1 ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА ЧЕТИРИ ЧАСА СЕДИТЕ ПРЕД ТВ? Вто 18 Јан 2011, 5:26 pm
ila
Сестра
Британските кардиолози тврдат дека гледањето на телевизија или седење пред компјутерски екран повеќе од четири часа дневно, може да предизвика оштетувања на срцето, па дури и срцев удар.
Студијата ја спроведе Отсекот за епидемиологија и здравствена заштита при Универзитетот во Лондон, која за прв пат се занимава со истражување поврзано помеѓу гледањето на телевизија и работата пред компјутер со срцевите болести.
- Нашата анализа покажа дека доколку секој ден поминувате најмалку два часа пред екранот, имате зголемен ризик од болести на срцето. Меѓутоа луѓето кои повеќе од четири часа гледаат телевизија или работат пред компјутерот имаат 48 отсто поголеми шанси да умрат од било која причина, а дури 125 отсто поголеми шанси да доживеат срцев удар. Факторите на ризик не се намалуваат ако сте пушач или непушач, дали вежбате или не вежбате. Иако ваквите студии често се потценуваат, постои голем ризик за здравјето кај луѓето, изјави професорот Емануел Стаматакис