Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 14 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 14 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Vote_lcapУБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Voting_barУБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Vote_lcapУБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Voting_barУБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Vote_rcap 
Muwehhid (937)
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Vote_lcapУБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Voting_barУБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Vote_lcapУБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Voting_barУБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Vote_lcapУБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Voting_barУБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Vote_lcapУБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Voting_barУБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Vote_lcapУБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Voting_barУБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Vote_rcap 
Monoteizam (343)
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Vote_lcapУБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Voting_barУБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Vote_rcap 
muharem fazli (323)
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Vote_lcapУБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Voting_barУБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Vote_rcap 
Haqq (253)
УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Vote_lcapУБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Voting_barУБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Empty УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Пон 27 Дек 2010, 1:49 pm

hidzab

hidzab
Модераторка
Модераторка
Исламот носи порака на мир, спас, љубов на сите луѓе, со добра волја, со
толку карактеристичен поздрав: >Селам!< (Мир, спас!). Таква е
исламската наука.Исламското срце е огромно и тоа го опфаќа целиот
космос. Во тој дух е и пристапот кон добриот човек, брат по род, по
заедничкиот прататко Адем а.с. и прамајка хазрети Хавва.

Еднаш,
еден асхаб побарал од Мухаммед савс да ги проколне мушриците. >Јас не
сум испратен да проколнувам, туку сум испратен да подичувам, повикувам и
упатувам< му одговорил Ресулуллах савс. Вистинскиот мумин нема да
проколнува, туку ќе му приоѓа на секој човек, кој ќе покаже и најмалку
добра волја со целосно внимание и со широко отворено срце. Ќе го
почитува на човекот, неговото човеково достоинство и неговата личност,
бидејќи човекот е величествено Аллахово џ.ш. дело и тешко на оној што ќе
ја извалка честа и достоинството на тоа Аллахово џ.ш. дело.


Брате, на добриот човек треба да му приоѓаме со љубов. Во човечките
односи треба да внесуваме полнотија и убавина на племенито исламско
срце. На луѓето му'минот треба да им приоѓа убаво, со почит. Тој треба
да зборува убави зборови, бидејќи е тоа Аллахова џ.ш. наредба. Во
муминската постапка не смее да има суровост и грубост. Прекрасна е
старата искажана вистина:
>Убавиот збор, свет освојува!<

Зарем не гледаш како Аллах џ.ш. истакнува пример во Последната Негова Објава, Куранот:
>Убавиот збор е како убаво дрво:
коренот му е цврсто во земјата
а гранките кон небото
тоа дава плод во секој период што ќе
го одреди неговиот Господар, а Аллах на луѓето
им наведува примери за да примаат поука;
А грдиот збор е како лошо дрво;
На откинатото дрво од површината на земјата,
му нема опстанок.< (Куран, 14 : 24,25,26)

>Речи
им на робовите Мои, да зборуваат само убави зборови, бидејќи шејтанот
би можел да посее непријателство меѓу нив, шејтанот е навистина човеков
отворен непријател.< ( Куран, 17: 53)

Хазрети Ајша р.а.
пренесува дека ресулуллах савс рекол: >Навистина е Аллах благ и
љубезен и Тој ги сака благоста и љубезноста. Со љубезност се добива она
што не се добива со грубост.< (забележал Муслим)

Хазрети Али
р.а. рекол: >Гледај секогаш да бидеш со благ збор. Само така ти ќе
станеш мил кај луѓето. Слаткиот збор стекнува пријател, а горчливиот
збор да знаеш и пријателот не ти го сака.<

Запишано е во збирката на мудриот сулејман а.с.: >Убавите зборови се саќе со мед, слатки за душата и лек за коските.,
Народниот мудрец одамна рекол:
>Убавиот збор и железна врата отвора!<
>Благоста ги руши сите препреки и секогаш победува.<
Брахма ја запрашал силата: >Кој е појак од тебе?< Силата му одговорила: >Благоста.<

Шестотини
години пред Иса а.с. мудриот Езоп ја запишал басната: >Еден човек
тргнал на далечен пат. Ветерот му рекол на сонцето: >Ајде да се
обложиме кој од нас двајца може да му ја симне капата од глава на
патникот. Сонцето се согласило. Тогаш ветерот почнал прв да дува над
главата на патникот со намера насилно да му ја симне капата. Но колку
ветерот дувал повеќе и посилно, патникот се поцврсто ја држел и ја
притегнувал капата на главата да се заштити од студот. Гледајќи го тоа
ветерот се откажал. Сега на ред дошло сонцето. Тоа благо и постепено ја
засилувало својата топлина. Не вложувало ниту сила, ниту надуеност.
Сонцето се повеќе и повеќе сјаело, а топлината станувала се посилна и
посилна. Патникот почнал да се поти. Еден момент, не можејќи повеќе да
ја издржи топлината, ја симнал капата од глава. Гледајќи го тоа, ветерот
му честитал на сонцето за победата. Ете како благоста ја победило на
силата.<

Мудрост е да се избегнува критиката на блиските, се
додека е тоа можно. Човечките души се чувствителни и затоа тртеба кон
луќето да се биде многу внимателен. Подобро искрено пофали, отколку да
покудиш, ако е тоа возможно. Подобро поука и благо упатство, отколку
осуда. Секој човек има природен одбрамбен механизам. Кај човекот на
прекор и критика се будат внатрешните побуди кои се мобилизираат и се
подготвуваат за отпор. И затоа критиката ако е нужна, нека биде блага,
сочувствителна, со полно разбирање.
>Не суди, и тебе не ти судат.<
>Биди возржан во изнесување забелешки,
а дарежлив во искрени пофалби.<(Сцхњаб)

Искренo
предупредување и укажување на можни грешки е исламско дело. Треба да му
се помогне на блискиот да ги исфрли 'рѓата и злото од своето срце.
Човекот треба да се поттикнува на добро. Треба да се храбри на подвизи
за племенити цели. Со благ поттик се откриваат скапоценостите кои што се
наоѓаат во длабочината на човечката душа. Дали е тоа само грст добрина
или само дланка за принципот на племенито настојување во најсветол
триумф, не е толку значајно. Најважно е племенито да се сака и племенито
да се настојува. Племенитоста раѓа племенитост, љубовта раѓа љубов,
мрзењето раѓа мрзење, а работата за добрина, дава добрина.

Секогаш треба да ги имаме на ум зборовите на Аллаховиот Пратеник мухаммед савс:
>Најголемо добро што можеш да го постигнеш во својот живот е со
твоја помош еден човек да тргне по правиот пат. Тоа е подобро и
мповредно отколку целиот свет и се што е на него.<

Многу е
значаен и важен пријатниот пристап кон друг човек. Поздрав од срце,
искрен и цврст стисок на раката искажуваат почитување и желба за
меѓусебно пријателство втемелено на човечност.
Аллах џ.ш. во Куранот објавува:

>Кога
со поздрав ќе бидете поздравени, со уште поубав, или со еднаков на него
отпоздравите, бидејќи Аллах за се ќе бара пресметка.< ( Куран, 4 :
86 )

Насмевката е украс на човековото лице. Низ искрена насмевка
допира и зрачи одсјајот на честита и племенита душа.Насмевката ништо
не кошта , а донесува многу радост и ги приближува човечките срца.
Насмевката во себе носи грст најубави пораки. И затоа вистинскиот мумин
не штеди на искрена насмевка. Таа е подарок на Аллах џ.ш. и голема е
штетата ако не се служиме со неа по патот на доброто за нас, околу нас и
во срцата на нашите блиски.

Мухаммед савс рекол:
>Со весело срце да го пречекаш својот брат и да го повикаш дома е знак на добро дело.<

Зарем
не е страшно намуртеното лице? Зарем не е страшен студениот и лабав
стисок при ракување? Зарем не е страшен студениот глас? Колку тие ја
убуваат искреноста при првиот контакт и ја кршат човековата врска, а!?

И
гласот со кој човекот му се обраќа на друг човек , нека биде весел и
срдечен. Таквиот глас е како пријатното стискање на раката, при весел
дочек.Ова паметниот и добронамерен човек никогаш не го заборава.

При
сретнување на луѓето треба да им се обраќаме со нивните убави имиња.
Треба оригинално исламски да ги именуваме. И тоа е еден од начините за
создавање и јакнење на вистинско пријателство. Барањата на луѓето
некогаш се груби. Кога ќе забележам човек којшто заповеднички и грубо
бара нешто од своите блиски, мислите ми одат на суровата душа која што
не знае што е тоа човек. Зошто не сакаме убаво да замолиме, убаво да се
овратиме, љубезно да прашаме?

Еден психолог ги истакнува
следните зборово нарекувајќи ги >магични<, бидејќи чуда прават.
Тоа се следните зворови и изрази: >Бидете добри...<, >Ако не ви
е тешко...<, Ве молам ако тоа за вас не претставува посебен
напор...<. Сето ова е убаво однесување, а тоа е својство на вистинско
воспитание на добрите и со дух големи луѓе. Зошто остри, навредливи
караници, зошто лутина и инает, кога со мир и со љубов може повеќе да се
постигне? По тој пат полесно се доаѓа до вистината, а на неа треба да
повикуваме и упатуваме.

Човек со човек треба да разговараат,
треба да се поттикнуваат да ги искажуваат своите искрени чувства, мисли и
ставови. Притоа треба да го почитуваме соговорникот и неговите желби.
Треба да се биде широкограден. Така постапуваат паметни и добри луѓе со
силен дух и племенити намери. Тие никогаш не им упаѓаат на другите во
збор, никогаш не го прекинуваат соговорникот. Тие сакаат да слушаат и
поинакви мислења и ставови од нивните. Тие знаат дека разновидното
мислење е богатство од кое треба заеднички да се црпи правата вистина.
За жал, луѓето често во меѓусебните дискусии запаѓаат во афект. Беснеат,
запенети едни на други, упорно бранејќи дури некогаш и погрешно
гледиште. Тоа е самољубие кое во себе носи печат на шејтански дух. Од
такви разговори каде што >Јас-от< на себичните доминира, а се
побива желбата за вистина на друг соговорник, нема да има решенија, ниту
резултати. Дури кога ќе се случи соговорникот да згреши, не треба да се
биде груб со него. Вистината внимателно и благо треба да се изнесе.
Тогаш таа станува трајна сопственост на оние што ја слушаат.

Познатиот
психолог од САД Карнегие вели: >При судир на мислења, многу е
попаметно да му се рече на соговорникот: - Можеби јас се лажам. Да се
обидеме да анализираме доказ по доказ, како би можеле двајцата да
дојдеме до вистината.<

Навистина тоа ќе биде подобар пат за
изнаоѓање на вистината и нејзиното обострано прифаќање, отколку луто
афективно застапување на своето >Јас<. Некогаш дискутантите не
почитувајќи го соговорникот, настојуваат да го обезвреднат и исмејат со
што прават голем грев и го покажуваат своето вистинско лице.

Навредувањето и потценувањето раѓаат одбивност, непријателство и омраза. Затоа е речено:

>Израмнете го патот, наместо да го правите нерамен.<

>Олеснувајте, а не отежнувајте. Немојте да застрашувате и заплашувате.< (Хадис)

Одамна
Сократ ја забележал природата на човековата душа, колку е таа
чувствителна, блага и племенита, од своето постанување? Открил како
треба да се биде внимателен кон своите соговорници. Познат е неговиот
метод на постапување во дијалог, кога поставувајќи прашања, извлекува
вистински заклучоци заедно со својот соговорник.

Меѓутоа,
некогаш е подобро и воопшто да не се дискутира, кога ќе забележиме дека
таа дискусија нема да има плод. Тогаш е попаметно да се замолчи. Умно
рекол Кохфучие: >Ако може да се разговара со некој човек, а ние
сепак не разговараме, тогаш изгубивме еден човек. Ако пак со некого не
треба да зборуваме, а ние сепак зборуваме, тогаш попусто сме ги трошеле
своите зборови.<

Аллах џ.ш. во својата Објава, Куранот, ни кажува:

>Речи:-О,
следбеници на Објавите, дојдете да се собереме околу еден збор
заеднички и за вас и за нас: Никому, освен на Аллах да не се покоруваме,
никому Нему рамен да не сметаме, и едни со други, покрај Аллах, богови
да не се правиме! - Па ако тие не се согласат, вие речете им: -Бидете
сведоци дека сме ние муслимани!< (Куран, 3: 64)

Исламски
принцип е да се повикува на добро и добро да им се прави на луѓето и на
сите живи суштества, да им се помага, и да се усреќуваат други, да им се
дава надеж - така постапува муминот. Ако се наиде на одвратност, не
треба да се откажеме.

>На лошото со добро врати, па душманот твој, веднаш близок пријател ќе ти стане.< (Куран, 41 : 94)


Верникот мора да го почитува Аллаховиот џ.ш. збор и да постапува онака како што Тој бара.

Едно
од 99-те имиња на Аллах џ.ш. е и Оној кој сака. Затоа исламот покрај
мир на сите луѓе со добра волја и добри намери им навестува и љубов,
несебична, потполна и чиста.

>Аллах сигурно ќе воспостави љубов меѓу вас
и оние со кои сте скарани; Аллах е Семоќен.
Аллах многу простува и Тој е Сомилостив.<
(Куран, 60 :7:)

Енес р.а. пренесува дека Мухаммед савс рекол:

>Ниеден
од вас нема да биде прав верник се додека не му посакува на својот
брат и на пријателот тоа што си го посакува и за себе.<
>Вие нема да имате целосен иман се додека меѓу себе не се сакате и не се чувате.<

>Не мрзете се, не завидувајте си, и не си свртувајте си грб едни на други. Бидете како вистински Аллахови браќа.<

Џелалудин Руми запишал:
>Со љубовта, горчината во слаткост се претвара;
со љубов, од бакарот злато се прави;
со љубов нерасположеноста станува расположеност;
со љубов, болеста преоѓа во здравје.<

Буда подучувал:

>Мрзењето нема да го уништиш со мрзење, туку со љубов.<

Љубовта
е збор, најмногу сакан меѓу другите зборови, којшто е испишан на
знамето на исламот. Со значењето на овој збор, вистината се пробива до
човечките срца и секогаш отвора нови откритија и убавини на живеењето на
оваа Земја. И добрите луѓе со муминско срце, секогаш по Аллахова џ.ш.
наредба, на секој човек ќе му приоѓаат убаво и со љубов. На секој човек
ќе го упатуваат на добро, со добар, радосен и соодветен збор.

Ова
ќе трае се додека зората на вистината не се разбуди во срцата, додека
мирот, добрината и љубовта не триумфираат на сите страни. Затоа треба
трпение. Секое човечко срце има право на убав збор и на дознавање на
вистината. Неправедно е некого да го спречуваме во тоа.

Добриот Аллах џ.ш. се радува на љубовта меѓу луѓето, се радува на убавиот збор и на секое светло во човечката душа.

2УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Empty решителност Пон 27 Дек 2010, 1:52 pm

hidzab

hidzab
Модераторка
Модераторка
Решителноста е најважно
својство на верникот.Верникот никогаш не го губи својот ентузијазам и
посветеноста.Тој се ангажира и се стреми кон тоа да го заработи
Аллаховото задоволство.Па поради тоа,никаква потешкотија не претставува
проблем за неговите настојувања.Неговата единствена цел е да ја заслужи
благодетта од Неговиот Господар така што се во неговиот живот се формира
според таа цел.

Аллах сигурно ја става на тест решителноста на
верниците на најразлични начини,давајќи им проблеми за одредено време
или искушувајќи ги со страдања.Детали за тестот се дадени во следниот
ајет:


Ние ќе ве
искушуваме,сигурно,со неколку работи: и со страв и со глад,и со губење
на животот и имотот и летнините... но,зарадувај ги трпеливите!(Ел-Бекара
155)


Како и да е,верникот со
целосна посветеност го покажува своето трпение под било какви
околности.Аллах го пофалува ваквото однесување на верникот во следниов
ајет:


Колкумина од
пејгамберите се бореа на Аллаховиот пат,а со нив се бореа и големи групи
на побожни луѓе?Но тие никогаш не губеа храброст кога ќе ги снајдеше
неволја на Аллаховиот пат,ниту нивната волја слабееше ниту се предаваа.А
Аллах ги сака цврстите и постојаните!Единствени нивни зборови
беа:Господаре наш,прости ги гревовите наши и се она што е можно да сме
го направиле прекршувајќи ја нашата должност;зацврсти не и помогни ни
против народот невернички.(Али-Имран 146-147)


Од друга страна,недостиг на посветеност,не е својство со кое може да се опише верникот.Следниот ајет го потврдува овој факт:

Да,ќе
бараат дозвола за изземање оние кои не веруваат во Аллах и денот
ахиретски,и оние чии срца се исполнети со сомнеж,двоумејќи
се.(Ет-Тевба,45)


Желбата за ахиретот
и настојувањето за него со целата нивна моќ,како и избегнување во
претерувањето во секојдневниот живот се индикации за решителноста
демонстрирана од страна на верниците.Тие се опишани во Куранот вака:


Оние
кои го посакуваат ахиретот,и настојуваат кон него со сета нивна моќ и
веруваат тие се оние чии настојувања се прифатливи.(Ел-Исра,19)


Верниците
го исполнуваат она што се очекува од нив при тоа демонстрирајќи ја
својата непроменета решителност се дур не ги сретне смртта.


Континуитетот
во обожавањето е исто така важно во смисла на доследност.Само смртта и
става крај на решителноста на верникот.Верникот е одговорен за тоа да
биде трпелив и да го исполни своето ветување кон Аллах се ддодека смртта
не дојде.


Оние
кои,секако,ти полагаат заклетва,полагаат заклетва и на Аллах:Раката
Аллахова е над рацете нивни.Па,оној кој ќе ја прекрши заклетвата,за
себеси ја прекршува.А оној што ќе го исполни она што Му го ветил на
Аллах...па,ќе му се даде награда голема!(Ел-Фетх,10)

3УБАВ ЗБОР - УБАВА ПОСТАПКА Empty Доброчинство во Се Пон 27 Дек 2010, 1:55 pm

hidzab

hidzab
Модераторка
Модераторка
Сите
работи на светот се создадени со мудрост и причина.Во сето тоа
создавање има бенефиции за верниците за се што се случува.Затоа што
Аллах е на страна на верниците и никогаш не ги разочарува.

Потешкотиите
во животот во прв поглед можат да бидат многу неповолни и незгодни за
верниците.Но како и да е,треба да знаеме дека дури и кога од страна на
неверниците се планира некаква завера,на крај се ќе испадне добро за
верниците.Аллах порано или покасно,ќе им дозволи да го вкусат Неговото
милосрдие,така што верниците потполно ќе се убедат дека Аллаховата
милост е во се и насекаде.

Имаме многу вакви примери на слични
ситуации во Куранот како на пример животот на Јусуф а.с. кој е е ден од
највпечатливите.Во неговото детство,Јусуф а.с. бил понижен и прегазен
од страна на своите браќа.Потоа беше спасен потоа обвинет и на крај
заврши во затвор,иако невин.За човек без верба,овие несреќи би биле
нешто најстрашно во неговиот живот.Како и да е,Јусуф а.с. секогаш имаше
на ум дека сите овие настани се под контрола на Аллах и дека на крај се
ќе биде добро.И ова се докажа дека е вистина.Аллах ги престори
“катастрофите” во негова полза;Јусуф а.с. беше ослободен од затвор и за
некое време стана владетел на таа земја.

Ситуацијата со Јунус
а.с. не беше ништо поразлична.Тој избега со натоварен брод каде што за
да го задржи своето место на бродот влечеше ждрепка. Кога ждрепката се
покажа неповолна,тој беше фрлен во морето каде што беше проголтан од
гигантска риба.Куранот не информира дека тој беше спасен и испратен на
“народ од 100 000 луѓе па дури и повеќе” само заради тоа што го славел
Аллах.

“И да не
беше,нависитина,меѓу оние кои Го слават,ќе останеше во утробата од
рибата,секако,до денот кога ќе бидат оживеани.И го исфрливме на едно
место пусто;беше болен.И Ние одредивме врз него да расте стебло од
тиква.И Ние го испративме на стотина илјади луѓе или повеќе.И веруваа
и,тогаш,Ние дадовме да уживаат до еден рок
определен".(Ес-сафаат37,143-148)


Сите
овие примери кои ни се дадени во Куранот не учат на тоа дека секоја
случка која на изглед е “несреќа” е всушност обратното за верникот.Ако
верникот ја стави својата верба во Аллах,бара приклониште само кај Него и
бара помош само од Него,тогаш нема нешто за што може да жали.Аллах
создава одредени потешкотии,но тие се само за да човекот биде тестиран и
да се зајакне лојалноста и вербата на верниците.

Сето ова
поинаку стои кај неверниците.Ништо на овој свет не може да биде добро за
нив.Работите што ги погодуваат било да се пријатни задоволителни за нив
се всушност “несреќа” а тоа само ќе го зголеми нивното мачење на
Ахирет.Се што тие постигнуваат на нечесен начин е запишано во книгата на
делата и за тоа секако ќе одговараат.Во Куранот тоа стои вака:

Нека
не мислат оние кои скржават во она што Аллах им даде од добрината Своја
дека е тоа добро за нив,туку тоа е лошо за нив:На денот суден она во
што скржават ќе им биде за врат обесено.Миразот на небесата и на земјата
е Аллахов!А Аллах е известен за она што го работите.(Али Имран3,180)

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот