1 Победата на византијците Чет 03 Ное 2011, 9:36 pm
Muwehhid
Модератор
Победата на византијците
Бисмилахх
Едно од соопштенијата кои Кур'ан ги изнесува по прашање на настаните кои сеуште не се случиле се наоѓа во првите ајети на поглавјето Ер-Рум. Во овие ајети се зборува дека византиската империја претрпела пораз, но дека по кратко време повторно ќе издвојува победа:
"Елиф-лам-мим. Византијците се победени во соседната земја, но тие, после поразот свој, сигурно ќе победат за неколку (3-9) години - и пред, и после, Аллахова е одлуката - и тогаш верниците ќе се радуваат." (Ер-Рум; 1-4)
Овие ајети се објавени отприлика после седум години откако христијаните Византијци претрпеле жесток пораз од идолопоклоничките Персијци, околу 620 година. Но во ајетите се соопштува дека Византијците многу брзо ќе издвојуваат победа. Меѓутоа, во тоа време Византија претрпела толку голем пораз што дури изгледало невозможно да се одржи на нозе, а камоли да издвојува понова победа. Не само Персијците, туку и Аварите, Словените и Ломбардите претставувале голема опасност по Византиската држава. Аварите дошле до пред самиот Истанбул.
За да би се подмириле трошоците на војската, византискиот крал Хераклеус наредил златните и сребрените украси од црквите да се истопат и претворат во пари. Многу голем број гувернери се побуниле против кралот, Империјата дошла до точка на распаѓање.
Прво се, од страна на идолопоклоничките Персијци, окупирани византиските Месопотамија, Кликија, Сирија, Палестина, Египет и Елменистан. Накратко, се очекуваше тотално исчезнување на Византија. Точно во овој период, меѓутоа, доаѓа до објава на првите ајети од поглавјето Ер-Рум, во кои се соопштува дека, после не повеќе од девет години, Византијците повторно ќе победат.
Неколку години после објавата на првите ајети од поглавјето Ер-Рум, декември 624., во близина на рушевините Минова, се случи уште една голема војна помеѓу Византија и Персиската империја. Овој пат византиската војска ја порази персиската.
Неколку месеци после оваа битка, Персија беше приморана да потпише спогодба за повраќање на териториите на Византија кои во претходната војна ги окупираше. Така дојде до обвистинување на византиската победа која Кур'ан понапред ја најави.
Друго муџизе кое се наоѓа во истите ајети е, истотака, и еден географски чин кој во тоа време било невозможно да се востанови. Во третиот ајет на поглавјето Ер-Рум се истакнува дека Византијците ќе бидат поразени на "најниското место на светот".
Овој чин е содржан во формулацијата "една-ел-ерд", која многу коментатори на Кур'ан ја преведувале како "блиско или соседно место". Меѓутоа, овој превод не е вистинската противредност на оригиналната формулација, туку фигуративен коментар.
Зборот "Една", кој значи "најдолен, најнизок, најдлабок..." е извадок од глаголот "дена". А, зборот "ерд" значи Свет. Целокупната формулација "една-ел-ерд" доаѓа во значење "најниското место на светот".
Интересно, битката помеѓу Персија и Византија се одигра на најниското место на Светот! Местото на одигрување на актуелната битка е базенот на езерото Лут, кое се наоѓа на тромеѓа на Сирија, Палестина и денешен Јордан.
И, како што е денес општо познато, базенот на езерото Лут се наоѓа на висина од 395 метри испод нивото на морето и претставува место со најниска надморска висина на Светот. Значи, Византијците, како што тоа Кур'ан и го најави, поразени се на најниското место на Светот.
Она на што овде мора да се обрне внимание е фактот дека надморските висини, а со тоа и надморската висина на базенот на езерото Лут, било можно да се востанови единствено само со мерење проведено во модерно време.
Сосема е невозможно да, во време на објавувањето на Кур'ан, некој да знаел дека околината на езерото Лут претставува најниска точка на Светот. Меѓутоа, ова подрачје е во Кур'ан наведено точно како место со најниска надморска висина. Тоа, повторно, претставува уште еден во низата докази дека Кур'ан е збор на Свевишниот, Аллах џ.ш.