1 КУРБАН БАЈРАМ,,,,МУБАРЕК....... Вто 16 Ное 2010, 1:34 am
LAUTKA
Модератор
Утре е голем мубарек ден, Хаџијски или Курбан Бајрам. Живееме во тешко време, време полно со искушенија, па да Го молиме Аллах, џ.ш., доброто да го надвладее злото, правдата да ја победи неправдата и да го снема злото помеѓу луѓето. Да бидеме цврсти во својата вера и братската слога, праведни према себеси и према другите и истрајни на патот на доброто. Да ги отвориме нашите срца за секој Аллахов роб, за соживот со сите добри луѓе и да бидеме од оние преку кои одат Аллаховите благодетти, љубов и милост.
Го молам Аллаха, џ.ш., мубарек деновите на Бајрамот, со своите ибадети, Да ги очисти нашите души, Да ни подари среќа и благослов, нам и на сите луѓе.
Се надевам дека со колењето на курбанот, симболот на жртвата, ќе ја убиеме во себе себичноста, зависта и охолоста и ќе постанеме подарежливи, похумани и поцврсти на патот према Аллах, џ.ш., па и поблиски едни со други. АМИН.
Курбан-Бајрам мубарек олсун на сите муслимани!!!