Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Зекат EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Зекат EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Зекат EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Зекат EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Зекат EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Зекат EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Зекат EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Зекат EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Зекат EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Зекат EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Зекат EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Зекат EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Зекат EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Зекат EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Зекат EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 189 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 189 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Зекат Vote_lcapЗекат Voting_barЗекат Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Зекат Vote_lcapЗекат Voting_barЗекат Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Зекат Vote_lcapЗекат Voting_barЗекат Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Зекат Vote_lcapЗекат Voting_barЗекат Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Зекат Vote_lcapЗекат Voting_barЗекат Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Зекат Vote_lcapЗекат Voting_barЗекат Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Зекат Vote_lcapЗекат Voting_barЗекат Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Зекат Vote_lcapЗекат Voting_barЗекат Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Зекат Vote_lcapЗекат Voting_barЗекат Vote_rcap 
Haqq (253)
Зекат Vote_lcapЗекат Voting_barЗекат Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Зекат Empty Зекат Сре 17 Aвг 2011, 2:59 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
بسم الله الرحمن الرحيم

Во Името На Аллах џ.ш Милостивиот, Самилосен!



Возвишениот Аллах џ.ш вели:

“Наредено им е само Аллаха да го обожаваат, и верата искрено да Му ја предаваат, во сета чистота нивна, и намаз да извршуваат и зекат да даваат. И, ете, тоа е верата исправна!” (Ел-Бејјине, 5)

Земај од имотите нивни садака за да ги очистиш со тоа и да ги облагородиш....!” (Ет-Тевбе, 103)


Што е тоа зекат и што означува?


Што се однесува до самото јазично значење зборот ’зекатун’, во арапскиот јазик, овој збор има две значења, првото е чистење, а второто е зголемување. Во исламската терминологија зеќат означува дел од имањето кој муслиманот го издвојува со одредени услови кои мора да се исполнат, како и видот на имањето на кој се дава самиот зекат. Врската помеѓу јазичкото и терминолошкото значење е во тоа што со издвојувањето на зеќатот се чисти имањето, а и човечката душа од пакост и шкртост: “ И од нивните имоти земи го зеќатот, како со тоа би ги очистил...“ (Ет-Тевбе, 103) Имамот Ахмед го забележил преданието во кое стои:„ Издвои го зекатот од твојот иметок, тоа ќе ти биде почисто...“ Истотака, со зекатот се зголемува имањето, на тој начин што Возвишениот Аллах му дава бериќет на оној кој издвојува зекат, па така тој подобро го искористува она што го поседува во корисни работи. Тирмизи, го бележи преданието во кое Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „ ...Иметокот нема да се намали со давање на садаката (или зекатот)... “ Зекатот е четврта исламска должност и обврска е само на богатите муслимани кои поседуваат одреден вид иметок преку својата потреба. Зекатот е еден од петте темели на верата Ислам и за лицето кое нема да ја извршува обврската на издвојување на зекатот, не може да се каже дека е во потполност приврзано за Исламот. Тоа значи дека зекатот е строга должност, а не нешто што би можело да се изостави или ако не сакаме, не мораме да ја исполниме. Ова го напоменуваме од причина што се приметува дека еден дел од муслиманите се поигруваат со овој темел на верата сметајќи го за неважен, т.е., дека човекот е потполн муслиман и без издвојување на зекатот. Да не го забораваме хадисот на Абдуллах ибн Омер, во кој Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем,вели : „Исламот се темели на пет работи...“ , па го споменал ’давањето на зекатот’. (Бухарија и Муслим)

Награда и казна



Мора да се каже дека негирањето на оваа должност претставува куфр, т.е., дело кое изведува од исламот, со едногласно мислење на исламските ученици. Истотака, едногласен став на исламската улема е дека недавањето на зекатот голем грев, додека постои разидување дали тоа дело изведува од рамките на исламот или не. А, за колкав грев се работи, доволно ни говори постапката на првиот халифа Ебу Бекр кој испратил војска на оние муслимани кои не сакале да даваат зекат. Јасно е дека за извршувањето на строгата должност – фарз е најголема награда, како се пренесува во хадисот-кудси каде Возвишениот Аллах вели: „Најповеќе со кое Мојот роб Ми се приближува се фарзовите...“ (сахих) . Зекатот во Куранот се споменува покрај намазот, што јасно ја потврдува неговата обврска, а исто така и награда: „ Оние кои, доколку би им дале власт на Земјата, би извршувале намаз и би давале зекат... “ (Хаџџ, 41). А, како што наградата е голема, истотака голема е и казната за неизвршување на оваа должност: „ А, оние кои гомилаат злато и сребро и не даваат зекат, израдувај ги со страшна казна...“ (Ет-Тевбе, 34)


http://www.ahlu-sunnah.org

2Зекат Empty Re: Зекат Сре 17 Aвг 2011, 3:02 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
„Зекатот им припаѓа на сиромавите и неволниците, и на оние кој го збираат, и на оние чии срца треба да ги придобиете, и за откуп од ропство, и на презадолжените, и за Аллаховиот пат, и патникот намерник. Аллах така одредил! А Аллах се знае и мудар е “(Ет-Тевбе, 60)
Овој ајет е основа за прашањето, на коа категорија на луѓе треба да се дaва зекат.

Сиромав и неволник
Во основа, сиромав е оној кој нема основни животни услови: храна, облека и стан, а исто така и потребите на оние кој што ги издржува. Вака во главно се појаснува во книгите на фихтот. Но ова не е генерално правило, туку учениците кажуваат дека е правило за сиромав, неговата дефиниција ја одредуваат опшествените прилики. Тоа значи дека не е строго определено тоа да биде оној кој нема основни животни потреби , затоа што стандардот на луѓето се менува. Па да кажеме дека во наше време постојат опшества кој на своите граѓани им ги гарантираат овие основни животни потреби : храна, стан, облека, лечење итн., Кај нив познато како како социјална помош. Во такви ситуации не можеме да кажеме дека на никој нема да му се дава зекат, туку правилото гласи дека зекат ќе добиваат заслужува најсиромавата категорија, па макар и да имаат квалитетна храна, убава облека или сопствена кола и на тоа слично.

Тие кој собираат
Тоа е категоријата на државни службеници, се мисли на исламската држава, оние кој ја водат администрацијата за собирањето зекат, го превземаат од оние што го даваат и водат грижа за неговата распределба.

Оние чии срца треба да се придобијат за исламот
Во ова категорија влегуваат и муслимани и немуслимани. Што се однесува за муслиманите, се мисли на оние кој имански се слаби , но кај својот народ се почитувани и угледни, и доколку нивното враќање во исламот би донело голема корист за исламот, или можеби нивното дозволување на муслиманите да работата во корист на исламот, би било доста корисно. А што се однесува за немуслиманите, се мисли на оние од кој може да се очекува дека ќе примат ислам, со што ќе го потикне и неговиот народ да приме ислам.

Откуп од ропство
Ова се однесува на робот мукатиб- оној кој направил договор со својот сопственик да се откупи за одредена сума на пари или имот. На таквиот роб муслиман му се помага со зекат за негово откупување на својата слобода, за да што поскоро тоа а го направи.

Презадолжените

Под презадолжени се мисли на на онаа група на муслимани кој под некои околности биле приморани да се задолжат толку колку што не се во состојба да тоа од својата заработувачка го отплатат, а не на оние кој што се задолжуваат беспотребно во купувањето на непотребни работи.На презадолжените муслимани им се издвојува од зекатот како би им се помогнало да го вратат долгот. Во денешно време ова е можеби многу честа ситуација, во која запаѓаат
многу луѓе, па зекатот е еден од начините да им ги олесни потешкотиите на муслиманите.

На Аллаховиот пат
Во прв ред се мисли на борците на Аллаховиот пат – муџахидите. Тоа е еден од начините како би се помогнало на муслиманите кој што застанале на границите како би го заштитиле исламот и муслиманите од непријателската рака. Покрај тоа дел од исламските ученици дозволува зекат да се издвојуваат и за мисионерски активности , како што е одржување на џамии, болници, домови за деца без родители и сл.

Патник намерник
Тоа е е личност која во текот на своето патување останала без имот, потребен да се врати во својата куќа, сеедно дали се работи за некој кој го потрошил тоа што го имал, или пак бил ограбен за време на патувањето. Овде не се зема во обзир дали се работи за богата или сиромава личност, Може да се работи за богата личност која не може да дојде до својот имот. Од ова се изземени личности кој можат од сметка да подигнат пари или пак некој може да им прати по пат на сметка во банка пари за да се вратат дома или да позајмат.

На крајот е неопходно да се спомне дека зекатот не може да се дава на блиски роднини, или маж на жена, затоа што тоа се категории кој се обврска да се издржуваат и без зекат.

Иако има уште многу да се пише за зекатот сепак ова е сега за сега малку накратко.
Тука треба да се истакне дека нам ни е оставено Исламот да го пренесуваме на другите, па со самото тоа да се објаснува и начинот на кого и како се дава зекатот, да им го пренесеме на оние кој не знаат како сите заедно би сме учествувале во ширењето на доброто и сите заедно би биле наградени кај Возвишениот Аллах.
На Аллах му се заблагодаруваме и на почетокот и на крајот, нека нашиот живот тече во насока на Неговото задоволство, изграден врз упатството на последниот Пратеник Мухаммед, с.а.в.с., нека е над него најодбраниот салават, на неговата фамилија и чесните асхаби.


Превземено:
www, islamski centar,org

http://www.ahlu-sunnah.org

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот