Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Куран на Македонски Јазик - Page 4 EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Куран на Македонски Јазик - Page 4 EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Куран на Македонски Јазик - Page 4 EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Куран на Македонски Јазик - Page 4 EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Куран на Македонски Јазик - Page 4 EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Куран на Македонски Јазик - Page 4 EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Куран на Македонски Јазик - Page 4 EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Куран на Македонски Јазик - Page 4 EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Куран на Македонски Јазик - Page 4 EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Куран на Македонски Јазик - Page 4 EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Куран на Македонски Јазик - Page 4 EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Куран на Македонски Јазик - Page 4 EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Куран на Македонски Јазик - Page 4 EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Куран на Македонски Јазик - Page 4 EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Куран на Македонски Јазик - Page 4 EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 18 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 18 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Куран на Македонски Јазик - Page 4 Vote_lcapКуран на Македонски Јазик - Page 4 Voting_barКуран на Македонски Јазик - Page 4 Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Куран на Македонски Јазик - Page 4 Vote_lcapКуран на Македонски Јазик - Page 4 Voting_barКуран на Македонски Јазик - Page 4 Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Куран на Македонски Јазик - Page 4 Vote_lcapКуран на Македонски Јазик - Page 4 Voting_barКуран на Македонски Јазик - Page 4 Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Куран на Македонски Јазик - Page 4 Vote_lcapКуран на Македонски Јазик - Page 4 Voting_barКуран на Македонски Јазик - Page 4 Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Куран на Македонски Јазик - Page 4 Vote_lcapКуран на Македонски Јазик - Page 4 Voting_barКуран на Македонски Јазик - Page 4 Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Куран на Македонски Јазик - Page 4 Vote_lcapКуран на Македонски Јазик - Page 4 Voting_barКуран на Македонски Јазик - Page 4 Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Куран на Македонски Јазик - Page 4 Vote_lcapКуран на Македонски Јазик - Page 4 Voting_barКуран на Македонски Јазик - Page 4 Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Куран на Македонски Јазик - Page 4 Vote_lcapКуран на Македонски Јазик - Page 4 Voting_barКуран на Македонски Јазик - Page 4 Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Куран на Македонски Јазик - Page 4 Vote_lcapКуран на Македонски Јазик - Page 4 Voting_barКуран на Македонски Јазик - Page 4 Vote_rcap 
Haqq (253)
Куран на Македонски Јазик - Page 4 Vote_lcapКуран на Македонски Јазик - Page 4 Voting_barКуран на Македонски Јазик - Page 4 Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 4 of 5]

76Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 4:10 pm

Muaz al Islam


Модератор
Модератор
СУРА

“ЕД-ДЕХР” (“Време”)


Медина - 31 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Му помина ли на човекот она време кога не беше за ништо спомнат?

2. Ние човекот го создадовме, навистина, од мешавина на семе за да го ставиме во искушение, и му дадовме и слух и вид.

3. Ние, навистина, го упативме по Патот: ќе биде ли благодарен или неверник - негово е!

4. Да, Ние за неверниците подготвивме и пранги и синџири и Саир.

5. Добротворите, навистина, ќе пијат од чаша чиј напиток ќе биде смеса на камфор

6. од изворот што ќе го разводат, како што сакаат, ќе пијат робовите Аллахови:

7. оние што го исполнуваа договорот и кои стравуваат од Денот во кој ќе преовладува злото негово,

8. и со храна нахрануваа, и покрај тоа што ја сакаа, и сиромав, и јетим, и затвореник.

9. “Ве храниме, навистина, заради лицето Аллахово: од вас не посакуваме ни награда ни благодарност.

10. Ние, навистина, се плашиме од Господарот наш на Денот во кој лицата ќе бидат намуртени и затемнети.”

11. На Денот тој Аллах ќе ги сочува од злото и ќе им даде радост и среќа,

12. и ќе ги награди, затоа што беа трпеливи, со Џеннет и свила;

13. ќе бидат потпрени на дивани и тука ни жед ни студен не ќе усетат;

14. сенките негови во непосредна близина ќе им бидат, и плодовите негови ќе им бидат спуштени.

15. И од едендодруг ќе се служи со чинии од сребро и со чаши што ќе бидат провидни,

16. провидни од сребро што сами ќе ги одредуваат колкави да бидат;

17. во Џеннетот ќе пијат од чаши чиј напиток ќе биде смеса од ѓумбар,

18. од изворот во Џеннетот со името Селсебил именуван,

19. и од едендодруг ќе ги служат вечно млади момчиња. И кога ќе ги погледнеш веднаш ќе помислиш дека се бисери растурени.

20. И кога ќе погледнеш тамо и пак, кога ќе погледнеш, ќе видиш благодат и царство големо,

21. на нив ќе видиш облека зелена, и од потенка и од подебела свила; ќе бидат накитени со ракавници од сребро, и Господарот нивни ќе ги напојува со напиток чист.

22. “Ете, ова ви е наградата, навистина! Трудољубието ваше за благодарност е достојно!”

23. Ние, навистина, објавувајќи го, ти го објавивме Кур’анот:

24. па, стрпи се до одлуката на Господарот твој и меѓу нив не биди послушен, ни на грешникот ни на неверникот!

25. И споменувај Го името на Господарот твој и наутро и навечер!

26. И во еден дел од ноќта, падни Му на сеџде, и дуж ноќта слави Го!

27. Онаквите, навистина, ја посакуваат мигновеноста, а го оставаат она што е зад нив, Денот тежок!

28. Ние ги создаваме и зглобовите им ги соединуваме. А ако, пак, си посакаме ги менуваме наличјата нивни.

29. Ова, навистина, е Опомена! Па, кој сака ќе го прифати Патот кон Господарот свој.

30. А вие го пожелувате само она што Аллах го пожелува. Аллах, навистина, е Зналец и Мудар!

31. Ќе го воведе во милоста Своја кого сака. А за зулумќарите подготви казна болна!

http://www.ahlu-sunnah.org

77Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 4:11 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
СУРА

“ЕЛ-МУРСЕЛАТ” (“Испратени”)


Мекка - 50 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Се колнам во оние кои се испратени еднизадруги,

2. па, како виор виорат,

3. се колнам и во оние кои се разгрануваат,

4. и кои одовојувајќи, одвојувања предизвикуваат,

5. и кои, опомена доставуваат,

6. како оправдување или како опоменување!

7. Ветеното ќе ви се случи, сигурно!

8. Тогаш кога ѕвездите не ќе блескаат,

9. и кога небесата ќе испукаат,

10. и кога брдата ќе се здробат,

11. и кога пејгамберите во време определено ќе се зберат!

12. Да, кој ден е тоа одредено?

13. До Денот на Разделбата!

14. А од кај знаеш ти што е тоа Денот на Разделбата?

15. Тешко на лашковците... на Денот тој!

16. Нели Ние ги уништивме поколенијата одамнешни?

17. По нив и другите што Ние дадовме да ги следат.

18. Ете, така Ние работиме со силниците!

19. Тешко на лашковците... на Денот тој!

20. Нели ве создадовме од вода безвредна

21. што ја ставивме на место сигурно,

22. до едно време познато?

23. Па тоа сме Ние кои одредуваме. Е, само колку сме убави во она што Ние го одредуваме!

24. Тешко на лашковците... на Денот тој!

25. Нели Ние одредивме земјата да биде место на збирање,

26. на живите и мртвите,

27. и на неа Ние високи брда поставивме, и со вода бистра ве напојувавме.

28. Тешко на лашковците... на Денот тој!

29. Управете се кон она што за лажно го сметавте,

30. управете се кон она со три краци сенка,

31. која ладовина нема и која од пламен не чува.

32. Како кули ќе фрла искри,

33. како да се камили жолти.

34. Тешко на лашковците... на Денот тој!

35. Ова е Ден во кој не ќе прозборат,

36. и во кој оправдување не ќе им се одобри!

37. Тешко на лашковците... на Денот тој.

38. Ова е Денот на Разделбата. Ние ќе ве собереме вас и народите одамнешни!

39. Па, ако имате сплетка, сплеткарете!

40. Тешко на лашковците... на Денот тој!

41. Богобојазливите ќе бидат, навистина, во сенките и меѓу изворите!

42. и крај овошјето што ќе го посакуваат.

43. “Јадете и пијте ; пријатно нека ви биде... заради она што го работевте!

44. Ете, така Ние ги наградуваме доброчинителите.

45. Тешко на лашковците... на Денот тој!

46. “Јадете и уживајте за кратко: силници сте, навистина!

47. Тешко на лашковците... на Денот тој!

48. И кога ќе им се речеше: “Поклонете се!” Не се поклонуваа.

49. Тешко на лашковците... на Денот тој!

50. Па, во кој говор по него оние веруваат?

http://www.ahlu-sunnah.org

78Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 4:11 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор

СУРА

“ЕН-НЕБЕ’” (“Кажување”)


Мекка - 40 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. За што тие еднисодруги се прашуваат?

2. За кажувањето големо

3. за кое оние, токму, станаа деленици!

4. Но, не! Ќе узнаат,

5. и пак: Но, не! Ќе узнаат, сигурно!

6. Нели Ние одредивме земјата да биде постела,

7. а брдата столбови?

8. И Ние ве создадовме во парови,

9. и спиењето ваше Ние за почивка го одредивме,

10. а ноќта, пак, Ние како облека ја одредивме,

11. а денот, пак, Ние како храна го одредивме,

12. и над вас Ние седум силни изградивме,

13. и светилката што свети Ние ја поставивме,

14. и од облаците Ние вода ви спуштаме,

15. и со помош нејзина Ние дадовме да никнат и семе и растение,

16. и бавчи испреплетени!

17. Денот на Одлуката, навистина, е веќе одреден,

18. Денот во кој ќе се дувне во Сурлата, па ќе доаѓаат во дружини,

19. а небото ќе се отвори, и врати многу ќе има,

20. и брдата ќе се потресат и прашина ќе станат!

21. Џехеннемот, навистина, е во заседа,

22. за угнетувачите место на враќање,

23. и во Џехеннемот за навек ќе останат,

24. и не ќе вкусат ништо ладно, ни напивка некаква,

25. освен жешка вода, смрдлива,

26. како награда соодветна!

27. Оние, навистина, не се надеваа на Сметката,

28. и ги сметаа за лажни, лажејќи, ајетите Наши,

29. и секоја работа Ние ја пребројавме и во Книгата ја внесовме!

30. Па, вкусете! Казната само со казна ќе ја зголемуваме!

31. За богобојазливите, навистина, има победа:

32. градини и лозја,

33. и девојки, со години исти

34. и пехари полни!

35. Во Џеннетот не ќе слушаат ни зборови празни ни лага.

36. Награда ќе биде тоа од Господарот твој, подарок неизмерен,

37. од Господарот на небесата и на Земјата и она што е меѓу нив, од Милостивиот, и оние не ќе можат ни да Му се обратат,

38. на Денот во кој Џибрил и мелеките ќе стојат во редови, и не ќе зборуваат освен оној кому ќе му дозволи Милостивиот, и вистина ќе зборува.

39. Ете, тоа е Денот вистински. Па, кој сака може да најде засолниште кај Аллах.

40. Ние, навистина, ве опоменавме за казната блиска, за Денот во кој човекот ќе го гледа она што го направија рацете негови, и кога неверникот ќе рече: О тешко мене! Само земја да станев!

http://www.ahlu-sunnah.org

79Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 4:13 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
СУРА

ЕН-НАЗИАТ(оние кои кинат)

Мекка - 46 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Се колнам во оние кои кинат, силно!

2. во оние кои, вадат благо,

3. и оние кои, пловејќи, пловат брзо,

4. и оние кои, предводувајќи, предводат,

5. и кои ги средуваат работите,

6. и во Денот во кој Потресот ќе се потресе,

7. по кој ќе следи следниот!

8. Срцата на Денот тој ќе се потресат,

9. а очите нивни, пак, ќе се преплашат!

10. Зборуваат: “Ќе бидеме ли пак вратени назад во гробовите, навистина,

11. кога ќе станеме коски трошни?

12. И уште зборуваат: “Тоа оживување е само пораз.

13. Тоа ќе биде само еден глас, навистина! -

14. и ете ги, веднаш на површина.

15. Ти дојде ли говорот за Муса,

16. кога го повика Господарот свој, во Тува, долината света:

17. Оди кај фараонот, зашто тој, навистина, силен стана,

18. па, кажи му:,Мислиш ли да се очистиш‘?

19 Ќе те упатам кон Гсоподарот твој и,тогаш, уплаши се!

20. И му го покажа тогаш знамението најголемо,

21. па, фараонот излажа и непослуша,

22. а потоа се сврте и си замина,

23. и пак, тогаш, повика и собра луѓе

24. па, рече: Јас сум господарот ваш најголем!

25. Па, Аллах го казни со казната прва а ќе го казни и со казната друга!

26. Ете, во тоа, навистина, има ибрет за оној кој се плаши!

27. Потешко ли е вие да се создадете или, пак, небесата? Он нив ги создаде,

28. па, го подигна сводот нивни и потоа го среди,

29. ноќите нивни реши темни да бидат, а деновите, пак, светли да бидат,

30. и Земјата потоа ја израмни,

31. и извади од неа и вода и пасишта,

32. и брдата ги зацврсти

33. за да уживате во нив, вие и добитокот ваш!

34. И кога ќе се случи поројот голем

35. на Денот тој ќе се присеќава за она што се трудел,

36. и кога Џехеннемот, за оној што гледа, ќе се здогледа,

37. тогаш оној што се силеше,

38. и што животот овоземен повеќе го сакаше...

39. па, за него, Џехеннемот престојувалиште ќе му биде!

40. А оној кој се плашеше од стоењето пред Господарот свој и кој на душата страстите и ги забрануваше...

41. па, за него, Џеннетот пребивалиште ќе му биде!

42. Те прашуваат за Часот кога тој ќе се случи.

43. Твое е ли тоа да го споменуваш?

44. За него конечно знае Господарот твој!

45. Ти си, навистина, опоменувач за оној што стравува од кијаметот,

46. Денот кога ќе го здогледаат ќе им се причини дека само една вечер или едно утро останаа.

http://www.ahlu-sunnah.org

80Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 4:14 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
СУРА

АБЕСЕ(се намурти)


Мекка - 42 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Се намурти и ги сврте плеќите

2. кога му дојде слепиот,

3. а што знаеш ти, можеби дојде да се очисти,

4. или, пак, опомена да прими и Опомената, тогаш, ќе му користи.

5. Што се однесува до оној кој ќе стане богат,

6. па ти со него си заземен,

7. и твое е само да се очисти.

8. А што се однесува до оној што ти дојде брзо,

9. и уште, ете, се плаши

10. а ти на него не внимаваш!

11. Но, не! Опомена е тоа, навистина!

12. Па кој сака Опомената ќе го опомене

13. во страниците почитувани,

14. возвишени и чисти

15. меѓу рацете на пишувачите,

16. чесни и добротворни!

17. Проклет да е човекот! Колкаво е само проклетството негово!

18. Од што Он го создаде?

19. Од капка семе Он го создаде и Он, потоа, го одреди

20. и патот, потоа, му го олесни,

21. а потоа, пак, Он ќе го усмрти и во кабур ќе го остави,

22. а потоа, кога и ќе си посака, ќе го оживи!

23. Но, не! Се уште не го исполни она што Он му го нареди.

24. Нека човекот погледа, тогаш, во храната своја!

25. Ние во изобилие дожд спуштаме, навистина!

26. Потоа земјата во пукнатини ја расцепуваме,

27. и тогаш даваме семе секакво од неа да никне,

28. и лозја и овошје,

29. и маслинки и урми,

30. и бавчи испреплетени,

31. и овошје и зеленчук

32. за да уживате вие и добитокот ваш!

33. Па, кога ќе дојде гласот што заглушува?

34. На Денот кога човекот ќе побегне од брата си,

35. и од мајка си, и од бабо си,

36. и од другарите свои и од синовите свои,

37. на Денот тој, секој човек ќе биде обземен со состојбата своја.

38. Лица некои на Денот тој ќе бидат блескотни,

39. насмеани и весели,

40. а лица некои, пак, со прашина покриени,

41. и со темнеж некаков обземени -

42. овие се, токму, меѓу неверниците расипници!

http://www.ahlu-sunnah.org

81Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 5:41 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
СУРА

“ЕТ-ТЕКВИР”(Помрачување)

Мекка - 29 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. И кога Сонцето ќе се помрачи,

2. и кога ѕвездите ќе попаѓаат,

3. и кога брдата ќе се поместат,

4. и кога камилите без сопственици ќе останат,

5. и кога дивите животни ќе се испомешаат,

6. и кога морињата со пламен ќе се исполнат,

7. и кога душите ќе се обединат со телата свои,

8. и кога девојчето живо погребано во земја ќе биде прашано:

9. Заради кој грев е убиено?

10. И кога страниците ќе се отворат,

11. и кога небесата ќе се отстранат,

12. и кога Џехеннемот ќе се разгори,

13. и кога Џеннетот ќе се приближи...

14. ќе узнае душата што си подготвила!

15. Но, не! Се колнам во ѕвездите што се скриваат,

16. кои се движат и кои исчезнуваат,

17. се колнам и во ноќта кога таа затемнува,

18. и во утрото кога дише,

19. Кур’анот, навистина, е Говор на мелек пратеник благороден,

20. од сопственикот на моќта, кој поседува место почесно кај Аршот,

21. кого го слушаат и уште е доверлив...

22. па, другарот ваш не е луд!

23. Го здогледа во видиците јасни,

24. и тој не е шкржав за Невидливото,

25. па, тоа не е Говор на Шејтанот проколнат!

26. Па, каде сте кинисале?

27. па, тоа е само Опомена за световите;

28. за оној меѓу вас кој сака да биде по патот вистински!

29. А она што го сакате е само со посак Аллахов, Господарот на световите!

http://www.ahlu-sunnah.org

82Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 5:42 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ЕЛ-ИНФИТАР(Расцеп)

Мекка - 19 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Кога небесата ќе се расцепат,

2. и кога ѕвездите ќе се растурат,

3. и кога морињата ќе избувнат,

4. и кога мезарите ќе се испревртат -

5. ќе го узнае душата она што го направила и за овој свет и за оној свет.

6. О човеку, што те заведе од Господарот твој Благороден!?

7. Кој те создаде?... па те направи целосен и складен,

8. и Кој со посак Свој ликот ти го среди.

9. Но, не! Лажете за Денот ветен, сепак!

10. А врз вас се Чуварите мелеки, навистина!

11. благородни пишувачи:

12. кои знаат што правите!

13. Добротворите ќе бидат во благосостојба, навистина!

14. А грешниците ќе бидат во огнот Џехеннемот, навистина!

15. Во кој ќе бидат турнати на Денот суден!

16. И не ќе можат да не бидат во него.

17. И знаеш ли ти што е Денот суден?

18. И пак, знаеш ли ти што е Денот ветен?

19. Ден во кој никој за никого не може ништо. Наредбата тогаш е - Аллахова!

http://www.ahlu-sunnah.org

83Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 5:42 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
СУРА

ЕЛ-МУТАФФИФУН(Скратувачи)

Мекка - 36 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Е, тешко на скратувачите!

2. Оние кои, кога мерат нешто од луѓето, полна мера земаат,

3. и кога мерат на други или кога им вагаат им прикратуваат.

4. Не замислуваат ли дека ќе бидат проживеани, навистина!

5. на Денот голем,

6. на Денот во кој луѓето ќе стојат пред Господарот на световите?

7. Но, да! Книгата на грешниците е во огнот Сиџџин!

8. А знаеш ли ти што е тоа Сиџџин?

9. Книга испишана!

10. Тешко на лашковците на Денот тој!

11. Оние кои го сметаа за лажен Денот ветен,

12. а него го сметаше за лажен само претераниот грешник:

13. кога му се кажуваат ајетите Наши, вели: “Тоа се измислици на народите одамнешни!”

14. Но, не! А она што го спечалија веќе ги покри срцата нивни.

15. Но, не! Оние на Денот тој, навистина, ќе бидат со завеса одвоени од Господарот свој,

16. па, потоа, ќе бидат турнати во Џехеннемот,

17. а, потоа, ќе се рече: Ова е она за што, токму, лажевте.

18. Но, да! Книгата на доброчинителите е во Илијјуун, навистина!

19. А знаеш ли што е тоа Илијјуун?

20. Книга напишана,

21. за која сведочат блиските посматрачи.

22. Доброчинителите ќе бидат во благосостојба, навистина!

23. ќе гледаат од диваните;

24. на лицата нивни ќе ја препознаеш радоста на благодатот,

25. ќе се напојуваат со напиток чист, запечатен,

26. запечатен со мушус и заради тоа нека се натпреваруваат натпреварувачите,

27. а составот ќе му биде од Тасним,

28. извор од кој ќе пијат блиските на Аллах!

29. Грешниците ги исмеваа верниците, навистина!

30. и кога си поминуваа крај нив си намигнуваа еднисодруги,

31. и кога се враќаат кај семејствата свои, ги посетуваат, исмевајќи ги

32. и кога ќе ги здогледаат, велат: “Овие скршнаа во заблуда, навистина!

33. А не се испратени да бдеат врз нив.

34. Па, денес верниците ќе ги исмеваат неверниците,

35. потпрени ќе гледаат!

36. Ќе бидат ли наградени неверниците за она што го работеа?

http://www.ahlu-sunnah.org

84Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 5:42 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
СУРА

“ЕЛ-ИНШИКАК”(Цепење)

Мекка - 25 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Кога небото ќе се расцепи,

2. и кога Господарот негов ќе го послуша. - Он е Кому треба да се биде послушен,

3. и кога земјата ќе се порамни,

4. и кога ќе го исфрли она што е во неа и ќе стане празна,

5. и кога Господарот нејзин ќе Го послуша... Он е кому треба да се биде послушен!

6. О човеку, ти, навистина, се трудиш кон Господарот твој, со труд, и него ќе го најдеш!

7. Што се однесува до оној со доделената му Книга во раката, десна,

8. ќе полага сметка лесна,

9. и ќе се врати кај семејството свое, радосен!

10. А што се однесува, пак, до оној со дадената му Книга, зад плеќите негови,

11. па, ќе си посакува пропаст,

12. и во Саир ќе биде турнат.

13. Па тој меѓу семејството негово беше радосен,

14. тој, навистина, замислуваше дека никогаш не ќе се врати.

15. И уште како! Господарот негов, навистина, го гледа!

16. Но, не! Се колнам во црвенилото вечерно,

17. и во ноќта и во она што таа ќе го збере,

18. и во Месечината кога ќе се исполни,

19. ќе поминувате од една во друга состојба.

20. Што им е па не веруваат?

21. И зошто кога Кур’анот им се чита на сеџде не паѓаат?

22. Но, лажат оние кои не веруваат.

23. Аллах најдобро го знае она што го кријат!

24. И зарадувај ги, тогаш, со казната болна!

25. Освен оние кои веруваат и кои добри дела работат - нив ги чека награда неминлива.

http://www.ahlu-sunnah.org

85Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 5:42 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
СУРА

“ЕЛ-БУРУЏ” (Ѕвезди”)


Мекка - 22 ајети

Во името на Аллах , Милостивиот Сомилосен!


1. Се колнам во небото со ѕвезди преполно,

2. и во Денот ветен,

3. и во сведокот и во посведоченото,

4. проколнети нека бидат сопствениците на робови,

5. преполни со гориво на оган,

6. кои, крај него, седеа,

7. и кои, токму, беа сведоци на она што го правеа со верниците!

8. Им се одмаздуваа затоа што веруваа во Аллах, Силниот и за благодарност Достојниот!

9. И власта и на небесата и на Земјата е - Негова! Аллах, секако, е Сведок за се!

10. Оние кои, навистина, ги мачеа верниците и верничките, потоа не се покајаа... за нив има казна џехеннемска, за нив има казна Харик!

11. А оние, пак, кои веруваа и работеа добри дела, навистина!... за нив има бавчи џеннетски низ кои реки течат. Ете, тоа е победа голема!

12. Усвитено е, навистина, казнувањето на Господарот твој.

13. Он, секако, создава и повторно создава!

14. Он, секако, е Простувач и Срдечен!

15. Господарот на Аршот, Славниот!

16. Чинител на она што го посакува.

17. Ти дојде ли говорот за војската,

18. за фараонот и за Семуд?

19. Но, оние кои не веруваат, постојано во лага си паѓаат,

20. а Аллах ќе ги опфати од сите страни!

21. Но, тоа е Кур’ан Славен,

22. во Лехви Махфуз сочуван!

http://www.ahlu-sunnah.org

86Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 5:44 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
СУРА

“ЕТ-ТАРИК” (“Деница”)

Мекка - 17 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Се колнам во небото и во Деница!

2. А знаеш ли ти што е тоа Деница?

3. Ѕвезда што свети!

4. Над секоја душа има и бдеец.

5. Па, нека човекот погледа од што е создаден,

6. создаден е од вода што се исфрла,

7. која излегува меѓу ‘рбетот и градите.

8. Да, Он е Кадар да го повтори творењето Свое,

9. на Денот кога ќе се кажуваат тајните,

10. кога човекот не ќе има ни моќ ни поддржник.

11. Се колнам и во небото, со вода преполно,

12. и во земјата која се расцепува,

13. Кур’анот, навистина, е Говор што одделува!

14. Он не е празен Говор.

15. Оние, сплеткарејќи, сплетки прават,

16. а Јас сплетките ги расплеткувам.

17. Па, остави ги неверниците и дај им малку време!

http://www.ahlu-sunnah.org

87Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 5:45 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
СУРА

“ЕЛ-А’ЛА” (“Севишен”)


Мекка - 19 ајети

Во името на Аллах , Милостивиот Сомилосен!


1. Слави Го, името на Господарот твој, Севишен!

2. Кој создаде и добар ред постави,

3. Кој одреди и потоа упати,

4. Кој дава да никне пасиште,

5. а потоа одредува да стане сува трева.

6. Ние ќе одредиме да читаш па ништо нема да заборавиш,

7. освен она што ќе го посака Аллах. Да, Он го знае и она што е јавно и она што е тајно.

8. И Ние ќе те упатиме во она што е најлесно.

9. Па, опоменувај - Опомената ако користи,

10. ќе се опомене оној што стравува,

11. а од неа ќе се оддалечува најлошиот,

12. оној што ќе биде турнат во огнот голем,

13. кој потоа во него не ќе умре и не ќе живее.

14. Да, спасен е оној кој ќе се очисти,

15. кој го споменува името на Господарот свој и кој се клања.

16. Но вие повеќе го сакате животот на овој свет,

17. а Ахирет е подобар и е вечен.

18. Да, ова е внесено во страниците одамнешни,

19. во страниците на Ибрахим и на Муса!

http://www.ahlu-sunnah.org

88Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 5:45 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
СУРА

“ЕЛ-ГАШИЈА” (Поклопи)

Мекка - 26 ајети

Во името на Аллах,Милостивиот Сомилосен!



1. Ти дојде ли говорот за она што поклопи?

2. Лицата на Денот тој ќе бидат уплашени,

3. изморени и жалосни!

4. Ќе се пржат во огнот жесток,

5. ќе се напојуваат од изворот усвитен;

6. за нив не ќе има храна, освен трње,

7. која не ќе нахрани а ниту, пак, гладот ќе го отстрани,

8. на Денот тој ќе има и лица благословени,

9. со трудот нивни задоволни,

10. во Џеннетот возвишен,

11. во кој не ќе слушаат зборови празни,

12. во него ќе има и извор што тече,

13. и кревети подигнати,

14, и пехари поставени,

15. и перници поредени,

16. и простирки спрострени!

17. Не гледаат ли кон камилата како е создадена,

18. и кон небото како е подигнато,

19. и кон брдата како се поставени,

20. и кон земјата како е порамнета?

21. Па, опоменувај. Ти си, навистина, само опоменувач!

22. Не е твое да владееш со нив!

23. А оној кој ги врти плеќите и оној кој не верува,

24. па, Аллах ќе го казни со казна голема!

25. Враќањето нивно е - кон Нас,

26. и полагањето сметка, потоа, е - при Нас!

http://www.ahlu-sunnah.org

89Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 5:46 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
СУРА

ЕЛ-ФЕЏР (зора)


Мекка - 30 ајети

Во името на Аллах,Милостивиот Сомилосен!


1. Се колнам во зората,

2. и во десетте ноќи,

3. парни и непарни,

4. и во ноќта кога ќе исчезне,

5. има ли во тоа, за надарениот со разбир, заклетва?

6. Не виде ли како постапи Господарот твој со Ад?

7. И со Ирам, кој имаше столбови големи,

8. на кои слични немаше изградено по градовите?

9. И со Семуд кој делкаше карпи во долината,

10. и со фараонот, сопственикот на шаторите,

11. кои беа насилници по градовите!

12. И мноштво, по нена, безредие се сееше,

13. па затоа Господарот твој корбачот на казната врз нив го опаша.

14. Да, Господарот твој е во заседа!

15. Што се однесува до човекот, кога Господарот негов ќе го искуша, па ќе го почести и благослови, ќе рече: “Господарот мој ме почести.”

16. А кога, пак, ќе го искуша со она со што малку ‘рск ќе оствари, ќе рече: “Госаподарот мој ме остави.”

17. Но, не! На јетимот чест не му правите,

18. а ниту, пак, сиромавиот го храните,

19. а јадете оставина лакомо,

20. и богатство сакате, сакајќи го прекумерно!

21. Но, не! Кога земјата ќе се распарчи на парчиња,

22. и кога ќе ти дојде Господарот твој и мелеките, еднидодруги поредени,

23. и на Денот тој кога Џехеннемот ќе се приближи, на Денот тој човекот ќе се сеќава. А за кое, пак, добро ќе му користи сеќавањето?

24. Ќе рече: “О тешко мене! Е, само да се подготвев за животот мој!”

25. Па, на Денот тој никој не ќе казнува како што Он ќе казнува.

26. И никој не ќе врзува цврсто како што Он ќе врзува.

27. О душо смирена!

28. Врати се кон Господарот твој задоволна, а и Он со тебе задоволен,

29. и влези,тогаш, меѓу робовите Мои,

30. и влези во Џеннетот Мој!

http://www.ahlu-sunnah.org

90Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 5:46 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
СУРА

ЕЛ-БЕЛЕД (Град)


Мекка - 20 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Не! Се колнам во градот овој,

2. - како граѓанин ќе бидеш во градот тој.

3. И се колнам во родителот и во она што го роди!

4. Ние го создадовме човекот, секако, да се труди.

5. Мисли ли дека никој не може против него?

6. Тој вели: “Голем имот потрошив!”

7. Мисли ли дека никој не може да го види?

8. Нели Ние му дадовме очи две,

9. и јазик и усни две?

10. И Ние го упативме кон патишта два,

11. па не можеше да се искачи по Аккаба.

12. А знаеш ли ти што е тоа Аккаба?

13. Па, роб да се ослободи,

14. или да се нахрани кога гладот коси,

15. јетим или од роднината блиска,

16. или сиромав, со неволји оптоварен,

17. и да биде, освен тоа, меѓу оние кои веруваат и кои еднинадруги трпеливост препорачуваат и кои еднисодруги милост препорачуваат.

18. Онаквите се жители на Среќата,

19. а оние кои не веруваат во знаменијата Наши ... жители се на Несреќата.

20. Врз нив ќе биде оган затворен.

http://www.ahlu-sunnah.org

91Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 5:46 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
СУРА

ЕШ-ШЕМС (Сонце)


Мекка - 15 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Се колнам во Сонцето и светлината негова,

2. и во Месечината кога го следи,

3. и во денот кога ќе го раздени,

4. и во ноќта кога ќе го покрие,

5. и во небото и во она што Он го подигна,

6. и во земјата и Оној што ја простре,

7. и во душата и Оној што ја создаде,

8. па и вдахна да разликува расипано од богобојазливо.

9. Се спаси, секако, оној што ќе ја очисти,

10. а ќе пропадне оној што ќе ја извалка.

11. Семуд лажеше заради насилството свое,

12. кога еден несреќник се појавил меѓу нив,

13. па им рече Аллаховиот пејгамбер: “Камилата Аллахова... ред е нејзин да пие!”

14. Тогаш го сметаа за лашко; ја заклаа. И Господарот нивни ги казни заради гревот нивни и, ете, ги снема.

15. И Он не се плаши од последиците на тоа!

http://www.ahlu-sunnah.org

92Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 5:46 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
СУРА

ЕЛ-ЛЕЈЛ (Ноќ)


Мекка - 21 ајети

Во името на Аллах,Милостивиот Сомилосен!


1. Се колнам во ноќта кога таа ќе опфати,

2. и во денот кога ќе се раздени,

3. и во Оној кој создава машко и женско

4. настојувањето ваше, навистина, е различно!

5. Па, што се однесува до оној кој дели и кој е богобојазлив,

6. и кој најубавото го смета за вистинско,

7. нему, тогаш, Ние најлесното ќе му го олесниме,

8. а што се однесува, пак, до оној кој е шкржав и кој кон обилност тежнее,

9. и кој најубавото го смета за лажно,

10. нему, тогаш, Ние најтешкото ќе му го отежниме.

11. И нему имотот, кога ќе се фрли наглавачке, не ќе му користи.

12. Упатувањето по Патоказот е - Наше!

13. И Ахирет и овој свет се - Наши!

14. Па, јас ве опоменувам за огнот што пламти!

15. кој ќе го пржи само расипаниот,

16. кој лажеше и кој плеќите ги вртеше.

17. Најбогобојазливиот од него далеку ќе биде,

18. кој го дава имотот свој да се очисти,

19. без да очекува од некого со благодат да му возврати,

20. освен заради тоа што го посакува Лицето на Господарот свој, Возвишен, -

21. ќе биде задоволен, секако!

http://www.ahlu-sunnah.org

93Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 5:47 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
СУРА

ЕД-ДУХА (Утро)

Мекка - 11 ајети

Во името на Аллах,Милостивиот Сомилосен!


1. Се колнам во утрото,

2. и во ноќта кога таа ќе се скрие,

3. Господарот твој не те остави и не те замрази!

4. За тебе сигурно е подобро на Ахирет отколку на овој свет!

5. Господарот твој, секако, ќе ти даде и ќе бидеш задоволен!

6. Нели Он те затекна сираче? Па, потоа, те заштити.

7. Нели Он те затекна скршнат во заблуди? Па, потоа, те упати!

8. Нели Он те затекна сиромав? Па, потоа, те збогати!

9. Ете, затоа, јетим не угнетувај,

10. а оној кој пита, не одбивај го!

11. И за благодатите на Господарот твој,тогаш, разговарај!

http://www.ahlu-sunnah.org

94Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 5:47 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
СУРА
Еш-Шерх (широкоградност)


Мекка - 8 ајети

Во името на Аллах,Милостивиот Сомилосен!


1. Нели Ние ги отворивме градите твои,

2. и Ние го симнавме бремето тешко од тебе,

3. што ги тегнеше плеќите твои?

4. И Ние го воздигнавме споменот твој.

5. Па, навистина, покрај тешкотијата е леснотија,

6. и, навистина, покрај тешкотијата е леснотија!

7. А кога, пак, ќе се ослободиш, тогаш, исправи се!

8. И кон Господарот твој, тогаш, посакувај да се управиш!

http://www.ahlu-sunnah.org

95Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 5:47 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ЕТ-ТИН (Смоква)

Мекка - 8 ајети

Во името на Аллах , Милостивиот Сомилосен!


1. Се колнам во смоквата и во маслинката,

2. и во ридот Синај,

3. и во овој град, безбеден -

4. дека човекот, секако, Ние го создадовме во најличен изглед,

5. а потоа Ние ќе го вратиме во најгрд изглед,

6. освен оние кои веруваат и кои добри дела работат... та, за нив има награда неизмерна.

7. Па, што те натера да го сметаш за лажен Денот ветен?

8. Нели Аллах од праведните судии е Најправедниот?

http://www.ahlu-sunnah.org

96Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 5:48 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
СУРА

ЕЛ-АЛЕК (Грушка)


Мекка - 19 ајети

Во името на Аллах,Милостивиот Сомилосен!


1. Читај во името на Господарот твој кој создаде,

2. го создаде човекот од грушка на крв!

3. Читај, зашто Господарот твој, навистина, е Најблагороден,

4. кој поучува со перо:

5. го поучи човекот со она што не го знаеше.

6. Но, не! Човекот, навистина, се засилува

7. откога ќе види дека, секако, е во изобилие.

8. Кон Господарот твој, навистина, е враќањето!

9. Го виде ли оној кој му забранува

10. на робот намаз да изврши?

11. Го виде ли дека е по Патоказот,

12. или, пак, дека наредува богобојазливост?

13. Го виде ли дека лаже и дека плеќите ги врти?

14. Е, па, не знаеше ли дека Аллах, навистина, гледа?

15. Но, не! Ако не престане со тоа Ние, навистина, ќе го фатиме за чело,

16. за челото лажно и грешно!

17. Па, нека ја повика дружината своја,

18. а Ние ќе ги повикаме Зебание!

19. Но, не! Ти не слушај го него, падни на сеџде и приближи се до Аллах!

http://www.ahlu-sunnah.org

97Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 5:48 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
СУРА
Ел-Кадр (Кадр)


Мекка - 5 ајети

Во името на Аллах ,Милостивиот Сомилосен!


1. Кур’анот Ние, навистина, започнавме да го објавуваме во ноќта Кадр!

2. А знаеш ли ти која е таа ноќ Кадр?

3. Ноќта Кадр е подобра од илјада месеци.

4. Во таа ноќ се спуштаат мелеките и Џибрил со одобрението на Господарот нивни, по наредба секоја!

5. Селам! И тоа се до пукањето на утрото!

http://www.ahlu-sunnah.org

98Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 5:48 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
СУРА

ЕЛ-БЕЈЈИНЕ (Јаснотија)


Медина - 8 ајети

Во името на Аллах ,Милостивиот Сомилосен!


1. Оние кои не веруваа, меѓу Следбениците на Книгата и многубошците, не престанаа се додека не им дојде јаснотија,

2. еден пејгамбер од Аллах кој им ги кажува страниците чисти,

3. во кои има прописи исправни.

4. А оние со дадената им Книга станаа деленици токму по дојдената им јаснотија.

5. Наредено им е само Аллаха да го обожаваат, и верата искрено да Му ја предаваат, во сета чистота нивна, и намаз да извршуваат и зекат да даваат. И, ете, тоа е верата исправна!

6. Оние кои не веруваа, меѓу Следбениците на Книгата, и многубошците ќе бидат во огнот џехеннемски и во него за навек ќе останат... да, онаквите се од сите суштества најлошите!

7. Оние кои, навистина, веруваа и кои добри дела работеа... да, онаквите се од сите суштества најдобрите.

8. Наградата нивна е кај Господарот нивни: џеннетски бавчи на Адн испод кои реки течат и во нив за навек ќе останат. Аллах ќе биде задоволен од нив а и тие ќе бидат задоволни од Него. Ете, тоа е за оној кој се плаши од Господарот негов!

http://www.ahlu-sunnah.org

99Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 5:48 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
СУРА

“ЕЗ-ЗИЛЗАЛ” (“Земјотрес”)


Медина - 8 ајети

Во името на Аллах,Милостивиот Сомилосен!


1. Кога земјата ќе биде потресена со потресот свој,

2. и кога земјата ќе ги исфрли тежините свои,

3. и кога човекот ќе рече: Што и е?

4. на Денот тој ќе се случат, токму, кажувањата нејзини,

5. кога Господарот твој, навистина, тоа ќе и го вдахне.

6. На Денот тој луѓето ќе се појават, поединечно, за очигледни да им станат делата нивни:

7. па, оној кој прави нешто добро колку голушка ситно, ќе го види,

8. а оној, пак, кој прави нешто зло колку голушка ситно, ќе го види!

http://www.ahlu-sunnah.org

100Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 5:49 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
СУРА

ЕЛ-АДИЈААТ (“Тркачи”)


Мекка - 11 ајети

Во името на Аллах ,Милостивиот Сомилосен!


1. Се колнам во тркачките коњи кои ‘ржат,

2. па, со нозете свои по камењата искри искрат,

3. и кои во утринските часови напаѓаат,

4. и кои, трчајќи, прашина дигаат,

5. и, така, во местото заеднички влегуваат!

6. Да, човекот е неблагодарен кон Господарот свој,

7. тој за тоа, навистина, е сведок,

8. и тој, навистина, е цврст во љубовта кон имотот, доброто.

9. Не знае ли дека кога ќе биде оживеано она што е во мезарите,

10. и кога ќе излезе она што е во градите,

11. - дека Господарот нивни, навистина, на Денот тој е Известен!

http://www.ahlu-sunnah.org

101Куран на Македонски Јазик - Page 4 Empty Re: Куран на Македонски Јазик Чет 20 Јан 2011, 5:49 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
СУРА

ЕЛ-КАРИ'АТУ (“Удар”)


Мекка - 11 ајети

Во името на Аллах ,Милостивиот Сомилосен!


1. Удар!

2. И кој ќе ти каже што е тоа удар?

3. И што знаеш ти што е тоа удар?

4. Ден е тој во кој луѓето ќе бидат како бубалки расфрлани,

5. а брдата ќе бидат како растегната волна!

6. Што се однесува до оној чии кантари ќе натежнат,

7. па, тој ќе биде во животот задоволен,

8. а што се однесува до оној чии кантари нема да натежнат,

9. престојувалиштето негово, тогаш, е Хавие.

10. А знаеш ли ти што е тоа Хавие?

11. Па тоа е оган распален!

http://www.ahlu-sunnah.org

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 4 of 5]

Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот