Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Биографии на исламски научници EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Биографии на исламски научници EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Биографии на исламски научници EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Биографии на исламски научници EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Биографии на исламски научници EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Биографии на исламски научници EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Биографии на исламски научници EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Биографии на исламски научници EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Биографии на исламски научници EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Биографии на исламски научници EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Биографии на исламски научници EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Биографии на исламски научници EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Биографии на исламски научници EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Биографии на исламски научници EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Биографии на исламски научници EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 20 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 20 Гости :: 2 Bots

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Биографии на исламски научници Vote_lcapБиографии на исламски научници Voting_barБиографии на исламски научници Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Биографии на исламски научници Vote_lcapБиографии на исламски научници Voting_barБиографии на исламски научници Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Биографии на исламски научници Vote_lcapБиографии на исламски научници Voting_barБиографии на исламски научници Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Биографии на исламски научници Vote_lcapБиографии на исламски научници Voting_barБиографии на исламски научници Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Биографии на исламски научници Vote_lcapБиографии на исламски научници Voting_barБиографии на исламски научници Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Биографии на исламски научници Vote_lcapБиографии на исламски научници Voting_barБиографии на исламски научници Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Биографии на исламски научници Vote_lcapБиографии на исламски научници Voting_barБиографии на исламски научници Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Биографии на исламски научници Vote_lcapБиографии на исламски научници Voting_barБиографии на исламски научници Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Биографии на исламски научници Vote_lcapБиографии на исламски научници Voting_barБиографии на исламски научници Vote_rcap 
Haqq (253)
Биографии на исламски научници Vote_lcapБиографии на исламски научници Voting_barБиографии на исламски научници Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Биографии на исламски научници 346



Во името на Аллах Милостивиот, Самилосен!


Мухаммед ибн АбдулВеххаб

Мухаммед ибн Абдул Веххаб се родил 1115 хиџретска година во градот Uyainah,70 км северозападно од Ријад, во Земјата на двата Харема (С.Арабија).

Припаѓал на високо образовано и почитувано семејство; неговиот татко шејх Абдул Вехаб бин Сулејман бил ценет и почитуван шејх, познат по праведноста, наследник на таткото Сулејман бин Али, реис улема , многу способен во предавањата, јазикот и хутбите.

Мухаммед ибн Абдул Веххаб своето прво школување го стекнал од својот татко. Бил изразито интелигентен,што допринело да постане хафиз на Кур’анот во својата десетта година. Ги проучувал книгите на тефсирот, хадисот и фикхот. Освен тоа, многу сакал да ги изучува делата на улемата од поранешните генерации, нарочито делата на Шејхул-Ислам Ибн Тејмијје, како и на неговиот ученик Ибн Кајјим ел-Џевзијје. Бил добар познавач на сите нивни дела.

Кога постанал полнолетен, отишол да обави Хаџ, и да се поучува кај улемата од Мекка. Потоа продолжил за Медина, каде исто така ја сретнал познатата улема на тоа време, и каде стекнал знаење кај двајца шејхови: Абдуллах бин Ибрахим бин Саид ан Неџди и Мухаммед Хајат Синдиј. После тоа заминал за Ирак, поточно Басра каде што стекнал уште знаење.

Во тоа време, жителите на Неџд западнале во дела кои што биле сосема блиски на оние мушричките од предисламското доба. Гробови, пештери, зли духови , лудаци , итн. се сметале за светци, со натприродни моќи, керамети итн. Неоснованите бајки и приказни го замениле Кур’анот и Хадисот. “Улемата” која што била заинтересирана за овосветските користи уште повеќе ги заведувала жителите. Општеството било под контрола на разно разни сихир бази и лажни евлии, т.е. пророци. Никој не се осудувал да им се спротистави. Ниту Мекка ниту Медина како и Јемен не биле поштедени од овие џахилиетско-политеистички елементи.

Мухаммед ибн Абдул Веххаб бил жестоко потресен од состојбата на жителите. Уште повеќе го болело што никој не бил спремен да го поведе народот од оваа темнина на вистинскиот пат. Очигледно било дека таквото дело води во директен сукоб со овие насилници, бидејќи тие од таквите (не)дела си прибавувале овосветски користи. Тоа давало импулс дека било потребна припрема за поднесување на сите облици на тортура и отпор кои што себичните дуњалучари ќе ги пружат. Но, Шејхот бил одлучен да поведе џихад против незнаењето и ширкот.

Неговата дава почнала со повикување на народот во Тевхидот и упатување кон Кур’анот и Суннетот. Ја повикувал улемата строго да се придржува на Кур’анот и Суннетот. Жестоко се борел против слепото следење на било кој од алимите, ако нивните ставови и мислења се разликувале од Кур’анот и Суннетот.
Шејхот бил храбар и полн со желба и ентузијазам за работа на полето на даветот и чистењето на Исламот од политеистичко-паганските наслаги и наталожувања. Држел дерсови и ги повикувал луѓето и учените да го помогнат во борбата против ширкот и неговите разни форми кои и те како имале зазедено замав. Многу од улемата (учените) од Мекка, Медина и Јемен му се одзвиле и го поддржале. Но биле многу и такви себични “алими” кои што го критикувале и се држеле далеку од неговиот повик за реформа и враќање кон изворниот Ислам.

Многу пати, таквите се дигнале против него, но тој и после тоа го продолжил својот давет. Патувајќи низ Zabir, Ahsa, Huraimala,стигнал во Ujainah.

Во тоа време со Ujainah владеел Осман бин Хамид бин Мамар. Тој се зарадувал со Абдул Веххабовото доаѓање, и му ветил секаква помош во неговиот давет. Во тој град неговиот давет доживеал голем успех, а тој самиот постанал чуен и омилен меѓу народот, па луѓето почнале да се одзиваат на неговиот повик и доаѓале од сите страни. Врз помошта од емирот на оваа покраина, Мухаммед ибн Абдул Веххаб успеал да го очисти ова подрачје од разните “свети” камења и другите форми на ширк.Популарноста на шејхот била голема. Во една прилика дури дошла една жена и признала дека направила блуд, па побарала да биде шеријатски казнета.Шејхот прво проверил добро, дали таа жена е ментално здрава, дали тоа го прави со добра волја или под присила. Кога сето тоа се истражило и се востановило дека тоа е вистина и нејзина лична желба, шејхот и пресудил за реџм-от (каменувањето – шеријатската казна за зина /блуд).

Кога емирот на Ахса и нејзината околина, Сулејман бин Ураиар, дознал за популарноста на шејхот помеѓу народот, се уплашил за својата власт и одлучил да го уништи. Така тој му запретил на емирот Осман, кај кого се наоѓал шејхот, и му наредил да го убие. Емирот Осман бил со многу послаба моќ од Сулејман, па го запознал на шејхот со новонастанатата ситуација и му предложил да направи хиџра во Дарија.

Жителите на Дарија добро го познавале шејхот и неговиот давет. Таму емир бил Мухаммед бин Сауд кој, кога слушнал за доаѓањето на шејхот на неговото подрачје, отишол лично да го посети. Мухаммед бин Сауд бил од побожно семејство и самиот бил заинтересиран за изворниот и неизвитоперен Ислам. Нему му се допаднало шејховото повикување во Теухидот, како и неговата борба за враќање кон основните извори на Исламот: Кур’анот и Суннетот.

Шејхот им објаснил како Мухаммед,с.а.в.с., и неговите асхаби правеле давет на Аллаховиот пат,како ги издржувале сите неволји и правеле се што можеле вложувајќи ги сите напори за Исламот. Шејхот го запознал емирот со сето тоа и го уверил дека Аллах џ.ш. им го гарантира Своето задоволство на Ахирет и победа на овој свет, доколку искрено се предадат на борбата на Неговиот пат. Ибн Сауд се сложил на ова и ја ветил својата помош.

Настапил периодот во кој шејхот Мухаммед ибн Абдул Веххаб почувствувал дека се наоѓа во опкружувањето кое што го поддржува, и кое го прифаќа неговиот давет. Тој во тоа видел златна шанса да го подучува народот. На неговите дерсови доаѓале сите; емирот и неговото семејство како и бедуините од околните места. Шејхот држел дерсови за Теухидот, Кур’анот, хадисот, фикхот како и арапскиот јазик.

Дарија тогаш доживеала ренесанса, бидејќи луѓето од околните места почнале да се доселуваат во неа барајќи знаење. Како што популарноста му растела меѓу народот, така растела и омразата кај фасиците кон него, па почнале да шират лажна пропаганда, обвинувајќи го шејхот за се и сешто. Шејховата истрајност и искреност направила, еден дел од неговите противници да се завртат и да постанат негови сојузници.

Шејхот исто така, покрај повикот во давет повикувал и во џихад. Делегации од целиот Арапски Полуостров му доаѓале, му давале ветување дека ќе го шират Теухидот во своите покраини и ќе го наредуваат доброто а забрануваат злото.

Емирот на Ујеина го повикал повторно да отиде кај нив и да го продолжи својот давет, но шејхот одлучил да остане каде што се наоѓа. Многу делегации бле испратени и во земјите на Шам да ги подучуваат луѓето на чистиот ислам.

Како што го повикувал обичниот народ, исто така шејхот ги повикувал и владарите да се откажат од ширкот и да му се повратат на чистиот ислам. И испратил писма на властите и учените во Неџд, Ријад,Харџ, Каем, Хајел, Вашим, Судеир, Ахс, Мекка, Медина, како и Сирија, Јемен, Индија, Ирак. Многу од улемата на овие земји му се одзвала. Тие ја продолжиле борбата за чистиот ислам во своите места, инспирирани од шејховото дело.

Мухаммед ибн Абдул Веххаб целиот свој живот му го посветил на исламскиот давет и џихад со крајна искреност. Шејхот се преселил на Ахирет во месецот Зул Ка’де, 1206 година по Хиџра ( 1792).
Резултатот од неговиот давет, џихад и краен напор во период од 50 години поминати на Аллаховиот пат, бил: целата покраина Неџд се повратила кон изворниот ислам. Отфрлени биле сите форми на ширк и народот се вратил во Исламот, каков што го практикувале Аллаховиот Пратеник и неговите асхаби. Напуштено е слепото следење на претците и традицијата и воспоставен е шеријатот. Воспоставена е институцијата која што го наредувала доброто а забранувала злото. Мирот завладеал со ова подрачје, како во градовите така и во пустината. После преселувањето на Ахирет на шејхот Мухаммед ибн Абдул Веххаб, неговите синови и ученици го продолжиле ширењето на даветот и џихадот на Аллаховиот пат. Помеѓу неговите деца, најактивни биле: Абдаллах бин Мухаммед, Хусеин бин Мухаммед, Али бин Мухаммед и Ибрахим бин Мухаммед; помешу внуците: Абдур Рахман бин Хасан, Али бин Хусеин, Сулејман бин Абдаллах.

Al-Ghuraba

Al-Ghuraba
Модератор
Модератор
Биографии на исламски научници Images?q=tbn:ANd9GcRkFgLNkeVfAI9L8gAvO_yNIIhz6M-FtPv317mhiizWZmI4d0KXHQ
Биографии на исламски научници 820124 
Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосниот!

Шејх АбдулЛатиф ибн АбдурРахман


Тој е имам, научник, работник по знаење, предвидник на муслиманите во своето време, подготвена суннетска сабја, борец, советник. Роден е 1225 година по Хиџра во градот Дер’ијји и пораснал во него. Пред осум години научил Кур’ан. Со родителите, миџовците и тетките се пресели во Египет.
 
Во него стекнал знаење пред својот татко и миџо, пред шејх Абдуллах и шејх Ибрахим кои тогаш живееле во Египет, од шејх Алија б. Мухаммед, тетката на Абдур-Рахман б. Абдуллах, од египетските научници од кои се и муфтијата Џезаира Мухаммед б. Махмуд, Ибрахим ел-Бејџурија шејх Ахзара, шејх Мустафа ел-Езхерија и други.
 
Беше добар познавач на разни шеријатски знаености, убав морал, голем углед, независност од дуњалукот толку што дирхемите никогаш не ги споменувал ниту пак – да речеме – паднало на памет.


Позади себе оставил многу дела:


1. Мисбаху залам како одговор на Осман бин Менсур, од еден том.
2. Минхаџу те’сис ки кешфи шубухат Давуд бин Џирџиш, од еден том.
3. Берахин исламијје фи редди ала шусубухат фарисијје.
4. Туфету талиб ве џелиш фи редди ала Давуд бин Џирџиш.
5. Многу писма и корисни одговори кои достигнуваат еден том, а кои углавно ги соберил Сулејман б. Сухман.
6. Пристапил на коментарот на делата Ел-Кебаир и Ен-Нунијја но претекла смртта.
 
Знаење од него зедоле многу и нивниот број е толкав што тешко е да се наброји. Од нив се неговите синови: Абдуллах и Ибрахи, шејх Мухаммед б. Абдул-Азиз и брат му Исхак, шејх Хамед бин Атик, шејх Сулејман бин Сухман и многу други.
 

Се преселил на Ахирет 4 зул-хиџџе 1292 година по Хиџра.

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

Al-Ghuraba

Al-Ghuraba
Модератор
Модератор
Биографии на исламски научници 1c02df27d352caf7b0780fd631512bf4_S
Биографии на исламски научници 820124 
Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосниот!
Шејх Хамед ибн Атик
Тој е имам, авторитет, сигурен, личност со големи амбиции и жртвувања. Роден е во Зулфиј и стекнал знаење пред шејх Абдур-Рахман б. Хасан и шејх Алија б. Хасан. Беше добра познавач на сите шеријатски дисциплини, голем ибадет и долг ноќен намаз, непрекиден зикр, преголема љубов за знаење, книги, нивни читања и нивни пишења.
 
Знаење од него многу зедоле, од нив се: неговиот син Са’д, шејх Абдул-Азиз, шејх Абдул-Латиф, Абдуллах б. Абдул-Латиф, шејх Сулејман б. Сухман, шејх Омер бин Јусуф, шејх Хасан б. Хусејн и многу други,
 
Позади себе оставил краток коментар на делото Китабу тевхид, многу одговори, совети, писма и фетви.
 

Се преселил 1301 година по Хиџра, Аллах да му се смилува, да му ги опрости гревовите и да го воведе во Џеннету Фирдеус.

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот