1 Гревот на Ева Пон 28 Окт 2013, 1:49 pm
Al-Ghuraba
Модератор
Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосниот!
Трите вери се слагаат во основната вистина и тоа дека обајцата,и мажот и жената се создадени од Господ,Создавач на целиот овој универзум.Меѓутоа,несогласноста започнува покасно,значи после создавање на првиот човек,Адам,и првата жена,Ева.Еврејско- христијанската верзија во тоа што се вели во врска со создавањето на Адам и Ева,е цитирано во детали во (Битие 2:4-3:24).Господ им забрани на двајцата да јадаат овошја од забранетото дрво.Змијата ја заведе Ева во грев,да јаде од тоа,а потоа Ева го измами и го заведе Адам во тој грев. Кога Господ му се замери на Адам за тоа што направи,тогаш тој му префрли целата вина за тој грев на Ева. ``Човекот(Адам) рече:Жената(Ева) моја,Ти ми ја даде со мене,таа ми даде од дрвото,па јадев.потоа Господ и рече на Ева:Ќе ти ги умножам многу маките на твојата бременост,во маки ќе ги раѓаш децата.Твојот копнеж ќе биде кон мажот твој,а тој ќе владее над тебе.А на човекот му рече:Затоа што го послуша гласот на својата жена,таа јадеше од дрвото за кое ти заповедив велејќи:Не ќе јадеш од него!Земјата ќе е проклета заради тебе,во маки ќе се храниш од неа сите денови на својот живот!``(Битие 3:12-3:16-3:17). Што се однесува на Исламот,во Кур`анот често пати се спомнува првото создавање на човекот,како на пример: ``О Адеме,живејте ти и жената твоја во Џеннетот,и јадете од каде што сакате и не приближувајте се кон ова стебло зашто ќе бидете меѓу зулумќарите!ПаШејтанот им шепна за да им го открие она што еденадруг им беше скриено,нивните срамни места,и рече:Господарот ваш ви го забрани ова стебло за да не станете
мелеки или да не бидете за навек-и им се колнеше:``Јас сум,навистина,ваш советник``.И ги заведе со измамата.Бидејќи вкусија од стеблото им се покажаа нивните срамни места и почна
да ги покриваат со џеннетско лисје.И Господарот нивни им рече:``Нели ви го забранив стеблото и нели ви реков дека Шејтанот,навистина,е вашиот јасен непријател! Рекоа:Господаре наш,сами себеси си направивме зулум иако не ни простиш и ако не ни се смилуваш,ќе бидеме,секако,меѓу поразените``(Кур`ан 7:19-23).
Ако внимателно гледаме во овие две пренесени повести ќе наидеш на некои суштински разлики.Кур`анот,наспроти Библијата,им додели еднаква вина за гревот што го нанесоа двајцата,и Адам и Ева.Никаде во Кур`анот не можеш да најдеш дека Ева го натера на Адам да јаде од тоа дрво,или пак дека таа јадела пред него.Ева во Кур`анот не го измами ниту го нанесе да чини грев.Покрај тоа,не такво нешто што вели дека Ева е казнета за тоа што нанесе,со болките на родењето.Тоа многу јасно се кажува во Кур`анот дека нема никој да се казни за гревот на другиот.Двајцата,и Адам и Ева чинија грев ,потоа бараа од Господ да им опрости и Тој на двајцата им опрости.
Автор: Проф.Др. Шериф Абдел-Азим
Универзитетот Квинс,Кингстон,Онтарио-Канада
Обработка: ahlu-sunnah.org