1 Гадафи е мртов, крај на војната во Либија!!!! Чет 20 Окт 2011, 6:28 pm
Muaz al Islam
Модератор
Гадафи е мртов, крај на војната во Либија
Крај на граѓанската војна во Либија. Полковникот Моамер ел Гадафи е мртов – ова е соопштено од претставниците на Преодниот национален совет. До светските медиуми испратија фотографија од мобилен телефон, на која е сликан полковникот облеан во крв.
Според првите информации, соборениот либиски лидер е пронајден во една полу-урната куќа во Сирт. Бил ранет во нозете и во главата, а веднаш бил однесен во болница, каде им подлегнал на повредите. Телото на Гадафи, е пренесено во Мисрата.
Од Преодниот национален совет велат дека Гадафи се обидел да избега од Сирт во конвојот на воените возила, кои беа бомбардирани од НАТО. Во таа акција е убиен командантот на „зелените сили“ Абу Бакир Јонус Џабр.
- Го фативме господин Гадафи во една куќа. Некој пукаше кон него со пиштол со калибар од 9 милиметри. Тука спиеше, а куќата беше опколена со телохранители. Со него беше само Бакир Јонус Џабр.
Потврдено е дека е уапсен и синот на Гадафи, Мутасим, како и неговиот портпарол, Муса Ибрахим.
Од НАТО соопштуваат дека нивните авиони го нападнале конвојот со војници на Гадафи, но дека организацијата, во моментов, се обидува да ги потврди информациите за неговата смрт.
Либискиот народ денеска почна да ја слави слободата од 42-годишната диктатура на Моамер Гадафи. Власта ја освои во 1969-та година со воен удар против кралот Идриз. Брзо потоа, се именуваше како „крал над кралевите“, но во светот беше познат само како „налудничавиот полковник“. Освен што започна неколку војни и произведуваше хемиско оружје, во текот на своето владеење темпераментниот лидер се збогати од либиското земјоделие. Нешто што неговиот народ не можеше да му го прости и во февруари годинава одлучи да го собори.
Алиса Шакири
Превземено:
Алфа ТВ