Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 11 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 11 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Vote_lcapПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Voting_barПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Vote_lcapПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Voting_barПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Vote_rcap 
Muwehhid (937)
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Vote_lcapПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Voting_barПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Vote_lcapПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Voting_barПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Vote_lcapПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Voting_barПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Vote_lcapПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Voting_barПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Vote_lcapПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Voting_barПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Vote_rcap 
Monoteizam (343)
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Vote_lcapПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Voting_barПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Vote_rcap 
muharem fazli (323)
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Vote_lcapПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Voting_barПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Vote_rcap 
Haqq (253)
ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Vote_lcapПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Voting_barПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Предзнаци за Судниод Ден Нед 22 Мај 2011, 3:46 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Во Името На Аллах џ.ш Милостивиот, Самилосен!


Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Испратен сум Јас и Судниот ден како овие два.” покажувајќи и составајќи ги своите два прста; показателот и средниот. (Муслим)

Имам Куртуби околу предзнаците на судниот ден рекол: “Прв од нив е пејгамберлукот на Мухаммед а.с., бидејќи Тој е пејгамбер на после- дното време, Пратен е, а нема друг пејгамбер помеѓу Него и Судниот ден.”


Смртта на Мухаммед а.с.:

Мухаммед а.с. рекол: “Наброј шест (предзнаци) пред настапувањето на судниот ден - и спомнал - Мојата смрт...” (Бухари)

Смртта на Мухаммед а.с. спаѓа во предзн- аците на судниот ден. Со неговата смрт мусли- маните ги погодиле неколку несреќи како: прекинување на Аллаховата објава -вахј-; голем број од арапските племиња отпаднале од вера- ата;се појавиле големи искушенија и страда- ња така што дури дуњалукот им поцрнел во очите на асхабите.

Ослободување на Бејтул-Макдис:

Мухаммед а.с. рекол: “Наброј шест нешта пред судниот ден -и меѓу нив спомнал - Ослободув- ање на Бејтул-Макдис.” ( Бухари)

Ослободувањето на Ерусалим се остварило за време на владеењето на Омер ибн Ел-Хаттаб р.а. И тоа 16 години по Хиџрет. Х.Омер р.а. самиот отишол во Ерусалим, и склучил примирје меѓу жителите, и изградил џамија во средишт- ето на Месџидул-Акса.
Колерата “Умвас”:

Мухаммед а.с. рекол: “Наброј шест(предзнаци) пред самото настапување на судниот ден - меѓу другото - многу смртни случаи, кои ќе ве одземаат како овча шуга.” ( Бухари)

бн Хаџер р.а. рекол: “Овој предзнак се појав- ил за време на хилафетот на Омер ибн Ел-Хаттаб р.а., после ослободувањето на Месџидул -Акса.” Според некои исламски научници тоа се случило во 18 година по Хиџра, потоа се прошир- ила кон шам. Од неа умреле голем број другари на Мухаммед а.с. Се вели дека во тој бран на колера умреле околу 25.000 муслимани, меѓу нив и Ебу Убејде ибн Ел-Џеррах “Емиин” (Доверливиот, Честитиот) на овој уммет”

Појава на искушенија, нереди (фитне):

Мухаммед а.с. рекол: “Пред да настапи судниот ден ќе се појават многу искушенија, ќе изгледа- ат како дел од темна ноќ. Тогаш, човекот ќе се раздени како верник а ќе заноќи како неверник, ќе заноќи како неверник а ќе се раздени како верник. Тогаш оној кој седи е подобар иод оној кој што стои, оној што стои е подобар од оној што оди, а оној што оди е подобар од оној што трча.. (Ахмед, Ебу Давуд)

Хадисите кои зборуваат за фитнето ги има многу, Пејгамберот а.с. го предупредил својот уммет на тоа, барајќи од нив да се чуваат и да внимаваат. При таквите искушенија и нереди нема да има друга заштита освен верата во Аллах џ.ш., чување на заедницата, на Ехли- суннетот, избегнување на нередите и барање на засолниште кај Аллах џ.ш. од нив.

Мухаммед а.с. рекол: “Барајте заштита кај Аллах од искушени- јата видливи и невидливи.” (Муслим)
Г

убење на Еманет- Доверба меѓу луѓето:

Ебу Хурејре пренесува дека Аллаховиот Пејгам- бер а.с. рекол: “Кога ќе се изгуби довербата, очекувајте го судниот ден. Ебу Хурејре рече: Како ќе се изгуби таа, О Аллахов пејгамберу? Пејгамберот рече: Кога одговорните работи ќе им се дадат да ги водат незаслужни луѓе, тогаш очекувај го судниот ден.” (Бухари)

Доверување на работите на незаслужни луѓе е јасен доказ за слабоста на луѓето во нивната вера. Ова ќе се случи кога ќе се изгуби знаење-
то и ќе завладее незнаењето.
Ширење на неморал,проституција (Зина)

Аллаховиот Пејгамбер рекол: “Меѓу знаците на судниот ден спаѓа, ширење на неморал.” (Бухари)

Неморалот во денешно време стана нормална појава кај луѓето, дури тоа почна јавно да се шири,повикува и поддржува од многу системи. Мухаммед а.с. најавил дека ќе дојде време кога луѓето ќе вршат интимен однос на јавни места, тогаш, најдобар од нив ќе биде оној кој ќе им рече: Барем малку да се сокриевте зад зид. (Ебу Ја‘ла) Згора на тоа, тогаш ќе има и меѓу муслима- ните кои неморалот ќе го одобруваат, и ќе сметаат дека тоа е природен чин.

2ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Нед 22 Мај 2011, 3:48 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Појава на музички инструменти и нивна одобрување:
Оваа појава е доста застапена во последно вре-
Ме. Ретко може да се најде муслиманска куќа која е сочувана од оваа појава, ниту може да се најде некој кој им укажува на тоа. Во бројни хадиси се спомнува строгата казна за тоа дело.
Мухаммед а.с. рекол: “Во мојот уммет ќе се појават луѓе кои ќе ги дозволуваат: свилата, оп-

ојните пијалоци и музичките инструменти..”(Бух-
ари) Исто така рекол: “Пред самиот суден ден ќе се рашири: понижувањето, клеветењето и навр- едувањето. Присутните запрашале: Кога ќе биде тоа Аллах- ов Пејгамберу? Пејгамберот а.с. одговорил: Кога ќе се појават музички инструм- енти и пејачки.” (Ибн Маџе)

Појава на лажни пејгамбери:
Меѓу предзнаците на судниот ден спаѓа и појава- та на бројни лажни самопрогласени пејгамбери кои се околу триесет, некои од нив се појавиле во времето на Пејгамберот а.с., некои во време- то на асхабите, а некои сеуште се појавуваат. Мухаммед а.с. рекол: “Нема да настапи судниот ден се додека не се појават лажливци и обманувачи. Секој од нив ќе тврди дека е Аллахов пејгамбер.” (Бухари)

Меѓу тие самопрогласени лажни пејгамбери биле: Мусејлеме Ел-Кеззаб, Есвед Ел-Анси,Сеџ- џах, оваа била жена која се омажила за Мусејл- ме, но откако тој бил убиен, таа се покајала и се вратила во Ислам. Се пренесува дека во време- тоа на абасидската држава се појавила цела група на лажни пејгамбери. Во хадис стои дека меѓу тие триесет лажни пејгамбери, од нив ќе има и четири жени. Последниот од тие лажни пејгамбери ќе биде едноокиот Деџџал. (Ахмед)

Зголемување на богатството:

Мухаммед а.с. рекол: “Нема да настапи судниот ден се додека не имате богатство во изобилст- во. Тогаш, богаташите ќе се загрижат кој ќе им ја прими садаката, ќе биде повикан еден човек за да му се даде, а тој ќе рече: Јас немам потреба за тоа.” (Бухари)

Пејгамберот а.с. известил дека Аллах џ.ш. ќе му ги отвори на овој уммет ризниците на земјата и нејзините благодети. Богатството се зголеми-
ло во времето на Асхабите, тие го поделиле богатството на Персија и Византија. Уште погол- емо збогатување било забележано во времето на халифата Омер ибн Абдулазиз. Исто така големо збогатување ќе биде при појавата на Мехди и Иса а.с. дури нема да има некој ќе ја прими садаката.


Зголемување на убиства:
Мухаммед а.с. рекол: “Нема да настапи судн- иот ден се додека не се размножи Хереџ! Присутните рекле: што е тоа Хереџ О Аллахов Пејгамберу?


Пејгамберот одговорил: Убиства, убиства.” (Бухари)
Сето ова се случува поради појавата на многу војни, употреба ба разурнувачки оружја, зголем-
ување на страдањата, искушенија, одалечув- ање од Аллаховата вера (Освен оној кому Аллах му се смилувал) претерано грешење и слабоумн-
ост.

Зголеменост во конзумирање на Алкох- ол и негово одобрување:
Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Меѓу предз- наците на судниот ден - спомнал и - пиење на алкохол.” (Муслим)

Алкохолот како општествено зло, денес е мошне застапено меѓу самите муслимани, дури отиде толку далеку дури и се нарекува душе- вен пијалок, некои пак го одобруваат, оправдув- ајќи се дека се произведува од јечмен или жито и сл. Затоа Мухаммед а.с. рекол: “Меѓу мојот уммет ќе има и такви кои ќе ги дозволуваат: свилата, неморалот, алкохолот, музичките инс-
трументи..” (Бухари)

Во друг хадис се наведува дека некои ќе го нарекуваат со друго име, не како алкохол. Уште полошо што денес алкохолот јавно се реклами- ра,продава,ужива, дури и во некои исламски земји.
Борба против неверниците (Неарапи):

Мухаммед а.с. рекол: “Нема да настапи судниот ден се додека нема да се борите со нерапските народи кои живеат во два града, Хуз и Кирман; со црвени лица, спластени нозеви, мали очи,со лица како да им се покриени со кожен штит, а облеката од крзно.” (Бухари)

Ибн Хаџер во врска со овој хадис вели: “Околу овој хадис може да се каже дека овој хадис нема никаква врска со хадисот каде се спомнува борба со турците, туку двата хадиса сакаат да не упатат на сосема две различни групации.”

Борба против турците (Монголи):
Мухаммед а.с. рекол: “Нема да настапи судниот ден се додека муслиманите не се борат со наро- дот ‘Турк’ чии лица изгледаат прекриени како со кожен штит, облечени во влакнести облеки во кои се движат секојдневно.”(Муслим)
Муслиманите воделе борба против народот ‘Турк’ во времето на асхабите, и тоа во почеток- от на емевиското владеење, во време на Муави-
ја р.а. Според некои научници под народот Турк се мисли на Татарите кои се појавиле во 7 век по Хиџра. Нивниот опис потполно се совпаѓа со особините спомнати во хадисот.

3ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Нед 22 Мај 2011, 3:49 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Појава на многу земјотреси:
Селеме ибн Нуфејл Ес Сукуни вели: Бевме седн-
ати кај Аллаховиот Пејгамбер.. и го спомна хадисот: “Пред самиот суден ден ќе појават две смрти, а по неколку години многу земјотреси.” (Ахмед, Таберани) Исто така Ебу Хурејре р.а. пренесува дека Мухаммед а.с. рекол: “Нема да настапи судниот ден се додека не зачестат земјотресите.” (Бухари)

Од земјотресите во светот секоја година гинат стотици илјади луѓе, Уште повеќе луѓе останув- аат без домови. За огромната сила на земјотрес- ите нека послужат неколку податоци: Само во Тангшан, Кина од земјотрес загинале 655.000 луѓе. А за тоа колку човекот е беспомошен пред земјотресите говори податокот според кој сред- новековна Кина во 1556 година загуби 830.000 животи само во земјотресот што ја погоди провинцијата шанси.

Губење на знаење и распространување на незнаење:
Мухаммед а.с. рекол: “Пред самиот суден ден ќе настапат денови во кои ќе се прошири незнаењ-ето а ќе се подигне (изгуби) знаењето.” (Бухари)
Исто така рекол: “Од предзнаците на судниот ден, ќе се подигне знаењето а зацврсти незнае- њето.” ( Бухари)

Знаењто ќе се изгуби со изумирање на учени- те.. Мухаммед а.с. рекол: “Аллах нема да го повлече знаењто со повлекување од неговите робови, туку ќе го повлече со умирање на учените, така што нема да остане ниту еден учен човек. Тогаш луѓето за свои водачи ќе ги зем- аат незнаените, кои ќе ги прашуваат, а тие ќе им одговараат без знаење, самите ќе залутат и другите ќе ги залутаат.” ( Бухари)

Подигање на Куран од градите на луѓ-
ето и од неговите страници:
Мухаммед а.с. рекол: “Исламот ќе исчезне како што исчезнува шаренилото на облеката. Нема да се знае што е тоа е Пост, ниту Намаз, ниту што е Хаџ, , ниту што е добродетелство. Во една вечер Аллаховата книга Куран ќе биде воздиг- ната, така што нема да остане од него ниту ајет.

Тогаш, ќе остане само една група на луѓе: Старци и изнемоштени, кои ќе зборуваат:ги затекнавме нашите татковци како ги изговараат зборовите (Ла Илахе Иллаллах)-Нема друг Бог освен Аллах- а и ние ги изговараме.” Ебу Бекр на тоа рече: што ќе им користи Ла Илахе

Иллаллах кога тие не знаат што е намаз, ниту пост, ниту хаџ, ниту добродетелство? Хузејфе р.а. нема да обрати внимание на неговото прашање, па Ебу Бекр повторно ќе го праша до три пати. По третиот пат Хузејфе ќе му одговори: “О Силе! Тоа ќе ги заштити од џехенемскиот оган.” Повторил три пати. ( Ибн Маџе, Хаким)

Абдуллах ибн Месуд вели: “Куранот ќе биде воздигнат помеѓу јација и сабах, од самите луѓе, дури од Куранот нема да остане ништо.” (Таберани)
Ибн Тејмијје вели: “Кур’анот ќе биде воз- дигнат пред самиот суден ден од страниците на кои бил напишан и од градите на луѓето кои го знаеле напамет; ниту во градите ќе остане нешто, ниту во страниците ќе остане нешто.”

Појава на лажно и сокривање на искрено сведочење:
Мухаммед а.с. рекол: “Пред самиот суден ден ќе се појави.. лажно сведочење и ќе се сокрива искреното сведочење.” (Ахмед)

Во лажно сведочење спаѓа секое прикривање на вистината при
сведочење. Лажното сведоч- ење е повод за неправда, насилство, занемару- вање на човековите права без оглед дали се однесува тоа околу живот или имот.

Затоа Аллах џ.ш. вели: “И не прикривајте го сведочењето; а оној кој го прикрие, неговото срце ќе биде грешно”. (Ел-Бекаре, 283)

Проширување на сигурност:
Мухаммед а.с. рекол: “Нема да настапи судниот ден се додека човекот не патува од Ирак до Мека не плашејќи се од ништо друго освен да не залута по пат.” (Ахмед)

Во хадисот на Хаббаб ибн Ерет, се наведува дека Мухаммед а.с. рекол: “Се колнам во Аллах, оваа вера ќе се прошири дури човекот ќе патува од Сан’а до Хадремеут не плашејќи се од ништо освен од Аллах…но вие сте народ кои брзате.” (Бухари)



Последната промена е направена од islam nur на Нед 22 Мај 2011, 7:29 pm. Мислењето е променето 2 пати.

4ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Нед 22 Мај 2011, 3:50 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Ова се случило во времето на асхабите, кога Исламот почнал да се шири а истовремено со него и правадата во местата кои што мусл- иманите ги освоиле. Тоа исто така ќе се случи и во времето на Мехдија и Иса а.с. кога правдата ќе завладее над неправдата.

Натпревар на сиромашните во изградба на високи згради:
Во познатиот веродостоен хадис каде се навед- ува разговорот меѓу Мухаммед а.с. и Џебраил.

Во кој меѓу другото се спомнува: “Од предзна- ците на судниот ден: Кога одгледувачите на стока ќе се натпреваруваат во изградба на високи згради.”(Бухари)

Во преданието на Муслим се наведува: “ќе видиш босоноги, необлечени сиромашни и овча- ри се натпреваруваат во високи градби.”

Сето ова е причина поради преголемата одда- ност кон овој свет и натпревар во постигнување на неговите благодети, Хафиз Ибн Хаџер вели: (Натпреварувањето во изградба на високи куќи, градби, значи кога оној кој гради куќа, посакува неговата куќа да биде поголема од куќата на комшијата, или пак посакува да биде поукрасна или поубава. Голем број од спомнатото веќе е присутно или станува се поприсутно.)
Излегување на оган од страна на Хиџаз:

Мухаммед а.с. рекол: “Нема да настапи судниот ден се додека не излезе оган од страна на Хиџаз и ќе ги осветли вратот на камилите во Бусра.” ( Бухари,Муслим)

Тој оган се појавил во средината на седмиот век во 654 година по Хиџра. Тој бил голем оган кој се појавил од Медина.
Исто така овој настан го пренесуваат голем број на сведоци како и алимот Ибн Кесир, кои тврдат дека го забележале тоа светло во вратот на камилите во Бусра.
Зголеменост на безбедносни сили:

Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Две вида на луѓе ќе бидат од жителите на Џехенем кои нема да ги видам: луѓе кои имаат камшици како кравји опашки со кои ги удираат луѓето...” (Муслим)

Исто така рекол: “Пред самиот суден ден ќе се појави полиција која ќе се разденува во Аллахов гнев, и ќе се заноќува во Аллахов гнев.” (Таберани)

Имам Невеви вели: “Овој хадис е еден од хадисите со кои се докажува Пејгамберлукот на Мухаммед а.с. бидејќи сето она што го најавил Пејгамберот а.с. се остварило, а луѓето со камшици се полициските службеници.”
Заминување на побожните и добри луѓе:

Мухаммед а.с. рекол: “Нема да настапи судн- иот ден се додека Аллах не ги земе побожните и добрите луѓе од земјата, и на неа не останат најлошите луѓе кои не познаваат добро ниту одвраќаат од лошо.” (Ахмед)

Овој предзнак ќе се оствари во времето кога ќе се прошири грешењето, изостави наредувањ- ето кон добро и одвраќањето од лошо.. бидејќи добрите луѓе кога ќе видат пред нив зло и разврат и не го спречат, ќе ги опфати божјата казна и нив.. ова се потврдува во Аллаховите зборови:

“Плашете се од казната која нема да ги погоди само оние кои направиле неправда од вас.Знајте дека Аллах строго казнува”. (Ел-Енфал,25)

Згора на тоа, во овој уммет постојат луѓе кои го обожаваат шејтанот, му служат и веруват во него, дури со тоа обожавање се гордеат. Иако за тоа Аллах џ.ш. не предупредил со куранските зборови:

“Зар не сум зел од вас завет о синови на Адем: немојте да го обожавате шејтанот, бидејќи тој вие јасен непријател.” (Јасин,60-61)

Појава на разврат, одвратност, прекину-
вање на роднински врски:
Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Нема да настапи судниот ден се додека не се прошири разврат, одвратност, прекинување на родни- нските врски и лошо соседство.” (Ахмед)

Под поимот разврат се подразбира секое зло од гревови и грешење. Сето ова се појави и прошири во муслиманските средини и тоа во форма во која неможе човекот да претпостави; што се однесува до прекинување на роднинск- ите врски, тие веќе постојат дури и меѓу родителите и децата; што се однесува до лошото соседство, тоа е погоре одколку да се опише, колку има комшии кои не се познаваат со своите комшии, ниту меѓусебно се потпомагаат сето тоа е резултат на слабоста на верувањ- то (Иман)

Проширување на камата и стекнување имот по пат на харам:
Мухаммед а.с. рекол: “Пред самиот суден ден ќе се прошири употребата на камата.” (Таберани)

5ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Нед 22 Мај 2011, 3:51 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Исто така Мухаммед а.с. рекол: “ќе дојде време кога човекот нема да го интересира од каде и како стекнува заработка, дали по пат на халал или по пат на харам.” (Бухари)

Овие хадиси денеска ги опфаќаат голем број на муслимани, кои каматата ја сметаат како обична и неопходна секојдневна потреба, особ- ено стекнувањето на имот не му е важно по кој пат го стекнува човекот т.е. муслиманот.
Надвласт на расипаните и простите:
Мухаммед а.с. рекол: “Нема да настапи судн- иот ден се додека меѓу луѓето не постане најсреќен човек Луке’а ибн Луке’а.” (Ахмед, Ибн Хиббан)

Под поимот Луке’а се подразбира особа која има недостаток на знаење и разум, исто така се однесува на простак или глупак.
Мухаммед а.с. исто така рекол: “ќе дојде време на примамливи години во кои: ќе му се верува на лажниот, а неприфаќа на искрениот, ќе се има доверба во предавникот, а ќе се изневерува доверливиот, и ќе зборува Рувејб- ида! Прашаа: што е тоа Рувејбида? Мухаммед а.с. рекол: Прост човек ќе ја застапува (зборува) некоја работа на заедницата.” (Ахмед, Ибн Маџе)

Болно е што сето ова го забележуваме и среќаваме меѓу денешниве муслимани, кои го величаат некој обичен човек, а тој е од најлутите непријатели на Исламот.. од друга страна го понижуваат најпожртвуваниот и најцв- рстиот верник кој се бори за воздигнување на Аллаховата вера.. Аллах да ние на помош!!
Украсување на џамиите и натпревару- вање во нивна изградба:
Мухаммед а.с. рекол: “Нема да настапи судниот ден се додека не почнат да се натпреваруваат луѓето во изградба на џамии.” (Ахмед, Ибн Хиббан)

Ибн Аббас р.а. вели: “Џамиите ќе се украс- уваат како што се украсуваат божјите храмови кај евреите и христијаните.”
Енес р.а. вели: “Луѓето ќе се натпреваруваат во нивната изградба а нема да ги посетуваат освен малку т.е. понекогаш“
Нема сомнение дека вистинско градење на џамиите не може да биде освен со послушност и спомнување на Аллах џ.ш. затоа Омер ибн Ел Хаттаб р.а. забранил да се украсуваат џамиите плашејќи се тоа да не им пречи на луѓето во ибадетот. Затоа им рекол на оние кои ја обнову- вале џамијата на Мухаммед а.с. во Медина: “Заштитете ги луѓето од дожд. Внимавајте да не ја поцрвенете или пожолтеете и со тоа да ги искушате луѓето.”

Појава на ширк (неверство) во овој уммет
Мухаммед а.с. рекол: “Нема да настапи судниот ден се додека некои племиња од овој уммет не им се приклучат на мушриците (многубошци), и се додека не почнат некои од нив да обожа- ваат кипови.” (Тирмизи, Хаким)

Појавата на ширк во овој уммет е резултат на средбите на муслиманите со мушриците, така што тие почнале да обожаваат кипови, да поди- гаат надгробни споменици и да ги обожаваат покрај Аллах џ.ш., дури почнале да им принесу- ваат жртви, и да очекувааат од нив благослов.

Аллаховиот Пејгамбер а.с. најавил дека некои ќе ги обожаваат божествата на Ду’л-Халаса а тоа било божество кое се обожавало во предис- ламскиот период. Но со помош на Аллах џ.ш. во времето на Мухаммед ибн Абдулвеххаб тие биле уништени. Го молиме Аллах џ.ш. да го врати овој уммет на вистинскиот пат на тењхид.


Џамиите ќе се користат како проодни патишта:
Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Од предзна- ците на судниот ден: човекот ќе поминува низ џамија а нема да клања во неа ниту два рекати.” (Ибн Хузејме, Бегави)

Џамиите се божји куќи и најсакани божји места на земјата, кои првенствено се наменети за ибадет на Аллах џ.ш. Меѓутоа денес тие не ја вршат таа намена, дури постанале како истори- ски монументи, споменици, музеи кои се корис- тат за туристички рекреации во кои влегуваат неверници и разголени жени.. Аллах да не сочува од неговата казна!!

Мајката ќе го роди својот господар:
Во познатиот долг хадис на Џебраил а.с.тој му рекол на Аллаховиот Пејгамбер: “Од знаците на судниот ден: кога робинката ќе го роди својот господар.” (Бухари)

6ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Нед 22 Мај 2011, 3:53 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Исламските научници околу значењата на овој хадис велат: Тоа асоцира на голема појава на непослушност на децата кон своите родители, при што детето ќе се однесува кон својата мајка со грубост и тепање како нејзин господар.. или пак сопствениците на робинки ќе ги прода- ваат нивните слигинки, па, по извесно време, нејзин- ото дете ќе ја купи без да знае дека таа е негова мајка.
Појава на пропаѓање, деформација, и лизгање на земјиште:

Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Пред самиот суден ден ќе се појави пропаѓање, деформир- ање и лизгање на земјата.” (Ибн Маџе)

Во некои хадиси се наведува дека оваа казна се однесува на кадерискиот правец. (Ахмед)
Посебно оваа казна се наведува дека се однес- ува за оние кои употребуваат музички инструм- енти алкохол и пеачки. Аллаховиот Пејгамбер а.с. бил прашан за горе споменатата казна: Кога ќе дојде таа? Пејгамберот а.с. рекол: “Кога ќе се појават музички инструменти, пеачки и пиење на алокохол.” (Тирмизи)

Меѓусебно непознавање на луѓето:
Хузејфе р.а. пренесува дека Аллаховиот Пејга- мбер а.с. бил запрашан за судниот ден? Рекол: Кога ќе настапи судниот ден знае само Аллах џ.ш. и никој друг не го знае тој момент, меѓутоа ќе ве известам за неговите предзнаци: Неред и Хереџ. Прашале: О Аллахов Пејгамберу, познато ни е за неред. Но Хереџ што е? Рекол: на хабешискиот јазик значи убивање, меѓусебно непознавање така што нема никој со никого да се познава.” (Ахмед)

До меѓусебно непознавање ќе дојде по појав- ата на големи нереди, искушенија и убиства меѓу луѓето, кога ќе завладее материјализмот меѓу луѓето, кога секој ќе работи само за себе, и нема да го интересира општиот интерес. Оваа појава е присутна меѓу учените и добрите, а што преостанува меѓу обичните..
Давање на селам само на познатите:

Аллаховиот Перјгамбер а.с. рекол: “Од предзна- ците на судниот ден е човекот да им дава селам само на познатите.” (Ахмед)
Оваа појава е очигледна меѓу повеќето луѓе, кои даваат селам само на познатите, што е директно спротивно на суннетот на Мухаммед а.с. кој настојувал во секоја прилика да укаже на вредноста на ширење на селем меѓу луѓето како фактор за влевање меѓусебна љубов, толеран- ција, кои се причина за зголемување на иманот, а иманот води кон џеннет.

Зголеменост на ненадејни умирања:
Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Од предзнац- ите на судниот ден - појава на ненадејни умир- ања” (Таберани)
Во последно време зголемена е појавата на ненадејна смрт меѓу луѓето, дури гледаме здрав

човек кој ненадејно умрел. Таа појава во совре- мениот свет се нарекува срцев удар, рак или излив на мозок и сл. Оваа појава за разбирл- ивиот и побожен човек треба да претставува поука и предупредување да секогаш да биде во будност и послушност кон Аллах џ.ш.

Приближување на времето (брзо минув- ање на времето):
Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Нема да настапи судниот ден се додека времето не поминува пребрзо, така што годината ќе изгл- еда како месец, месецот ќе изгледа како седмица, седмицата ќе изгледа како ден, денот ќе изгледа како еден час, а часот ќе изгледа колку време кое е потребно да изгоре еден палмин лист.” (Ахмед)

7ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Нед 22 Мај 2011, 3:54 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Исламските научници околу овој хадис имаат неколку мислења:
Брзо минување на времето (намаленост на берекет. Ибн Хаџер вели: (Тоа сме го увид- еле уште во нашето време. Сведоци сме на брзото минување на времето какво што не сме запамтиле порано.)
Се однесува за времето на Мехди и Иса а.с. поради благосостојбата во која ќе живеат нема да го почувствуваат текот на времето;
Приближност на состојбата на луѓето околу запоставеноста на верата; и

Прближување на растојанието на мест- ата поради унапредување на превозните средства.
Појава на расипани разголени жени:
Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Два видови на луѓе нема да ги видам: - и спомнал - разго- лени, провидно облечени жени, а косата ќе им биде како грби, витки, хоросански камили. Тие нема да влезат во џеннет никогаш, ниту ќе го почувс- твуваат неговиот мирис, иако неговиот мирис се наоѓа на растојание .. .. (Муслим)

Чудно е, а исто така тешко да се претпостави дека муслиманка која верува во Аллах и судниот ден која кога ќе го прочита или слушне овој хадис и дознае дека Мухаммед а.с. известил дека ќе биде жител на Џехенем ако не се придржува кон исправна исламска облека (хиџ- аб), потоа пак да продолжи да излегува разголена или во провидна облека.

Згора на тоа, среќаваме како дури и нивните мажи или родители се задоволни од нивното такво облекување и молчат пред таквата појава. Ако тие немаат верско чуство, тогаш каде им е нивната машкост и љубомора, кои треба да претставуваат како превентива за нивната чест?. Каде се тие од овој курански ајет, каде Аллах џ.ш. вели: “О вреници, чувајте се себе си и вашите фамилии од оган, чие гориво ќе бидат луѓето и камењата. Над него стојат строги груби мелеци кои не ја прекршуваат Аллаховата наредба, и прават она што Тој им наредува.” (Тахрим,6)

И зборовите на Аллаховиот Пејгамбер а.с. каде вели: “Сите вие сте овчари, и сите вие сте одговорни за вашите стада” (Фамилии)..(Бухари, Муслим)

Повлекување на Еуфрат од брдото со злато:
Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Нема да нас- тапи судниот ден се додека Еуфрат не се повлече од брдото со злато, брдо за кое луѓето ќе војуваат меѓусебно, од секои стотини ќе бидат убиени деведест и девет, и секој од нив ќе рече: Можеби јас ќе останам жив.” (Бухари)
Под брдото со злато не се мисли на нафта или црн петрол, бидејќи во суштина нафтата не е злато, златото е руда, а истовремено ќе беше забрането да се искористува нафата, а тоа никој не го поддржува, бидејќи Мухаммед а.с забра- нил да се зема нешто од тоа брдо, и рекол: “Уште малку Еуфрат ќе се повлече од брдото со злато, кој ќе биде присутен нека не зема од него ништо.” (Муслим)

Ибн Хаџер смета дека причина за забрана на земање што и да било од брдото со злато е пор- ади тоа што секое земање ќе предизвика искуш- енија и убивања.
Зголемување на месечината:
Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Од знаците за приближување на судниот ден спаѓа и зголе- мување на месечината.” (Таберани)
Во друг хадис Мухаммед а.с. рекол: “Од предз- наците на судниот ден спаѓа и зголемување на месечината. Во една ноќ ќе се види месечината, а ќе биде речено два ноќа.” Ова значи дека месечината ќе биде голема во почетокот на месецот, што не е нејзина вообичаеност, а ќе изгледа како да е втора ноќ.
Верникотќе гледа вистински соништа:

Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Кога времето ќе поминува брзо, тогаш скоро секој сон на верникот нема да биде невистинит. Највистин- ити соништа ќе имаат оние кои се најискрени во зборувањето. Сонот на верникот е четириесети и пети дел од пејгамберлукот.” (Муслим)

Накракто она што го спомнуваат научниците околу толкувањето на овој хадис: дека сонот на верникот при крајот на овој свет ќе се покажува во форма во која нема да има потреба од објаснување, па така нема да има простор за лаги во нив. За разлика од оние чии толкувања се таинствени или пак кои ги толкуваат различ- ни луѓе. Соновите нема да примаат лага, бидејќи верникот во последното време ќе чуствува огро- мна осаменост, тогаш сонот со неговата вистин- итост ќе му ја ублажи неговата осаменост. Тоа ќе се случи во времето кога ќе се појават бројни искушенија и ќе завладее неверство и незна- ење. Се вели дека тоа време е одредено само во времето на Иса а.с...и секогаш колку е верникот искрен во својот иман толку ќе биде неговиот сон вистинит. Аллах најдобро знае.

8ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Нед 22 Мај 2011, 3:55 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Изобилство на дождови а недостаток на плодови:
Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Нема да настапи судниот ден се додека луѓето не ги зафати општ дожд од кој нема да израсне ништо од земјата.” (Ахмед)

Во други преданија се наведува дека при таков дожд нема да издржат сите куќи освен оние направени од дрво, како и дека сушна година не е онаа во која не паднал дожд, туку сушна година е онаа во која паднал дожд но нема плод и растење на земјата од него.
Причина за недостатокот на плодови од земј- ата е поради многуте гревови кои ќе го спречат берекетот и плодовите да излезат од земјата.

Проширеност на занимавање со трговија:
Аллаховиот пејгамбер а.с. рекол: “Пред самиот суден ден луѓето ќе ги поздравуваат само позна- тите и ќе се прошири трговијата, па дури и жената ќе му помага на својот маж во тргови- јата..” (Ахмед)
Трговијата ќе се прошири до тие размери пора- ди преокупираноста на луѓето со дуњалукот и
нивното меѓусебно натпреварување во овосвет- ските добра, иако дуњалукот не вреди кај Аллах џ.ш. ниту колку тежината на крило од комарец.

Приближување на пазарите:
Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Нема да наст- апи судниот ден се додека не се појават нереди, рашири лагата и приближат пазарите.” (Ахмед)

Трговските пазари се приближиле како резул- тат на унапрдување на превозните и комуникат- ивните средства.. и тоа со познавање на трговс- ките цени на сите артикли преку известувачките служби и средства.

Пазариштата станале блиски на три начина:
Со брзото спознавање на висината на цените;
Со брзото одење од едно на друго трговско место, без оглед на нивната одалеченост; и
Приближност на еднакви цени и проценки меѓу трговците.
Барање на наука кај малолетни лица:

Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Од предзн- аците на судниот ден спаѓа барање на наука кај малолетните лица..” (Ахмед)
Ибн Месуд р.а. вели: “Луѓето ќе живеаат во благосостојба се додека знаењето го земаат од асхабите на Пејгамберот и возрасните; а кога знаењето ќе им доаѓа од младите и се разеди- нуваат во нивните стремежи, ќе пропаднат.”

Под малолетни се подразбира оние лица кои не навлегле длабоко во исламските дисципли- ни и не ги познаваат суштински целите на вероз- аконот, туку имаат површно знаење околу исламските прописи. Познато е дека Ибн Аббас р.а. иако бил млад, а покрај него биле возрасни асхаби сепак бил поучен, и Омер р.а. го земал да присуствува во научните кругови и да бара негово мислење при спорни прашања.

Враќање на пасишта, зеленила и реки во Арапските земји:
Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Нема да настапи судниот ден се додека не се врати зеленилото, пасиштата и реките во Арапските земји.” (Муслим)

Овој хадис е доказ кој потврдува дека Арапск-
ите земји порано биле зелени, погодни за пасење и со реки, и дека таа клима повторно ќе се врати како порано. Пр. Алфред Кромер смета дека тоа време кога ќе се поврати зеленилото на Арапскиот полуостров е многу блиску, и дека неговите предзнаци се тука, студениот период е блиску, веќе има промени и во климата.
Зголемување на бројноста на жени, и намалување на мажи:
Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Од прдзна- ците на судниот ден спаѓа, намалување на знаењето, проширување на незнаење, појава на неморал, и зголеми бројот на жените а намали бројот на мажите, дури ќе биде за еден издржувач да има педесет жени.” (Бухари)

Алимите при толкувањето на овој хадис велат дека тоа значи: причина за тоа ќе бидат многуте нереди и војни кои ќе се појават; така што ќе бидат убиени многу мажи и со тоа ќе се зголеми бројот на жените, други сметаат дека поради многуте освојувања ќе се заробат многу жени. Исто така се вели дека при крајот на овој свет ќе се намали раѓањето на машки деца а ќе се зголеми раѓањето на женски деца,

9ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Нед 22 Мај 2011, 3:56 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Алимот Јусуф Вабил смета дека под бројот педесет жени не се мисли на вистински број, туку тоа е метафора, како доказ го зема преда- нието на Муслим каде стои: “Човекот ќе види зад себе четириесет жени кои се задоволуваат гледајќи во него..” Аллах најдобро знае.
Голема присутност на лажење:

Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “При крајот на мојот уммет ќе се појават луѓе кои ќе ви кажуваат нешта за кои не сте слушнале вие ниту вашите татковци, па тешко на вас и тешко на нив.” (Муслим)
Оваа појава за жал, денеска масовно ги има зафатено муслиманските средини, дури ретко

може да се најде искрена личност која ја збор- ува вистината. Причина за таа појава е тоа што луѓето нема да поседуваат искрен иман во Аллаховиот надзор и нема да ја разликуваат вистината од невистината. Покрај тоа ние сме сведоци на бројни измислени хадиси кои учен- ите ги пренесуваат до луѓето без да ја проверат нивната веродостојност, иако Аллаховиот Пејга- мбер а.с. н# предупредил со строгата казна за оној кој излаже на Него, затоа рекол: “Кој ќе излаже на Мене намерно нека знае дека му е подготвено место од оган.” (Бухари)

Човекот ќе посака смрт поради тешки- от животи големите искушенија:
Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Нема да настапи судниот ден се додека човекот не помине покрај нечиј гроб и прозбори: ‘Камо јас да бев на негово место’. “(Бухари, Муслим)

Посакувањето на смртта ќе се појави при големите нереди, при промена на целокупниот поредок на земјата. Некои сметаат дека овој предзнак уште не се појавил, но сепак ние сме сведоци на тоа време, и среќаваме луѓе кои поради големите маки и тешкотии си ја посакув- аат смрта. Ибн Месу’д р.а. вели: “ќе дојде време во кое, кога некој од вас би ја нашол смртта да се продава би ја купил.”
Имено, човекот ја презира смртта, избегнува во секоја прилика да зборува или слуша за неа, но неподносливите времиња кои ќе го погодат ќе го принудат да посакува нешто што го презира. Остварувањето на овој предзнак не е условено за секое место и време, ниту кај сите луѓе, дов- олно е да се случи во некои места, времиња и кај некои луѓе.

Подмладување на старите луѓе:
Ибн Аббас р.а. рекол: Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Пред крајот на овој свет ќе се појават луѓе кои ќе се бојат (фарбаат) во црно, како пеликани. Нема да го почувствуваат џеннетски- от мирис.” (Несаи,Ебу Давуд)

Ибн Џевзи вели: ‘Тоа дека нема да го почув- ствуваат џеннетскиот
мирис’ се однесува мож- еби за делото кое произлегува од нив или убедувањето, а не за самото боење. Нивната особина ќе сличи како кај Хавариџиите: таа особина е бричење на коса, иако бричење на коса не е забрането. Имам Невеви вели: “Забрането е боење или фарбање со црно според најправилното гледиште кај научниците, други пак сметаат дека тоа е непожелно дело (мекрух тензих). Избрано мислење е првото, поради јаснотијата во зборовите на Мухаммед а.с.: “Избегнувајте црно (при боење).”(Муслим)
Зборување на животните и неорганските суштества на човекот:

Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол:”Се колнам во оној во чии раце е мојата душа, нема да настапи судниот ден се додека животните не им проговорат на луѓето, се додека не му проговори крајот на стапот и ременот од папучата; тие ќе го известат човекот што сторила неговата фамил- ија во негово отсуство.” (Ахмед)
Верникот е должен да верува во с# што извес- тил или најавил Аллаховиот Пејгамбер а.с. за случувањата пред крајот на овој свет. Имам Ахмед пренесува еден хадис во кој се наведува дека волк му прозборил на еден евреин во времето на Мухаммед а.с.
Многу пишување и издавање на книги:

Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Пред самиот суден ден ќе се.. појави перо.” (Ахмед)
Поимот појава на перо се однесува веројтно на многу пишување и печатење на книги. Иако денес оваа појава е на високо ниво, сепак вла- дее меѓу луѓето голем процент на неписменост, дури постои недостаток на корисно знаење од Кур’ан и Суннет и постапување според нив.

Следење на припадниците од другите вери:
Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Нема да наст- апи судниот ден се додека мојот уммет не почне да ги следи оние кои биле пред него педа по педа и аршин до аршин. Асхабите рекле: О Аллахов Пејгамберу, Персијците и Византиј- ците? Рекол: Дали има други луѓе освен тие?” (Бухари)

Во друг хадис стои: “Сигурно ќе ги следите обичаите на оние кои биле пред вас; педа до педа, аршин до аршин, дури да се насочат во дупката на гуштер, вие ќе се насочите. Прашале: Евреите и Христијаните? Рекол: А кој друг?” (Бухари, Муслим)

10ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Нед 22 Мај 2011, 3:58 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Овој хадис ни ја потврдува нашата разочару- вачка состојба во која се наоѓаме. Денешниов уммет ја запоставил Аллаховата вера и традиц- ијата на Мухаммед а.с. и се ориентирал кон Запад следејќи ги стапките на неверниците не разликувајќи добро од лошо, вистина од невистина. Истовремено овој хадис претставува (му’џизе) доказ за неговиот пејгамберлук.

Многу зборувања а малку дела:
Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Од предзна- ците на судниот ден спаѓа и многу зборување а изоставање на дела..” (Хаким)
Така што ќе гледаш човек како убаво зборува, а спротивно работи, или едно зборува друго работи, а сето тоа е резултат на лицемерство и слаб иман. Семоќниот Аллах џ.ш. го прекорил тој вид на луѓе и рекол:

“О вие кои верувате, зошто зборувате она што не го работите; колку е тоа грдо кај Аллах, да зборувате она што не го работите.” (Сафф, 2-3)

Бројност на римјаните, (западнаците) и нивната борба против муслиманите:

Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: ‘Наброј шест пред судниот ден, -и спомнал- ќе настапи прими- рје помеѓу вас и римјаните, потоа, тие ќе го прекршат тој договор, ќе тргнат против вас под осумдесет бајраци, под секој бајрак дванаесет илјади.” (Бухари)

Во многу преданија се опишува дека тогаш римјаните ќе бидат многубројни; исто така дека таа битка ќе биде жестока и со големи размери. На крајот неверниците ќе бидат поразени; а од секои стотини само еден ќе преживее.

Оваа битка ќе се случи во шам при крајот на овој свет и пред појавата на Деџџал, а тоа ќе биде вовед за освојување на Цариград.
Освојување на Цариград (Истанбул):

Ебу Хурејре р.а. пренесува од Аллаховиот Пејга- мбер дека рекол: “Дали сте слушнале за градот чија една половина е на копно а другата на море? Рекле: Да, О Аллахов Пејгамберу. Рекол: ‘Нема да настапи судниот ден се додека седумдесет илјади синови на Исхак не тргнат кон него. Кога ќе стигнат, ќе се спуштат, нема да се борат со оружје ниту да гаѓат со стрела. ќе речат: Ла илахе иллаллах, Аллаху екбер, половината на тој град ќе падне.’ Сеур, еден од пренесувачите рекол: Не знам дали е таа половина која е на море - Пак ќе рече: Ла илахе иллаллах, Аллаху екбер, па ќе им се отвори, и ќе влезат во него. Додека ќе делат од пленот некој ќе повика: Деџџал се појавил, ќе остават с# и ќе се вратат.” (Муслим)

Познато е дека Мехмед ел-Фатих го освојил Цариград во 1453 година, но тоа освојување било по пат на војна, додека освојувањето на Цариград без борба уште не се случило. Тирмизи ги пренесува зборовите од Енес ибн Малик: “Освојувањето на Цариград е со судниот ден.”

Излегувањето на Кахтанецот:
Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Нема да настапи судниот ден се додека не излезе човек од племето Кахатани, ќе ги води луѓето со стап.” (Бухари, Муслим)

Овој човек ќе излезе во времето на многу нереди, искушенија, страдања; и луѓето ќе ги наведе на Аллахова послушност - инаку тој е добар, побожен човек кој ќе суди праведно меѓу луѓето, и ќе работи за нивно добро со што ќе ја добие нивната наклонетост. Затоа метафората спомната во хадисот (ќе ги води луѓето со стап) се однесува на неговото грубо водење само на неверниците и грешниците.

Војна против евреите, и прозборување на дрвјата и камењата:
Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Нема да настапи судниот ден се додека муслиманите не војуваат против евреите, муслиманите ќе ги победат. Евреите ќе се кријат зад камења и дрвја, но, каменот и дрвото ќе прозборат: О муслиману! Аллахов робу! Дојди и убиј го, освен дрвото Гаркад кое нема да прозбори, бидејќи тоа е еврејско дрво.” (Буахри, Муслим)

Зборувањето на дрвјата и камењата спаѓа во предзнаците на судниот ден како што напоме- навме порано, па нема никаква препрека да зборуваат и против евреите. Ова е моќта на Аллах џ.ш. кој ја покорува вселената во служба на муслиманот, кога тој ќе живее во духот на Исламот и во Аллхова покорност. Причина за војната меѓу евреите и муслиманите е во тоа што евреите ќе бидат од Деџџаловата војска, доде- ка на нив ќе им се спротивстави Иса а.с. т.е. муслиманите.

Чистење на Медина на лошите луѓе, и нејзино рушење при крајот на овој свет:
Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Нема да наст- апи судниот ден се додека Медина не ги очисти лошите луѓе, како што огнот ги чисти нечистот- иите од железото.” (Муслим)

Исламските научниците се разединуваат око- лу времето кога Медина ќе ја врши таа улога; Кади Ијад смета дека тоа време се однесува за времето на животот на Мухаммед а.с. .. Имам Невеви смета дека тоа ќе се случи во времето на Деџџал, Имам Хафиз Ибн Хаџер смета дека можно е хадисот да се однесува за двете врем- иња. што се однесува за целосно излегување од Медина и нејзино рушење, тоа ќе се случи при крајот на овој свет т.е. пред судниот ден.

Ебу Хурејре р.а. вели: го слушнав Аллаховиот Пејгамбер а.с. дека рекол: “ќе ја напуштите Медина во доброто во кое била. Во неа нема да влегуваат никој освен зверовите

11ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Нед 22 Мај 2011, 3:59 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
животни, птици). Последни кои во неа ќе преживеат ќе бидат двајца овчари од племето Музејне. ќе влезат во Медина со овците, и ќе ја најдат како дивина. ќе одат се додека не стигнат до последната падина, тука ќе паднат на лице.” (Бухари)

Ибн Кесир вели: “Целта на хадисот е да укаже на тоа дека Медина ќе остане недопрена во времето на Деџџал, таква ќе биде и во времето на Иса а.с. се додека Тој не умре и не биде во неа закопан, па потоа Медина ќе биде срушена.

Праќање на добар ветер кој ќе им ги зема душите на верниците:
Абдуллах ибн Амр р.а. вели: Аллаховиот Пејга- мбер а.с. рекол: “ќе се појави Деџџал..(потоа го спомнал хадисот, и во него) Аллах џ.ш. ќе го испрати Иса син на Мерјем, кој ќе биде сличен на Урвете ибн Мес‘уд, и ќе го бара Деџџал, ќе го најде и ќе го уништи.

Потоа ќе поминат седум години во кои нема да има меѓу двајца непријат- елство. Потоа Аллах џ.ш. од правецот на шам ќе испрати ладен ветер, од кого никој кој е на земја кој има трунка иман во неговото срце нема да преживее. Дури и кога некој од вас би се сокрил во дното на пештерата, ветерот би допрел до него и би му ја одзел душата.” (Муслим)

При опишувањето на овој ветер се наведува дека тој ќе биде помек од свила, Можеби тоа е Аллахова почест спрема неговите робови во времето на страдањата и искушенијата.

Тогаш на земјата нема да останат други освен лошите луѓе.. Како што стои во друг хадис: “Аллах ќе испрати добар ветер, кој ќе ги земе под пазуви, ќе му ја земе душата на секој верник и муслиман,и тогаш ќе останат само лошите луѓе кои ќе се судираат меѓусебно како магариња. Врз таквите ќе настапи судниот ден.” (Муслим)

Некои хадиси упатуваат на тоа дека овој ветер ќе се случи после слегувањето на Иса а.с., и убиството на Деџџал и уништувањето на Јеџуџ и Меџуџ.
Рушењето на Кабе:
Аллаховиот пејгамбер а.с. рекол: “Кабето ќе го сруши Зу Сувајкатејн од Хабеша.” (Бухари)

Сувајка - е деминутив за потколеница, употреб- ен е затоа што подколеницата на Абесинците е остра и долга. Ова ќе се случи кога нема да остане на земјата никој кој ќе вели: Аллах, Аллах. Тогаш ќе дојде овој човек од Хабеша (Етиопија) и ќе го сруши Кабето камен по камен, ќе украде с# што е вредно во него, ќе му ја соблече неговата покривка, и нема да биде изградено Кабето после тоа, бидејќи судниот ден ќе настапи врз најлошите луѓе.

Пред рушењето на Кабе, забранетата куќа Бејтул-Харам ќе биде скврнавена од нејзините луѓе, а нејзини луѓе се муслиманите. Кога тоа ќе го направат ќе бидат уништени. Тогаш ќе се појави човекот од Хабеша.

Тешко може да се најде прецизен доказ за редоследот на големите предзнац на судниот ден. Имено, Пејгамберот а.с. многу пати ги спомнал големите предзнаци, меѓутоа со разли- чен редослед кој е очигледен, што јасно не упатува на помислата дека постои разединетост околу неговиот редослед.

Ова ќе го илустрираме со следниве примери:
Хузејфе ибн Усејд р.а. вели: “Се појави Аллахов- иот Пејгамбер а.с. додека ние се потсетувавме. Рече: Зашто се потсетувате? Рекоа: Околу судниот ден. Рече: Тој нема да настапи се доде- ка претходно не видите десет знаци; и потоа спомна: чад, Деџџал, животно, изгревање на сонцето од страна на Запад

12ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Нед 22 Мај 2011, 4:00 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
помрачување на Арапскиот полуостров, и посл- еден од нив е оган од Јемен кој ќе ги тера луѓето кон нивниот махшер.” (Муслим)

Исто така Муслим овој хадис од Хузејфе ибн Усејд го пренесува со други зборови, а тие се: “Навистина судниот ден нема да настапи се додека не се случат десет знаци: помрачување на исток, помрачување на запад, помрачување на Арапскиот полуостров, чад, Деџџал, животно од земја, Је‘џуџ и Ме‘џуџ, Изгревање на сонце од Запад и оган од дното на Аден кој ќе ги тера луѓето.”

Во друго предание стои:” А десети е спуштањето на Иса а.с. “(Муслим)
Ова е еден хадис од еден асхаб, меѓутоа е пренесен на два различни начини за редоследот на големите предзнаците на судниот ден.
Големите предзнаци ќе следат непосредно еден по друг:
Кога ќе се случи еден голем предзнак на судни- от ден, веднаш ќе уследат другите како бисери на огркица.

Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Предзнаците ќе уследат еден по друг како подредени бисери.” ( Таберани)
Имам Ахмед пренесува дека Аллаховиот Пеј- гамбер а,с. рекол: “Предзнаците ќе бидат како подредени бисери на конец, кога конецот ќе се скине, тие ќе се истурат еден по еден.”
А сега -драг читателу- ќе ги спомнеме големите предзнаци на судниот ден, резимирани во кратки црти.
МЕСИХ ДЕЏЏАЛ


Изразот Деџџал: постанал познат назив за слеп- иот (ќорав) лажлив Месих. Затоа кога ќе се рече Деџџал веднаш разумот н# упатува на него.

Деџџал се нарекува со ова име поради неколку значења: Затоа што тој ја покрива вистината со заблуда; или затоа што го покрива неговото неверство пред луѓето со неговите прикажув- ања и залажувања или затоа што самиот се прикрива со бројноста на својата дружина. (Лисанул-Араби)

Описот на Деџџал
Се наведуваат бројни хадиси околу описот на Деџџал. Ибн Омер пренесува дека Аллаховиот Пејгамбер а.с. го спомнал Деџџал, па рекол: “Навистина Аллах не е слеп, додека Месих Деџџал е слеп во десното око ..” (Бухари, Муслим)
Во друг хадис на Убадете ибн Самит се вели дека Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Навист- ина Месих Деџџал е низок човек, ќелав, слеп, со око запечатено, кое ниту е истурено ниту е вдлабочено. Ако ви се помеша вам, знајте дека вашиот Господар не е слеп.” (Ебу Давуд, Ахмед)

Во хадисот на Енес р.а., Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Помеѓу неговите очи е напишано Кафир.” (Бухари)
Во друго предание стои: “Буквите ќе бидат правилно подредени: Ка, Фа, Ра, ќе ги чита секој муслиман.” (Бухари)
Во преданието на Хузејфе стои: “ќе ги прочита секој муслиман писмен бил или неписмен.Муслим

Се наведува во некои хадиси дека Деџџал е слеп во левото око, во други хадиси се спомнува дека е слеп во десното око, сите преданија се веродостојни.
Верникот ќе го чита, препознава Деџџал со помош на Аллах џ.ш. иако е неписмен, додека неверникот нема да го гледа ниту препознава, дури и да е писмен. Како што верникот ги гледа божјите докази со очи на спознание. А неверн- икот не ги гледа. Така Аллах џ.ш. ќе го поучи верникот без да учи, бидејќи тоа време ќе биде време на чуда и необичности.

Од особините на Деџџал исто така се наведува дека тој е голем човек, црвен, со високо чело, широки гради. Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Помеѓу Адем и Судниот ден не е создаден поголем човек од Деџџал.” (Муслим)

Ибн Сајјад и Месих Деџџал
Голем број на исламските научници се прашува- ат: Дали Ибн Сајјад е тој Месух Деџџал или не е?
Еве неколку податоци околу неговата лично- ст: Ибн Сајјад се вика Сафи - според некои: Абдуллах, син Сајјадов или Саидов, бил од мединските евреи, други пак велат дека бил од енсариите. Бил мал кога Аллаховиот Пејгамбер дошол во Медина.
Имам Зехеби во својата книга “Теџрид Есмаус-Сахабе” во биографијата на Ибн Сајјад вели: Абд- уллах ибн Сајјад, го споменува Ибн шахин, и рекол: Тој е Ибн Саид, неговиот татко беше евреин, и му се роди Абдуллах слеп и осунетен. Тој е оној за кој се вели дека е Деџџал, го примил Исламот, тој е табиин и еден од пренесувачите на хадиси.

Хафиз Ибн Хаџер вели: “Главно немаме основа да го вбројуваме во асхабите, бидејќи да бил асхаб сигурно не би бил Деџџал, затоа што Деџџал ќе умре како кафир. А ако тој е некој друг, тогаш не бил муслиман кога Аллаховиот Пејгамбер а.с. го сретнал.” (Исабе)
Личноста на Ибн Сајјад

Ибн Сајјад бил измамник,Понекогаш гатал, понекогаш ја погодувал вистината, а понекогаш лажел. Станал познат меѓу луѓето, била рашир- ена веста меѓу нив дека е Деџџал како што подоцна ќе споменеме за искушението на Аллаховиот Пејгамбер кон него.
Пејгамберовиот испит на Ибн Сајјад

Откако се проширила веста за Ибн Сајјад меѓу луѓето дека тој е Деџџал, Аллаховиот Пејгамбер сакал поблиску да се запознае со него.Одел кај него потајно, за де не го препознае Ибн Сајјад, надевајќи се дека ќе слушне нешто од него. Му упатувал нему некои прашања за да ја открие неговата вистина.
Вистината за Ибн Сајјад

Претходно се запознавме дека Аллаховиот Пејгамбер се распрашувал за вистината и ства- рноста на Ибн Сајјад. Пејгамберот а.с. беше воздржан околу неговата вистина, бидејќи Аллах џ.ш. не му објавил ништо околу него.
Омер р.а. се колнел пред Аллаховиот Пејгамбер а.с. дека Ибн Сајјад е Деџџал, а Пејгамберот не му го порекнувал тоа. Дури некои од асхабите го подржувале мислењето на Омер р.а. и се колн- еле дека Ибн Сајјад е Деџџал. Тоа мислење е потврдено од Џабир, Ибн Омер, и Ебу Зерр.

Ибн Сајјад слушал за она што луѓето зборуваат за него. и се вознемирувал многу од тоа, и се бранел себе си дека не е тој Деџџал и дека својствата кои Пејгамберот а.с. ги споменал за Деџџал не се согласуваат со неговата личност.

Исто така и исламските научници се разедину- ваат околу ова прашање во голема мера. Имам шеукани, Ибн Хаџер, Куртуби и Невеви сите тие сметаат дека Ибн Сајјад бил Деџџал; додека Имам Ибн Тејмијје, Ибн Кесир и Бејхаки сметаат дека Ибн Сајјад не бил Деџџал. Затоа Имам Ибн Тејмијје рекол: “Случајот со Ибн Сајјад бил нејасен кај некои асхаби дури тие помислиле дека тој е Деџџал, додека Аллаховиот Пејгам- бер бил воздржан се додека не му се појаснило дека тој не е Деџџал,туку тој бил еден од гатачите, шејта- нови следбеници. Затоа отишол да го стави на искушение.” (Ел-Фуркан бејне Еулијаур-рахман)

Ибн Кесир вели: “Дефинитивно е јасно дека Ибн Сајјад не е Деџџал кој ќе се појави во последното време, поради хадисот на Фатима бинт Кајс кој се смета за главен доказ околу ова прашање.”
Каде ќе се појави Деџџал?

Деџџал ќе се појави од страната на Исток, од Хоросан, од исфаханските евреи, и потоа ќе шета по земјата. Нема да остави место без да го посети и влезе во него, освен во Мекка и Медина во кои не ќе може да влезе, бидејќи тие два града ќе ги штитат мелеките.


Ебу Бекр р.а. пренесува дека: Аллаховиот Пејга- мбер а.с. ни раскажал дека Деџџал ќе се појави на Исток, од местото наречено Хоросан. (Тирмизи)
Енес р.а. вели: Аллаховиот Пејгамбер рекол: “Деџџал ќе излезе од исфаханските евреи, и со него ќе бидат седумдесет илјади евреи.” (Ахмед)

Аллаховите мелеки ќе ги штитат
Мекка и Медина од Деџџал
Во хадисот на Фатима бинт Кајс се наведува дека Деџџал рекол: “ќе излезам, ќе одам по земја,нема да оставам ниедно место без да влезам во него за четириесет ноќи освен Мекка и Тајјибе (Медина). Тие се забранети за мене. Кога и да посакам да влезам во еден од нив, ќе ме дочека мелек со остра сабја и ќе ме спречи. На секој приод до нив стои мелек кој ги чува. (Муслим)

13ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Нед 22 Мај 2011, 4:10 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Исто така потвредено е дека Деџџал нема да има пристап во четири џамии: Месџидул-Харам (Мекка), Месџидул-Медиине (Медина), Месџиду-Тур и Месџидул-Акса (Ерусалим).
Се пренесува дека Аллаховиот Пејгамбер рекол: “Тој ќе се задржи на земја четириесет сабахи, ќе дојде на секој извор, а нема да се приближи кај четири џамии: Месџуд-ел-Харам, Месџид ел-Медиине, Месџид ет-Тур и Месџид-ел- Акса.” (Ахмед)
Најбројни следбеници на Деџџал ќе бидат: евр- еите, неарапите, татарите, жените, бедуините и неучените т.е. простата маса на луѓе.

Деџџаловото искушение се смета за најголемо искушение
Искушението на Деџџал се смета за најголемо искушение откако го создал Аллах џ. ш. Адема а.с. па се до судниот ден, поради тоа што Аллах џ.ш. ќе му даде натприродна моќ со која ќе прави чуда од кои разумот ќе остане вџашен.

Се наведува дека со него ќе биде џеннет и џехенем, но неговиот џеннет ќе биде џехенем а неговиот џехенем ќе биде џеннет, со него ќе бидат големи реки, брда со леб, ќе му нареди на небото да врне дожд и тоа ќе заврне, на земјата да никне и таа ќе никне, ќе го следат богатс- твата на земјата, ќе ја поминува земјата со голема брзина; како облак кој го тера ветрот.. и други необични нешта.

Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Од неговото искушение - (на Деџџал) - ќе му рече на некој бедуин:што мислиш ако ти ги проживеам твоите родители, дали ќе посведочиш дека сум твој господар? Бедуинот ќе рече: Да. Тогаш, двајца шејтани ќе се претворат во неговите родители и ќе му речат: О синко! Следи го него,бидејќи тој е твојот господар.” (Ибн Маџџе)
Исто така рекол: “Деџџал е ќор со левото око, со разбушавена коса, со него ќе бидат џеннет и џехенем, но неговиот џеннет е џехенем а неговиот џехенем е џеннет.” (Муслим)

Во хадисот на Наввас ибн Сем‘аан р.а. се наведува дека асхабите го прашале Пејгамбе- рот: О Аллахов пратенику! Колку ќе се задржи (Деџџал) на земјата? Рекол: Четириесет дена: ден како година, ден како месец, ден како недела, и преостанатите дена како вашите ден- ови. Прашале: Со каква брзина ќе се движи на земјата? Рекол: ‘Како облак кога ветер го тера.’ Потоа ќе дојде кај луѓето и ќе ги повика, и тие ќе поверуваат во него, и ќе се одзвијат на негов- иот повик, ќе му нареди на небото да врне и ќе врне, на земјата да никне и таа ќе никне, стоката ќе им се врати на крајот на ден сита и со полно млеко.

Потоа ќе дојде кај луѓето и ќе ги повика, а тие ќе го одбијат неговиот повик,па ќе ги напушти нив. ќе останат сиромашни без да имат нешто, ќе помине покрај урнатини па ќе и рече: ‘Исфрли ги ризниците на твоите богатст- тва’, па богатството ќе го следи како рој од пчели (машки). Потоа ќе го повика еден крупен младич, ќе го удри со сабја и ќе го преполови на два дела. Тогаш, повторно ќе го повика, а тој ќе дојде со ведро и насмеано лице.” (Муслим)

Во преданието на Имам Бухари се наведува дека човекот кој Деџџал ќе го убие е еден од најдобрите луѓе., ќе дојде пред Деџџал од Медина (градот на Пејгамберот) и ќе му рече на Деџџал: “Сведочам дека ти си Деџџал за кого ни раскажувал Аллаховиот Пејгамбер . Деџџал ќе рече: што мислите ако го убијам, и потоа го проживеам, дали ќе се посомневате во мене? Тие ќе речат: Не.

Па ќе го убие, потоа ќе го проживее. Тогаш, човекот ќе рече: ‘Се колнам во Аллах, сега ми е појасно кој си ти. Деџџал ќе посака да го убие, но не ќе може тоа да го стори.”
Ибн Ареби рекол: “Сето она што ќе го прави Деџџал од разни чуда и необичности: од спушт- ање на дожд, благосостојба за оној кој поверува во него, мака за оној кој ќе го одбие, следење на земјините богатаства, џеннет, џехенем, реки, кои ќе бидат со него; сето тоа е искушение и испит од страна на Аллах џ.ш. да го уништи лицемерот и слабиот, а да го спаси цврстиот верник.

Сето тоа е страшно, затоа Аллаховиот Пејгамбер рекол: “Нема поголемо искушение од искушението на Деџџал.” (Фетхул-Бари)
Како да се заштитиме од Деџџал?
Како што секој божји пратеник го предупредил и известил својот народ од искушението на Деџџал, така и Мухаммед а.с. го предупредил својот уммет од тоа страшно искушение, бидејќи Деџџал ќе се појави во овој уммет со сигурност, зошто овој уммет е последен од сите народи и нашиот Пејгамбер е печат на сите пејгамбери.

А сега да укажеме на некои начини со кои ќе се заштитиме со помош на Аллах џ.ш.од сплетките на Деџџал:
Прво: Цврсто придржување за Аллаховата вера, продлабочување на нашето верување, спознавање на божјите добри имиња и убави својства, и да знаеме дека: “Ништо не му е слично нему” додека Деџџал е ќор, а Аллах џ.ш. не е , и дека ние нема да го видиме Аллаха освен после смртта, додека Деџџал ќе го видат сите луѓе кога ќе се појави; верник и неверник.
Второ: Барање на заштита и прибежиште од сплетките на Месих Деџџал, а посебно во намаз после тешехуд пред селам.
Аиша р.а. жената на Мухаммед а.с.вели дека Аллаховиот Пејгамбер се молел во намаз со зборовите: “О боже, барам заштита кај тебе од казната во гробот, и барам заштита од фитнето на месих Деџџал..” (Бухари, Муслим)

Трето: Учење напамет првите и последни ајети од суретул-Кехф. Аллаховиот Пејгамбер а.с. наредил да се учат првите ајети од суретул-Кехф поради заштита од сплетките на Деџџал, додока во некои други преданија последните ајети, и тоа десетте нејзини први или последни ајети. Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Кој ќе ги научи напамет десетте први ајети од суретул-Кехф ќе биде заштитен од Деџџал.” (Муслим)

Исто така рекол: “Кој од вас ќе го доживее Деџџал, нека ги учи првите ајети од суретул-Кехф.” (Муслим)
Четврто: Оддалечување и бегање од Деџџал; а најдобар спас од него е населување во градо- вите Мекка и Медина.

Порано споменавме дека Деџџал нема да влезе во овие два града, затоа треба муслиманот кога ќе се појави Деџџал да се оддалечи од него, поради неговите големи спле- тки и необични чуда кои ќе им ги нанесува на луѓето. ќе дојде кај човек кој мисли дека е верник, па ќе го натера да го следи и ќе го следи. Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Кој ќе слушне за Деџџал нека бега од него. Се колнам во Аллах, човекот ќе мисли за себе дека е верник, а ќе почне да го следи Деџџала, поради сплетк- ите кои тој ќе ги нафрлува.” (Ахмед, Ебу Давуд)
Зошто името на Деџџал не се спомнува
во Ку’ ран
Многу исламски научници се прашуваат, дури и обичните луѓе за мудроста во не спомнувањето на Деџџал на прецизен начин во Кур’ан, иако неговата појава се смета за најголемо искуше- ние на целото човештво.

Некои научници дале одговор на ова прашање:
Тој е спомнат во контекст на следниве ајети каде Аллах џ.ш. вели: “

Тој ден кога некои предзнаци од Господарот твој ќе дојдат, тог- аш нема да користи верувањето на човекот, ако пред тоа не верувал, или пак како верник не направил добро.” (Ел-Ен’ам, 158)

Тие предзнаци се: Деџџал, изгревање на сонце од запад и животно. Аллаховиот Пејга- мбер а.с. рекол: “Три нешта кога ќе се појават нема да му користи верувањето на човекот кој не верувал порано или не направил добро: изгревање на сонце од Запад, Деџџал и животно од земја.” (Муслим)
Ку’ран го споменува спуштањето на Иса а.с.. додека Иса а.с. е тој кој ќе го убие Деџџала, Затоа Кур’ан се ограничил во спомнувањето на Месих на упаството над Месихот на заблу- дата а по обичај арапите е да спомнат една од спротивностите а да испушти друга.

Тој е спомнат во Аллаховите зборови: “Созд- вањето на небињата и земјата е сигурно поголемо отколку создавањето на човеч- киот род.” (Гафир, 57), Под поимот човечки род се мисли на Деџџал, а тоа е од спомнување на целовитост за означување на поединеч- ност. и
Ку’ран не го спомнува Деџџал за да го понижи и потцени, бидејќи тој ќе тврди свое боженство а не е ништо друго освен човек.
Уништување на Деџџал

Иса а.с. ќе биде оној кој ќе го убие Деџџал, на тоа упатуваат многу вердостојни хадиси. Деџџал како што споменавме ќе завладее со целата земја освен тоа нема да влезе во Мекка и Медина. Голема маса на луѓе ќе бидат негови следбеници, и ќе биде сеопфатно неговото искушение, од него нема да се сочуват освен мал број на верници. Тогаш ќе се појави Иса а.с. кај источната минара во Дамаск, ќе го следат Аллаховите робови, кои ќе ги води кон лажлив- иот Деџџал, тој ќе се упати кон Бејтул-Макдис, Иса а.с. ќе го сретне на влезот кај местото наречено ‘Лудд’. Кога ќе го види Деџџал ќе се стопи како што се топи сол. Тогаш, Иса а.с. ќе му рече: “За тебе имам еден удар кој нема да го препуштиш.”

Потоа ќе го стигне и ќе го убие со копје и побие неговите следбеници, ќе му се придрушат и верниците во борба против неверн- иците дури дрво и камен ќе прозборат: Муслим- амну, Аллахов робу, еве зад мене евреин дојди и убиј го; освен дрвото ‘Гаркад’, зошто тоа е еверејско дрво. (Ешрату-Саат)

Со неговото убиство ќе престане најголемото фитне кое ќе се најде на земјиното лице откако го создал Аллах џ.ш. Адема па с# додека ја наследи Аллах земјата и с# што е на неа.
СЛЕГУВАЊЕ НА ИСА А.С.

14ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Нед 22 Мај 2011, 4:11 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Откако ќе му дозволи Аллах џ.ш. на Деџџал да се појави на земја и сее неред на неа, тогаш ќе се
Спушти Иса а.с. на земјата - со дозвола на Аллах џ.ш.- кај белото минаре ви источен Дамаск во шам, ќе биде облечен во два дела од мирисна облека, со положени раце на крилата на два мелеки. Кога ќе ја наведне главата ќе потече капка, а кога ќе ја подигне ќе сјае како бисер. Секој неверник кој само ќе го почувствува него- виот здив ќе умре. Неговото спуштање ќе биде меѓу спасената група која ќе се бори со него, собрана во борба против Деџџал, ќе се спушти во време на почетокот на намазот и ќе клања со имамот на таа дружина.
Ибн Кесир вели: “Ова е најпознато мислење кај научниците дека местото кај кое ќе се спушти ќе биде белото минаре источно во Дамаск”

Ибн Кесир спомнува дека во неговото време во 741 година по Хиџрет, муслиманите го обновиле минарето со бели камења, додека неговата изг- радба била од христијански имот кои го запал- иле минарето кое било на тоа место. Можеби ова е доказ за пејгамберлукот на Мухаммед а.с. каде Аллах џ.ш. одредил дека изградабата на минарето ќе биде од христијански имот, за да би се спуштил Иса а.с. на тоа минаре, да ја убие свињата, да не прима од нив никакво џизје освен Ислам или пак да биде убиен, така и другите од неверниците. (Е-Нихаје / 145)

Докази за спуштањето на Иса а.с.
од Кур’ан и Суннет
Спуштањето на Иса а.с.во последно време е востановно со Кур’ан и Суннет, И тој е еден од предзнаците на судниот ден.
Докази од Кур’ан-Керим:

1- Аллах џ. ш. вели: “И бидејќи им беше изнесен примерот на синот Мерјем, народот твој веднаш помина на разговор.. се до зборовите.. и навист- ина тој е знак за судниот ден.” ( Ез-Зухруф, 58-61)

Односно: спуштањето на Иса а.с. пред смак на светот е предзнак за приближување на судниот ден. Кон ова алудира и следново читање (Ве иннеху ле алемун лис-саати) “Навистина тој е предзнак за Часот” Зборот: Алем значи - знак и најава за крајот на светот. Ова читање (кирает) се пренесува од Ибн Аббас, Муџахид и други коментатори на Куран. (Тефсир Куртуби и Табери)

Се пренесува од Ибн Аббас во толкувањето на овој курански ајет (Навистина тој е предзнак за судниот ден) рекол: “Тој знак е спуштањето на Иса а.с. син на Мерјем пред крајот на светот.” (Ахмед)
2- Аллаховите зборови:

“И нивните зборови: Ние го убивме Месих Иса син на Мерјем Аллахов пратеник.

Не го убија и не го распнаа! Туку тоа им се причини.. па се до зборовите..и никој од следбениците на книгата нема сигурно да не поверува во тоа пред смртта своја; на денот суден ќе биде сведок против нив.” (Ен-Ниса, 158-159)

Овие ајети како што алудираат на тоа дека евреите не го убиле ниту распнале Иса а.с. туку Аллах џ.ш. го воздигнал во него, како што вели: “Кога Аллах рече:

О Иса, навистина, ќе те зем- ам и ќе те воздигнам кон Мене..”( Али Имран, 55)

Исто така т

ие алудираат на тоа дека некои од следбениците на книга (христијани) ќе поверув- аат во Иса а.с. во последно време, а тоа ќе биде откако ќе се спушти и пред да умре, како што на тоа алудираат бројни веродостојни хадиси.
Докази од Суннет за спуштањето на Иса а.с.

Хадисите околу ова прашање се многубројни, но ние ќе се ограничиме само на два хадиси:

Пренесува Ебу Хурејре р.а. дека Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Се колнам во оној во чии раце е мојата душа, наскоро ќе слезе меѓу вас Иса син на Мерјем како праведен владар; ќе го скрши крстот, убие свињата, прекине војната. Богатството ќе се зголеми што нема да има кој да го прима, дури едно сеџде ќе биде повредно од дуњалукот и сe што е на него.” ( Бухари, Муслим) Потоа Ебу Хурејре вели: Читајте ако сакате:

Џабир р.а. вели: го слушнав Аллаховиот Пејга- мбер дека рекол: “Секогаш една група од мојот уммет ќе војува на страна на вистината, победн- ици до судниот ден;Тогаш, ќе слезе Иса син на Мерјем, а нивниот Имам ќе рече: Клањај со нас како имам! Тој ќе рече: Не;вие едни на други сте водачи, поради Аллаховата милост спрема вас.” (Муслим)

Што е смислата во спуштање на Иса а.с.
во последно време?
Ова прашање му паѓа на памет на секој верник кој верува во Аллах и Судниот ден.
Научниците одговориле на следниов начин:

1- Демант на евреите поради нивното тврдење дека тие го убиле Иса а.с. Со неговото спуштање Аллах џ.ш. ќе ја разоткрие правата вистина, како и дека тој ќе ги убие нив и нивниот водач Деџџал. Ибн Хаџер му дава предност на ова мислење во однос на преостанатите;

2- Иса а.с. ја највил во Инџил вредноста на умметот на Мухммед а.с.. за ова Аллах џ.ш. вели: “Мухаммед е Аллахов Пејгамбер. А оние кои се со него се строги кон неверенците, а мил- остиви меѓусебе. Ги гледаш на руку‘ и на сеџде, како ја бараат добрината и задоволството Аллахово. Има белези на лицата нивни од траго- вите на сеџдето, Ете, таков беше примерот нивни во Теврат и таков беше примерот нивни во Инџил: како семе што ќе ја исфрли кората негова, ќе се зајакне, а потоа ќе затврди врз стеблото, вчудоневидувајќи го сејачот за да се разлутат со тоа неверниците.
А Аллах им вети на оние кои веруваат и кои добри дела работат прошка и награда голема.” (Ел-Фетх, 29) Затоа Иса а.с. го

замолил Аллах џ.ш. да го направи да биде еден од тие следбеници на умметот Мухам- медов и Аллах му ја удоволил таа молба, го задржил кај него се додека ќе го спушти во последно време да го обнови Исламот.

Имам Зехеби во биографијата за Иса а.с. во книгата “Теџриду Есмаус-Сахабе” вели: “Иса син на Мерјем е асхаб, пејгамбер, го видел на Мухам- мед а.с. во ноќта на Исра, и го поздравил. Тој е последен асхаб по умирање.”
3- Иса а.с. ќе слезе од небо поради неговото приближување на смртниот час, за да се закопа во земја, бидејќи секое створение од земја уми- ра на земја и се закопува во земја. Неговото спуштање се совпаѓа со појавата на Деџџал, и ќе го убие него Иса а.с.

4- Тој ќе слезе да ги обвини христијаните за лаж, и да ги открие нивните кривоверства и заблуди. Аллах џ.ш. во неговото време ќе ги уништи сите верувања освен исламското верување. Иса а.с. ќе го скрши крстот, убие свињата и прекине војната.
Иса а.с. ќе биде праведен владар на
исламскиот уммет

Кога ќе се спушти Иса а.с. на земјата, тој нема да донесе нов божји верозакон, туку ќе се спушти како еден од владарите на исламскиот уммет, на кои ќе им суди според Аллаховиот шеријат, и ќе биде обновувач на Исламот за да постане од следбениците на Мухаммед а.с.

Иса а.с. ќе обави Хаџ во Бејтул-Харам
Спомнавме дека Иса а.с. е последен асхаб од асхабите на Аллаховиот Пејгамбер кој ќе умре. Тој ќе обави хаџџ после спуштањето на земја во последно време. Ханзала Ел-Еслеми го слушнал Ебу Хурејрета кој пренесува хадис од Аллахов- иот Пејгамбер: “Се колнам во оној во чии раце е мојот живот, синот на Мерјем ќе занијети за Хаџ или Умра или обете во местото Реуха.” (Муслим)

15ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Нед 22 Мај 2011, 4:12 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Појава на сигурност и береќет на небо и земја
Сето тоа ќе се пјави поради покорноста и преда- носта на створенијата во вселената на својот господар Аллах џ.ш. Човекот колку ја зголемува својата послушност и покорност кон Аллах џ.ш. толку Аллах џ.ш. му ја покорува вселената и с# што е на неа во негова служба.

Кога ќе се спушти Иса а.с. на земјата, луѓето ќе знаат дека неговото спуштање е предзнак на судниот ден, тогаш ќе се оддадат на ибадет и покорност. Затоа Аллах џ.ш. ќе и нареди на земјата да ги даде своите плодови, а на небото да го спушти својот берекет; и толку ќе се згол- еми богатството на луѓето што нема да најдат кој ќе им ги прима нивните садаки. Тогаш ќе нестане меѓу луѓето злобата, завидливоста и омразата.

Во подолгиот хадис на Навас ибн Семан во кој се спомннува Деџџал, спуштањето на Иса а.с. појава на Је’ џуџ и Ме’џуџ, и молбата на Иса а.с. за нивно уништување и пропаѓање. Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Потоа Аллах ќе прати дожд пред која ќе се сруши секоја куќа од дрво и глина. Земјата ќе ја опере дури ќе биде како огледало. Потоа ќе и рече на земјата: Ник- ни ги своите плодови и врати ги благодатите. Луѓето ќе јадат од од едно дрво и сите ќе седат во сенката на тоа дрво. Млекото ќе биде благословено. Камилата ќе дава доволно млеко за голем број на луѓе. Млекото на една крава ќе биде доволно за цело племе, а млекото на едно овца за една фамилија.” (Муслим)

Ебу Хурејре пренесува од Аллаховиот Пејгамбер а.с. дека рекол: “Пејгамберите се браќа со различни мајки а со ист татко. Мајките им се различни а верата им е една. Јас сум најблизок до Иса а.с., затоа што меѓу мене и него не бил пејгамбер. Навистина тој ќе слезе..па Аллах во негово време ќе го уништи Месиха Деџџал. На земјата ќе завладее мир, дури лавовите ќе пасат со камили, тигарите со крави, волците со овци, а децата ќе играат со змији кои нема да им наштетат.” (Ахмед)

Исто така се пренесува од Ебу Хурејре дека Аллаховиот Пејгамбер рекол: “Се колнам во Аллах, навистина Иса син на Мерјем ќе слезе, како владар праведен..и нема да прима џизје. Навистина безгрижните ќе ја остават младата камила без овчар. ќе снема злоба, завидливост и омраза, ќе бидат повикани да примат колку сакаат богатство, а никој нема да го прими.” (Ахмед)

Имам Невеви вели: “Тоа значи дека на луѓето нема да им требат камили, ниту ќе посакуваат да ги поседуваат, бидејќи ќе има премногу богатство, а многу малку желба за него. Нема да им треба поради свесноста дека се наближува кијаметот.”
Во хадисот се спомнуваат Млади камили “Кал-ас”, бидејќи тие се најблагородни камили, кои се сметале за најскапоцено богатство кај арапите. Тоа е слично на Аллаховите зборови:

“И кога стелна камила без овчар ќе остане”. (Ет-Теквир, 4)
Значи, никој нема да ја бара ниту да се интерес- ира за неа
.
Колку ќе се задржи Иса а.с. на земјата?
што се однесува до престојувањето на Иса а.с. на земјата после неговото спуштање на неа, во некои преданија се пренесува дека ќе се задржи на замјата седум а во други четириесет години.
Во преданието на Муслим од Абдуллах ибн Амр стои: “Потоа Аллах ќе го испрати Иса син на Мерјем..

и тој ќе остане меѓу луѓето седум години, во кои нема да има непријателство меѓу двајца. Тогаш, Аллах ќе испрати студен ветер од страна на Сирија. Нема да остане жив никој во чие срце има трунка добро или иман.”
Во преданието на Ахмед и Ебу Давуд стои: “ќе се задржи на земјата четириесет години, потоа ќе умре, и муслиманите ќе му клањаат џеназе.”

Овие две преданија се веродостојни, меѓутоа постои меѓу нив видлива нејаснотија, освен ако преданието од седум години се однесува на периодот после спуштање. Тогаш, кога би се додало тоа време од седум години со времето проведено на земја пред неговото воздигнување на небо а тоа било триесет и три години, заедно тоа би сочинувало честириесет години. Перио- дот од триесест и три години се спомнува како најчеста старосна возраст на Иса а.с.
 
ЈЕ’ ЏУЏ И МЕ’ ЏУЏ

Јеџуџ и Меџуџ потекнуваат од потмството на Јафис Еби Турк, Јафис бил од потомството на Нух а.с.
Нивното потекло е човечко, од Адем и Хава а.с., поедини научници сметаат дека тие се само од потомството на Адем а.с а не од Хава. Така што Адем а.с. имал полуција во сон, па потоа неговото семе се помешало со земја, и од тоа Аллах џ.ш. ги создал Јеџуџ и Меџуџ. Тоа што укажува дека тие биле од потомството на Адем а.с. е хадисот што го пренесува Имам Бухари од Сеид Ел-Худри дека Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Аллах џ.ш. рече: О Адем! Адем одгово- рил: Ти се одзвивам, со радост, и доброто е во твоите раце. Па ќе му рече: Извади ја дружина на оган. А која е таа дружина на оган? Рече: Од секои илјада девесто деведесет и девет, тогаш малото дете ќе остаре, трудницата ќе го фрли својот плод, ќе ги видиш луѓето како пијани, а пијани нема да бидат, туку Аллаховата казна ќе биде силна. Прашале: Кој е од нас тој еден? Рече: Бидете весели! Од вас е еден човек, а од Јеџуџ и Меџуџ илјада.”
Описот на Јеџуџ и Меџуџ

Хадисите кои зборуваат околу нивните особини, кажуваат дека тие се слични на своите предци, гатамски монголи: со ситни мали очи; широки лица како исковани штитови, костенликава коса, монголска форма и боја. (Ен-Нихаје фил Фитен ве Мелахин)
Она на што упатуваат бројни хадиси, станува збор за силни луѓе кои е неможно да се убијат. Затоа е тешко да се поверува дека ќе бидат високи една педа или две. (Ахмед)

Докази за појавата на Је’ џуџ и Ме’џуџ
Доказите за појавата на Је’џуџ и Ме’џуџ во посл-едно време се потврдени во Куран и Суннет.
Докази од Курани-Керим:
1- Аллаховите зборови:

“Кога ќе се отворат Јеџуџ и Меџуџ и кога сите луѓе низ стрмнина ќе се спуштаат.. и кога ќе се приближи ветувањето вистинско и кога очите на оние кои не веруваа ќе им се скаменат: О тешко нам, бевме рамнод- ушни кон ова, бевме неверници.” (Ел-Енбија, 96-97)

16ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Нед 22 Мај 2011, 4:13 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
2- Зборовите на возвишениот Аллах џ.ш. околу Зул-Карнејн: “Потоа пак тргна по показот. Кога стигна до едно место меѓу две брда наиде, освен на нив и на еден народ кој речиси не разбираше говор. Рекоа: О Зул Карнејн, Јеџуџ и Меџуџ, навистина, се безредници на земјава. Ако ти дадеме награда, дали тогаш ќе направиш ограда помеѓу нас и помеѓу нив? Рече: Она за што сум оспособен од Господарот мој е подобро: поддр- жете ме со моќ, и меѓу вас и меѓу нив ќе подиг- нам бадем.

Донесете ми железни шипки. И штом израмни две страни рече: Дувајте! И штом го усвити рече: Дајте да го прелеам тоа со растопен бакар! И повеќе не можеа да поминат преку бедемот, и повеќе не можеа да го пробијат. Рече: Ова е милост од Господарот мој. Па, кога ќе дојде ветувањето на Господарот мој и Он ќе го срамни со земјата. А ветувањето на Господа- рот мој е вистинско.

И на Денот тој, Ние ќе ги оставиме да се удираат меѓу брановите, и ќе дувнеме во сурлата, па Ние ќе ги избереме, сите!” (Ел Кехф, 92-99)

Овие ајети укажуваат на тоа дека Аллах џ.ш. го потчинил Зул Карнејн, праведниот владар, во градењето на величенствениот зид, за да биде ограда помеѓу Јеџуџ и Меџуџ, кои биле безредн- ици на земјата и помеѓу народот. Кога ќа настапи одреденото време и се приближи Кијамет, тој зид (ограда) ќе попушти. Јеџуџ и Меџуџ ќе излезат со невидена брзина и во огромен број. Никој од луѓето не ќе може да ги застане, ќе ги помешат луѓето и ќе влеат неред и безредие на земјата.

Овој е знак за близината на дување во Сур (рок,сурла), уништување на овој свет и настану- вање на Кијамет.
Докази од Суннетот на Пејгамберот а.с.:
Хадисите кои зборуваат за појавата на Јеџуџ и Меџуџ достигнуваат степен на Теватур по знач- ење. Ние ќе спомнеме само еден хадис: Зејнеб бинт Џахш вели дека Аллаховиот Пејгамбер а.с. влегол еден ден вознемирен кај неа велејќи:

“Нема друг Бог освен Аллах,тешко на арапите од злото што им се ближи. Денес на Јеџуџ и Меџуџ браната им се отворила колку ова (ги заокружил палецот и показателот). Зејнеб бинт Џахш вели: Му реков О Аллагхов Пратенику! Зар ќе бидеме уништени а меѓу нас има добри луѓе? Рече: Да, кога ќе се зголеми расипаноста.
(Бухари, Муслим)
Како ќе излезат?
што се однесува до начинот на нивното излегување, за тоа известил Аллаховиот Пејга- мбер. Ебу Хурејре пренесува дека Пејгамберот а.с. рекол за зидот (оградата): “

Секој ден го откопуваат зидот дури уште малку да го пробијат; Оној кој е над нив ќе им рече: Вратете се, утре ќе го пробиете. Рече: Потоа Аллах џ.ш. ќе го поврати зидот поцврст отколку што бил, се додека дојде ветеното време и посака Аллах џ.ш. да ги прати кај луѓето, Тој што е над нив ќе им рече: Вратете се, утре ќе го пробиете. Ако Аллах даде. Рече: ќе се вратат а тој ќе биде во истата форма како што го оставиле, потоа ќе го пробијат и ќе излезат меѓу луѓето, ќе бараат вода, луѓето ќе бегат од нив.” (Тирмизи, Ибн Маџџе, Хаким)

Аллаховата војска не ја знае освен Тој
Постепеноста е постојан закон, таа се менува со менувањето на околности, луѓе и времиња.. во последното време постепеноста ќе достигне до висок степен со Јеџуџ и Меџуџ. Времето во кое тие ќе се појават ќе сеат големи нереди, така што ќе поминат покрај езерот Табери и ќе пијат од него.. после ќе помине последниот од нив и ќе рече: Некој пат овде имаше вода.

“Потоа ќе одат се додека не дојдат до брдото Хамер, во Бејтул-Макдис и ќе речат: Побивме се што било на земја. Ајде да побиеме она што е на небо. ќе ги насочат своите стрели кон небо, а Аллах ќе ги врати измачкани со крв.” (Муслим)

што се однесува до нивното уништување, Алл- аховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Аллах џ.ш. му објавил на Иса а.с.: ‘Јас ги извадив Своите робови од кои неможе никој да се одбрани.’ Заштити ги моите робови во брдото. Потоа Аллах џ.ш. ќе ги испрати Јеџуџ и Меџуџ кои со голема брзина од сите краишта ќе доаѓаат. ќе поминат покрај езерото Табери, ќе испијат се што ќе биде во него.

Последниот од нив ќе рече: ‘Некогаш овде имало вода.’ Иса а.с. и неговите другари ќе бидат опколени дури главата на еден вол нема да биде вредна колку вашите денешни стотини динари. Тогаш, Иса а.с. и неговите другари ќе го замолат Аллах џ.ш. па, тој ќе им прати црви -црв кој е сместен во вратот на камили и овци- во нивните вратови од кои сите како еден ќе изумрат.

Потоа ќе го спушти Аллаховиот пратеник Иса а.с. и неговите друг- ари на земја. Нема да најдат на земјата место ни колку педа а да не биде исполнето со нивна маснотија и смрдеа. Иса а.с. и неговите другари ќе го замолат Аллах џ.ш., па, ќе им испрати птици како вратот од камили. па ќе ги однесат и фрлат таму каде што Аллах џ.ш. ќе сака.” (Муслим)
ТРИ ПОМРАЧУВАЊА

Зборот помрачување на арапски јазик гласи: “Хасаф, Хасефел-мекан, јахсуфу хусуфен” се вели кога нешто ќе снема од земја и исчезне. Отука и зборовите на Аллах џ.ш.: “И Ние, тогаш, и него и куќата негова во земја ги згмечивме.” (Ел-Касас, 81)
Трите помрачувања спаѓаат од големите пред- знаци на судниот ден.
Докази од Суннет за појавата на помрачува-
њата:
ќе се ограничиме со споменување на еден хадис во докажување на горе наведениот предзнак. Хузејфе ибн Усејд р.а. пренесува дека Аллахов- иот Пејгамбер а.с. рекол:

“Навистина, судниот ден нема да настапи се додека нема да видите десет предзнаци:.. - меѓу нив спомнал - и три помрачување ; помрачување на исток, помрачу- вање на запад и помрачување на Арапскиот полуостров.” (Муслим)

Овие три помрачување уште не се појавиле, како што и другите големи предзнаци досега не се појавиле. Иако е забележано дека некои поедини помрачувања се случиле во одделни места и различни временски периоди. Имено, тие се сметаат за дел од малите предзнаци на Судниот ден, додека овие три помрачување ќе бидат големи, сеопфатни за сите места на исток, запад и Арапскиот полуостров.

Ибн Хаџер рекол: “Веќе се случиле некои одредени помрачувања во поедини места. Мож- но е под трите помрачувања да се мисли на помрачувања кои ќе бидат со поголем обем од вообичаените.”
Ч А Д

Појавата на Чад при крајот на овој свет спаѓа во големите предзнаци на судниот ден. Тој е потврден во Аллховата книга и Суннетот на Мухаммед а.с.:
Докази од Курани керим за појавата на Чад:
Аллаховите зборови:

“Па, почекај го Денот во кој небеста ќе понесат Чад јасен, кој ќе ги покрие луѓето. Ова е болна казна.” (Ед-Духан, 10-11)

Овие зборови значат: “Почекај го ти Мухаммеде заедно со овие неверници Денот кога на небото ќе се појави јасен чад кој ќе ги покрие луѓето. Тогаш, ќе им се рече на нив: ‘Оваа е болна казна’ со глас на предупредување и прекор. Или тие ќе го речат едни на други.” (Тефсир Куртуби)

Околу значењето на овој Чад? Дали тој се случил? Дали е тој од знаците кои ги очекуваме? Исламските научници имаат две мислења:
1- Овој чад се случил и тоа е чадот кој ги погодил Курејшиите во времето на глад и беда, и тоа кога Аллаховиот Пејгамбер упатил молба до Аллах џ.ш. против нив, бидејќи тие одбиле да му се отповикат на неговиот повик, па при гледање кон небото забележале нешто како чад. Ова е мислењето на Абдуллах ибн Ме’суд кого го следила една група од првите муслимани.

17ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Нед 22 Мај 2011, 4:13 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
2- Овој чад е еден од предзнаците кои се очеку- ваат допрва да се случат пред судниот ден. Ова е мислење на Ибн Аббас и поедини асхаби и табиини. “Ако покрај мислењето на Ибн Аббас се додадат и веродостојните хадиси како и хасен и други хадиси.. сето тоа е доволен и јасен аргумент дека Чадот не се појавил туку е предз- нак кој се очекува.” (Ибн Кесир)

Некои научници се обиделе да ги совпаднат и спојат овие две мислења. Тие велат дека стан- ува збор за два чада, од кој едниот се појавил а другиот се очекува допрва да се случи при крајот на светот. Оној што се појавил, тој е чадот кој го виделе курејшиите во форма на чад. Овој чад не е вистинскиот чад кој се смета за еден од големите предзнаци на судниот ден. (шерх сахих Муслим) Според Куртуби, Муџахид рекол: дека Ибн Мес’уд рекол:”Тие се два чада од кој еден се случил, додека другиот ќе го исполни простр- анството меѓу небо и земја. Верникот од него нема да осети освен една настинка, додека на неверникот ќе му пукнат ушите.” (Тезкире)
Докази од Суннет:

ќе спомнеме само два хадиси за докажување на појава на Чадот.
1- Ебу Хурејре пренесува дека Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Побрзајте со добри дела пред да настапат шест нешта:.. Деџџал, Чад.” (Муслим)

2- Хадисот на Хузејфе во кој се спомнуваат големите предзнаци на судниот ден, во него се спомнува и појава на Чад.
ИЗГРЕВАЊЕ НА СОНЦЕ ОД ЗАПАД


Изгревањето на сонцето од страна на Запад се вбројува во еден од големите предзнаци на Судниот ден кој е потврден со Кур ан и Суннет.
Докази од Кур ани Керим:
Аллаховите зборови:

“Не Денот кога ќе дојдат некои знаменија на Господарот твој никому не ќе му користи верувањето негово, ако од порано не верувал или ако, во своето верување не спеча- лил некакво добро.” ( Ел- Ен ам, 158)

Ова значи: Денот кога ќе се појават некои знаменија (предзнаци) нема да му користи верувањето на неверникот кој ќе поверува во тој миг, ниту на грешникот кој не правел добри дела пред тоа.
Имам Табери рекол:
“Тоа значи дека нема да му користи верувањето на оној кој претходно бил неверник откако ќе се појават тие големи предзнаци, бидејќи тогаш човекот ќе поверува од стравотиите во кои ќе падне. Нивното верув- ање е слично на верувањето на оние кои ќе поверуваат во мигот на Кијамет.” (Тефсир Табери 12/266)

Веродостојни хадиси укажуваат на тоа дека под поимот “некои знаменија, предзнаци” се мисли на изгревање на сонцето од страна на Запад, и тоа е мислење на мнозинството на толкувачите на Кур анот. (Тефсир Куртуби, 7/ 145)
Докази од Суннет:

1- Ебу Хурејре р.а. пренесува дека Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Нема да настапи судниот ден се додека сонцето не изгрее од запад. Кога ќе изгрее и луѓето го видат, сите ќе поверуваат, но тогаш, на човекот нема да му биде од корист неговото тогашно верување, ако пред тоа не верувал или ако, како верник не направил некакво добро.” (Бухари, Муслим)

2- Ебу Хурејре р.а. пренесува дека Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Побрзајте со добри дела пред да се појават шест нешта..: Изгревање на сонцето од Запад.” (Муслим)


Што е причина за не примањето на верувањето и покајувањето после изгревање на сонцето од Запад?
Ова прашање го поставуваат голем број луѓе. Големите алими на овој дин дале одговор на ова прашање.
Имам Куртуби рекол: “Научниците рекле: Нема да му користи верувањето на човекот кој ќе поверува после изгревање на сонцето од Запад, бидејќи тогаш, секоја стравотија ќе исчезне од срце, а телесна снага ќе се стопи.

Сите луѓе поради големата свест за близината на Судниот ден , ќе бидат во состојба како на чекање на смрт. Во нив нема да има нешто што ќе ги тера за непослушност кон Аллах џ.ш. Кој се покае во таква состојба, покајувањето нема да му биде примено, како што не се прима покајувањето од оној кому смртта му настапила.” (Тезкире)
Ибн Кесир рекол: “Ако неверникот изрази вер-
ување тој ден, тогаш тоа нема да биде примено од него. А оној кој пред тоа верувал, ако во своите дела бил исправен, ќе биде во големо добро, а ако бил помешан помеѓу тоа и изјави покајување, тогаш тоа нема да му биде примено.”

Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Аллах џ.ш. направил врата на запад чија широчина изнесу- ва седумдесет години одење. Нема да ја затвори се додека не изгрее сонцето од страна на таа врата. Тоа се Аллаховите зборови: “Денот кога ќе дојдат некои знаменија на Господарот твој, нема да му користи верувањето на човекот ако пред тоа не верувал”. ајет (Тирмизи)

Ебу Муса р.а. вели дека Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Аллах џ.ш. ги пружива своите раце ноќе за да им прости на грешниците на денот, и ги пружива рацето по ден да им прости на грешниците по ноќ; се додека не изгрее сонцето од Запад.” (Муслим)
 
 
ЖИВОТНО (ЕД-ДАББЕ)

Појавата на животно во последно време спаѓа во еден од големите предзнаци на Судниот ден, кој е потврден во Куран и Суннет.
Доказ од Курани Керим:
Аллаховите зборови:

“И кога говорот ќе се случи над нив Ние ќе извадиме од земја животно кое ќе зборува дека луѓето , навистина, не беа уверени во доказите Наши.” (Ен-Немл, 82)

Т.е. ќе извадиме животно за неверниците како голем знак кое ќе им зборува на луѓето, помеѓу другото ќе им рече: ‘Аллахово проклетство нека биде врз неверниците кои не веруваат во Аллаховите докази.’
Ибн Кесир рекол: “Ова животно ќе се појави во последно време кога луѓето ќе се расипат, ги изостават божјите наредби и ја променат висти- нската вера. Ибн Аббас и Ата велат: Тоа ќе им зборува на луѓето, и ќе им рече: ‘Навистина, луѓето во нашите докази не се уверени.” (Тефсир Ибн Кесир)

Ибн Мес’уд смета дека времето кога луѓето ќе бидат казнети, тогаш ќе бидат изумрени учен- ите снема знаењето и подигне Кур’ анот. Луѓето ќе се најдат во паганска состојба во која нема да им корист советувањето ниту користи предупр- едувањето, ниту ќе познават нешто од Ла илахе Иллаллах. При таква околност ќе се појави животното кое ќе им зборува, иако животно нормално не зборува, но со помош на Аллах џ.ш ќе прозбори со цел луѓето да знаат дека тоа е предзнак на Кијамет.

18ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Нед 22 Мај 2011, 4:14 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Докази од Суннет:

Ебу Хурејре р.а. рекол дека Аллаховиот Пејга- мбер а.с. рекол: “Кога три ќе излезат нема да користи верувањето на човекот кој пред тоа не верувал или не спечалил некое добро дело во верувањето свое: изгревање на сонцето од Запад, Деџџал и животно од земја. (Муслим)
Абдуллах ибн Амр рекол: Ги запамтив од Алла- ховиот Пејгамбер следниве зборови кои нема да ги заборавам: Го слушнав како вели: “Прв предзнак кој ќе се појави е изгревањето на сонцето од Запад и излегување на животно пред луѓето во почеткот на денот. Кој и да се појави прв од овие два предзнака, непосредно после него ќе следи и другиот.” (Муслим)

Каде ќе излезе ова животно?
Има спор меѓу исламските научници околу ова прашање. Некои сметаат дека животното ќе излезе од најголемата џамија Месџидул-Харам во Мекка. Постои еден хадис кој го пренесува Таберани дека Пејгамберот а.с. рекол: “Живот- нот ќе излезе од најголемата џамија, луѓето ќе бидат пред неа, земјата ќе се затресе и тоа ќе се појави пред нив.”

Ибн Ујејне вели: “Животното ќе излезе кога имамот ќе тргне за заеднички намаз да ги изве- сти дека тоа сеуште не излегло.”
Некои сметаа дека ќе излезе во некој пустински предл, други мислат дека ќе се појави на друго место. Аллах најдобро знае.
Што ќе прави животното кога ќе излезе?
Ова живото по неговото излегување ќе ги жиго- сува верниците и неверниците.

Верниците ќе ги обележува на таков начин што ќе сјајат, И тоа ќе биде знак на нивниот иман, додека на неверни- ците ќе им удара печат на нос, и тоа ќ е биде знак на нивното неверство.
Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Животното ќе излезе и ќе ги жигосува по нивните носеви, потоа тие ќе живеат меѓу вас. Кога некој ќе купи животно ќе биде прашан: Од кого си го купил? ќе рече: Од оној со жигосан нос.” (Ахмед)

Во Куран се спомнуваат Аллаховите зборови: “Ние ќе направиме да излезе од земја животно кое ќе им зборува на луѓето.”. (Ен-Немл, 82)
Што се подразбира под зборувањето на животното?
Кај толкувачите на Куранот околу ова збору- вање постојат различни мислења:

1- Тоа значи дека ќе им зборува, разговара. На ова значење асоцира киратетот на Убеј ибн Каб (Тунеббиухум) што значи: “ќе ги известува”
2- ќе ги ранува, повредува, ова го потврдува киратетот (Теклимухум) што има исто значење како и “Џерх”. Овој кирает е пренесен од Ибн Аббас а значи: ќе ги обележува со жигосување.”
За ова сведочи и хадисот на Ебу Умаме дека Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “ќе излезе животно кое ќе ги жигосува луѓето по нивните носеви.” (Ахмед)

Од Ибн Аббас р.а. се пренесуваат двете мисле- ња .Тој рекол: “Се ќе прави животното”, т.е. и ќе разговара и ќе жигосува.
Ибн Кесир за ова рекол: “Тоа е добро мислење, во кое нема контрадикторност, а Аллах најдоб- ро знае.
што се однесува до зборувањето на животн- ото, тоа ќе им рече: “Навистина, луѓето во наши- те докази не се уверени.”
ОГАН КОЈ ЌЕ ГИ СОБЕРЕ ЛУЃЕТО
 
Меѓу предзнаците на судниот ден спаѓа и појава на голем Оган. Инаку тој се смета за последен од големите предзнаци, и прв кој ќе го најави поче- токот на Судниот ден.
Каде ќе се појави тој Оган?

Енес р.а. пренесува дека Абдуллах ибн Селам кога го примил Ислам, го прашал на Пејгамберот а.с. некои прашања. Меѓу нив: Кој ќе биде прв- иот предзнак на судниот ден? Пејгамберот а.с. му рекол: “што се однесува до првиот предзнак на Судниот ден, тој е Оган кој ќе ги собира луѓето од исток кон запад.” (Бухари)

Исто така во хадисот на Хузејфе ибн Усејд р.а. при спомнување на големите презнаци на судн- иот ден, Пејгамберот а.с. рекол: “Последен од нив е оган кој ќе излезе од Јемен, ќе ги тера луѓ- ето кон нивниот махшер ‘место на собирање’.” .(Муслим)
што се однесува до некои преданијата дека огнот ќе појави од Јемен, а во некои други од исток кон запад, на тоа можно е да се одговори на следниов начин:

1- Преданијата можат да се усогласат на тој начин што појавувањето на огнот од близината на Аден не се противи на собирањето на луѓето од исток кон запад.бидејќи почетокот на огнот ќе биде од близината на Аден, па, потоа ќе се прошири низ целата земја. Зборовите “ќе ги собира луѓето од исток кон запад” значи општо собирање, а не ограничување на исток и запад.
2- Кога огнот ќе се прошири прво ќе ги собере луѓето на исток. Ова го потврдува фактот, дека сите искушенија и фитниња започнуваат од исток. А што се однесува до собирањето кон запад, бидејќи шам во однос на исток е запад.

3- Можно е да споменатиот Оган во хадисот на Енес р.а. асоцира на сплетките, страдањата кои ќе придонесат многу зло. Тоа зло ќе се шири како оган. Неговиот почеток ќе започне од исток, се додека поголемиот негов дел го уни- шти, потоа ќе ги тера луѓето од страна на исток кон шам и Египет кои се наоѓаат на запад., како што тоа се случувало неколку пати, почнувајќи од Џингиз хан и потоа.
што се однесува до огнот кој се спомнува во хадисот на Хузејфе и во хадисот на Ибн Омер, тој е вистински оган. Аллах најдобро знае.

19ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Нед 22 Мај 2011, 4:15 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Како ќе ги тера Огнот луѓето кон земјата на собирање “Ердул-Махшер”?
Кога ќе се појави овој страшен оган од страна на Јемен, ќе ги тера луѓето кон Земјата на собира- ање (ердул-махшер).Оние кои ќе се собираат ќе бидат на три групи:
1-Група на доброволци, заситени, облечени и јавнати.
2-Група на луѓе кои еднаш ќе одат еднаш ќе јават, ќе се раменуваат на една камила. и

3-Група која огнот ќе ги собере и ќе ги заокружи од сите страни, терајќи ги кон кон Земјата на собирање. Оној кој ќе заостане, огнот ќе го голтне.

Следниов доле наведен хадис го опишува начинот на собирање.
Ебу Хурејре р.а. пренесува од Аллаховиот Пејга- мбер а.с. дека рекол: “Луѓето ќе бидат собрани во три групи: доброволци, преплашени, по два- јца на камила, по тројца на камила, по четворица на камила, по десеторица на камила, а останат- ите огнот ќе ги собере таму каде тие ќе заста- нат, ќе заспие каде тие ќе заспијат, ќе се раздени каде тие ќе се разденат и заноќи каде тие ќе заноќат.” (Бухари, Муслим)

Дали ова собирање ќе биде на овој свет или на идниот свет?
Некој ќе се запраша: Дали овој оган кој ќе ги тера луѓето кон Земјата на собирање ќе се случи во дуњалук или на ахирет?
Всушност, тоа собирање ќе се случи на овој свет-дуњалук, а не на идниот свет.

Имам Куртуби спомнува дека Хашр: значи: соби- рање а тоа ќе биде во четири форми: Две собирања на овој свет и две собирање на идниот свет. Прво: Протерување на племето Бени Надир кон шам. Второ: Собирање на луѓето пред судниот ден кон шам. Тој е огнот спомнат во горните хадиси. (Тезкире 196/197)
Некои научници како Газали и Халими сметаат дека ова собирање нема да се случи на овој свет, туку ќе случи на идниот свет. Но, ова мисл- ење е спротивно на аргументите кои се наведув- аат околу ова прашање.

Имам Невеви рекол: “Научниците велат дека: Ова собирање ќе се случи при крајот на овој свет пред самиот Кијамет, и пред дување во сурот. Како доказ ги земаат зборовите на Пејгамберот а.с.: “Останатите ќе ги собере огнот, ќе заспие со нив и одмори, ќе заноќи и раздени.” (шерх сахихул-Муслим)

Ова мислење го имаат и Ибн Кесир и Ибн Хаџер.
што се однесува до собирањето на Ахирет, во хадисите се спомнува дека сите луѓе: верници и неверници ќе бидат собрани голи, осунетени и без некакви мани. Во Сахих од Ибн Аббас се пренесува дека рекол: Станал Пејгамберот а.с. пред нас и рекол: “Навистина ќе бидете собра- ни голи и осунетени, (Онака како што по прв пат ве создадовме, исто така ќе ве возобновиме) Ел-Енбија, 104, а прв човек кој ќе биде облечен на судниот ден е Ибрахим а.с., Аллахов пријател.” (Бухари)

Ова јасно упатува на тоа дека собирањето ќе биде на овој свет пред да настапи Судниот ден.
Која е земјата на Махшер (Собирање)?
Постојат веродостојни хадиси кои известуваат дека земја на собирање (Ердул-махшер) ќе биде шам-Сирија. ќе споменеме само неколку хадиси за да го докажеме тоа:
Пренесува Имам Ахмед од Хаким Ибн Муавије од неговиот татко .. ( го спомнал хадисот, и во него зборовите на Пејгамберот а.с.): “Овде ќе биде бидете собрани! Овде ќе бидете собрани! Овде ќе бидете собрани (три пати); јавнати, пешки и на лица.”
Во преданието на Тирмизи од Бахз ибн Хаким од неговиот татко од неговиот дедо; пренесува дека рекол: О Аллахов Пејгамберу! Каде ми нар-едуваш? Рекол: “Натаму, и покажал со раката во правец кон шам.”

Зошто е шам земјата на собирање
(Ердул-Махшер)?
Некој ќе се запраша: Која е причината што е шам избран за земја на собирање?

Одговорот на ова прашање го наоѓаме кај али- мот мухаддис Ибн Хаџер -Аллах да му се смил- ува- Тој вели: Ибн Ујејне пренесува од Ибн Аббас: Кој се сомнева во Махшер дека е таму - значи во шам-; Тогаш нека ги чита ајетите од почетокот на Суретул-Хашр. Аллаховиот Пејга- мбер а.с. им рекол: Излезете. Рекле: Каде да излеземе? Рекол: Излезете кон земјата шам!
Причината што е шам избран да биде земјата на собирање лежи во тоа што кога ќе настапат големите искушенија, страдања и маки во посл- едно време, шам ќе биде земја на сигурност и верување.
Абдуллах ибн Хавале пренесува дека Аллахо- виот Пејгамбер а.с. рекол: “Во ноќта на Исра, видов како мелеките носат бел столб како да е знаме. Реков: што е тоа што носите? Рекоа: Столб на книгата; наредено ни е да го ставиме во шам.” (Ахмед,Таберани)

Исто така Пејгамберот а.с. рекол: “Одржавајте го шам, тој е најчиста Аллахова земја во која ќе се соберат најодбраните негови створенија. А ако тоа не го сакате, одржавајте го Јемен, и пијте од своите поилишта. Навистина, Аллах ми гарантирал за шам и неговите жители.’(Таберани)

Аллаховиот Пејгамбер а.с. се молел за береке- етот на шам; како што се пренесува од Ибн Омер дека рекол: Пејгамберот а.с. рекол: “О Боже! Благослови ни го шам, О Боже! благосл- ови ни го Јемен .” (Бухари)

Претходно споменавме дека спуштањето на Иса а.с. при крајот на последното време ќе биде во шам, и во него ќе биде собирот на верниците за убивање на Деџџал.

20ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Нед 22 Мај 2011, 6:12 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
БаракАллах Феек ја Ахи! Аллах да те награди за Трудот со Џеннет иншАллах!

http://www.ahlu-sunnah.org

21ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Вто 18 Сеп 2012, 6:12 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Оваа тема, иншАллах, со
Аллахова дозвола ќе ја користеме за собирање на едно место на предзнаците на Судниот
ден, обработени со аргументи од Куран и Суннет. ИншАллах тука ќе имаат сите
членови на овој исламски форум
Ahlu-Sunnah.org да ги
искажат и споделат некои предзнаци на судниот ден кој ќе имаме сите корист
иншАллах!

http://www.ahlu-sunnah.org

22ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Вто 18 Сеп 2012, 6:15 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ДАВАЊЕ СЕЛАМ САМО НА ПОЗНАТИ

[You must be registered and logged in to see this link.]

Аллах, субханеху ве те ала, го пропишал давањето на селам како поштовање, човечност и специфична врска измеѓу сите луѓе. Така, младите му даваат селам на постарите, богатите на сиромавите, Арапите на неарапите, белиот на црниот и обратно, понатака, селам му дава секој на секого, се дава селам дали си го познавал или не. (нормално да биде муслиман)

Аллаховиот Пратеник, Мухаммед саллАллаху алејхи ве селлем, за тоа рекол: “Нема да влезете во Џеннет додека не верувате, а нема да верувате додека не се сакат; сакате ли на вас да ве упутам на нешто, ако го правете ќе се засакате!? Ширите измеѓу вас селам.“[You must be registered and logged in to see this link.]

А од предзнаците на Судниот ден е да се дава селам само на онее кој ги познаваме, и да не селамиме (поздравуваме) на оној кој не го познаваме, ијако е суннет да се поздрави (даде) селам на секој муслиман кој го знаеме и кој не го знаеме.

Од Ебу Џ’ада се пренесува дека рекол: “Некој човек го сретнал на Абдуллах, па му даде селам: Еселаму Алејкум о Ибн Месуде, а Ибн Месуд му возвратил: “Вистината ја рекоа Аллах и Неговиот Пратеник, навистина го сумив на Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, како кажува: “Навистина е од предзнаците на Судниот ден човек да дојде и да помине покрај џамијата, а да не клања (ни) два рекати, и да не дава селам на освен на онее кој ги познава![You must be registered and logged in to see this link.]

А во познатиот хадис во кој, некој човек го прашал на Пратеникот-Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, кој ислам е најдобар, а Тој (Мухаммед), саллАллахи алејхи ве селлем одговорил: “Делење на храна и давање (поздравување) селам на оној кој го познаваш и оној кој не го познаваш.[You must be registered and logged in to see this link.]



Автор: д-р: Мухаммед ел-Арифи
, од книгата: Kraj Svjeta

Обработка: Ahlu-Sunnah.org

Превод: Muaz al Islam







[You must be registered and logged in to see this link.] Забележува имам Муслим


[You must be registered and logged in to see this link.] Забележува имам Хузејме во својот Сахих, а шејх Албани го отценува како Веродостојен по преданијата, што го наведува во својот коментар


[You must be registered and logged in to see this link.] Забележува имам Бухари и Муслим.

http://www.ahlu-sunnah.org

23ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Вто 18 Сеп 2012, 6:58 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ПОЈАВА НА САТЕЛИТСКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА

Високо над нашите глави денеска се наоѓаат повеќе од 130 000 различни сателити , со различни програми кои се полни со неубави и неморални содржини. Одредени наговестувања на општи искушенија спомнати се во наведеното предание: „ Со (добрите) дела дочекајте ги искушенијата кои се како најтемниот дел на ноќта…“ За искушенијата на сателитските програми навестено е во преданието кое го бележи Ибн Еби Шејбе во својот Mussennaf, со веродостоен ланец на преносители, дека Хузејфе Ибн Јеман радијАллаху анху , рекол:„Само што на вас не паднало злото од небесата кое ќе допре дури до ел-фелафија!“ Некој запраша што е ел-фелафи? А Хузејфе одговорил:„ Сува безживотна Земја.“

Арапите зборот „ес сема“ го употребуваат со значење на сè што е над човекот, како што се небесата, Вселената итн.Во „Лисан-л-арабу“ стои дека „ес –семау“ е сето она што е над човекот и што го надвишува.
Телевизијата денеска пренесува се што емитуваат сателитите, од секаква врста на неморал до таа мерка да и тие што живеат во шатори во пустините на сува и мртва Земја не се засолнети од вакви искушенија и неред.




Автор: д-р: Мухаммед ел-Арифи, од книгата: Kraj Svjeta

Ahlu-Sunnah.org

ПовикКонВистината




Последната промена е направена од Muaz al Islam на Вто 18 Сеп 2012, 7:54 pm. Мислењето е променето 2 пати.

http://www.ahlu-sunnah.org

24ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Вто 18 Сеп 2012, 7:31 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ПОЈАВА НА ЖЕНИ ОБЛЕЧЕНИ, НО ГОЛИ


[You must be registered and logged in to see this link.]

Предзнак на Судниот ден е распространетоста на разголувањето и накитеноста, носењето на тесна и проѕирна облека која го оцртува женското тело и облините. Така, тие жени се покриени, бидејќи имаат облека на себе, но практично се откриени бидејќи таа облека воопшто не го покрива телото, или се гледа низ неа или е припиена за телото потполно оцртувајќи го.



Аллаховиот Пратеник, саллАллаху алејхи ве селлем, во еден хадис кој го пренесува Ебу Хурејре, радијАллаху анху рекол:„Два вида од жителите на Огнот не ги видов: Луѓето кои носат камшици како кравји опаш и со нив удираат по луѓето и жените – покриени а откриени, другите ги заблудуваат а и самите заталкани, главите им личат на накосена грба од камила, нема да влезат во Џеннетот, ниту неговиот мирис ќе го осетат, а навистина џеннетскиот мирис се простира на толкава и толкава оддалеченост.“ [You must be registered and logged in to see this link.]


Зборовите во хадисот го означуваат следново: „заталкани (ар. маилат) значи скршнале или се оддалечиле од послушноста кон Аллах.„ Другите ги заблудуваат“ (ар. мумилат) значи дека тие другите во искушение ги воведуваат и ги оттргнуваат од Аллаховиот пат. „Главите им се како грпка на камила“ значи дека носат на главата нешто што прави главата да им изгледа издолжено како грпка на камила.



Автор: д-р: Мухаммед ел-Арифи, од книгата: Kraj Svjeta

Ahlu-Sunnah.org

ПовикКонВистината










[You must be registered and logged in to see this link.]
Забележува имам Муслум



Последната промена е направена од Muaz al Islam на Вто 18 Сеп 2012, 8:03 pm. Мислењето е променето 3 пати.

http://www.ahlu-sunnah.org

25ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Empty Re: ПРЕДЗНАЦИ НА СУДНИОТ ДЕН Вто 18 Сеп 2012, 7:39 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
[You must be registered and logged in to see this link.]

http://www.ahlu-sunnah.org

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот