Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
ДОВАТА НА ЈУНУС  EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
ДОВАТА НА ЈУНУС  EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
ДОВАТА НА ЈУНУС  EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
ДОВАТА НА ЈУНУС  EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
ДОВАТА НА ЈУНУС  EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
ДОВАТА НА ЈУНУС  EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
ДОВАТА НА ЈУНУС  EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
ДОВАТА НА ЈУНУС  EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
ДОВАТА НА ЈУНУС  EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
ДОВАТА НА ЈУНУС  EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
ДОВАТА НА ЈУНУС  EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
ДОВАТА НА ЈУНУС  EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
ДОВАТА НА ЈУНУС  EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
ДОВАТА НА ЈУНУС  EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
ДОВАТА НА ЈУНУС  EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 512 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 512 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 512 во Пет 15 Ное 2024, 12:24 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
ДОВАТА НА ЈУНУС  Vote_lcapДОВАТА НА ЈУНУС  Voting_barДОВАТА НА ЈУНУС  Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
ДОВАТА НА ЈУНУС  Vote_lcapДОВАТА НА ЈУНУС  Voting_barДОВАТА НА ЈУНУС  Vote_rcap 
Muwehhid (937)
ДОВАТА НА ЈУНУС  Vote_lcapДОВАТА НА ЈУНУС  Voting_barДОВАТА НА ЈУНУС  Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
ДОВАТА НА ЈУНУС  Vote_lcapДОВАТА НА ЈУНУС  Voting_barДОВАТА НА ЈУНУС  Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
ДОВАТА НА ЈУНУС  Vote_lcapДОВАТА НА ЈУНУС  Voting_barДОВАТА НА ЈУНУС  Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
ДОВАТА НА ЈУНУС  Vote_lcapДОВАТА НА ЈУНУС  Voting_barДОВАТА НА ЈУНУС  Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
ДОВАТА НА ЈУНУС  Vote_lcapДОВАТА НА ЈУНУС  Voting_barДОВАТА НА ЈУНУС  Vote_rcap 
Monoteizam (343)
ДОВАТА НА ЈУНУС  Vote_lcapДОВАТА НА ЈУНУС  Voting_barДОВАТА НА ЈУНУС  Vote_rcap 
muharem fazli (323)
ДОВАТА НА ЈУНУС  Vote_lcapДОВАТА НА ЈУНУС  Voting_barДОВАТА НА ЈУНУС  Vote_rcap 
Haqq (253)
ДОВАТА НА ЈУНУС  Vote_lcapДОВАТА НА ЈУНУС  Voting_barДОВАТА НА ЈУНУС  Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1ДОВАТА НА ЈУНУС  Empty ДОВАТА НА ЈУНУС Вто 21 Сеп 2010, 11:56 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ДОВАТА НА ЈУНУС (ЗЕН-НУН А.С.)

فَنَادَىٰ فِي ٱلظُّلُمَاتِ أَن لاَّ إِلَـٰهَ إِلاَّ أَنتَ سُبْحَانَكَ إِنِّي كُنتُ مِنَ ٱلظَّالِمِينَ * فَٱسْتَجَبْنَا لَهُ وَنَجَّيْنَاهُ مِنَ ٱلْغَمِّ وَكَذٰلِكَ نُنجِـي ٱلْمُؤْمِنِينَ
„И повика во темница дека: Нема друг Бог освен Тебе, Славен биди Ти, јас навистина, се огрешив кон себеси. И ние му се озвавме и го избавивме од тешкотијата. И ете, така ние ги избавуваме верниците!“ (Ел-Енбија, 87-88)

Довата има посебно високо место во исламот. Таа претставува еден од најдобрите верски форми на робување на Аллах џ.ш. Човекот преку довата му се обраќа на Семожниот Аллах за да му подари добро, и да му отстрани некое зло. Преку довата се реализира врската меѓу Аллах и човекот. Таа е начин како човекот да се приближи до Возвишениот Аллах. Во куранскиот ајет стои: „А кога робовите Мои ќе те прашаат за Мене, Јас сум, сигурно, блиску: се озвивам на молбата на молителот кога ќе Ме замоли...“ (Ел-Бекаре, 186)

Во едно хадис се наведува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Довата е ибадет“.

Довата е важен ибадет за кој многу луѓе немарно му пристапуваат, иако живееме во многу напнато и бурно време каде обраќањето во Аллах џ.ш. е лек за душите и решение за проблемите и искушенијата. Евидентно е дека Кур’анот, покрај сé што се наведува во него, во себе содржи многубројни дови. Зборот дова (ар. дуã) во нашиот јазик има неколку значења: повик, довикување, повикување, молење, молба итн.
Во куранските дови спаѓаат и молбите кои ги упатувале Аллаховите пратеници како и луѓето кои се опишани вистински верници. Пример за тоа се следниве дови:

Довата на Адем а.с. и неговата сопруга кои после направениот грев се молеле за простување:
قَالاَ رَبَّنَا ظَلَمْنَآ أَنفُسَنَا وَإِن لَّمْ تَغْفِرْ لَنَا وَتَرْحَمْنَا لَنَكُونَنَّ مِنَ ٱلْخَاسِرِينَ
„Господару наш, ние самите себе сме нанесле неправда, и ако Ти не ни простиш и не ни се смилуваш, сигурно, ќе бидеме меѓу изгубените.“ (Ел-А’раф, 23)

Довата на Ибрахим а.с.:
رَبِّ ٱجْعَلْنِي مُقِيمَ ٱلصَّلاَةِ وَمِن ذُرِّيَتِي رَبَّنَا وَتَقَبَّلْ دُعَآءِ * رَبَّنَا ٱغْفِرْ لِي وَلِوَالِدَيَّ وَلِلْمُؤْمِنِينَ يَوْمَ يَقُومُ ٱلْحِسَابُ
„Господару мој, подади ни моќ јас и моето потомство да клањаме намаз; Господару наш, Ти услишај ја молбата моја! Господару наш, прости ми мене и на родителите мои, и на сите верници - на Денот кога ќе полагаме сметка!“ (Ибрахим, 40-41)

Довата на Зекирија а.с. кој во поодминати години го молел Творителот да му подари дете:

رَبِّ هَبْ لِي مِن لَّدُنْكَ ذُرِّيَّةً طَيِّبَةً إِنَّكَ سَمِيعُ ٱلدُّعَآءِ
„Господару мој, подари ми од кај Тебе чесно потомство, бидејќи, Ти , навситина, молбата ја примаш!“ (Али Имран, 38)

Постојат и многу други бројни дови, но ние овде посебно ќе се осврнеме на довата на Јунус а.с. кој беше почестен пратеник. Семоќниот Аллах одреди да биде пратеник кај народот на Нинава во Ирак, за да ги упати кон наредување на добро и да ги одврати од злото. Меѓутоа, откако неговиот народ одбил да го прими неговиот повик, тој налутен без Аллахово одобрение, заминал и го напуштил својот народ. Дошол покрај еден морски брег, се качил на некој брод и отпловил. Во морето настапила силна бура со дожд и ветер,
Потоа поради настанатата бура во морето, морал да биде фрлен во морето како причина за бурата, откако меѓусебно фрлале коцка и секојпат на него паѓала. самиот се фрлил и голем морски кит го проголтал. Кога се нашол во таква безизлезна ситуација, му се обратил на Семоќниот Аллах со познатата дова која се наведува во следниов хадис: Са’д ибн Малик р.а., вели: Го слушнав Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., како вели: „Сакате ли да ве упатам на највозвишното име на Аллах џ.ш., со кое име кога Тој ќе биде повикан ќе се одзвие, а, кога од Него нешто ќе се побара со тоа име, Тој тоа ќе им го даде. Тоа е довата со која се молел Јунус а.с., кога Го повикал од тројната темнина: „Ла илахе илла енте субханеке, инни кунту минез-залимин.“ (Нема Бог, освен Тебе, славен да си Ти, а јас, навистина, се огрешив спреме себеси!)

Тогаш некој човек праша: „О, Аллахов Пратениче, дали таа дова е посебна само за Јунус, или за сите верници, воопшто? Пратеникот а.с. му одговорил: „Па зарем не слушаш што вели Аллах понатаму: „Ние му се одзвавме и од маката го спасивме: ете така Ние ги спасуваме верниците.“ Потоа Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Кој било муслиман кога ќе го погоди некоја болест, и Го замоли на Аллах џ.ш., со овие зборови четириесет пати, па умре во таа болест, ќе му биде дадена награда на шехид, а ако оздраве, ќе оздраве, а Аллах џ.ш., веќе му ги простил сите негови гревови.“ (Хаким)

Од наведениот хадис се гледа колкава е вредноста од оваа кратка дова што ја учел Јунус а.с. кога го проголтала рибата (голем кит). Тоа се огледа и од следниов хадис: „Са’д ибн Ебу Веккас р.а. пренесува дека Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: ‘Довата на Зун-Нун која ја учел во стомакот на рибата: „Ла илахе илла енте субханеке, инни кунту минез-залимин.“ е толку вредна што секој човек муслиман кога ќе замоли нешто, Аллах џ.ш., довата ќе му ја прими и ќе му се одзвие.“ (Хаким, 1863)

Возвишениот Аллах вака ја опишува причината за излезот и спасот на Јунус а.с. од стомакот на китот, па вели:

{فَلَوْلاَ أَنَّهُ كَانَ مِنَ ٱلْمُسَبّحِينَ * لَلَبِثَ فِى بَطْنِهِ إِلَىٰ يَوْمِ يُبْعَثُونَ }
„Ако не беше еден од оние кои го слават на Аллах, сигурно, би останал во нејзиниот стомак до Денот кога сите ќе бидат оживеани.“ (Саффат, 143)

Исламските класици околу овој ајет сметаат дека Возвишениот Аллах му се одзвал на Јунус а.с. бидејќи тој и кога бил во благосостојба Го молел на Аллах џ.ш., па затоа тој кога се помолил во мака и тешктија Аллах му ја примил молбата. Даххак вели: „Сетете се на Аллах во благосостојба, да се сети на вас кога ќе бидете во мака и тешкотија.“

Кур’анот го спомнува Јунуса а.с. на повеќе места, а едната од нив го носи називот „Јунус“. Во Кур`анот Јунус а.с. се нарекува и Зун-Нун, што може и често пати да се сретне во хадисите кои зборуваат за пратеникот Јунус а.с.

Оваа кратка дова, која тој ја учел, ни ја препорачал нам и Мухаммед а.с. да ја учиме со цел да постигнеме Аллаховата наклонетост и Негова помош, односно, дека Тој поради учење на оваа ќе ни пружи помош и во секоја ситуација ќе ни даде излез или олеснение. Па да се потрудиме да ја научиме и често да ја применуваме за да ги вкусиме нејзините плодови!

„Ла илахе илла енте субханеке, инни кунту минез-залимин.“
(Нема Бог, освен Тебе, славен да си Ти, а јас, навистина, се огрешив спреме себеси!)

http://www.ahlu-sunnah.org

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот