Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Вовед во хадисот EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Вовед во хадисот EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Вовед во хадисот EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Вовед во хадисот EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Вовед во хадисот EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Вовед во хадисот EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Вовед во хадисот EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вовед во хадисот EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Вовед во хадисот EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Вовед во хадисот EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Вовед во хадисот EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Вовед во хадисот EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Вовед во хадисот EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Вовед во хадисот EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Вовед во хадисот EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 5 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 5 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Вовед во хадисот Vote_lcapВовед во хадисот Voting_barВовед во хадисот Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Вовед во хадисот Vote_lcapВовед во хадисот Voting_barВовед во хадисот Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Вовед во хадисот Vote_lcapВовед во хадисот Voting_barВовед во хадисот Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Вовед во хадисот Vote_lcapВовед во хадисот Voting_barВовед во хадисот Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Вовед во хадисот Vote_lcapВовед во хадисот Voting_barВовед во хадисот Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Вовед во хадисот Vote_lcapВовед во хадисот Voting_barВовед во хадисот Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Вовед во хадисот Vote_lcapВовед во хадисот Voting_barВовед во хадисот Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Вовед во хадисот Vote_lcapВовед во хадисот Voting_barВовед во хадисот Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Вовед во хадисот Vote_lcapВовед во хадисот Voting_barВовед во хадисот Vote_rcap 
Haqq (253)
Вовед во хадисот Vote_lcapВовед во хадисот Voting_barВовед во хадисот Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Вовед во хадисот Empty Вовед во хадисот Нед 19 Сеп 2010, 8:38 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
Хадис

Вовед


Да се проучува животната теорија и пракса на Мухаммед с.а.в.с. и да се живее во духот на неговото упатство и препорака , должност е на секој муслиман и муслиманка .Без добро познавање на Хадисот не е можно да се спознае правата смисла и суштина на Исламското учење, зошто Хадисот е најдобар толкувач на Кур`анот и втор извор на Исламскиот шеријат.

Познатиот ученик Мухаммед б. Сеирин Хадисот го смета за вера па вели:,,Хадисот на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.е вера па бидете внимателни од кого ја прифаќате својата вера “(1)Слични зборови изговорил и познатиот асхаб , четвртиот халифа , и зет и братучед на Мухаммед с.а.в.с. Алија б. Ебу Талиб. Тој вели:,, Пазете од кого го прифаќате ова знаење(хадис)зошто тоа е вера.”(2)

Во време на Пратеникот с.а.в.с. познавањето на хадисот се огледувало во тоа да некој добро го запамети и да го пренесе на друг се она што го видел или слушнал од Пратеникот с.а.в.с.Појавата на бројните апокрифни хадиси , после неговата смрт , ги приморала луѓето кои се занимавале со хадисот , темелно да го проучуваат и да бидат внимателни кај прифаќањето на вестите кои му се препишуваат на Мухаммед с.а.в.с. Тие тогаш почнале стриктно да водат сметка од кого хадисот ќе го примат, критички да се осврнат на секој пренесувач и детално да го испитаат секој збор на хадисот. Од тогаш почнува развојот на науката на хадисот , која денес е доста опширна и распространета .Имамот Хаземи вели:,,Хадиската наука се состои од стотина и повеќе научни дисциплини , секоја од нив представува посебна наука . Кога човекот целиот свој живот би го провел во студиозно проучување на една од тие дисциплини , не би можел во потполност да ја запознае.”

2Вовед во хадисот Empty Re: Вовед во хадисот Нед 19 Сеп 2010, 8:46 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
ХАДИС

Зборот хадис на арапски јазик означува нешто што постанало , што не е одсекогаш. По својот смисол таа е сосема спротивна на зборот кадим. Заради тоа за Кур`анот се вели дека е кадим, тоа означува дека е одсекогаш и не постанал, а за Мухаммедовите а.с. зборови и дела се вели хадис , што означува дека настанале и не се одсекогаш. Уште овој термин се употребува во смисла на зборот. Во значењето на говорот употребен е во следните Кур`ански ајети...
,,Па зарем ти поради нив од тага ќе се упропастиш ако тие во овој говор не сакаат да поверуваат.” (Кехф , 6)
,,И за благодетите на својот Господар кажувај,” (Ед-Духа , 11)

Во хадиската терминологија Хадис е се она што Мухаммед с.а.в.с. пред или во текот на својата Пратеничка мисија го рекол , направил , видел некого да нешто работи па тоа со ќутење му го одобрил , како и вестите кои говорат за неговоте телесни и морални особини. (4) Вака повеќето ученици го дефинирала хадисот . Меѓутоа , некои хадиски ученици меѓу кои се Ел-Хермани и Тиби во Хадис го вбројуваат и мислењето на асхабите и фетвите на таби`ините. Тие при тоа се оријентирале по Хадисот:

,,Должни сте да слушате и да се покорувате па макар наредбодавец да биде и абесински роб.Навистина кој од вас живее после мене, ќе види големи отстапувања и разидувањa . Ви препорачувам да се држете до мојот суннет и суннетот на оние кои после мене го следат исправниот пат. Држете се, жестоко се држете.” (5)

Со оглед на дефиницијата хадиските ученици Хадисот го сврстуваат ва четири категории:

1.Ел-ехадисул-кавлијје. Тоа се хадиси кои се однесуваат на Мухаммедовите а.с. изреки како што се следните хадиси:

Ебу Сеид ел-Худри кажува дека Веровесникот с.а.в.с. рекол: ,,Кај верникот не можат да се најдат две својства; Шкртост и лош морал” (6)
Кажува Енес дека Ресулуллах а.с. рекол: ,,Прво за што човекот на Судниот Ден ќе полага сметка е намазот. Па ако намазот му биде добар , добри ќе му бидат и останатите дела , а ако намазот му биде лош, лоши ќе му бидат и останатите дела .” (7)

Кажува Ебу Хурејре дека Ресулуллах а.с.рекол: ,,Кога некој од вас биде како имам на луѓето (клања) нека биде умерен ,зошто меѓу нив има изнемоштени, болни !од оние со физиолошки потреби . А кога некој од вас клања сам по себе, нека одолговлечува колку сака.” (Cool

2.Ел-ехадисул-фи`лијје. Тоа се хадиси кои се однесуваат на Мухаммедовите а.с. постапки како што се на пример:

,,Аиша р.а. вели: Ресулуллах а.с. во секоја прилика се сеќаваше на Возвишениот Аллах џ.ш. “(9)
,,Аиша р.а. вели: Ресулуллах а.с. би постел нафиле пост па би помислеле дека никогаш нема да мрси,потоа би мрсил , па би помислеле дека повеќе нема да пости.” (10)

3.Ел-ехадисут-такриријје. Тоа се хадиси кои се однесуваат на она што Мухаммед а.с. го одобрил .Имено , тој би видел некој од своите асхаби да нешто прави ,па тоа со молчење би му го одобрил или со зборови би го потврдил . Еве и неколку хадиси од овој вид:
Абдуллах ибн Омер р.а. вели : ,,После враќањето од Хендек(ахзаб) Веровесникот а.с. ни рече: ,,Нека никој од вас не ја клања икиндија намаз се додека не стигнеме во (племе)Бени курејш. Крајот на намазкото време некои ги затекна на патот. Па некои од нив рекоа;не сакаме да го клањаме додека не стигнеме. Некои одговорија ;ние ќе го клањаме зошто Веровесникот не го сака тоа од нас. Овај случај му е споменат на Ресулуллах што никого не го укори.” (11)

Веровесникот а.с. му рекол на Муаз б. Џебел , пошто сакал да го испрати во Јемен :”Како ќе постапиш ако пред тебе се појави проблем? ,,Ќе постапам по Аллаховата книга- одговори.`` А ако неговото решение не го најдеш во Аллаховата книга? Праша Веровесникот. Ќе постапам по Суннетот на Аллаховиот Пратеник-одговори Муаз.”А ако неговото решение не го најдеш ни во Суннетот на Аллаховиот Пратеник , ни во Аллаховата Книга , како тогаш ќе постапиш? Праша Веровесникот. Ќе го решам по свое мислење ,одговори Муаз , а Веровесникот го подудри по градите и му рече: “Му благодарам на Аллах кој му подари на Пратеникот на Неговиот Пратеник она со што е задоволен Неговиот Пратеник.” (12)
4. Хадиси кои говорат за Ресулуллаховите телесни и морални особини , како што се следниве хадиси:
,,Ресулуллах а.с. беше најплеменит човек, а најплеменит беше во Рамазан кога му доаѓаше Џебраил и го подучуваше на Кур`ан.” (13)

,,Веровесникот беше најубав човек по изглед и имаше најубава става. Не беше ни премногу висок а ни низок.” (14)

3Вовед во хадисот Empty Re: Вовед во хадисот Нед 19 Сеп 2010, 8:47 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
СУННЕТ

Во арапскиот јазик зборот суннет означува обичај , постапка , навика , пракса. Во таа смисла е употребен овој термин во хадисот.
,,Кој во Исламот воведе убав обичај ќе има за тоа награда и награда на сите оние кои после него бидат постапувале по тој обичај , а нив нема да им биде намалена наградата .а кој во Исламот воведе грд обичај ќе има за тоа грев и грев на сите оние кои ќе постапуваат по него, а нив нема да им се намалат гревовите.” (15)

Во хадиската терминологија Суннет е она што и Хадисот, така што она што Мухаммед с.а.в.с. пред или во текот на својата Пратеничка мисија рекол, направил, со молчење одобрил, како и вестите кои говорат за неговати телесни и морални особини. Дефиницијата на Суннетот кај хадиските стручњаци се разликуваат од дефинициите на останатите Исламски ученици.Причина за тоа е различитиот приод на Суннетот. Хадиските ученици на пример ги интересирало сите вести кои се однесуваат на Алејхиселам , неговите зборови, постапки ,одобрувања , начинот на живеење и понашање , и биографските особини.Учениците од фикхот од Алејихи селам се интересирале за вестите од кои може да се црпат шеријатските прописи.Заради тоа тие го сметаат за Суннетот , зборовите и делата на Мухаммед с.а.в.с. и она што со молчење го дозволил . Фикхските ученици на Суннетот му приоѓаат како и на Ресулуллаховата пракса ,која не е ни фарз ни ваџиб и сметаат дека Суннетот е чин кој не ни фарз ни ваџиб.
Секако дека дефиницијата на Суннетот кај хадиските ученици најопфатена и најкомплетна и во потполност е идентична на она како Алејихиселам ги одредил и дефинирал својата теорија и пракса во хадисот: ... (14)

,,Ви оставам две работи , кои ако им се придржувате нема да залутате; Аллаховата Книга (Кур`ан)и мојот Суннет .” (16)


РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ХАДИСОТ И СУННЕТОТ

По мислењето на повеќето ученици , не постои никаква разлика помеѓу Хадисот и Суннетот. Хадисот е Суннет , а Суннетот е Хадис. А некои Исламски ученици прават разлика помеѓу овие два термини. По нив Хадисот е Мухаммедовата а.с. теорија , во што спаѓаат сите негови изреки , а Суннет е неговата пракса , она што го направил или одобрил. Меѓу учениците кои застапуваат вакво мислење е и Абдуррахман б. Мехди . Него го прашале што мисли за Суфијан Севрија , Евзалија и Малик б. Енес, а тој одговорил:,,Суфијан Севрија е имам за Хадисот, а не е за Суннетот. Евзалија е имам за Суннет, а не е имам за Хадис, а Малик б. Енес е имам и за Хадис и за Суннет.” (17)

Мухаммед а.с. во повеќето случаеви и едниот и другиот термин ги употребувал за комплетната своја теорија и пракса , како што видовме од предходниот хадис . Но понекогаш своите зборови ги нарекуваше со Хадис, а постапките и делата со Суннет. Тоа јасно се гледа од следниве негови зборови:... (15)
,,Аллаху мој, смилувај се на моите Халифи ! Некој праша :,,А кои се твои Халифи` О Аллахов Пратенику? А тој одговори: “Тоа се оние кои после мене ќе ги пренесуваат моите хадиси и мојот Суннет, и ќе ги објаснуваат на луѓето.” (18)

ХАБЕР
Во арапскиот јазик зборот хабер означува вест. Во хадиската наука се употребува како синоним на Хадисот. Некои велат дека хабер се однесува на зборовите на асхабите и таби`ините, а хадисот на зборовите на Мухаммед а.с. Било како било хаберот има попоширно значење од хадисот и затоа се вели дека секој хадис е хабер , а секој хабер не е хадис. (19)

ЕСЕР

Зборот есер во арапскиот јазик означува трага или вест. Во хадиската наука есер , како стручен термин , се употребува за вестите кои се однесуваат на Алејхиселам , асхабите, таби`ините и останатите луѓе, така спрема тоа и есерот како и хаберот има поопширно значење од хадисот, нема разлика помеѓу нив. Правниците на Хоросан, пак , прават разлика помеѓу нив велејќи: ,, Хаберот е она што се пренесува од Ресулуллах а.с. а есерот од асхабите и таби`ините.”

4Вовед во хадисот Empty Re: Вовед во хадисот Нед 19 Сеп 2010, 8:48 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
КУДСИ-ХАДИСИ

Предходно рековме дека зборот хадис означува говор, а зборот кудс значи свет. Спрема тоа хадиси-кудси во арапскиот јазик означува свет-говор. Во хадиската наука хадиси-кудси се нарекуваат оние хадиси или вести кои Мухаммед а.с. му ги припишува на Возвишениот Аллах џ.ш. дека Севишниот Аллах џ.ш. ги изговорил а тој само буквално ги пренесува . Овој вид на хадиси уште се нарекува и уште ехадисул-илахије или ахадисур-реббанијје. Нив можеме да ги разликуваме по тоа што во нив е нагласено дека се тоа зборови на Севишниот Аллах џ.ш. и тоа обично со зборовите КалеЛлаху или фи ма јерви ин Рабихи субханеху ве теала.Таа разлика да биде позабележителна ќе наведеме неколку хадиси – кудси .... (16)

,,Ебу Хурејре вели дека Веровесникот а,с, рекол : Возвишениот Аллах џ.ш. вели: ,,Ако мојот роб посака средба со Мене и Јас посакувам средба со него, ако ја презира средбата со Мене и Јас ја презирам средбата со него.”

,,Ебу Катаде пренесува од Ресулуллах а.с. она што тој го пренесува од Возвишениот Аллах џ.ш. дека рекол: На твоите следбеници им дадов за должност пет намази, и Си ставив обврска на Себе дека оние кои редовно ќе ги извршуваат во пропишаното време ќе ги воведам во Џеннет. А спрема оние кои не водат таква сметка, Немам таква обврска.” (22) ... (18)

Раскажувањето на Ебу Хурејре ни вели:,,Ресулуллах с.а.в.с. од Возвишениот Аллах џ.ш. ни пренесува дека рекол: Ако мојот роб науми да направи некое добро дело, па не го направи , ќе му се запише (за тоа)еден севап, а ако го направи ќе му се запишат десет, до стотина севапи. А ако науми да направи некое лошо дело, па не го направи, за тоа нема да му запишам грев, а ако го направи, ќе му запишам само еден грев.” (23)

Ова се званичните термини кои се употребуваат во смисол на традицијата на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. Постојат уште некои стручни термини кои навистина најчесто се врзни за одредени моменти од Ресулуллаховиот живот, како што се неговиот личен опис , неговото однесување во приватниот живот, во походите и војните кои ги водел, и сл. Од стручните термини кои се употребуваат во оваа смисла се Сира и ез-земаил-ул-Мухаммедијје. Овие две термини не ја опфаќаат комплетно теоријата и праксата на Мухаммед с.а.в.с. и не се сметаат за хадиски термини. Тие имаат почесто историски карактер , и соодржани се во дефиницијата на хадисот,Суннетот и останатите стручни хадиски термини кои имаат поопширен смисол.

ХАДИСОТ КАКО ШЕРИЈАТСКО - ПРАВЕН ИЗВОР

Друга важно значење на хадисот е во тоа што тој е извор на Исламскиот шеријат и врз негова основа можеме исто така како што можеме врз основа на Кур`анот да заклучуваме дали нештото е дозволено (халал)или забрането (харам). За хадисот како верски извор постојат бројни непобитни докази и во Кур`анот и во изреките на Мухаммед с.а.в.с.

А) Докази од Кур`анот

Бројни се ајетите во Кур`анот во кои на верниците им се наредува покорност на Божјиот Пратеник с.а.в.с.дека покорноста е, како што можеме да видиме во Кур`анскиот текст ,составен дел од покорноста спрема Аллах џ.ш. Еве неколку Кур`ански ајети во таа смисла:

,,О верници! Покорете се на Аллах и покорете се на Неговиот Пратеник и на вашите претпоставени. А ако во нешто се разидете, обратете му се на Аллаха и Неговиот Пратеник ако верувате во Аллах и оној свет” (Ниса, 59)

,,И бидете покорни на Аллах и бидете покорни на Пратеникот и внимателни бидете. А ако главата ја свртите,тогаш да знаете дека Пратеникот е должен само јасно да обзнани.” (Маида, 92)

,,Оној кој се покорува на Пратеникот, се покорува и на Аллах. А оној кој главата ја врти , па ние не те испративме чувар да им бидеш.” (Ниса, 80)

Значи, не само што Севишниот Аллах џ. ш. бара покорност кон Пратеникот с.а.в.с. туку и им се заканува на сите оное кои му се спротиставуваат , нарекувајќи ги лицемери и неверници. Во тоа не уверуваат и следните Кур`ански ајети:

,,...Нека се припазат оние кои постапуваат спротивно од наредбата Негова, да не ги снајде некое искушение и да не заслужат болна казна .” (Нур, 64)

,,Кажи ! Бидете покорни на Аллах и Пратеникот. А ако оние главата ја свртат , па Аллах навистина, не ги сака неверниците.” (Али Имран, 32)

,,А лицемерите говорат, ние веруваме во Аллах и Пратеникот и покорни сме, потоа некои од нив главите ги вртат. Тие не се верници.” (Нур, 47)

Покорноста на Аллах , нагласена во наведените ајети се однесува, и покореност спрема тоа и на Кур`анот, а покорност на Пратеникот значи и покореност кон неговиот хадис , или суннет.

Значи, Аллах џ.ш. не прави разлика помеѓу Кур`анот и хадисот кога е во прашање нивното применување. Зошто одредбите или забраните за верникот подеднакво се важни , сеедно дали се соодржани во Кур`ан или Хадис. Верникот е должен да постапува во духот на тие одредби или забрани. На тоа ,како видовме, Кур`анот сосема нагласено обврзува , наложувајќи му покореност кон Аллах џ.ш. и Неговиот Пратеник с.а.в.с.

Кур`анот Чесен во тоа оди толку далеку, да во императивен облик од следбениците на Исламот бара да го прифатат она што им нуди Божјиот Пратеник с.а.в.с., и да го одфрлат се она што тој им забрани, и нагласува дека верникот и верничката немаат право да постапат по свое мислење , ако Аллах џ.ш. во Кур`анот и Мухаммед с.а.в.с. во својот Хадис нешто сосема разбирливо и изречито го одредиле. Тоа го потврдуваат и следните два ајети:

,,Она што ви го даде Божјиот Пратеник прифатете го, а она што ви го забрани, избегнувајте го .” (Хашр,7)
,,Кога Аллах и Неговиот Пратеник нешто одредат, тогаш ни верникот ни верничката немаат право по свое мнение да постапуваат. А кој Аллах и Неговиот Пратеник не ги послуша, тој сигурно скршнал од Правиот Пат.” (Ахзаб, 36)

Б) Докази од Хадисот:

Мухаммед а.с. во своите бројни изреки го истакнал значењето на Хадисот како верски извор, и барал од своите следбеници да по него постапуваат и да заедно со Кур`анот да го применуваат во својот практичен живот. За да се увериме во тоа , ќе се надоврзиме на некои од неговите изреки во тој поглед:
,, Ви оставам две работи, никогаш нема да залутате додека се придржувате кон нив(во животот), Аллаховата Книга и мојот Суннет” (1)
,,Должни сте да слушате и да се покорувате па макар наредбодавец да биде и абесински роб.Навистина кој од вас живее после мене , ќе види големи отстапувања и разидувањa . Ви препорачувам да се држете до мојот суннет и суннетот на оние кои после мене го следат исправниот пат. Држете се, жестоко се држете.” (2)

,,Сите мои следбеници ќе влезат во Џеннет, освен оние кои ќе одбијат “ “А кои се тие кои ќе одбијат да влезат во Џеннет, о Божји Пратенику? Повикаа асхабите, а тој одговори:” Оној кој ќе го следи мојот пат, ќе влезе во Џеннет, а кој не го следи, тој одбива да влезе.”(3)

Мухаммед а.с. не само што барал да се доследно применува суннетот, него и остро ги осудувал сите оние кои во поглед на извршувањето на верските обврски прават разлика помеѓу Кур`анот и Суннетот.
Рафи` б Хаџџ вели дека Мухаммед а.с. рекол: ,,Нека никому не се случи од вас, и да се наслонува на својата столица во моментот кога до него допре нешто од она што јас сум наредил или забранил да рече: Ма не знам, ние ќе го следиме исклучиво она што се наоѓа во Аллаховата Книга.” (4)

Микдам ибн Мади Кериб раскажува дека Божјиот Пратеник с.а.в.с. рекол: “Да се плашиме од оној човек, кој, кога му се соопшти нешто од она што јас сум наредил или забранил , се наслонува на својата столица и вели: Меѓу нас и вас е Аллаховата Книга , па што во неа најдеме од дозволените работи ние ги сметаме за дозволени, а што во неа најдеме од забранетите работи ние ги сметаме за забранети. Знајте дека се она што Божјиот Пратеник ви забранил исто е , како да Аллах ви забранил.” (5)

Џабир ибн Абдуллах ни вели дека Божјиот Пратеник с.а.в.с. дека рекол: ,,До кого допре некој мој хадис, па се посомнева во него, тој се сомнева и во Аллах, и во Неговиот Пратеник и во оној кој, тој хадис го пренесува.” (6)

Другарите (асхабите) на Мухаммед а.с. во потполност постапувале во духот на Кур`анот и Суннетот. Тие не правеле никаква разлика помеѓу она што е во Кур`анот и она што е во хадисот изречено. Дури , и не поставувале прашање дали нештото што им се наредува или забранува , е соодржано во Кур`анот или хадисот на Божјиот Пратеник. Во потполност им било јасно дека треба да се покораваат на Ресулуллах с.а.в.с. како што треба да се покорни и на Аллах џ.ш.Тие , кога би слушнале нешто или виделе од Мухаммед а.с. би го следеле или спроведувале во пракса , не прашувајќи го за причината на неговата изреченост, одредба, забрана или постапка. За тоа не известува Абдуллах ибн Омер , кога вели: Божјиот Пратеник с.а.в.с. еден ден ,го извади од раката својот златен прстен и рече : Јас повеќе нема да го ставам на својата рака . Асхабите гледајќи го тоа од Божјиот Пратеник истото го направија и притоа никој не го праша за причината на тоа. (7)
Истиот случај ни го изнесува и Ебу Сеид ел-Худри и вели: Еден ден , додека Божијот Пратеник с.а.в.с. со нас клањаше, ги собу своите местви и ги стави на својата лева страна. Асхабите гледајќи го тоа , истото го направија. Пошто го завршија намазот Мухаммед а.с. ги праша: ,, Зошто го направивте тоа? “А тие му одговорија: ,,Видовме дека и ти тоа го правиш, па и ние го направивме тоа.,,Тогаш тој ги запозна дека Џибрил му соопштил дека неговите местви биле нечисти, па заради тоа ги собул. (Cool

5Вовед во хадисот Empty Re: Вовед во хадисот Вто 21 Сеп 2010, 5:57 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
Мухаммед а.с. кога ќе бил запознаен дека некој не постапува во духот на неговите изреки или во нешто не го следи, многу би се налутил, што може да се види од следново предание: Ата б. Јесар вели: ,,Некој човек ја испратил својата жена за да го праша Божјиот Пратеник, дали смее човекот да ја бакне својата сопруга кога пости?
Уму Селама, ја известила дека Божјиот Пратеник понекогаш го прави тоа. Пошто за тоа, жената го запознала својот маж, тој рекол: `Јас не сум како Божјиот Пратеник и нема тоа да го правам. Аллах на Својот Пратеник му дозволува што сака.` Слушајќи за тоа Божјиот Пратеник с.а.в.с. се налути и рече: ,,Се колнам во Аллах, јас од сите вас најповеќе се плашам од Аллах и најдобро ги познавам Неговите граници.” (9)

Наведените цитати од Кур`ан и хадисот, постапките на асхабите недвосмислено укажуваат дека хадисот, покрај Кур`анот е темелен верски извор. Врз основа на тоа подеднакво сме должни да го следиме хадисот и да постапуваме во духот на Алејхи селамовите упатства - како што сме должни да го следиме Кур`анот. (10)

Во тоа се согласуваат сите исламски ученици, единствено се разидуваат во прашањето : Дали хадисот е самостоен верски извор, кои ги решава проблемите кои не се споменати во Кур`анот , или тој е зависен од Кур`анот, макар и во пренесен смисол, односно дека со хадисот само се потврдува и обзнанува Кур`анскиот текст.

Меѓутоа , повеќето исламски ученици стојат на ставот дека хадисот е самостоен верски извор и дека во него се одредени многу прашања во кои во Кур`анот и воопшто не се зборува. Помал број на ученици сметаат, дека хадисот не е самостоен верски извор и дека се што е споменато во хадисот мора да има Кур`анска подлога . Но за нас сепак е најважно спознавањето дека хадисот е шеријатски извор, кого сме должни да го следиме, без оглед дали некои обврски кои ни ги наложува Пратеникот с.а.в.с. ја имаат и онаа формалната подлога во Кур`анот.

ХАДИСОТ КАКО КОМЕНТАР НА КУР`АНОТ

Едно од важните значења на хадисот на Божјиот Пратеник с.а.в.с. е и тоа што тој го објаснува и коментира Кур`анот. Како последна објавена книга , Кур`анот во себе соодржи начела и прописи кои се важечки за сите времиња и сите прилики. По својата концепција , убавина на изразот и содржината представува муџизе која ни најречитите арапи не можеле во потполност да го сфатат и разберат.

Повеќето прописи во Кур`анот начелно , се споменати , без детални објаснувања и и упатства за начинот на нивната практична примена. Одбирајќи за последен Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Возвишениот Аллах џ.ш. му ставил на должност на луѓето да им ја достави и да го објасни Кур`анот и да им го укаже начинот на неговата практична примена.

,,О Пратенику, кажувај го она што ти се објавува од Господарот твој !- Ако тоа не го направиш ,тогаш не си ја доставил Негова пораката – а Аллах те штити од луѓето “ (Ел-Маиде, 67)

,, Ние и пред тебе луѓе како пратеници, испраќавме и им објавивме , - прашајте ги следбениците на книгата ако не знаете, -јасни докази и книги. А тебе, ти го објавуваме Кур`ан да им објасниш на луѓето за она што им се објавува и да размислат.” (Ен-Нахл, 43 и 44)

,,Ние тебе, ти објавуваме книга да им објасниш тоа каде што се разидуваат, и да биде за верниците упатство и милост.” (Ен-Нахл, 64)

Мухаммед а.с. цели дваесет и три години, колку траела неговата пратеничка мисија , максимално работел на извршувањето на доверената задача. Го користел секој момент и секоја прилика да некому нешто му пренесе, објасни или практично му прикаже.

Тоа го правел постапно онака како кој Кур`ански ајет му бил објавуван. Со зборови и дела објаснувал и покажувал како се применува се што е соодржано во Кур`анот .Ако ги проучуваме традиционалните тефсири (на Ибн Кесир, на Теберани, Сујути, Дерул-Менсур, и др.), ќе се увериме дека нема скоро ни еден Кур`ански ајет за кој не се врзани по неколку хадиси кои го објаснуваат, конкретизираат, и го потврдуваат неговиот смисол или укажуваат на неговата практична примена.

Без хадис не е можно да се запознае правата смисла и суштинското значење на Кур`анскиот текст, зошто секој би го толкувал Кур`анот на свој начин , а тоа би довело до искривување и неадекватно толкување на оргиналниот текст .Поконкретно речено , без хадис Кур`анот би ја доживеал судбината како и предходните објави.

Кога вториот халифа Омер б, Хаттаб р.а. го слушнал хадисот на Божјиот Пратеник с.а.в.с.:,,Навистина кој ќе живее некој од вас после мене ќе види големи отстапувања и разидувања ...” го запрашал ибн Аббаса:
,,Како ќе дојде до отстапување и разидување помеѓу следбениците на Исламот , кога имаат иста Книга, исти Пратеник и иста Кибла?` На тоа ибн Аббас му одговори: `Владару на правоверните , Кур`анот ни е објавен нам , го научивме и го разбравме . Знаеме на што се однесува секој ајет . Меѓутоа , оние кои ќе живеат после нас , ќе го читаат Кур`анот , али нема да знаат на што се однесува тој ајет, па ќе го можеби , секој протолкува по свое мнение , така што ќе се разидат , а штом се разудат , ќе почнат меѓусебно да се тужат и препираат” (1)

Мухаммед а.с. направил муслиманите да бидат должни да се држат до Кур`анот, на неговите објаснувања и да Кур`анот не смеат да го толкуваат по свое мнение , ставајќи им јасно до знаење дека ќе погрешат ако така го толкуваат Кур`анот , па и ако го погодат правиот смисол на ајетот.
,, Кој го толкува Кур`анот по свое мнение, без никакво знаење, нека си го припреми за себе местото во џехеннемот.” (2)

,, Кој го толкува Кур`анот по свое мнение, па и да го погоди правиот смисол, тој погрешил.”(3)

За да би имале јасна претстава за значењето и улогата на хадисот како толкувач и коментатор на Кур`анот , ќе наведеме неколку начини на кој хадисот го објаснува и образложува Кур`анскиот текст:
1.Хадисот ја објаснува смислата на непознатите Кур`ански зборови; иако арапите пред појавата на Исламот имале достигнато врвност во речивоста и поезијата , за нив многу Кур`ански зборови биле непознати. Смислата на Кур`анските зборови тие ја барале од Мухаммед а.с. , иако навистина , ни од кој немал учено , сите непознати зборови за чие право значење е подучен од Аллах ги објаснил и укажал на нивната смисла . Како пример ќе го наведеме зборот кевсер од сурата Кевсер. За неговите современици овој збор бил нов и непознат . Тој им објаснил дека зборот кевсер во наведениот ајет се однесува на река во џеннетот чија вода е побела од млеко, и послатка о мед, а мирисот и е појак од мирисот на мискот. (4)

6Вовед во хадисот Empty Re: Вовед во хадисот Вто 21 Сеп 2010, 5:58 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
2.Укажува на конкретно значење на поедини зборови кои во одредени ајети одстапува од правото јазичко значење , како на пример зборот зулм во 82 ајет во сурата Ел-Ен`ам.

Кога асхабите го слушнале овој ајет , чуствувајќи незгодност, му рекле на Божјиот Пратеник :,,Божји Пратенику , па нема меѓу нас никој, а да не направил барем некогаш себеси или на друг некаква неправда или насилство.” А божјиот Пратеник с.а.в.с. им објаснил дека зборот зулм во наведениот ајет има значење ширк и дека ајетот ја има следната смисла:,,Ќе бидат сигурни само оние кои веруваат и своето верување не го мешаат со многубоштво; Тие ќе бидат на Правиот пат.” Потоа, да би ги уверил во тоа,го цитирал ајетот во кој зборот зулм е објаснет како ширк:,,Кога Лукман му рече на синот свој, советувајќи го:`О синко мој не сметај му друг рамен на Аллах, многубоштвото навистина е, голема неправда.” (Лукман ,13)

3.Го одредува поблиску значењето на зборовите кои имаат поопширна смисла и укажуваат на што оние во поедини ајети се однесуваат. На пример , зборот рака и зборот крадливец и крадливка во ајетот:,, На оној кој украде и онаа која украде одсечете им ги рацете нивни , нека тоа им биде одмазда за тоа што го направиле и казна од Аллах. Аллах е Силен и Мудар. " (ел-Маиде , 38) Имаат поопширна смисла .Така да од самиот ајет не можеме да дознаеме , дали на крадливецот треба да се одсече цела рака од рамено , или пола , или еден дел, пошто се вели рака и за цела рака и за рака до лакотот. Исто така од ајетот не можеме да знаеме ,кои се тие крадливец и крадливка на кои треба да им се осече раката : дали на секој кој украде па макар нешто со минимална вредност или само на оние кои украдат нешто повредно. Мухаммед а.с. со своите зборови и пракса тоа го објаснил и укажал на конкретна смисла на споменатиот збор во наведениот ајет. На конкретниов пример покажал дека на крадливецот треба да му се одсечи раката до зглобот на шаката , а со збор објаснил дека на крадливците , на кои трба да им се одсече рака, се сметаат особите кои украдат во вредност од нисаб, со тоа што прецизно го одредил со нисаб.

На ист начин со хадисот е објаснета смислата на зборот вуста(среден)во ајетот: ,,Редовно извршувајте ја молитвата, нарочито средниот намаз ”. Од самиот ајет не можеме да знаеме кој е тој среден намаз , дали е Сабах, пладне , икиндија , акшам или јација. Од хадисот, кој го пренесува Бухарија и Муслим, дознаваме дека тоа е икиндискиот намаз. Х. Алија р.а. кажува и вели:` Божјиот Пратеник после завршувањето на битката на Хендек рекол:

,,Не забавија од средниот намаз-икиндија, Аллах да им ги исполни гробовите со оган.” (5)

4. Хадисот објаснува и укажува на начинот на практична примена на сите прописи кои се во Кур`анот само начелно формулирани. Во Кур`анот ни е нареден намзот , постот, зекатот, хаџџот и др. . али не се дадени детални упатства како тие се извршуваат.

Од Кур`анот не можеме да дознаеме , од колку рекати се состои ,некој намаз , како кој од нив се извршува , што се учи на кој рекат, што ќе го поквари намазот, како ќе го клањаме на патот и други поединости. Како што не знаеме како се извршува хаџџот , колку пати треба да се обиколи Каба , колку пати треба да се обиколи Сафаа и Мерва , што го квари Хаџџот и сл. Не можеме исто така да знаеме , од која имовина треба да се дава зекат , во кој износ и колку е висината на нисабот , од што се состои постот , што го квари и др. Деталите за овие и другите прописи во Кур`анот кои се само начелно споменати ги наоѓаме во хадисот на Божјиот Пратеник , без кого не би можеле да знаеме како тие се извршуваат . Така Мухаммед с.а.в.с. за намазот рекол после што практично го извршил пред асхабите рекол: ,, Клањајте, како што ме гледате мене да клањам. " (6)

За Хаџџот рекол : Земете ги од мене прописите на Хаџџот. (7)
Имам Бухарија забележал дека Имран б. Хусејн,познат другар на Ресулуллах , додека му го цитирал хадисот за шефа`атот некој човек рекол : `ебу Нуџејде , кажувај ни од Кур`ан ! (алудирајќи со тоа дека тој не му придава важност на хадисот)што го налути Имран б. Хусејн кој налутено му рече: ,, Дали си го прочитал ти Кур`анот?” ,,Да !” му одговори човекот. ,, А дали во Кур`анот си нашол дека јацискиот фарз има четири рекати, акшамскиот три, сабахскиот два, пладневскиот и икиндискиот по четири ?”

,, Од каде тоа тогаш го знаеш ? Зарем на тоа не ве подучивме , а нас не подучи Божјиот Пратеник?”

,, Зарем во Кур`анот си нашол, дekа на четириесет овци се дава една , како зекат, на толку и толку камили една камила , а на толку и толку дирхеми еден дирхем? “ Не”! му одговори човекот.

Дали си нашол во Кур`анот дека околу Каба се обиколува седум пати , дека треба да се клањаат два рекати кај Мека-ни-Ибрахим? ,,Не!” одговори ,,...А дали си го нашол ајетот” Она што Божјиот Пратеник ви го даде прифатете го , а она што ви го забрани ,избегнувајте го. Кога се ова го слушна , човекот му рече : ,, Ме спаси , Аллах да те поживее!”(Cool Со ова Имран б. Хусејн сакал да укаже на значењето на хадисот како коментар на Кур`анот , кој муслиманите мораат да го следат , зошто Кур`анот на тоа ги обврзува.

Хадисот одредува тесен смисол на ајетите кои имаат опширно значење и прецизира на кого се однесуваат , на пр.ајетот:,, Аллах ви наредува да,од машките деца ваши им припадне толку- колку за две женски,” (Ен-Ниса, 11) има опширна смисла ; ги опфаќа сите наследници и се однесува на секоја имовина. Со хадисите :,, Ние Божјите Пратеници не ја оставаме имовината во наследство . Она што остане позади нас е садака кој треба да се користи за општи потреби.” (9) ,,Убиецот не учествува во наследство” (10)

Божјиот Пратеник објаснува дека овој пропис не важи за имовината и децата од Божјите пратеници , како што не важи ни за убиецот. Тие имаат посебен третман и овој Кур`ански пропис не треба да се применува кога се во прашање особите кои се наведени во хадисот.

Х. Фатима не го слушнала наведениот хадис, па после смртта на Пратеникот а.с. дошла да бара наследство. После што Ебу Бекр и го цитирал наведениот хадис , таа се откажала од намерата и постапила по одредбата на својот татко, знаејќи дека тој најдобро ја знае смислата на Кур`анот и начинот на неговата примена.

6.Хадисот ни овозможува детали за поедини Кур`ански кажувања кои по себе се недоволно разбирливи за оние кои ќе ги чујат. Како на пример ќе го наведеме Кур`анскиот ајет:

,,Аллах им простил и на оние тројца кои изостанале, и тоа тогаш кога земјата , колку и да била пространа, би им постанела тесна....” (ет-Тевбе, 118)
Од самиот ајет не можеме да сфатиме , кои се тие кои изостанале , ниту можеме да знаеме од што изостанале. Од хадисот дознаваме дека се работи за Ка`б б. Малик, Хилал б.Умејјет и Мирари б. Ребии кои изостанале од походот на Тебук.Па кога Мухаммед а.с. им наредил на асхабите , после враќањето од Тебук, да , со тие тројца не смеат ништо да разговараат , додека Аллах не им го прости тој престап,тие почувствувале таква тегоба што им се чинело дека земјата е тесна.

Од се ова што е изнесено гледаме колку е значењето на хадисот како коментар на Кур`анот , без кого, без сомнение , дека не е можно да се разбере правата смисла на поедини ајети , ниту е можен начинот на примена во нив соодржаните прописи.
__________________

7Вовед во хадисот Empty Re: Вовед во хадисот Вто 21 Сеп 2010, 5:59 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
ДАЛИ ХАДИСОТ МУ Е ОБЈАВЕН НА МУХАММЕД А.С.

Во поскоро време се поприсутно е мислењето дека хадисот настанал како резултат на иџтихадот на Божјиот Пратеник и дека не постои никаква теорија да му се даде статус како објава. Гледано од аспект на обврските на работа по хадисот , за нас воопшто и не е важно дали треба да му се даде статус на објава или иџтихад , со оглед дека Кур`анот го обврзува секој верник и верничка , да живее во духот на Мухаммедовите а.с. упатства и да ги следат во целост. По Кур`анот секој верник и верничка се должни да го следат Мухаммед а.с. и да се придржуваат до неговите упатства и препораки , сеедно тие дали биле објавени или биле како резултат на неговиот сопствен иџтихад. Тоа јасно се гледа од следните Кур`ански ајети:

,,О верници , покорувајте се на Аллах и покорувајте се на Пратеникот и на претпоставените ваши. А ако во нешто не се согласувате, обратете се на Аллах и на Пратеникот , ако верувате во Аллах и оној свет, тоа ви подобро и последиците се подобри. “(Ниса, 59)

,,Оној кој се покорува на Пратеникот се покорува и на Аллах , а оној кој главата ја врти – па Ние не те испративме тебе чувар да им бидеш. “ (Ниса,80)

,,И бидете послушни на Аллах и бидете послушни на Пратеникот и внимателни бидете! А ако главата ја свртите , тогаш знајте дека Пратеникот наш е должен само јасно да опомене. “ (Маида, 92)

,,....Она што Пратеникот како награда ви даде прифатете го, а она што ви го забрани оставете го.” (Хашр, 7)

Но, да се сфати правата смисла и природата на хадисот , и неговиот однос спрема Кур`анот , потребно е да се објасни дали тој настанал како резултат на иџтихадотна Мухаммед а.с. или му е објавен. Тоа е посебно важно да се знае од причина што мнозинството му придаваат важност само на она што е од Аллах даденои објавено, а го занемаруваат се друго без оглед што Кур`анот ги обврзува на неговото следење и прифаќање. Веднаш ќе нагласиме дека Мухаммед а.с. знаеењето кое го нарекуваме хадис го примал од Севишниот Аллах џ.ш. со некои од познатите начини на објава. Тоа е неспорен факт кој може да го отфрли само оној којне се држи до јасните докази. Секое покушување да , на комплетната Мухаммедова а.с. пракса и се даде сатус на иџтихад , без сомневање , произволен и не се базира на никакви шеријатски аргументи. Напротив , се спротивставува на Кур`анските ставови и ставот на Пратеникот с.а.в.с.Повеќебројни се Кур`анските ајети и хадиси на Аллаховиот Пратеник а.с. кои не уверуваат дека Мухаммед а.с. во образложение , ги разработува и применува Кур`анските мисли и делувал по наредбите на Возвишениот Аллах џ.ш. , а не како муџтехид . За потполно да се увериме во тоа ќе наведеме само некои од нив:

1),,Ние и пред тебе луѓе како пратеници испраќавме и им објавувавме – прашајте ги следбениците на книгата ако не знаете –јасни докази и книги. А тебе ти објавуваме Кур`ан да би им го објаснил на луѓето она што ти се објавува,за да би размислеле”. (Нахл, 43- 44)

,,Ние тебе ти објавуваме Книга да би им го објаснил она околу што се разидуваат и на верниците да им биде упатство и милост .” (Нахл, 64)

Овие два наведени ајети од сура Нахл јасно ни укажува на она што веќе порано го истакнавме , тоа дека Мухаммед а.с. е одбран за Пратеник кој има за задача , да дословно го достави и објасни Кур`анот на луѓето.

Да некој биде во состојба да објаснува некоја материја , ќе мора во најмала рака да ја познава нејзината јазична и суштинска смисла . Сосема нелогично би изгледало , кога на еден неписмен човек му повериме толкување и објаснување на некое научно дело, за чие објаснување е потребна голема стручност во таа област. Посебно би било нелогично кога тој би го толкувал со стручњаци од таа област.Тоа здрав разум апсолутно не би го прифатил.Па како тогаш да го прифати, неписмениот Мухаммед а.с. кој не знаел ни да чита ни да пишува ,да го толкува и објаснува Кур`анот на Арапите кои во тоа време достигнале колуминација во реториката и поезијата? Ако ја прифатиме констатацијата дека Мухаммед а.с. ,освен Кур`анот не примел никакво друго знаење: да претпоставиме дека тој е , инспириран од убавината и стилот на Кур`анот ,можеби можел да ја сфати неговата јазична смисла , што сосема е апсурдно, но како можел врз основа на таа инспирација да го запознае, начинот и примената на прописот кои се во Кур`анот кои се само начелно споменати , за кои Кур`анот не дава никакви објаснувања , како што се намазот, постот, зекатот, хаџџот итн.

Секако, тој не можел да знае. За тоа единствено можел да биде подучен од Господарот на световите . Аллах џ. ш. Својот Пратеник го подучил на значењето на Кур`анот преку мелекот Џибрил, или тоа знаење му го вдахнал, или му го дал на некој друг начин од познатите начини на објава. Во тоа не уверува деветнаесетиот ајет од суре Ел-Кијаме:

,,Не изговарај го Кур`анот со јазикот свој да би го запамтил што побрзо, Ние сме должни да го собереме да ти го читаш. А кога го читаме, ти прати го читањето негово, а потоа , Ние сме должни да го објасниме.” (Кијаме, 16,17,18 и 19)

8Вовед во хадисот Empty Re: Вовед во хадисот Вто 21 Сеп 2010, 6:00 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
Истото уверување ни го овозможува и следниот хадис:

Ибн Зихаб ни кажува дека халифата Омер б. Абдул Азиз еден ден задоцнил со намазот, кај него влегол Урве б. Зубејр и го предупредил дека исто така во една прилика , додека бил во Куфа, со намазот закаснил и Мугире б. Су`бе, па го предупредил ебу Месуд ел-Енсари велејќи му: ,, Што е тоа Мугире ? Зарем не знаеш дека Џибрил му доаѓал на Божјиот Пратеник а.с. и клањал пред него , па клањал Божјиот Пратеник а.с. потоа клањал, па клањал Божиот Пратеник а.с. ,потоа клањал, па клањал Божјиот Пратеник а.с. потоа му рекол: Вака ти е наредено .“

Од хадисот се гледа дека Џибрил, за секој намаз му доаѓал на Мухаммед а.с.и му покажувал како кој намаз од нив се клања и во кое време.

2) ,,Да не би била Аллаховата добрина и Неговата Милост према тебе, некои поединци нивни намериле да те излажат- али само себеси се излажале, а тебе ни најмалку не ти наштетија. Тебе Аллах ти објавува Книга и Мудрост и те учи на она што не го знаеше, голема е Аллаховата благодет према тебе! ” ( Ниса , 113)

,,Тој на неуките им испрати Пратеник, еден помеѓу нив, да им ги кажува ајетите Негови и да ги очисти и да ги научи на Книгата и на мудрост,зошто пред тоа беа во заблуда очигледна. “ (Џум`а, 2)

,,Кога ги напуштате жените, тогаш, пред да се исполни нивното пропишано време за чекање, или задржете ги на убав начин, или достоинствено отпремете ги. И не ги задржувајте за да би им направиле насилство. А оној кој така постапи - згрешил . Не си играјте со Аллаховите прописи и нека на ум ви биде благодетта која Аллах ви ја дава, и Книгата и мудроста кои ви ги објавува, со кои ве советува.Од Аллах плашетесе и имајте на ум дека Аллах се знае! ” (Бекаре, 231)

Имам Шафија во поглед на овие наведени ајети вели: ,,Во споменатите ајети Аллах џ.ш. нагласува дека на Мухаммед а.с. му е објавен китаб и мудрост. Китабот е Кур`анот а мудроста не е ништо друго него суннетот или хадисот.Така зборот `Хикмет `во наведените ајети го сфатиле повеќето исламски ученици. Дека под зборот хикмет во наведените ајети се мисли на хадисот, не уверува и следниот Кур`ански ајет (3)

,,И помнете (о сопруги на Божјиот пратеник) ги Аллаховите ајети и мудрости кои се кажуваат во вашите домови; Аллах е навистина добар и се знае.” (Ахзаб, 34)

3) ,,Се колнам во ѕвездата која заоѓа, вашиот другар не скршнал од правиот пат и не залутал! Тој не говори по хирот свој - тоа е само објава која му се објавува.” (Неџм, 1-4)

Во овој ајет е сосема јасно кажано дека Мухаммед а.с. не зборува по хирот свој , туку се што зборува е објава која му се објавува. Некои сметаат дека овој ајет се однесува на Кур`анот , што значи дека Мухаммед а.с. не го зборува Кур`анот од себе, зошто се, како неприателите на исламот му приговарале нему во врска со Кур`анот дека тој го измислува . Меѓутоа ,со оглед дека овој ајет има поширока смисла , и не постои таков себе-би-нузул кој би го одредил неговото конкретно значење, познатите муфесири , ибн Абас , Куртуби , ибн Кесир, Шевкани и Веџдија стојат на ставот дека тој се однесува на Кур`анот и хадисот.Што значи дека Мухаммед а.с. прописите на верата не ги зборува по свој хир, туку што вели објавата која му се објавува. Истата смисла ја потврдуваат и следните ајети:

,,Кажи: `Јас не ви велам: ` Во мене се Аллаховите ризници`, ниту:` Мене ми е познат невидливиот свет, ниту ви велам: Јас сум мелек – Јас го следам само она што ми се објавува.` Кажи: Зарем се исти слепиот и оној кој гледа? Зашто не размислете?” (Ел-Ен`ам, 50)

,,Кога не им носиш ниту еден ајет, тие говорат:` Зошто сам не го измислиш? `Кажи : Јас го следам она што Господарот мој ми објавува. Ова се докази јасни од Господарот ваш и упатство и Милост за луѓето кои веруваат.” (А`раф, 203)

9Вовед во хадисот Empty Re: Вовед во хадисот Вто 21 Сеп 2010, 6:00 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
Покрај наведените Кур`ански ајети, кои ни говорат дека Мухаммед а.с. , покрај Кур`анот објавуван и хадисот, постојат и бројни хадиси во тој поглед. Во секој случај , без наведените хадиси би се двоумеле , дали Кур`анските ајети кои ги наведовме се однесуваат и на хадисот , или под зборот Вахј се мисли исклучиво на Кур`анот. Хадисот кој го, како што порано истакнавме, коментира и објаснува Кур`анот, ни го објаснува и правиот смисол и на наведените ајети, така да, после цитираниот хадис не може апсолутно повеќе да стои дилемата во смисол на Кур`анскиот ајет, ниту може да постои сомневање дека на Мухаммед а.с. покрај Кур`анот, е објавуван и Хадисот. Еве неколку хадиси во тој поглед:

Арбад б. Сарије вели дека го слушнал Пратеникот с.а.в.с. кога вели: ,,Даден ми е Кур`анот и уште нешто слично Нему.” (4)

Овој хадис, како вели Ел-Хитаби, упатува на едно од двете значења:

Дека Мухаммед а.с. покрај Кур`анот добивал и друга објава, а тоа е хадисот, или

Дека му е објавен Кур`анот па покрај тоа е поучен на неговото значење.(5) Даримија забележува во својот Сунен дека Евзаиниот учител Хасан говорел:,,Џибрил на Мухаммед а.с. му го донесува суннетот исто како што му го носел и Кур`анот.”(6)

Како потврда на Ел-Хитабиевата и Хасановата констатација можат да послужат и овие хадиси , од кои се гледа дека Џибрил на Мухаммед а.с. му го соопштувал хадисот, или дека тој му е даден во вид на вдахнување.
Абдуллах б. Омер вели: ,,Божјиот Пратеник с.а.в.с. еден ден , го извади златниот прстен од својата рака и рече:,,Јас повеќе никогаш нема да го носам.” Пошто тоа ,го видоа асхабите истото го направија. Го прашаа зошто тоа го направи, на што одговори: ,, Ми дојде Џибрил и ми соопшти дека Аллах џ.ш. им забранил на мажите да носат злато.”(7)

Ебу Сеид, покрај останатото вели:,,Еден ден, додека Божјиот Пратеник с.а.в.с. со асхабите клањаше, ги собу своите местви и ги стави на својата лева страна. Гледајќи го тоа асхабите, и тие го направија истото. Кога заврши со намазот, Мухаммед а.с. ги запраша зошто тоа го направија, а тие му одговорија: Видовме дека ти тоа го чиниш, па и ние тоа го направивме. Тогаш Мухаммед а.с. ги извести дека му дошол Џибрил и му соопштил дека неговите местви биле нечисти.”

(9) Целосно наведеното, недвосмислено ни говори дека на Мухаммед а.с., покрај Кур`анот, му е објавуван и хадисот, и не е како што некои тврдат во разработката на Кур`анската мисла дека делувал како муџтехид. Мухаммед а.с. да делувал во разработката на Кур`анот како муџтехид, тогаш не би постоела никаква разлика помеѓу него и еден обичен муфесир, кој врз основа на Кур`анот и Пратениковите а.с. објаснувања, го толкува Кур`анот . И напротив , муфесировото толкување би било покомпететно од Алејхиселамовото, зошто тој комплетира две врсти на иџтихад, Пратеничкиот и својот. Тоа што зборовите на Пратеникот а.с. ги чини аргументирани и полноважни е објавата која му се објавува и што тој за верата од себе ништо не зборува.

10Вовед во хадисот Empty Re: Вовед во хадисот Вто 21 Сеп 2010, 6:01 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
ДАЛИ ЦЕЛИОТ ХАДИС МУ Е ОБЈАВЕН НА МУХАММЕД А.С.

Пошто се исцрпија сите докази кои не уверија дека на Мухаммед а.с. хадисот му е објавуван, се наметнува едно ново прашање: Дали се што рекол или направил во текот на својата Пратеничка мисија му е објавувано, или кога како постапувал и говорел како останатите луѓе, по свој сопствен избор и своја воља,барем кога се работело за неговиот приватен живот и личните работи?

Како човек, Мухаммед а.с. што се однесува до неговите лични проблеми и личниот живот, слободно настапувал како и сите други луѓе. Слободно размислувал, донесувал пресуди за работите и извлекувал заклучоци. Во тоа свое размислување понекогаш би погрешил како и сите други луѓе, и отстапувал од своето мислење при уважување на сугестија од другите. За тоа постојат бројни докази од кои , да се увериме ќе издвоиме само два:

Кога муслиманските борци стиганаа на Бедр, Божјиот Пратеник а.с. одбра погодно место за сместување. Хабаб б. Мунзир го запраша:,, Божји пратениче, дали тоа место го одбра по Аллаховата одредба, или пак ти држиш дека е тоа најдобро? Ако е по Аллаховата одредба , ние се покоруваме, а ако е по твое мнение, јас имам подобар предлог` Мухаммед а.с. тогаш му рече: ,, Не е тоа по Аллаховата одредба, туку тоа е мое уверување, па затоа изнеси го својот предлог.` Хабаб б. Мунзир , тогаш му предложи да се влогорат покрај водата, и да сите останати бунари ги затрупаат, така да мушриците жедта би ги присилила да се повлечат. Пошто го сослуша , Мухаммед а.с. рече: ,, Во право е Хабаб б. Мунзир, преместете се покрај водата.” (10)

Х. Аиша р.а. вели дека Божјиот Пратеник с.а.в.с.еден ден слушнал некави гласови и запрашал:,, Какви се ова гласови? Таа му одговорила, дека тоа се гласови на луѓето кои ги опрашуваат плодовите, а Мухаммед а.с. и рече: ,,Подобро би им било да не ги опрашуваат додека не созреат плодовите.” Пошто дознале за мислењето на Пејгамберот а.с. луѓето престанале со опрашувањето и родот им бил многу слаб. Подоцна , за тоа го запознале Пратеникот а.с. , а тој им рекол:,, Ако нешто ви кажам за работите кои се однесуваат за овосветските работи вие придржувајте се за вашата пракса и искуства, а ако ви кажам нешто од областа на верата вие тоа прифатете го.”
Во друга верзија за истиот хадис стои: ,, Што се однесува до овосветските работи вие сте поупатени од мене и од мене подобро ги познавате.”
Меѓутоа , дали за работите кои се однесуваат шеријатските прописиМухаммед а.с. донесувал суд на основа на сопствениот иџтихад, или се во поглед на шеријатските прописи говорел по надахнување, тоа е спорно меѓу исламските ученици.

Некои ханефиски ученици сметаат дека Мухаммед а.с. некои прашања, чии решенија не ги добил со објава, можел да ги реши врз основа на иџтихадот, после одреден период на чекање до објавата.Тие ваквиот иџтихад го сметаат исто така како објава и тоа тајна , од причина што тој како пратеник во решавањето на шеријатските прашања и проблеми не може да погреши. Повеќето ученици усули-фикх пак држат, дека тој прашањата кои се однесуваат на шеријатот можел да ги решава со иџтихадот и не морал да чека на објава. Ез`арије и му-тезиле категорички стојат на позицијата дека Мухаммед а.с. не му бил дозволен иџтихад за прашањата од шеријатот. По нивно мислење, тој единствено можел да се послужи со иџтихад кога се работело за воена стратегија , и ни пошто за друго. (11)

Ми се чини дека на ова прашање надобар одговор дал Ебу Кутејбе. По него, Хадисот или Суннетот на Божијот Пратеник можеме да го поделиме на три видови:

1.Суннет кој на Мухаммед а.с. , му бил објавуван преку мелекот Џибрил или некој друг начин, а тука е исклучена можноста за иџтихад. За пример како што се следните хадиси:

,,Жената не може да се венча за човекот со која била нејзината тетка.”

,,Зарането е да се венча сестра по млеко, исто како што е забрането венчувањето со родената сестра.”

2.Суннетот кој настанал како резултат на иџтихадот на Божјиот пратеник.Имено , Севишниот Аллах џ.ш. му дозволил на својот пратеник некои прашања, во дадени околности, сам да ги решава. И таквото решение е полноважно доколку не проследила објава која тоа поинаку би го формулирала. Кај ваквите решенија Мухаммед а.с. можел да даде извесни повластувања на кому сакал. Така тој на мажите им забранил носење на свила, а му дозволил на Абдуррахман б. Авф. Исто така, забранил Хиџра после освојувањето на Мекка, после што му дошол стрикото Аббас, да го замоли да му дозволи селидба на братму Меџазија б. Месуд и сл.

Мухаммедовите а.с. современицизнаеле да гио разликуваат хадисите кои ги примил со објава од оние кои настанале како резултат на иџтихадот. Затоа барале повластици во неговите решенија, додека тоа не го правеле , во работите кои биле формулирани со објава.

Муслиманите се должни да ги следат и да се придржуваат кон двата вида на хадиси, поради значењето на Кур`анскиот ајет: ,,Она што Пратеникот ви го даде прифатете го,а она што ви го забрани, избегнувајте го.”

3.Суннет кој се однесува на Мухаммедовиот а.с. приватен живот. Тука се вбројуваат хадисите кои се однесуваат на неговиот начин на облекување, носење на стап и сл.Доколку ги применуваме овие хадиси, ќе имаме награда за тоа, а доколку не, нема да бидеме грешни. (13)
__________________

11Вовед во хадисот Empty Re: Вовед во хадисот Вто 21 Сеп 2010, 6:03 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
Stroga(farz)obvrska vo cuvanje na hadisot(sunnetot)

--------------------------------------------------------------------------------

Ахмед,Ебу Давуд и Ет-Тирмизи,пренесуваат од Ебу-Рафи’е р.а.,кој каžува:
”Го слуšнав Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.,кога реčе:
“Немојте да затекнам некого од вас како је потпрен на својата леžалка,па му дојде вестта за она šто сум заповедил или забранил,а тој да вели:‘Не знаеме.Она šто го наогјаме во Аллаховата Книга тоа и го следиме!” (Сунен Еби Давуд,Китабус-Сунне,5/12;Ет-Тирмидхи,4/144;Ахмед,Ел-Муснед, 6/Cool

Аллах субханеху уе теала во Кур’анот вели:
مَنْ يُطِعِ الرَّسُولَ فَقَدْ أَطَاعَ اللَّهَ وَمَنْ تَوَلَّى فَمَا أَرْسَلْنَاكَ عَلَيْهِمْ حَفِيظًا ”Оној кој е покорен на Пратеникот тој е покорен и на Аллах.”(Сура Ен-Ниса 4:80)
Ебу Хурејре р.а.,пренесува:“Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.,рекол:“Кој ќе ми биде покорен,тој е покорен на Аллах,а кој не ми е покорен мене,тој не е покорен ни на Аллах.“
(Ријадус-Салихин Хадис бр.671)

إِلا بَلاغًا مِنَ اللَّهِ وَرِسَالاتِهِ وَمَنْ يَعْصِ اللَّهَ وَرَسُولَهُ فَإِنَّ لَهُ نَارَ جَهَنَّمَ خَالِدِينَ فِيهَا أَبَدًا “А оној кој ќе биде непослуšен на Аллах и Неговиот Пратеник,сигурно го čека огнот Џехеннемски.” (Сура Ел-Дżин 72:23)

” وَمَا كَانَ لِمُؤْمِنٍ وَلا مُؤْمِنَةٍ إِذَا قَضَى اللَّهُ وَرَسُولُهُ أَمْرًا أَنْ يَكُونَ لَهُمُ الْخِيَرَةُ مِنْ أَمْرِهِمْ وَمَنْ يَعْصِ اللَّهَ وَرَسُولَهُ فَقَدْ ضَلَّ ضَلالا مُبِينًا
”Кога Аллах и Неговиот Пратеник неšто ќе одредуваат,тогаš ни верникот ни верниčката немаат право да постапат по своето мисленје.” (Сура Ел-Ахзаб 33:36)

وَمَا يَنْطِقُ عَنِ الْهَوَى إِنْ هُوَ إِلا وَحْيٌ يُوحَى ” 'Ве ма јентикужанил-хева(Тој не зборува по своето мисленје (заклуčок),Ин хуве илла вахјун јуха (тоа е само објава која му се објавува”) (Сура ен-Неџм 53:3-4)

قُلْ إِنْ كُنْتُمْ تُحِبُّونَ اللَّهَ فَاتَّبِعُونِي يُحْبِبْكُمُ اللَّهُ وَيَغْفِرْ لَكُمْ ذُنُوبَكُمْ وَاللَّهُ غَفُورٌ رَحِيم “Каžи:Ако го лубите Аллах,мене следете ме,и вас Аллах ќе ве сака и гревовите ќе ви ги прости.”(Сура Али-Имран 3:31)

فَلا وَرَبِّكَ لا يُؤْمِنُونَ حَتَّى يُحَكِّمُوكَ فِيمَا شَجَرَ بَيْنَهُمْ ثُمَّ لا يَجِدُوا فِي أَنْفُسِهِمْ حَرَجًا مِمَّا قَضَيْتَ وَيُسَلِّمُوا تَسْلِيمًا ”Валлахи,тие не ќе бидат прави верници,додека тебе не те прифатат за судија во нивните мегјусебни спорови и потоа, заради пресудата твоја,во дуšите нивни никаква теšкотија не осетат,и додека потполно тебе не ти се покоруваат.”(Сура Ен-Ниса 4:65)

Додека,Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.,рекол:“Кој ќе го остави (се одалеčува) мојот суннет (хадис),не ми припагја мене.” (Ријадус-Салихин Хадис бр.143)

“Она šто ви го дава Претеникот,тоа земете го,а она šто ви го забранува,оставете го!” (Сура Ел-Хаšр 59:7)

بَعْضِكُمْ بَعْضًا قَدْ يَعْلَمُ اللَّهُ الَّذِينَ يَتَسَلَّلُونَ مِنْكُمْ لِوَاذًا فَلْيَحْذَرِ الَّذِينَ يُخَالِفُونَ عَنْ أَمْرِهِ أَنْ تُصِيبَهُمْ فِتْنَةٌ أَوْ يُصِيبَهُمْ عَذَابٌ أَلِيمٌ
لا تَجْعَلُوا دُعَاءَ الرَّسُولِ بَيْنَكُمْ كَدُعَاءِ ”Нека се припазат оние кои постапуваат спротивно на наредбата Негова,да не ги стигнува некое искуšение,или болно патенје да не ги снајде!” (Сура Ен-Нур 24:63)

وَاذْكُرْنَ مَا يُتْلَى فِي بُيُوتِكُنَّ مِنْ آيَاتِ اللَّهِ وَالْحِكْمَةِ إِنَّ اللَّهَ كَانَ لَطِيفًا خَبِيرًا ”И спомнете ги Аллаховите ајети и мудрост кои се уčат во ваšите куќи,(тј. Спомнете ги Аллаховите ајети и суннетот (хадисот) на Аллаховиот Пратеник,саллаллаху алејхи ве селлем!”) (Сура Ел-Ахзаб 33:34)

156.Ебу Хурејре р.а.,пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.,рекол:“Не праšувајте ме се додека не ви каżувам.Навистина, оние пред вас пропаднаа поради нивното прекумерно распраšуванје и разидуванје со нивните Пратеници!Па кога неšто ќе ви забранам,оставете го(одалеčете се),а кога неšто ќе ви наредувам,направете го тоа,по своите моžности.” (Ријадус-Салихин Хадис бр.156)

157.Ебу-Неџих ел-Ирбад б.Сариј р.а.,и раскаżува:"Аллаховиот Пратеник,саллалаху алејхи ве селлем,ни одрżа јасен ваз (говор) од кое,наšите срца затреперија,а оčите засолзија,па си рековме:"Аллахов Пратенику!Како ова да е проšтален говор,па дај ни порака."Пратеникот с.а.в.с.,реčе:"Ви пораčувам богобојазливост и покорност,па макар бил роб (слуга) Абесинец (Етиопјанец).Оној кој ќе поżивее од вас,ќе види многу разидуванја.Долżност на вас е да го следите мојот суннет (хадис) и традицијата на моите први три генерации,(кои Мухаммед с.а.в.с.,ги окфалификувал како најдобри генерации на исламот) исправно упатени халифи (наследници).Максимално дрżете се за мојот суннет (прифатете се цврсто со забите) и никако не следите новотарии заšто,секоја новотарија е заблуда."
(Ријадус-Салихин Хадис бр.157)

Ебу Хурејре р.а.,пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.,рекол:
(( تفترق اليهود على إحدى وسبعين فرقة،أو اثنتين وسبعين فرقة والنصارى مثل ذلك،وتفترق أمتي على ثلاث وسبعين فرقة )) ”Ќе се поделат Евреите на 71 секта,Христијаните на 72,а мојот уммет (муслиманите) на 73 секти, сите ќе бидат во пеколот освен една.Го праšале која е таа Аллахов пратенику? Одговорил:Таа šто ќе биде на она šто сум бил јас.” (Абу дауд,4596-4597;
ал-Тирмидхи 171;2640-2641; Имам Ахмад, (2/332, 3/120 145 анд 4/120 анд Ибн Мадżе,3991-3993)

Авфа ибн Малик р.а.,пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.,рекол:”Се колнам во Оној на čии раце е мојата дуšа,мојот уммет (муслиманите) ќе се разделат на 73 групи,72 ќе бидат во оган освен една.Асхабите рекоа:”Аллахов Пратенику,која е таа?”Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.,реčе:“Џема’ат.” (Ибн Мадžе,Китабу ел фитен,321/2,3992)

Аллах субханеху уе теала во Кур’анот вели: رَبَّنَا آمَنَّا بِمَا أَنْزَلْتَ وَاتَّبَعْنَا الرَّسُولَ فَاكْتُبْنَا مَعَ الشَّاهِدِينَ “Господару наš,ние вруваме во она Ти šто го објавуваš и ние пратеникот го следиме,затоа запиšи не мегју верниците!”

Муслим пренесува од Енеса ибн Малик р.а.,дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.,рекол:“Сигурно е дека на Изворот Кефтхер ќе дојдат лугје од мојот уммет кој ќе бидата одвоени,па ќе реčам:“Господару,тие се од мојот народ (уммет) од мојот народ“ Па ќе се вели:“Ти не знаеš šто воведоа во верата и šто измислија после тебе“ (Муслим,Китабул-федаил,4/1800)

Ебу Хурејре р.а.,пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.,рекол:
“Ќе ги повикувам“Дојдите“.Тогаš ќе се вели:“Оние се кои направија измени а јас ќе велам;“Нека бидат одстранети,нека бидат одстранети.“ (Муслим,Китабут-тахаре,1/218)

Сехл ибн Са’д р.а,пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.,рекол:”Јасум ваšиот предводник на Изворот Хавд,кој ќе му приогја ќе се напие,а ако се напие,никогаš нема да оžедни.ќе ми приогјаат лугје кои ги познавам и кои не ги познавам,потоа мегју нив и мене ќе се постави препрека.” (Ел Бухари,Китабу рељаиљ, 264/7,Муслим, Китабу федаил,1793/4,229)
Во другиот ривает стои:”Тие се од мојот уммет (народ)”,па ќе се каžува:”Ти не знаеš šто ново воведоа после тебе.”А јас ќе велам:”Нека се одалеčени оние кои изменија после мене.” (Ел Бухари, Китабу рељаиљ,264/7,6583)

158.Ебу Хурејре р.а.,пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.,рекол:
“Сите мои следбеници ќе влезат во Џеннет,освен оние кои неќат.“Некој реčе:”Аллахов Пратенику,кој ќе одбива да влезе во Џеннет?“Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.,реčе:“Оној кој ќе ми биде послуšен ќе влезе во Џеннет,а оној кој ми е непослуšен,тој веќе го отфрлил Џеннетот.” (Ријадус-Салихин Хадис бр.158)

159. Ебу Муслим р.а.,или Ебу Илјас Ел Екве р.а.,пренесува дека кај Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.,еден čовек јадел со левата рака на šто,Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.,му реčе:
“Јади со десната.“Čовекот реčе:“Не моżам.“Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.,му реčе:
“Ниту пак ќе моżиš“,(а ниšто не го преčеšе тоа да го направи освен непослуšноста),и повеќе раката не го крена до устата.“ (Ријадус-Салихин Хадис бр.159)

160.Од Ебу-Абдуллах ен-Нуман б.Беšир р.а.,пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с, рекол:“Навистина или ќе ги израмнувате ваšите сафови или Аллах ќе ви ги разделува ваšите срца.“
Во преданието на Муслим,стои:
“Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.,ги израмннуваšе наšите сафови како да го исправува стрелата, дури не би видел дека сме го науčиле знаčајноста на израмнуванјето на сафовите.Така еден ден Пратеникот с.а.в.с.,пред да го реčе текбирот (за намаз),примети еден čовек во сафот со градите истурени напред,па реčе:“О Аллахови робови,навистина,или ќе ги израмнувате ваšите сафови или Аллах ќе ви стави раздор во ваšите срца.“ (Ријадус-Салихин Хадис бр.160)

161.Ебу Муса р.а.,раскаżува:“Во Медина изгоре една куќа со нејзиниот сопственик.Кога разбра за тоа,Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.,реčе:“Навистина,огнот е ваšиот непријател,па кога ќе сакате да спиете,изгаснете го!” (Ријадус-Салихин Хадис бр.161)

163.Џабир р.а.,пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.,рекол:”Примерот измегју мене и вас е како примерот на čовек кој го запалил огнот и ги растерува скакулците и пеперутките да не налетат во неа (во она šто не било во верата).Исто така и јас (со мојот суннет-хадис) ве бранам од огнот,дрżејќи ве за ваšите фустани,али вие се отргнувате од моите раце.“(Ријадус-Салихин Хадис бр.163)

164.Џабир р.а.,пренесува:“Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.,наредил,после јаденјето,да се лиžат прстите и садот и реčе:“Навистина,вие не знаете во šто е бериќетот.”Во еден друг ривает стои:“Ако на некој од вас му падне неšто од храната,нека го земе,нека го отстрани евентуалната неčистотија,нека го изеде не оставајќи му го на šејтанот,и рацете нека не ги бриšе со крпа додека не ги излиžе прстите,зоšто навистина,не знае во кој дел на неговата храна се наогја бериќетот.”
Во третиот ривает стои:“Навистина,Šејтанот присуствува при секоја ваšа работа,па дури и за време на ваšето јаденје;Затоа,ако некому од вас му падне неšто од храната,нека го отстрани евентуалната неčистотија и нека го изеде а не да го остава за šејтанот.”

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот