1 АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Сре 13 Окт 2010, 5:06 pm
LAUTKA
Модератор
ДОБРАТА НА УБАВИОТ АХЛАК
Убавиот ахлак и убавото однесување е многу вредно и ефективно дело, кое повеќекратно е корисно и од кое произлегуваат добри зборови и добри постапки како и останатите убави и вкусни плодови, од кои, некои од нив се берат на дуњалукот а некои на ахирет, но без сомнение дека ахиретските плодови на убавиот ахлак се повкусни, повредни и поголеми.
Добрато на овој и идниот свет се стекнува само со добар ахлак, а злото на овој и идниот свет се стекнува со расипан, зол и лош ахлак!
1.Прва корист на убавиот ахлак е тоа што таа е одлика на покорувањето на наредбата на Аллах, џ.ш.,кој вика: „Простувај им на другите, наредувај им добро и чувај се од незнајковците! “ (Ел-Е’араф, 199), како и, од покорноста кон Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., кој вели: „Со убав ахлак однесувај се спрема луѓето!“ (Тирмизи, бр. 1987)
2.Придобивање на срцата. Ако однесувањето и ахлакот на некој човек биде добар и убав, тој човек ги има мнозина од оние кои едвај чекаат со него да се најдат во друштво, со него да се дружат и другаруваат, и таквиот би имал малку непријатели. На таквата личност работите ќе и постанат лесни, тврдите и нечувствителни туѓи срца пред него ќе омекнат, а острите критичарските јазици како сабји ќе отупат над него.
Закити се со убав ахлак и однесување
Па мискот на твоите фалења ќе ги надвладее сите мириси.
Кажува Ибну Абас, р.а.: „Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Џеннетлија е оној, кому Аллах, џ.ш., уште при неговиот живот, ги исполнил ушите со пофалби од луѓето, а Џехеннемлија е оној кому Аллах, џ.ш., при неговиот живот, ушите му ги исполнил со грдења од луѓето!“ (Ибну Маџе, бр. 4224). Врз основа на тоа, блазе си му на оној кој ќе се наслушува пофалби од другите луѓе, а за жалење се оние кои слушаат кудења и грдотии од останатите луѓе на нивна сметка, а оние кои одамна не слушнале пофалби од луѓето на своја сметка, па добро нека се преиспитаат!
Меканските идолопоклоници не го сакале Мухаммеда, а.с., не сакале да го следат и тогаш не биле муслимани, но, секогаш го спомнувале по убавиот ахлак, доверба и добро, и помеѓу нив бил познат како ’Ел-Емин’ што во превод означува ’доверлив’, врз основа на тоа и ние неважно дали се наоѓаме во круг на муслимани или немуслимани, ако не слушаме благодарност и пофалби од луѓето на наша сметка – тогаш да се приспитаме колку сме на патот од Мухаммед, с.а.в.с. о колку добри дела ни недостасуваат!
Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Најдраг од вас ми е оној кој е со најубав ахлак и однесување, кој на другите секогаш им е на услуга, на кои луѓето му се драги и тој на луѓето им е драг!“ (Теберани, ел-Му’уџем ел-Сагир, бр. 835)
2.Со убавиот ахлак се чуваме од злото на луѓето! Личноста со добар ахлак на зло не возвраќа со зло; тој е оној кој простува и прави место за друг, и нејзнајковците ги избегнува и се чува. Особата со добар ахлак некогаш ќе возврати со добро. Тоа што личноста е добра и заради тоа не треба да се спушта на степен на незнајковците кои прават зло, да би се сочувала од нивниот шерр! Кога од убавиот ахлак не би постоеле други користи освен оваа би им било доволно на луѓето што побрзо да се закитат со својството на убав ахлак!
Немој да се каеш заради убавиот ахлак
Макар луѓето и лошо да се понесат према тебе
Ти да бидиш добар, а оние лоши – подобро е
Отколку да бидиш лош, а и оние лоши!
Џабир б. Сулејм, р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Ако некој човек те брука заради нешто што ти го знае, ти немој него да го брукаш во она што му го знаеш; зошто ти тогаш ќе имаш награда, а тој грев, и немој никого да пцуеш! “ (Сахих Ахмед, 5/63, Ебу Давуд, бр. 4084)
3.Убавиот ахлак и убавото однесување ги покрива останатите маани – а и самите сме сведоци за тоа дека на повеќето мажи и жени им е прогледано низ прсти по прашањето на телесните маани, заради тоа што биле познати по добрината и убавиот ахлак.
Луѓето ќе се разидуваат околу некои работи дали се добри или не, но нема да најдеш двајца луѓе да се разидуваат во тоа дали убавиот ахлак е добар или не!
Убавината не е во убавите одела кои нè красат
Туку убавината е – убавината на однесувањето и нашиот ахлак.
Сè има своја убавина и украс
А, украс на човекот е убавиот ахлак!
Убавиот ахлак и убавото однесување се како бисер скриен во школката, па така и нашите тела и одела кои се самата школка не значат ништо ако во нив нема убав бисер! Убав ахлак е како бисер убав каде и да се најде, а истотака и со лошото однесување и неморал – грд е и одвратен каде и да се најде!
Што им користи убавото лице на младината
Ако немаат убав ахлак и однесување.
Од каква корист е убавината на лицето кај младичот – ако зад тоа убаво лице се крие криминал, блуд, дрога, алкохол, убиства, тепачки, непослушност према родителите, браќата, сестрите, итн. И од какова корист е убавото лице и убавото тело кај девојката ако зад тоа се крие изгубена невиност, блуд, абортуси, алкохол, тутун, долг јазик, сплекарење, оговарање, крадење, итн....