Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Кои се тоа суфиии EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Кои се тоа суфиии EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Кои се тоа суфиии EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Кои се тоа суфиии EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Кои се тоа суфиии EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Кои се тоа суфиии EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Кои се тоа суфиии EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Кои се тоа суфиии EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Кои се тоа суфиии EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Кои се тоа суфиии EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Кои се тоа суфиии EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Кои се тоа суфиии EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Кои се тоа суфиии EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Кои се тоа суфиии EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Кои се тоа суфиии EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 7 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 7 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Кои се тоа суфиии Vote_lcapКои се тоа суфиии Voting_barКои се тоа суфиии Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Кои се тоа суфиии Vote_lcapКои се тоа суфиии Voting_barКои се тоа суфиии Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Кои се тоа суфиии Vote_lcapКои се тоа суфиии Voting_barКои се тоа суфиии Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Кои се тоа суфиии Vote_lcapКои се тоа суфиии Voting_barКои се тоа суфиии Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Кои се тоа суфиии Vote_lcapКои се тоа суфиии Voting_barКои се тоа суфиии Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Кои се тоа суфиии Vote_lcapКои се тоа суфиии Voting_barКои се тоа суфиии Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Кои се тоа суфиии Vote_lcapКои се тоа суфиии Voting_barКои се тоа суфиии Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Кои се тоа суфиии Vote_lcapКои се тоа суфиии Voting_barКои се тоа суфиии Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Кои се тоа суфиии Vote_lcapКои се тоа суфиии Voting_barКои се тоа суфиии Vote_rcap 
Haqq (253)
Кои се тоа суфиии Vote_lcapКои се тоа суфиии Voting_barКои се тоа суфиии Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Кои се тоа суфиии Empty Кои се тоа суфиии Нед 03 Апр 2011, 12:50 am

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
Кои се тоа суфиии





Кои се тоа суфиии 196331_204196839610523_100000606261059_654869_5776228_n


Суфизам – доаѓа од зборот тесавуф, што значи мистицизам.

Мистицизмот нема подлога во оригиналното и темелно учење на исламот, ниту пак во проповедањето и делувањето на Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него.
Се карактеризира со многу христијански, хиндуски и други пагански обичаи, меѓу кои и барањето посредништво од мртвите, признавање светци и молење на нив и на нивните гробови.
Тоа претставува новотарија во верувањето и делувањето на некои муслимани, а со самото тоа го загрозува нивното припадништво кон исламот, па така неосновано се отфрла од рамките на исламот.

Накшибендискиот тарикат, иако најблизок до изворното исламско учење, е еден од многуте тарикати, односно, патишта на спознавање на Бога и духовно воздигнување на степени познати само на нив. Тарикатите вообичаено се нарекуваат по нивните основачи кои на луѓето им ги откривале своите таинствени учења и патишта. Ваквата поделба е надвор од учењето во Куранот и праксата на Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, па исламот се оградува од неа .


Телото има свои потреби. Воздржувањето од нив, по мислењето на научниците е штетно. Секој зухд или тесавуф што ги скратува тие потреби, нема врска со исламот. Кога исламот се бори против материјалистите, тогаш тој мисли на предебелите развратници и на тешките и распуштените уживачи на страстите.

Меѓу суфиите биле и оние кои сметале дека надевањето во Бога, неизвршување на причините и неупотребување на средствата. Не работи на собирање на прехрана, чека таа да му дојде без работа; го остава болниот без лечење и се надева дека ќе оздрави без лек; заминува во пустината без храна и се надева дека таа самата ќе му дојде; не ја бара науката и верува дека знаењето ќе му дојде без барање. (ова не ве подсеќа на монаштвото)
Аллах да не сочува од искривување на Неговата вера!







Зборувајќи за суфиите и ставот на исламските научници кон нив шејхул – ислам Ибн Тејмијје вели:

“ Така една група негативно ги окарактеризирала суфиите и тесаввуфот, и рекла дека се новотари , оние кои што го напуштиле Суннетот на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.. Овој говор е пренесен од еден број научници и нивниот говор за нив е познат. Во нивниот став за суфиите нив ги следеле групи научници на фикхот и келамот.

Втората група претерала по прашањето на суфиите, тврдејќи дека тие се најдобрите створенија и најпотполните после пратениците.Двата става не се исправни. Исправно е дека има меѓу нив такви кои што се трудат во покорноста кон Аллах џ.ш., како што е случај и со другите групи. Така меѓу нив ( суфиите ) има и такви кои имаат предимство, сходно на нивниот труд, има и такви кои се “ средни “ , а во двете групи има и такви кои што се трудат па грешат, и прават грев, па се покајуваат или не се покајуваат.

Меѓу нив исто така има и такви кои што се огрешиле према себе и кои му се непокорни на својот Господар.

На групата на суфиите им се припишала групата на новотарите и отпадниците, но научниците од редовите на суфиите таквите не ги сметаат дека се од нив,како Халлаџ кого го оспориле мнозинството на суфиските научници, како Џунејд ибн Мухаммед, предводникот на оваа група и некои други. Ова го спомна шејх Ебу Абдир-Рахман ес – Сулеми во делото “ Tabekatu Sufijje “ и Хафиз Ебу Бекр ел – Хатиб ел – Багдади во “ Tarihu Bagdad”. ( Medzmuatu-l-fetava, 11/14). “

Овој говор на шејхул – ислам Ибн Тејмијје го потврдил и шејх Абдул Кадир Арнаут, кога рекол: “ Сметам дека исправното значење на тесаввуфот ( суфизмот ) е : омекнување на срцето и одгој на душата, онака како што тоа ни го појаснува Ибнул Кајјим во своите дела. Првата книга која што остави длабока трага во мене беше “ El – vabil es – sajjib minel – kelimit – tajjib “ ( книга која што зборува за вредноста на зикрот). Меѓутоа, кога се во прашање книгите од тесаввуфот ( суфизмот ) кои што се далеку од исправниот степен, не ги користам и ги критикувам таквите дела .” ( Kesfu lisam, 34 ).

Еден Босански алим (учењак,научник) Мехмед Ханџиќ појаснува исто така дека намерата на тесаввуфот ( суфизмот ) во неговото прво доба кога се појавил била чистење на душата. Меѓутоа, тоа било, како што вели Ханџиќ:

“ Додека помеѓу присталиците на тесаввуфот ( суфизмот ) не се вовлекоа пантеистички идеи и на Исламот спротивни мислења и назори кои што на сила ги трпаа под капата на исламот.” ( Izabrana djela, 2 /189)

На голема жалост на мнозинството од оние кои себе си се нарекуваат суфии, во наше време и на нашите простори, тие и припаѓаат на онаа група која што ја опишал Ханџиќ, а која што е далеку од Исламот. Така што ќе видиме дека мнозинството од нив своето учење го темелат на делата од Ибн Ареби, Халлаџ и други, личности ( суфии) кои што исламските научници ги прогласиле за еретици – отпадници.

Хафиз Бурхануддин ел – Бикаи напишал посебно дело кое се вика “ Tenbihul – gabijj ila tekfiri ibn Arebijj “, кое го посветил на појаснувањата за неверството на Ибн Ареби и сличните на него. Во своето дело спомнал десетина учењаци, меѓу кои има многу од оние кои го носеле називот “ шејхул – ислам “ ,а кои јасно Ибн Ареби го прогласиле за еретик.

Покрај ова денешните суфии исто така се ПРОПАГАТОРИ НА ШИИТСКАТА ИДЕЈА. Така што во своите текии ја величат шиитската улема, како Хомеини и другите водачи на оваа заблудена секта.

Кај научниците на Ехлис - сунне вел – џема,ат постои јасен став и нема никакво разминување дека шиитите се една од многубројните секти чија што појава ја најавил Мухаммед с.а.в.с. во своите хадиси. Ова сфаќање е општо прифатено кај сите научници од нашите простори. Помеѓу оние кои што тоа го споменувале во своите дела биле : Хасан Кафи Прушчак, Мехмед Ханџиќ, Мухаммед ибн Пир Али ел – Биргави и др.

Овој последниот го напишал трактатот “ Tuhfetul mustershidin fi bejani firekil muslimin “
( Подарок за трагачите на вистината за коментирањето на учењето на исламските фракции).

Зборувајќи за рафидиите- шиити, помеѓу останатото вели : “ Бог да ги направи проклети поради она што го зборуваат !” ( Anali 11 – 12 ).

Денешните шиити не се разликуваат од претходните ,како што тоа некои сакаат да ни го прикажат. Доколку погледнеме во делата на нивниот современик Имам Хомеини ќе се увериме во тоа. Овој нивен “ Имам “ тврди дека нивните “непогрешливи имами “ се подобри од пратениците и мелеките.Потоа дека асхабите го искривиле Кур,анот,како што тоа го направиле евреите и христијаните со Тевратот и Инџилот, и уште мноштво други заблуди.

На Босански јазик е преведена книгата “ Dvije oprecne slike kod ehli sunneta i shiija imamija “ од познатиот алим Ебул Хасан Ен Недеви,која топло ви ја препорачувам да ја најдете и прочитате, а која ни дава еден приказ за шиитите и нивното учење, а посебно за учењето и идејата на сегашните шиити кои што се на власт во Иран.

Според она што го изнесов,сами проценете дали суфизмот е нешто друго ,освен продолжена рака на шиитското учење.

Аллах да не сочува од него!

Al-Ghuraba

Al-Ghuraba
Модератор
Модератор
Кои се тоа суфиии 820124

Во името на Аллах, Сомилосниот, Милостивиот!


Дефиниција за Суфија

Зошто се нарекуваат со ова име?

Зборот “Суфизам“ потекнува од грчки збор “Софија“ и значи мудрост. Исто така овие зборови укажуваат на волнени облеки (Суф). Овој збор би бил најисправен на нивното име, затоа што волнената облека означувала аскетизам (Зухд). Се пренесува од Шејху-ул-Ислам ибн Тејмијје (рахимехуллах) во Меџму –ел- Фетва“ (11/7) дека до Мухаммед Бин Сирина дошла вест дека има еден народ кој облекува волнена облека за да изгледале како Иса син Мерјемин. Па тој рекол:

“Има еден народ кој носи и кој препорачал носење на волнена облека тврдејќи дека така ќе изгледаат како Месих син Мерјемин. Меѓутоа, ние се држиме за Пратениковиот пат, а тој (саллаллаху алејхи ве селлем) облекуваше волна а и други ткаенини.


Вистинското појавување на Суфија

Што се однесува до појавување на суфија, име “Суфизам“ било непознато во времето на асхабите. Навистина било непознато во времето на првите три генерации. Шејху-ул-ислам ибн Тејмијје (рахимехуллах) рекол дека Суфиите по прв пат се појавиле во Басри во Ирак. Таму некои луѓе претерувале во обожавањето (ибадах) и одрекнување од оводуњалучкиот живот, што никаде друго не било видено. [1]

Како се појавиле Суфиите?

Во неговиот почеток не постоеше ништо што целосно се разликува и судира (од вистината), туку тоа беше само претерување во аскетизмот, извршување на зикрот и поседување на неверојатни богобојазности кога се потсетувале на Аллаха. Некогаш толку би претерувале дека паднуваа во несвесници а и умирале кога би слушале ајети во кои се споменува казна. Може да се запази во историјата дека судијата Басре, Бин Ауфа, во текот на Сабах намаз учеше:

“А кога во сурот ќе се дувне.“ [2]

и веднаш потоа паднувал мртов. Исто така постои случка во историјата за Ебу Џехер слепецот, паднал мртов кога Салих ел-Мурри читал од Кур’анот, додека другите занемиле.

Шејх-ул-Ислам ибн Тејмијје дадол свој коментар на ова:

“Меѓу асхабите и следбениците после нив ова не се случувало и тие тоа го осудија на некои од нив: Есма ќерката на Ебу Бекр, Абдуллах бин ез-Зубејр и Мухаммед бин Сирини.Тврдеа дека такво нешто е Бидат (новотарија) и се спротиставува на делата од асхабите.“ [3]

Ибн-ул-Кајјим ел-Џевзи вели:

“Суфизмот е правец кој во почетокот е основан на воздржување од оводуњалучкиот живот, како би после тоа следбениците на тој правец започнале да се занимаваат со музика и танцување. Со тоа, нив им се придружија тие кои брзаа за животот после овој (живот) поради нивното очигледно одрекнување од овој свет и поради едноставното и брзгрижно живеење.“ [4]

За појатавта на Суфија и нивното потекло, Шејх Ебу Зехра (рахимехуллах) рекол:

“Прв извор: Некои од муслиманите го посветуваа сето внимание од овојдуњалучки живот за во целост се посветат во ибадет. Ова започнало во времето на Пратеникот (саллаллаху алејхи ве селлем), кога некој од следбениците одлучија да ја поминат ноќта во не спиење и не клањајне. Други одлучија да постат секој ден, додека некои одржаваа браќни врски со жените. Кога Пратеникот (саллаллаху алејхи ве селлем) го дознал ова, рекол:

“Што е со луѓето кои зборуваат така? Јас постам и го прекинувам постот, клањам но и спиам и се женам со жените. Оној кој ќе сврти грб на мојот Суннет не е од мене.“ [5]

Покрај тоа, и Кур’анот го забранува монаштвото:

“...Додека монаштвото тие сами, како новотарија, зедоа...“ [6]

После преселувањето на Пратеникот (саллаллаху алејхи ве селлем) и неговото придружување поголемото друштво меѓу мелеките, и прифаќање на Исламот од страна на голем број луѓе од други вери се зголемил бројот на оние кои претеруваа во изолирање од овој дуњалучки живот и неговите благодати. Така луѓето пронајдоа место во срцата на овие луѓе, а срцата им беа како плодна земја.

Друг извор кој ги привлечи душите на луѓето е нешто што се појавило кај муслиманите во две идеологије. Една е филозофска додека другата има корења во поранешните вери. Што се однесува до првата идеологија, филозофското мислење е дека знаењето и спознавањето допираат до душата врз помош на душевни вежби и чистење (на душите), а што се однесува до другата, таа претставува верување кое се основува на убедување дека божанството допира до човечките души и дека се отелотворува во човекот. Во времето кога муслиманите започнале да се помешуваат со христијаните ова верување започнало да се зема упорно меѓу сектите кои во поранешните денови лажно се припишуваа на Исламот. Ваквото верување се појавило кај Сабиера и Кајсамијја, потоа кај Карамита, Батинија како на крајот се земало упорно кај некои Суфии...
Има уште еден извор кој го користат, а ко го открива Суфизмот. Тоа е дека текстовите во Кур’анот и Суннетот имаат ванско (захир) и скиено (батин) значење. Јасно се гледа дека го зедоа ова учење од Батинија.“ [7]

Сите овие идеологии меѓусебно се измешале, почнувајќи од претерувањето во воздржување од оводуњалучкиот живот до учење кое значи дека божанството се покажува во човечки лик и дека создавањето во една единствена целина а тоа е Аллах. Како резултат на овие измешани идеи, доаѓа до појава на Сифиите во Исламот. После 4-тиот и 5-тиот век ќе бидат се екстремно. Го достигнаа врвот на оддалеченост од Чесниот Кур’ан и Суннетот чистите упатства.

Достигнато е такво ниво дека пристаниците Суфиски се сите оние кои следат Кур’ан и Суннет нарекуваа, “Луѓе на шеријатот“ и “Јани луѓе“ а себе се нарекуваа “Луѓе на вистината“ и “Луѓе на скриеното“.

Автор: Шејх Мухаммед бин Раби ел-Медхели

Извор: Haqîqat-us-Sufijjah fî Dhaww-`il-Kitâb Was-Sunna

Превод и Обработка: Ахли-Суннах
-----------------------------------------

[1] Меџму-ел-Фетва 11/6

[2] 73:8

[3] Меџму-ел-Фетва 11/6

[4] Талбис Иблис стр. 126

[5] Бухари и Муслим

[6] 57:22

[7] Книга “Ибн Тејмијје“ стр. 197-198 од Ебу Зехре


https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот