, што ги вознемирувало луѓето." (Муслим)
55. Одгој и издржување на женски деца."Кој има три ќерки на кои им обезбедува стан и храна и спрема кои е сомилосен и се грижи за нив, ќе заслужи сигурно Џеннет." (Ахмед со добар сенед.)
56. Доброчинство спрема животните: Човек видел едно куче како лиже на лоза крај еден бунар, од жед , па ја собул обувката и го напоил , Аллах на тоа му се заблагодарил и го вовел во Џеннет." (Бухари)
57. Оставање на расправа. Мухаммед, а.с, вели: "Јас ќе бидам водач на куќата во подножјето на Џеннетот со оној кој го остави расправањето, па макар бил и во право." (Ебу Давуд)
58. Посетување на браќата во името на Аллах. Аллаховиот пратеник рекол: "Сакате ли да ве известим за жителите на Џеннетот?" Одговориле: "Секако, Аллахов пратениче." Тој рекол: "Аллаховиот пратеник ќе биде во Џеннетот, а и вистинољубецот и човекот кој го посети својот брат во едно место само поради Аллах." (Таберани, хасен)
59. Покорност на сопругата кон својот маж. Мухаммед, а.с.рекол: "Ако жената ги клања своите пет фарз намази, го пости рамазан, ги чува своите срамни делови од телото, биде покорна на својот маж, ќе влезе во Џеннетот на било која врата, која таа ќе посака ." (Ибн Хибан, сахих)
60. Небарање од луѓето. Мухаммед, а.с, вели: "Кој ми гарантира дека нема ништо да бара од луѓето му гарантирам Џеннет." (Ехлус-сунен сахих)
Превземено:
Исламски-центар

http://www.ahlu-sunnah.org

Muslima4Islam

Muslima4Islam
Модераторка
Модераторка
barakaAllahu feek

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Muslima4Islam напиша:barakaAllahu feek
We feek barakALLAH!!

http://www.ahlu-sunnah.org

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот