1 Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Пет 28 Окт 2011, 2:34 pm
Muaz al Islam
Модератор
Драги Брача и Сестри:
Ни претстојат 10 вредни денови, денови за кои и Возвишениот Аллах џ.ш. се колни за нив. Тие денови се првите десет дена од исламскиот месец Зул-Хиџџе или народно речено десет дена пред Курбан-бајрам. За жал, многу наши муслимани не се свесни за овие денови па дозволуваат да им поминат попусто без да стекнат или спечалат некое добро дело..
Оваа е една прилика преку која можеме да се приближиме до Аллах џ.ш., и некој вид на благодет низ кој Аллах џ.ш. ќе ја спушти Неговата милост врз трудбеникот. Најсреќен е оној кој најповеќе ќе ги искористи овие денови. Овие десет дена од Зул-хиџџе, одликувани се од страна на Аллах џ.ш. Ибн Аббас р.а. пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол:
“Нема денови во кои добрите дела се посакани кај Аллах од овие десет дена.” Присутните прашаа: “Дури ни џихад во име на Аллах?” Ресулуллах а.с. рече: “Дури ни џихад во име на Аллах освен во случај кога човекот замине да се бори жртвувајќи се себеси и своето богатство заради Аллах и не се врати без ништо.” (Бухари)
Исто така, Пејгамберот а.с. рекол: “Нема денови кои се подраги кај Аллах џ.ш. да го обожаваме од десет дена на Зул хиџџе. Пост во кој било ден од тие денови вреди како пост цела година, а ноќен намаз (салату-техеџџуд) во една од тие ноќи е како да клањаш ноќен намаз во Лејлетул-кадр.” (Тирмизи)
Овие текстови и останатите, покажуваат колкава е вредноста на овие денови, дури некои исламски научници сметаат дека се повредни и од последните десет дена од Рамазан да не е во нив ноќта на Кадр.
Која е причината за вредноста на десет дена на Зул-хиџџе?
Прво: Возвишениот Аллах џ.ш. се заколнал во нив: وَالْفَجْرِ وَلَيَالٍ عَشْرٍ“Жими зората и десетте ноќи.” (Ел-Феџр, 2)
Прво: Ибн Аббас, Зубејр, Муџахид и други познати толкувачи на Кур’анот тврдат дека под десет ноќи се мисли на десетте ноќи од Зул-хиџџе.
Второ: Аллаховите зборови: ....وَيَذْكُرُوا اسْمَ اللَّهِ فِي أَيَّامٍ مَعْلُومَاتٍ... (И сетете се на Аллах во познатите денови) /Бекаре,203/ Ибн Аббас вели: Познати денови се десетте дена од Зул хиџџе. (Бухари)
Третто: Тие се највредни денови на дуњалукот како што сведочи хадисот на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., кој вели: “«أفضل أيام الدنيا العشر» “Највредни денови на дуњалукот се десетте денови.” (Беззар, хасен)
Четвртто: Во тие денови Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., поттикнал на зголема активност во чинење на добри дела и тоа поради вредноста на времето во овие денови и вредноста на местото (светите места) каде аџиите во овој период се наоѓаат во Мека и Медина.
Петто: Во овие денови Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., наредил многу да се чини тесбих (субханаллах), техмид (ел-хамдулиллах) и текбир (Аллаху екбер).
Шесто: Во тие денови се наоѓа денот на Арефат и Хаџ и Курбан-бајрам.
Ибн Хаџр рекол: “Очигледно е дека причина за одликување на овие десет дена од Зул-хиџџе е поради што во нив се собрани најврвните исламски ибадети (верски ритуали). А тие се намаз, пост, садака, хаџ.. што во други времиња не се спојува тоа..”
Познато ни е дека кога во некој дуќан или продавница има распродажба на робата каде за помалку пари може да се купи повеќе трговска роба, тука луѓето навалуваат во поголем број и ја користат таа прилика да ги купат своите потреби, слично на тоа се овие десет дена од зул-хиџџе каде за помалку труд се постигнува голема божја награда, како што спомнавме претходно: еден ден пост е вреден како доброволен пост цела година и ноќен намаз во тие ноќи е како клањање во ноќта на Кадр.
Еве неколку начини и форми како да ги искористиме овие денови?
Прво: Многу чинење на добри дела:
Добрите дела се сакани кај Аллах џ.ш. секогаш, а особено во овие денови и ноќи бидејќи нивната вредност се дуплира, па оној што не можел да појде на хаџ тогаш Аллах џ.ш. му пружа друга шанса а тоа е се овие вредни денови да ги исполни со намаз, дова, учење Кур’ан, садака, почит кон родители, поврзување на роднина, наредување кон добро и одвраќање од зло, сомилост кон сиромашните итн.
Второ: Искрено тевбе - покајување (тевбе несух):
Тевбето во избраните времиња имаат посебно место. Душата на човекот е така наклонета што кога повеќе прави добри дела, толку повеќе е свесна за величината на гревовите и стравот кон Аллах џ.ш. Важно е да се спомне дека тевбето се бара од сите нас, верници и грешници, теоретски и практични муслимани, постојани и сезонски. Аллах џ.ш. не повикува со зборовите: “И покајте се сите кај Аллах, ако сте верници!!”. Доказ за тоа е постапката на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., кој постојано барал опрост кај Аллах и чинел тевбе.
Трето: Во овие десет дена препорачливо е текбир, техмид и техлил и нивно јавно искажување во џамија, улици, куќи, пазари итн. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: “Нема поголеми денови во очите на Аллах во кои добрите дела се подраги од овие десет дена, затоа во овие денови учете тахлил (Ла илахе иллаллах), Текбир (Аллаху екбер) и Тахмид (Ел хамдулиллах).” (Ахмед, сахих)
Четврто: Пост:
Од праксата на Ресулуллах а.с. била постење на деветиот ден од Зул хиџџе бидејќи тој имал навика да го пости тој ден. Некоја од жените на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекла: “Пратеникот с.а.в.с., имал обичај да пости деветти ден од Зул хиџџе, денот на Ашура, три дена во секој месец, и првите два понеделника и четвртока од секој месец.” (Несаи, Ебу Давуд, сахих)
Постот е меѓу најизбраните добри дела. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: “Кој ќе пости еден ден на Аллаховиот пат, Аллах неговото лице ќе го оддалечи од Оган седумдесет години.” (Бухари, Муслим) Особено кога е во прашање постот на деветти Зул хиџџе (јеуму арефе), за кој Пејгамберот с.а.в.с. рекол: “Верувам дека Аллах за постот на денот на Арефат ќе ги опрости гревовите за минатата и идната година.” (Муслим)
Петто: Жртва (курбан):
Едно од најдобрите дела со кое човекот може да се приближи до Аллах џ.ш. е принесување на курбан, избирање на покрупна стока и делење заради Аллах. Тоа била постојана пракса на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. На вредноста на Курбанот укажува хадисот на Ресулуллах а.с. кој вели: “Човекот најдобро што може да направи за Аллах џ.ш. во денот на Курбан-Бајрам е да пушти крв (курбан). Тој (курбанот) ќе дојде на Судниот ден со своите рогови и влакна. Курбанската крв ќе стигне кај Аллах пред да падне на земја.” (Таберани)
Овие благословени денови треба да ги искористиме за искрено покајание кај Аллах, овие денови да бидат време во кое ќе свртеме нова страница во нашите животи, овие денови да ги искористиме во често величање на Аллах, упатување на дова и ибадет кој ќе биде плоден и награден.
Не треба да ги заборавиме страдањата и голготата на низ која поминуваат нашите браќа и сестри ширум светот. Тоа е минимално што можеме да дадеме од себе кога е во прашање нивното помагање на патот на вистината. Овие денови треба да ги поминеме во учење на Кур’анот и размислување за неговите пораки и поуки кои претставуваат непресушен извор и важат до Судниот ден. Треба да го зголемиме ангажманот со добри дела, доброволен намаз, делење садака, добродетелство кон сите, а посебно кон оние кои се во вашата близина; родители, деца, соседи, пријатели и останатите.
На крај го молиме Аллах во овие денови да не направи подобри од одошто сме сме биле пред нив, да не направи успешни во овие денови, а на нашите хаџии кои престојуваат во Светите места да им подари сила и моќ да го извршат хаџот на најдоследен начин. Амин ја раббе-л-алемин.
хатиб: Ариф Рамадани

«ما الْعَملُ في أيَّامِ العَشْر أفضلَ منَ العَمَلِ فِي هَذِهِ. قالوا: ولا الجِهادُ؟ قال: ولا الجِهادُ، إِلاَّ رجُلٌ خرَجَ يُخاطِرُ بنفسهِ وَمالهِ فلم يَرجِعْ بشيء».

Како да ги искористиме овие мубарек денови?