Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Асхаби-халифи EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Асхаби-халифи EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Асхаби-халифи EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Асхаби-халифи EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Асхаби-халифи EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Асхаби-халифи EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Асхаби-халифи EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Асхаби-халифи EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Асхаби-халифи EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Асхаби-халифи EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Асхаби-халифи EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Асхаби-халифи EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Асхаби-халифи EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Асхаби-халифи EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Асхаби-халифи EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Similar topics
    Кој е он-лајн?
    Севкупно има 8 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 8 Гости :: 1 Bot

    Никој

    Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
    Барај
     
     

    Display results as :
     


    Rechercher Advanced Search

    Top posters
    Muaz al Islam (1691)
    Асхаби-халифи Vote_lcapАсхаби-халифи Voting_barАсхаби-халифи Vote_rcap 
    LAUTKA (1011)
    Асхаби-халифи Vote_lcapАсхаби-халифи Voting_barАсхаби-халифи Vote_rcap 
    Muwehhid (937)
    Асхаби-халифи Vote_lcapАсхаби-халифи Voting_barАсхаби-халифи Vote_rcap 
    Келиметул-Хакк (594)
    Асхаби-халифи Vote_lcapАсхаби-халифи Voting_barАсхаби-халифи Vote_rcap 
    Muslima4Islam (589)
    Асхаби-халифи Vote_lcapАсхаби-халифи Voting_barАсхаби-халифи Vote_rcap 
    Abu Al-Amin (479)
    Асхаби-халифи Vote_lcapАсхаби-халифи Voting_barАсхаби-халифи Vote_rcap 
    Al-Ghuraba (360)
    Асхаби-халифи Vote_lcapАсхаби-халифи Voting_barАсхаби-халифи Vote_rcap 
    Monoteizam (343)
    Асхаби-халифи Vote_lcapАсхаби-халифи Voting_barАсхаби-халифи Vote_rcap 
    muharem fazli (323)
    Асхаби-халифи Vote_lcapАсхаби-халифи Voting_barАсхаби-халифи Vote_rcap 
    Haqq (253)
    Асхаби-халифи Vote_lcapАсхаби-халифи Voting_barАсхаби-халифи Vote_rcap 

    Statistics
    Постојат b>1268 регистрирани членови
    Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

    Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

    You are not connected. Please login or register

    Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

    1Асхаби-халифи Empty Асхаби-халифи Саб 25 Сеп 2010, 5:49 pm

    LAUTKA

    LAUTKA
    Модератор
    Модератор
    првиот халифа

    Неговото име е Абдуллах ибн Ебу Кухафе, а познат е како ебу Бекр ес-Сиддик радијаллаху анху. Надимакот ес-Сиддик го добил затоа што бил најбрз во потврдување на се што му било објавено на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.





    Се пренесува, кога Аллаховит Пратеник с.а.в.с. бил пренeсен од Мекка во Кудс во ноќта на Мираџ, му рекол на Џибрил а.с. за ова мојот народ нема да ми верува. Па Џибрил а.с. рекол: Ќе ти верува ебу Бекр тој е ес-Сиддик(вистинољубив).(ет-Табекатул-кубра 3/169)

    Бил првиот возрасен и слободен човек кој примил Ислам. Го имал најголем и најпотполн иман од сите луѓе, за тоа Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: Кога би се вагал иманот на мојот уммет и иманот на ебу Бекр вагата би превагнала на страна на ебу Бекр. ( Муснед Имам Ахмед 5/259 )

    Беше првиот халифа после Пратеникот с.а.в.с еден од оние кои најмногу се жртвувале со живот и имотот за оваа возвишена вера, многу се преданијата што го опишуваат овој великан на Умметот на Мухаммед с.а.в.с.

    Делата со кои е познат овој асхаб во неговото владеење како халифа се многу а најпознати се:

    1.Припремање на војската од Усама ибн Зејд р.а.

    Пред смртта пратеникот с.а.в.с. ја спреми оваа војска за да го прегази ел-Балка и ед-Дарум во Палестина, го постави Усама ибн Зејд р.а за командант на оваа војска и му го предаде знамето. Кога тие залогорија надвор од Медина, Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. пресели кај неговиот Господар с.в.т.а. и ебу Бекр го презеде халифатот му рекол на Усама р.а.“ Изврши ја наредбата од Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. “

    Ја испратил војската и тоа пешки се додека младиот командант на оваа војска не му рече: Или јавни го ти коњов или јас да слезам. Одговорот беше „ Зарем да не ги испрашам нозете на Аллаховиот пат “. Голема е мудроста во овој чин затоа што војската си оди а центарот останува незаштитен, ама потоа ќе видиме дека овој потег беше мудар, така што многу кои сакаа да ја нападнат Медина рекоа, ако ваква војска оди во поход сигурно и центарот им е јак. Треба да се наведе дека само малку останаа во Медина, а тогаш почна големото отпадништво од Ислам на многу племиња од Арапскиот полуостров.

    2. Истребување на отпадниците од вера.

    Како што споменавме дека во тоа време настапи отпадништво на многу племиња, причината била тоа што одбиваа да дадат Зекат, ебу Бекр побара совет од Асхабите р.а. го доби истиот одговор да почека се додека не се врати војската на Усама и да биде со нив љубезен се додека не им се зацврсти иманот. Па и Омер р.а. познат како строг, цврст и безкомпромисен спрема оние кои чинат риддет ( отпадништво ) зборувал да се стрпи. Но ебу Бекр ес-Сидик ја знаеше опасноста од ова па рече: Се колнам во Аллах, и ако одбијат да дадат само трунка од она што му го даваа од Зекатот на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. јас ќе поведам војна против нив затоа што направија разлика измеѓу Намазот и Зекатот.

    Сепак победи одлучноста на ебу Бекр р.а. и Асхабите р.а. поведоа војна против тие племиња и за кратко време беа поразени сите.

    3.Собирање на Кур’анот

    После битката на Јемама откако загинаа голем број на хафизи на Кур’ан, Омер р.а. побара од него да се собери Кур’анот во еден мусхаф, во почетокот ебу Бекр р.а. се противеше затоа што мислеше дека ако Пратеникот с.а.в.с. не го сторил тоа како тој да го стори тоа. После долго убедување од страна на некои Асхаби р.а. одлучи да го стори тоа. Нареди Кур’анот да го собере Зејд ибн Сабит р.а.

    4.Исламските освојувања за неговото време

    Освојувањата беа насочени во две насоки:

    -спрема Персија на исток

    -спрема Византија на север.

    Многу битки се одиграа тогаш, а најпозната е битката на Тебук каде што муслиманската војска на чело со славниот Халид ибн Велид р.а. ја порази моќната Византиска војска. Тука загинаа околу 3000 Асхаби р.а.

    Неговото владење траело две години, три месеци и десет дена. Преселил на Ахирет во вторник осум ноќи пред завршување на месец Џумадел-ухра, тринаесетта година по хиџра.

    Неговиот васијјет бил да го огусули неговата ќерка Есма бинт Умејс р.а. Замотан е во два , според некои во три искористени ќефини. Џеназето му го клањал Омер ибн Ел-Хатаб р.а. Измеѓу мимберот и кабурот на Пејгамберот с.а.в.с. Закопан е ноќе покрај Пејгамберот с.а.в.с. така да главата му била во висина на рамената на Пејгамберот с.а.в.с.

    Аллах с.в.т.а. да ти се смилува о ебу Бекр и да биде задоволен со тебе, го наследи на Мухаммед с.а.в.с. и беше најдобар наследник на најдобриот предходник, го достави упатот на луѓето и го прошири повикот во Ислам, го понесе еманетот како што треба и го исполни на најдобар начин.

    2Асхаби-халифи Empty Re: Асхаби-халифи Саб 25 Сеп 2010, 5:51 pm

    LAUTKA

    LAUTKA
    Модератор
    Модератор
    Името му е Омер ( Умер ) ибн ел-Хатаб, познат е по повеќе имиња а најпознати му се: ебу Хафс и ел-Фарук (оној кој раздвојува вистина од невистина ) и првиот кој е наречен „Емирул-Му’минин“ ( Водач на Правоверните ).


    Роден е четири години после големата војна измеѓу Курејшиите и Кинаните против Хавазините, исто така се пренесува и дека е роден тринаесет години после годината на Слонот.

    За неговото примање на Ислам се пренесува едно интересно предание. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. бил заедно со Асхабите во куќата на ел - Еркам ибн ебу Еркам ги подучувал со Кур’анот. За тоа разбрал Омер р.а и тргнал вооружан со сабја и со намера да им нанесе зло, го сретнал некој од мушриците и го прашал каде тргнал, тој одговорил дека сака да оди до Мухаммед затоа што направил голема поделба меѓу Курејшиите, ги осрамотил нив и нивната вера т.с ги навредил нивните божанства. Овој мушрик му рекол дека ако го стори тоа припадниците на племето Бени Абди Менаф нема да го остават на мира ако го убие на Мухаммед с.а.в.с. Прво оди во твојата фамилија па опомени ги оние кои ја прифатиле новата вера. Омер р.а. прашал: А кој од мојата фамилија? Му било речено неговата сестра Фатима и незиниот маж Се’ид ибн Зејд, таму во тоа време Хаббаб р.а ги подучувал нив со Кур’ан, кога отишол кај нив Омер р.а слушнал некаков говор и кога влегол внатре прашал што е тоа, тие одговориле дека нема ништо а тој се заканил и им кажал дека знае за нив дека се муслимани, па ја удрил сестра му и од нејзе потекла крв. Таа тогаш му рекла дека имаат примано Ислам па прави што сакаш. Кога виде Омер р.а крв на својата сестра се покајал за тоа што го сторил и побарал да погледне што е тоа што го учеле пред малку. Тие му одговориле дека треба да се искапе прво па потоа ќе му го дадат листот. Тој откако се искапил го прочитал и рекол „ Прекрасен е овој говор нема поубав од него “. Тогаш Хаббаб р.а му рекол дека го слушнал на Аллаховиот Пратеник како учи дова на Аллах с.в.т.а „ Господару Мој појачај го Исламот со ел-Хакем ибн Хишам или со Омер ибн ел-Хатаб “. Се надевам дека си ти тој кој ќе биде од овие двајца му рекол Хаббаб р.а.

    Тогаш Омер р.а отишол до Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. а кога таму го виделе Асхабите се уплашиле од него кога го виделе со сабјата на него. Тогаш Хамза р.а рекол „ Дозволете му нека влезе, па ако дојде со добри намери ќе го пречекаме како треба, а ако дојде со лоши намери ќе го убиеме со неговата сабја “. Тогаш Пратеникот с.а.в.с рекол да се пушти внатре, па сам го дочекал така што го фатил за појас и му рекол: „ Што те донесе ваму о сине Хатабов......“ Омер р.а одговорил дека дошол да прими Ислам. На тоа прифаќање Аллаховиот Пратеник с.а.в.с учел текбир и се израдувал многу.

    Тука се гледа од овој пример за неговата лутина, одлучност и храброст. Бројни се преданијата за неговиот Иман, неговата одлучност и неколебливост во вистината, неговата храброст, колку пати неговиот став се совпаѓал со објавата на Кур’анот и други работи кои на жалост не сме во состојба да ги наведиме тука па би препорачал да се прочитаат книгите за неговата биографија.

    После смртта на ебу Бекр ес-Сиддик, Хилафетот го превзема Омер р.а со васијјет од ебу Бекр р.а и главно неговото владеење се состои од:

    -понатамошно освојување

    -изградба на систем на власт

    -ширење на наука и испраќање

    на учени во разни краеви

    Освојувањата беа во три правци:

    -спрема Персија

    -спрема Византија

    -спрема Египет

    За време на неговиот Хилафет беа поразени и Двете во тогашно време најсилни држави Византија и Персија. Најзначајни се завземање на Кудс(Јерусалем ) и престолнината на Персија.

    За изградба на системот што беа воспоставени и обработени три работи така што понатамошниот развој на Халифатот беше олеснат за раководење:

    -Халифатот беше прецизиран во детали

    -Намесништво, беа одредени намесници на далечните покраини и прецизирани нивните овластувања

    -Бејтул-мал ( Државна каса )

    Омер р.а. исто така водеше грижа да се шири науката, а посебно Кур’анската и Фикхската наука како сите прописи врзани за нив.

    Неговото владеење завршува со преселување на Ахирет, кој од последиците на нападот од еден Меџусија (обожавател на огнот ) кој во намаз му забоде нож намачкан со отров, подлегнал после неколку дена боледување.

    Закопан е покрај неговите другари Мухаммед с.а.в.с и ебу Бекр ес-Сиддик р.а со дозвола на Аиша р.а.

    Господару мој, каков ли јунак беше Омер р.а.

    Господару мој смиловај му се на овој великан од Умметот на Мухаммед с.а.в.с и воведи го во Џеннет Фирдевс, о Аллаху.

    Аллахумме амин!!!

    Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

    Permissions in this forum:
    Не можете да одговарате на темите во форумот