Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 17 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 17 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Vote_lcapНАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Voting_barНАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Vote_lcapНАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Voting_barНАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Vote_rcap 
Muwehhid (937)
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Vote_lcapНАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Voting_barНАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Vote_lcapНАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Voting_barНАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Vote_lcapНАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Voting_barНАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Vote_lcapНАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Voting_barНАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Vote_lcapНАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Voting_barНАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Vote_rcap 
Monoteizam (343)
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Vote_lcapНАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Voting_barНАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Vote_rcap 
muharem fazli (323)
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Vote_lcapНАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Voting_barНАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Vote_rcap 
Haqq (253)
НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Vote_lcapНАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Voting_barНАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
МИКАТИ – МЕСТА ОД КАДЕ ЗАПОЧНУВААТ ИХРАМСКИТЕ ОБВРСКИ
(المواقيت)


За започнување на извршување на хаџските обврски потребно е придржување за одредените микати од страна на Шеријатот. Микати се делат на два вида, и тоа:

- временски микати и
- месни микати.

Временски микати

Временски микати се времиња одредени за извршување на хаџските обреди. Не е дозволено и шеријатски исправно да се извршува кој било хаџски пропис освен во границите на тие времиња. Возвишениот Аллах вели: „Хаџот е во одредени месеци.“
Според ханефискиот мезхеб, во временските микати спаѓаат трите месеци во годината, и тоа: шеввал, зул-ка'аде и десет дена од зул-хиџџе. Во овие месеци сите оние кои имаат намера да извршат хаџ ќе се упатат и ќе започнат со извршување на хаџските обреди.

Месни микати

Микати се места од каде се почнуваат сите ихрамски обврски, без оглед дали се однесуваат за хаџ или умра. Од Ибн Аббас ра.а. се пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. за жителите на Медина за микат го одредил Зул-Хулејфе; за жителите на Шам – Џухфе; за жителите на Неџд- Карнул-Меназил; а за жителите на Јемен - Јелемлем; додавајќи: - „Тие се за нив и за други кои имаат намера да извршат хаџ и умра, преминат преку тие места. Оној кој се наоѓа внатре на микатите, во ихрам ќе стапи од своето место на престојување, а жителите на Мека, од неа ќе занијетат.“ (Бухари)


Оваа е слика за микатите.

Исламските научници се сложиле и на петтиот микат кој го одредил Омер р.а., и тој е „ЗатуИркин, за жителите на Ирак. Овој микат се наоѓа североисточно од Мека, на одалеченост од околу 94 км.

Ако хаџиите патуваат на хаџ со авион со слетување во Џидде, откаде ќе се упатат во Мека заради извршување на хаџските обреди, тогаш мораат уште во авион да ги облечат ихрамите (мажите, додека за жените ихрам е нивната облека) и ќе занијети еден од трите видови на хаџ кој сака да го изврши.

На хаџијата не му е дозволено да помине некој ихрам, а да занијети за друг. Во тој случај би бил должен да заколе курбан. Колењето курбан отпаѓа ако лицето би се вратило на првиот микат и оттука повторно занијети за хаџ или умра.




Последната промена е направена од LAUTKA на Сре 22 Сеп 2010, 5:16 pm. Мислењето е променето 1 пати

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
сега накратко ќе објасниме како треба да постапи хаџијата во микат. На пример ако го земеме хаџот ифрад. Ифрад значи хаџијата да направи нијет да изврши само хаџ. Потоа ако сака по извршување на хаџските обреди може да заниети, да облече ихрами и да изврши умра.

Хаџијата најпрвин ќе се искапе (земе гусул) или абдест, иако капењето е подобро. Потоа мажите ќе ги облечат ихрамите (два нови покривачи, изар и рида') или претходно употребените но чисто испрани. Штом ги облече ихрамите ќе клања два реката ихрамски намаз. На првиот рекат по Фатиха ќе учи „Кул ја ејјухе-л–кафирун” а на вториот рекат “Кул хуваллаху ехад.” Овие два рекати обично се клањаат во микат (местото од каде започнуваат ихрамските обврски) но не треба да се клањаат во забранетите времиња (по сабахскиот фарз додека сонцето излегува, кога е на половина на небото и по икиндискиот фарз додека сонцето заоѓа).
По клањање два рекати ихрамски намаз, ќе се проучи следниов нијет:

„Леббејкеллахумме леббејк, леббејке ла шерике леке леббејк, инне-л–хамде вен-ни’амете леке ве-л–мулк, ла шерике лек.“

Најдобро е телбије да се учи што почесто и со повисок глас. Жените нема да го подигаат гласот, туку телбије ќе учат полугласно. Со ова започнуваат сите ихрамски обврски и сите ихрамски забрани.


__________________

„Сплетката на Шејтанот, навистина, е слаба!“ (Ен-Ниса, 76)

3НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Empty прирачник за хаџ Сре 22 Сеп 2010, 5:14 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
ИХРАМ - الإحرام


Ихрам значи преземање на обврските за извршување на хаџ, умра или двете, истовремено и избегнување на извесни забрани.




Облекување на ихрам


Ихрамската обврската, нијјет, се потврдува со зборовите, на пр: „Невејту-л–умрете, невејту-л–хаџџе или невејту-л–умрете ве-л–хаџџе”, а потоа се почнува со изговарање на телбије. Доказ а тоа е преданието на Енес р.а., кој вели: „Го слушнав Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. кога рече: „Леббејке бихаџџетин ве умретин.“ (Муслим)

При преземање на ихрамските обврски хаџијата треба да обрати внимание на следниве работи:

1- Да облече ихрам во микат, претходно расправавме за тоа,

2- Да соблече се што е шиено од себе, бидејќи мухримот (машкото лице) не смее да носи облека, ниту кошула, ниту наметка, туку ќе облече ихрами (два чаршафи) и ќе облече влечки. Едниот ихрам ќе го стави на појас и надоле, а со другиот ќе се покрие горниот дел на телото. Жената не смее да носи никаб ниту ракавици, бидејќи имам Бухари во својата збирка на хадиси наведува дека тоа е забрането.

3- Да се изговара телбије кое гласи: “Леббејкеллахумме леббејк, леббејке ла шерике леке леббејк, инне-л–хамде венни’амете леке ве-л–мулк, ла шерике лек.” Потоа секој хаџија ќе заниети еден од видовите на хаџот кој сака. Изговарање на телбије мустехаб е што повеќе да се изговара и со малку повисок глас (што важи само за мажите, додека жените телбије ќе изговараат во себе). Оној кој извршува умра, со телбије ќе заврши при првата средба со Кабе, а оној кој извршува хаџ ќе прекине со телбије по фрлање на камчиња првиот ден од Курбан-бајрам.

4- Да се искапе или да земе абдест. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. се капел пред да облече ихрам. Ова исто така важи и за жени, па дури и да се во состојба на хајз или нифас. Пејгамберот с.а.в.с. рекол: „Жените во состојба на хајз или нифас треба да се искапат и да преземат ихрамска обврска. Ќе ги вршат сите хаџски обреди освен кружење околу Кабе (таваф).“ Познат е хадисот кога Пејгамберот с.а.в.с. и наредил на Ебу Бекровата жена Есма бинт Умејс р.а. да се искапе, а во меѓувреме се породила. (Муслим)

5- Потскратување на мустаќи, сечење на нокти, отстранување на влакна под пазуви и од околу срамните места.

6- Ставање на мирис. По земање гусул или абдест, а пред облекување на ихрам, потребно е да се стави мирис на своето тело што е суннет за мажите, додека жените тоа нема да го прават. Аиша р.а. вели: „Му ставав мирис на Пејгамберот с.а.в.с., при преземање на ихрамските обврски со најубав мирис кој го имав.“ (Муслим)

7- Клањање два реката. По капење или зем-ање абдест и облекување на ихрам, хаџијата ќе клања два реката нафиле-намаз. Бухари и Муслим го пренесуваат хадисот на Ибн Омер р.а. дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. клањал два реката ихрамски намаз на Зул-Хулејфе. Во текот на клањање на овие два реката суннет е на првиот рекат по Фатиха да се проучи “Кул ја ејјухе-л-кафирун”, а на вториот рекат суре “Кул хуваллаху ехад”.




Последната промена е направена од LAUTKA на Сре 22 Сеп 2010, 5:15 pm. Мислењето е променето 1 пати

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
ИХРАМСКИ ЗАБРАНИ (МАХЗУРАТ)


По облекувањето на ихрамот и донесувањето нијет и преземање на сите хаџски обврски, на хаџијата му се забрануваат следниве работи:

- Интимен однос со својата жена. Возвишениот Аллах вели: „Оној кој ќе се обврзе во нив да изврши хаџ не смее да има однос со жената.“ (Ел-Бекаре, 197) Во забраната за интимен однос влегува и секое дејство кое евентуално би довело до таквиот чин, како што се бакнување, страсно допирање, веридба и др.

- Правење гревови. Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: „Оној што ќе изврши хаџ, и нема однос со жената и не греши, ќе се врати дома чист од гревови како тој ден да го родила мајка му.“

- Кавга и расправање. Возвишениот Аллах вели: „Хаџот се извршува во познати месеци. Па, оној што ќе ја прифати таа обврска за време на хаџот не смее да има однос со жената и не смее да работи зли постапки а ниту да се кара..“ (Ел-Бекаре, 197)
Мустехаб е хаџијата што помалку да зборува, а што повеќе да прави зикр, освен ако неговото зборување биде корисно и шеријатски оправдано, како што е предавање или поучување со шеријатските прописи.

- Облекување шиена облека за мажите (за жените е дозволено), како што е кошула, внатрешни алишта, носење на капа и сл. Ако во некој случај заради здравствени причини е потребно да се облече нешто од шиена облека, тогаш треба да се подели садака.

- Се забранува отстранување на влакна од телото, сечење нокти, бричење или потстрижување. Возвишениот Аллах вели: „А главите свои, додека курбаните не стигнат до местата свои, не бричете ги.“ (Ел-Бекаре, 196)

- Склучување брак за себе или за некој друг, со или без посредство. Од Осман р.а. се пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Мухримот не смее да се жени а ниту некого да жени и за никого нема да прави веридба.“ (Тирмизи) Додека ханефиите сметаат дека на мухримот му се дозволува венчан договор.

- На хаџијата забрането му е употреба на мирис и сите средства кои содржат мирис како што е сапун и сл. Ако се случи некој хаџија да умре во текот на извршување на хаџските обреди, нема да му се покрива лицето и нема да се намирисува, според зборовите на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. кој им наредил на своите асхаби како да го подготват еден хаџија кој умрел во ихрам: „Немојте да му ја покривате главата и не намирисувајте го, бидејќи на Судниот ден ќе биде оживеан изговарајќи телбије.“

- Не смее да ја покрива главата или лицето. Под покривање се мисли на облекување нешто на глава како што е капа, но не и покривање на пр. со чадор, тоа е дозволено. Што се однесува до жената таа нема да го покрива своето лице, а ако биде присилена од страв за фитне, тогаш само ќе се закрие, и нема да облекува ракавици. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Жената нема да носи никаб – да покрива лице и нема да облекува ракавици.“ (Бухари и др.)

- На хаџијата му се забранува лов по копно, или некого да упатува на лов или да му покаже на улов, или да заколе некое домашно животно како на пр. крава или овца. Возвишениот Аллах рекол: „О верници, немојте да убивате дивеч додека извршувате обреди од хаџ.“ (Ел-Маиде, 95) Под лов се мисли на животни кои се дозволени да се јадат, и на оние кои не е дозволено да се јад

5НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Empty прирачник за хаџ Сре 22 Сеп 2010, 5:16 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
ТАВАФ



Под таваф се мисли на кружно вртење ок-олу Кабе седум пати, во одреден простор и време, и има свои ваџиби, суннети и мекрухи.

Просторно таваф мора да се изврши во границите на Харемот на Мека, па дури и да се кружи околу Земзем. Временски постојат три тавафи:


- Тавафу-л-кудум (поздравен таваф), се изв-ршува при пристигнување во Мека па се до поаѓање на Арефат.

- Тавафу-л-Ифаде (зијаре) кој е фарз а се извршува од зората на првиот ден на Курбан бајрам, значи по стоење на Арефат.

- Тавафу-л-Вед'аа (проштален таваф), кој се извршува при напуштање на Мека.


а) Ваџиби на таваф се:


- нијет при започнување на тавафот, бидејќи за секое добро дело за да биде исправно потребно е донесување нијет. Оттука и оној кој прави таваф мора со срце да донесе нијет дека тавафот го прави од побожност и покорност кон Возвишениот Аллах,

- кружењето околу Кабе да го започне од Хаџерул-есвед. Ако хаџијата не го направи тоа, треба да го повтори тавафот.

- да биде прописно облечен како што е ваџиб да се покрие во намаз, бидејќи тавафот зема статус на намаз. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Таваф околу Кабе е како намаз, само што во таваф може да се зборува. Затоа оној кој зборува, нека зборува само добро и убаво.“ (Тирмизи)

- да се биде чист од мал и голем хадес, т.е. да се биде со абдест, бидејќи преданието кажува дека тавафот околу Кабе има статус на намаз, а за намаз потребно е чистота. Според тоа оној кој прави таваф без нијет, без абдест или ихрам или биде непрописно облечен, тавафот му е неисправен и должен е да го поправи.

- сите седум кружења, како целина во Тавафу-л-кудум и Тавафу-л-вед'аа се ваџиби. Имено, ако се изостават четири круга во еден од двата тавафа, мора да се заколе курбан.

- по секое кружење околу Кабе (таваф) се клањаат два реката, без оглед на видот на тавафот. Добро е овие рекати да се клањаат веднаш после таваф. На првиот рекат по Фатиха ќе учи „Кул ја ејјухел-кафирун“ а на вториот „Кул хуваллаху ехад“ (Муслим)



Суннети на таваф се:


- Ремл т.е. во првите три круга да се тресат рамениците со забрзано одење. Разбирливо ако тоа го дозволуваат можностите.

- Идтиба', да биде десното рамо откриено. Тоа е суннет само при тавафул-кудум, и тоа за време на сите седум круга на таваф. Ова се однесува само за мажите.

- Да се бакне Хаџерул-есвед ако е можно, а доколку не е, да се допре со рака или да се позд-рави или покаже со рака.

- на почетокот на првиот круг на тавафот да се проучи:


بِسْمِ اللهِ وَاللهُ أَكْبْر، الَّلهُمَّ إِيمَاناً بِكَ، وَتَصْدِيقاً بِكِتَابِكَ وَوَفَاءً بِعَهْدِكَ، وَاتِّبَاعاً لِسُنَّةِ نَبِيِّكَ محمد

(Бисмиллахи, валлаху екбер, аллахумме ијманен бике, ве тесдијкен би китабике, ве вефаен би ахдике, вет-тибаан лис-суннети небијјике Мухаммед)

- Во текот на таваф да се учат. Всушност според прописите на верата точно не е одредено кои дови да се учат, секој може да учи дова која сака или знае, со тоа што суннет е кога ќе го завршува секој круг да вели:

الَّلهُمَّ آتِنَا فِي الدُّنْيَا حَسَنَةً، وَفِي الآخِرَةِ حَسَنَةً، وَقِنَا عَذَابَ النَّار.

(Аллахумме раббена атина фид-дунја хасенетен ве фил-ахирети хасенетен ве кина азабен-нар)

- Кога ќе дојде до јеменскиот агол на Кабе (рукнул-јемани) да го допре со рака, а црниот камен (хаџерул-есвед) да го бакне, како што се пренесува во сахих хадис на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.

- По клањање на два реката зад Меками-Ибрахим, да се отиде кај изворот Земзем.

(Доказ за сето ова е постапката на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. која е објаснета во ПроШталниот хаџ)

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
Мустехаби на таваф се:


- Во таваф да се биде прибран, понизен со чувство на страв и почит кон Аллах џ.ш.,

- Да не се разговара во таваф освен по пот-реба, а ако се зборува да се зборува само добро и корисно,

- Да не се вознемирува никој во таваф, без оглед дали тоа е со зборови или со постапки,

- Што повеќе да се прави зикр, да се учат дови и да се донесуваат салавати на Мухаммед с.а.в.с.

- Да се чува погледот од гледање во туѓи жени и од с# што оддалечува од понизност.


Формата и начинот на Тафавот


Најпрвин да влезе во Месџидул-Харам чист и прво што ќе направи е да влезе во Таваф со откриено десно рамо а покриено лево рамо со ихрам. Потоа ќе дојде кај Хаџерул-есвед (црниот камен) ако има можност, ќе се сврте кон него и ќе застане исправен со нијет да изврши таваф, потоа ќе рече „Бисмиллахи, валлаху екбер, аллахумме ијманен бике, ве тесдијкен би китабике, ве вефаен би ахдике, вет-тибаан лис-суннети небијјике Мухаммед.“ Потоа ќе почне со Таваф така што Кабето да му биде од неговата лева страна, потоа ќе поита ако е во Тавафул Кудум, правејќи дови, зикр, донесувајќи салавати на Пејгамберот а.с., се додека стигне до Јеменскиот агол. Кога ќе стигне тука, ќе го поздрави со рака и ќе го заврши кругот со довата: „Аллахумме раббена атина фид-дунја хасенетен ве фил-ахирети хасенетен ве кина азабен-нар“ И така на ист начин ќе го прави вториот круг и третиот.. во почетокот на четвртиот круг нема повеќе да брза.

По завршување на Тавафот ќе дојде зад Мекаму Ибрахим и ќе клања два рекати зад него учејќи на првиот рекат по Фатиха суре (Ел-Кафируун) а на вториот рекат (Кулхуваллах). По клањањето на намазот, ќе оди до кај изворот Земзем кој се наоѓа во непосредна близина од Кабето и ќе се сврте кон Ка'бе, ќе пие од него, како што правел Пејгамберот а.с., молејќи се на Аллах џ.ш. за своите преокупации и сл. Се пренесува од Ибн Аббас р.а. се молел со довата: „О Аллах, Те молам да ми подариш корисно знаење, обилен ризк и лек од секоја болест.“

7НАБЛИЖУВА ПЕТИОТ СТОЛ НА ИСЛАМОТ,,ХАЏ,,, Empty ПРИРАЧНИК ЗА ХАЏ.. Пет 08 Окт 2010, 4:56 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
АДАБИ И ПРОПИСИ ПРИ ПОСЕТА НА МЕДИНА МИНЕВВЕРА


Медина е второ светилиште за муслиманите, таа е Пејгамберов харем и место на спуштање на Објавата. Како таква Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. ја прогласил како свето место, како што пред него пејгамберот Ибрахим а.с. ја прогласил Мекка за свето место. Оттука, хаџијата штом пристигне во Медина треба да се потсети дека се наоѓа на тлото каде што чекорела ногата на Мухаммед с.а.в.с., кадешто е основана првата исламска држава и администрација, кадешто никнал и процветал исламот во сите негови сегменти. По сместувањето во хотел, хаџијата заедно со неговиот водич ќе одат во посета на џамијата на Пејгамберот а.с., бидејќи таа посета се смета за чин на ибадет и за тоа како и за другите побожни дела потребно е да се донесе нијјет, оти делата се мерат според намерата. Затоа, најпрвин треба да се потруди да биде чист, под абдест и прописно облечен. Еве неколку прописи и адаби при посета на Медина:


Да влезе во Пејгамберовата џамија со смиреност и достоинство, влегувајќи со десна нога и велејќи: (Бисмиллахи, вес-салату вес-селаму ала ресулиллахи! Аллахумме-гфир ли зунуби вефтах ли ебвабе рахметике!) „Во име на Аллах! Нека е благослов и мир на Аллаховиот Пратеник! Аллаху мој, прости ми ги моите гревови и отвори ми ги капиите на Твојата милост!“


Потоа ако биде во можност да отиде до Ревдаи-шерифе (Тоа е место кое се наоѓа меѓу Пејгамберовиот гроб и неговиот минбер) и тука клања Техијјетул-месџид и некое нафиле ако сака. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. за Ревда рекол: „Она што е измеѓу мојата куќа и мојот минбер се смета за бавча од џеннетските бавчи.“ (Бухари)
Кога ќе заврши со намаз – техијјетул-месџид- ќе се упати кон Пејгамберовиот гроб, каде свртен кон него ќе му даде селам со зборовите:

السَّلامُ عَلَيْكَ يَا رَسُولُ الله، السَّلامُ عَلَيْكَ يَا نَبِيَّ الله، السَّلامُ عَلَيْكَ يَا خَيْرَ خَلْقِ الله، السَّلامُ عَلَيْكَ يَا حَبِبَ الله، السَّلامُ عَلَيْكَ يَا نَبِيَّ الرحمة، السَّلامُ عَلَيْكَ يَا أبَا القَاسِم، السَّلامُ عَلَيْكَ يَا رَسُولُ رَبِّ العَالَمِينَ، السَّلامُ عَلَيْكَ يَا سَيِّدَ الْمُرْسَلِينَ وَخَتَمُ النَّبِيِّينَ، أّشْهَدُ أنْ لاَ إلَهَ إلاَّ الله وَحْدَهُ لاَ شَرِيكَ لَه، وَأشْهَدُ أنَّكَ عَبْدُهُ وَرَسُلُهُ، وَأشْهَدُ أنَّكَ قَدْ بَلَغْتَ الرِّسَالَةَ وَأدَيْتَ الأَمَانَةَ، وَنَصَحْتَ الأُمَةَ، وَجَهَدْتَ في الله حَقَّ جِهَادِه.
“Ес-селаму алејке ја ресулаллах, Ес-селаму алејке ја небијјаллах, Ес-селаму алејке ја хајре халкил-лах, Ес-селаму алејке ја хабибеллах, Ес-селаму алејке ја небијју-р-рахмети, Ес-селаму алејке ја ебе-л-Касими, Ес-селаму алејке ја ресулу рабби-л-алемине, Ес-селаму алејке ја сејјиду-л-мурселине ве хатему-н-небијјине, Ешхеду ен ла илахе иллал-лаху вахдеху ла ерике лех, ве ешхеду еннеке абдуху ве ресулух, ве ешхеду еннеке кад беллагте-р-рисалете ве едејте-л-еманете, ве несахте-л-ум-мете, ве џахедте филлахи хакка џихадих.“


Место каде лежи гробот на Мухаммед а.с. и неговите асхаби Ебу Бекр р.а. и Омер р.а.


Потоа ќе се помери малку надесно (колку еден чекор) и ќе му даде селам на Ебу Бекр, р.а. со следниве зборови:

السَّلامُ عَلَيْكَ يَا أبَا بَكْرٍ صَاحِبُ رَسُولُ لله، وَثَانِيهِ في الغَارِ، جَزَاكَ الله عَنْ أمَّةِ نَبِيِّهِ خَيْراً.

„Ес-селаму алејке ја Еба Бекрин, сахибу ресулул-лахи, ве санијхи фил-гари, џезакеллаху ан умметихи небијјихи хајрен.”


Потоа пак малку ќе се помери и ќе му даде селам на Омер р.а., со следниве зборови:
السَّلامُ عَلَيْكَ يَا عُمَر، أعَزَ الله بِكَ الإسْلاَمَ، جَزَاكَ الله عَنْ أمَّةِ مُحَمَّدٍ خَيْراً.
"Ес-селаму алејке ја Умер, еаззеллаху бике-л-исламе, џезакеллаху ан уммети Мухаммедин хајрен.”

Не е дозволено да се прави таваф (кружи) околу гробот на Пејгамберот, с.а.в.с., ниту околу целата џамија, а ниту да се допира или бакнува оградата заради бериќет, туку посетата да се изврши на најскромен можен начин, и што повеќе намази да се исклањаат во Харемот, посебно кога се знае колкава е вредноста на четириесет намази редовно исклањати во неа.


Потоа ако сака нешто да го замоли Аллах џ.ш., ќе се сврте кон кибле, ќе ги крене рацете и ќе се моли за себе, за своите пријатели и сите муслимани.


Хаџијата не смее да го подига својот глас освен колку е потребно самиот да се слушне себеси. Се пренесува од Омер р.а., дека ги видел двајца туѓинци како креваат глас во Пејгамберовата џамија и им рекол: „Ако вие двајца бевте мештани од овој град, ќе ве удрев со камшик.“

Хаџијата во текот на својот престој во Медина, ќе ги посети значајните исламски историски места кои се наоѓаат во Медина како што е брдото Ухуд,


каде во неговото подножје се наоѓа гробот на Хамза, р.а. кој паднал шехид во битката на Ухуд и при негова посета ќе се рече: „Ес-селаму алејкум ехлед-дијар минел-муминиин вел-муслимиин, ве инна иншааллаху бикум лахикун. Неселуллахе лена ве лекум ел-афије.“

Треба да се посети познатата џамија Киблетејн, потоа џамијата Куба (прва изградена џамија во историјата на исламот) Особено кога се знае вредноста на два рекати намаз во неа.


Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Кој се исчисти во својата куќа потоа отиде во месџид Куба и клања во него еден намаз, ќе има награда како умра.“ (Ахмед, Несаи, Ибн Маџе и др.)

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
ПОДАТОЦИ ЗА ЕЛ-МЕДИНЕ ЕЛ-МУНЕВВЕРЕ


Медина е сместена на 625 м надморска височина. Се наоѓа 430 км. северно од Мекка, а 150 км. источно од брегот на Црвеното море. Во последните три децении популацијата на жители се зголемила неколку пати. 1992 г.- 1413 х. забележани се 608.000 жители. Во неа застапена е сува клима. Температурата се движи од 30° С до 46° С а во зима од 15° С до 25° С. Медина има 90 имиња, од кои најпознати се: Ел-Медина Ел-Муневвера, Тајјиба, Дарул-Фетх, Дарус-Селам, Ел Мубарека и др.
Во харемот се наоѓаат 27 големи подвижни кубиња, рамномерно распоредени. Внатрешната површина е прекриена со арабески, од скапо дрво, скапоцености и злато. Тежината на злато изнесува 2 кг. по секое кубе.

Сите врати се обложени со златни арабески и се отпорни на оксидација.

Харемот има 6.800 абдесани и 3.500 купатила.





Проширување на мединскиот харем

Пред проширување, мединскиот харем заз-емал простор од околу 16.500 м² и можел да прими 28.000 клањачи.

Проширување на мединскиот харем зазема простор од околу 247.500 м² и може да прими 250.000 клањачи.

Се вкупно изгледа вака:


Подрумот и првиот кат заземаат простор од околу 98.000 м² со 165.000 клањачи.


Покривот е поплочен со мермер, зазема простор од околу 67.000 м² и има капацитет од 90.000 клањачи.
Околу Харемот има простор од 235.000 м² со капацитет од 500.000 клањачи.
Изградени се две градби со копмлекс на ескалатори и нивниот број изнесува 24.
18 ескалатори се на располагање на клањачите а останатите на техничкиот персонал.
Изградени се 2.266 столбови кои се обложени со мермер и украсни кругови од бакар. Во нив се вградени звучници, додека во мермерските постолиња се направени бакарни отвори за уредите на разладување.
Направени се 68 големи лустери и 3 помали, кои се направени од бакар и кристал.
Поставени се 7.370 сијалици со кучиште од полиран бакар; 9.128 плафонери со бакарен пречник и стакло на кое е изгравирано името на Аллах џ.ш., и уште 4.000 обични плафонери.
Вградени се 6.000 најсовремени камери со можност од зумирање на сликата и звукот.
Столбови за покрив 500.
 Број на минариња 10.
Височина на главното минаре 44.53 м
Височина на минарето Бабус-Селам 38.85 м
Височина на двете минариња во првото Сауд. проширување 72. м
Височината на шесте минариња во второто Саудиско проширување 104 м.
Број на врати 85. со широчина од 3 м. и височина 6 м.
Подземниот паркинг зафаќа простор од околу 290.000 м² со преку 4.000 пракинг места. Сé е покриено со мермер. Над паркингот се наоѓа површина од околу 235.000 м² со капацитет од 500.000 клањачи.
Харемот е простран со најубави видови на сеџадиња (теписи), додека неговата вкупна должина изнесува 150.000 м. Вкупната цена на простирката изнесува 40.000.000 саудиски ријали или околу 10.000.000 ЕУ.
Конечно работите и зафатите на Харемот завршиле во вторник 2. сафер 1409 год.
Проширувањето на двата харема изнесувало преку 42.000.000.000 ријали, што изнесува околу 10.500.000.000 ЕУ.






Под зеленото кубе се наоѓа гробот на Мухаммед а.с.

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЕЛ-МЕККЕ ЕЛ-МУКЕРРЕМЕ



Мекка се простира на 330 м. надморска височина, покривајќи простор од околу 4.800 хектари. Бројот на жители изнесува над еден милион.
Кабето го изградил Ибрахим а.с., заедно со неговиот син Исмаил, а.с., Султан Мурад б. Ахмед извршил обнова на Кабето двапати 1039 х. год. Последна и најпозната обнова и проширување го извршил кралот на Саудијска Арабија, Фахд ибн Абдулазиз.

Димензии на Кабето



Височината на Кабето изнесува 15 м. Широчината на Хаџеру-л-есвед изнесува 30 см. Излиен е со сребрен пречник. Височината на МекамуИбрахим изнесува 75 см, а обемот 180-130 см.

Височината на Хаџерул-Исмаил изнесува 1 м, додека од Кабе е оддалечен 1 м.
Харемот може да прими преку 695.000 клањачи во нормални околности; додека за време на хаџ или умра преку милион клањачи. Харемот е ограничен со девет минариња. Нивната височина изнесува 89 м.

Вратата на Кабе

Подигната е над земја …….. 2,25 м.
Височина на вратата ……… 3,06 м.
Широчина на вратата …….. 1,68 м.
Вратата е подарок од кралот Халид ибн Абдулазиз. Вратата е изработена од чисто злато 99,99 %. Тежината изнесува 280 кг, а вреди 13 милиони и 420 илјади саудиски ријали.


Проширување на меканскиот харем

Пред проширување меканскиот харем заземал простор од околу 151.000 м² и можел да прими околу 313.000 клањачи.
Проширувањето на меканскиот харем зафатило простор од околу 269.000 м² истото може да прими 576.000 клањачи.

Сé вкупно изгледа вака:

 Подрумот и првиот кат заземаат простор од околу 57.000 м² со 128.000 клањачи.
 Вториот кат зазема простор од околу 19.000 м² со 42.000 клањачи.
 Покривот зазема простор од околу 42.000 м² со 93.000 клањачи.
 Просторот кој го окружува харемот зазема површина од околу 88.000 м² со 195.000 клањачи.
 Изградени се девет минариња со по 89 м.
 Изградени се 3 огромни кубиња со пепелеста боја.
 Изграден е еден голем и главен влез, и уште 18 други споредни влезови.
 Изградени се уште две градби со комплексот со ескалатори, нивниот број изнесува 56.
 Изградени се два главни лифтови за потреба на клањачите, два лифтови за минариња и два лифтови за услуга.
 Изградени се 8 внатрешни ескалатори за клањачи.
 Изградени се 1.453 столбови кои се обложени со мермер. Од нив 1.120 столбови имаат на себе круна и потпирач од мермер со отвори за разладување, а 333 се обични столбови.
 Направени се 71 лустер и 160 плафонери, и 718 сијалици за надворешно расветлување. Сé е тоа направено од бакар и кристал.
 Поставени се 5.135 флуросцентни сијалици, 174 рефлектори од 400  и 672 сијалици со 250 .
 Капцитетот за ладење на вода земзем изнесува 60 т.




Сафа и Мерва

Должина …… 395 м.
Широчина ….. 20 м.

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот