Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Должности во поглед на благородниот Куран EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Должности во поглед на благородниот Куран EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Должности во поглед на благородниот Куран EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Должности во поглед на благородниот Куран EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Должности во поглед на благородниот Куран EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Должности во поглед на благородниот Куран EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Должности во поглед на благородниот Куран EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Должности во поглед на благородниот Куран EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Должности во поглед на благородниот Куран EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Должности во поглед на благородниот Куран EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Должности во поглед на благородниот Куран EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Должности во поглед на благородниот Куран EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Должности во поглед на благородниот Куран EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Должности во поглед на благородниот Куран EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Должности во поглед на благородниот Куран EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 13 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 13 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Должности во поглед на благородниот Куран Vote_lcapДолжности во поглед на благородниот Куран Voting_barДолжности во поглед на благородниот Куран Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Должности во поглед на благородниот Куран Vote_lcapДолжности во поглед на благородниот Куран Voting_barДолжности во поглед на благородниот Куран Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Должности во поглед на благородниот Куран Vote_lcapДолжности во поглед на благородниот Куран Voting_barДолжности во поглед на благородниот Куран Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Должности во поглед на благородниот Куран Vote_lcapДолжности во поглед на благородниот Куран Voting_barДолжности во поглед на благородниот Куран Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Должности во поглед на благородниот Куран Vote_lcapДолжности во поглед на благородниот Куран Voting_barДолжности во поглед на благородниот Куран Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Должности во поглед на благородниот Куран Vote_lcapДолжности во поглед на благородниот Куран Voting_barДолжности во поглед на благородниот Куран Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Должности во поглед на благородниот Куран Vote_lcapДолжности во поглед на благородниот Куран Voting_barДолжности во поглед на благородниот Куран Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Должности во поглед на благородниот Куран Vote_lcapДолжности во поглед на благородниот Куран Voting_barДолжности во поглед на благородниот Куран Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Должности во поглед на благородниот Куран Vote_lcapДолжности во поглед на благородниот Куран Voting_barДолжности во поглед на благородниот Куран Vote_rcap 
Haqq (253)
Должности во поглед на благородниот Куран Vote_lcapДолжности во поглед на благородниот Куран Voting_barДолжности во поглед на благородниот Куран Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Едно од својствата на Куранот е дека тој е светлост (ар. нур), како што кажува Возвишениот Аллах: „Затоа верувајте во Аллах и во Пратеникот Негов и во светлото коешто го објавуваме, Аллах добро го знае тоа што го правите.“ (Ет – Тагабун, Cool;
„А од Аллах ви доаѓа светлина и Книга јасна со која Аллах ги упатува на патиштата на спасението тие што настојуваат да го стекнат задоволството Негово и ги изведува, според волјата Своја, од темнината на светлина и им укажува на Вистинскиот пат.“ (Ел – Маиде, 15 – 16).
Значи, Куранот е светло кое ги осветлува срцата на верниците и ги осветлува патиштата на тие кои бараат богобојазност , меѓутоа тоа го доживуваат само тие кои се покоруваат на неговите наредби и се чуваат од неговите забрани.

Куранот е разделувач на вистината од невистината (ар. фуркан). Возвишениот Аллах вели : „Благословен нека е Тој што на робот Свој му го објавува Фурканот (Куранот) за да им биде опоменувач на световите.“(Фуркан, 1). Куранот е Фуркан, кој ја раздвојува вистината од лагите, упатството од заблудата. Со него Аллах ги раздвои добронаклонетите верници од расипаните неверници, па верниците се закитиа со пофални вернички особини, а од себе ги отстранија грешниците и неверниците.

Куранот е опоменувачка порака и лек, упатство и милост за верниците, како што кажува Возвишениот Аллах: „О, луѓе, веќе ви стигна порака од Господарот ваш, и лек за вашите срца, и упатство и милост за верниците.“ (Јунус, 57). Куранот им ја носи наједноставната порака на тие кои имаат чисти срца и кои пред упатството свесно не ги вртат своите глави. Куранот е најделотворниот лек за разболените срца. Во Аллаховата Книга се наоѓа лекот за болестите на сомнежот и страстта. Куранот е упатство и милост за тој кој се држи за куранските принципи, го упатува на Правиот пат и му ги појаснува верничките патеки по кои треба да чекори на патот до спасот и избавувањето.

Ова се само некои од својствата со кои Возвишениот Аллах го опишува величествениот Куран. Секако, ова се значајни и впечатливи својства кои ни ја покажуваат големината на оваа возвишена книга која Аллах ја направил печат на Своите книги за жителите на Земјата. Куранот е најголемата Пратеникова, саллаллаху алејхи ве селлем, муџиза. Покрај тоа , Куранот општо, е најголемата муџиза со која е почестен еден веровесник. Ниту на еден веровесник не му е објавена слична книга како што е величествениот Куран кој ги „заробил“ срцата на научниците и многумина ги оставил без здив. Возвишениот Аллах вели: „Аллах го објавува најубавиот говор, Книга слична по смисла, чиишто поуки се повторуваат. Од неа ги поминуваат морници тие што се плашат од Господарот свој, а потоа, кога ќе се спомне Аллаховото име, кожите нивни и срцата нивни им се смируваат. Тоа е Аллаховото Упатство со кое Тој упатува кого сака; а тој кого Аллах на погрешен пат ќе го насочи, за него нема упатувач..“ (Ез – Зумер, 23 ).

О верници, во поглед на оваа величествена Книга имаме многу должности и обврски. Една од тие обврски е дека сме должни да му се радуваме на Куранот. Аллаховата благородна Книга е нешто најдобро на што можеме да му се израдуваме. Возвишениот Аллах кажува: „О, луѓе, веќе ви стигна порака од Господарот ваш, и лек за вашите срца, и упатство и милост за верниците. Кажи: „Па поради тоа нека им се радуваат на Аллаховата благодат и милост, тоа е подобро од тоа што го натрупуваат.“ (Јунус, 57 – 58).
Ебу Сеид рекол: „Спомнатата ’Аллахова благодет‘ во овој ајет е Куранот, а Неговата милост е дека нас не почести со него . Од ова произлегува дека радувањето за Куранот значи величење на оваа книга, а навистина Куранот е далеку подобар од сите дуњалучки вредности и украси кои луѓето ги натрупуваат.“

Оваа величествена Книга должни сме да ја учиме и читаме, во согласност со зборовите на Возвишениот : „Тие што Аллаховата Книга ја читаат и што намазот го извршуваат и од тоа што Ние ги снабдивме даваат, и тајно и јавно, може да се надеваат на трговијата која нема да исчезне за Тој да ги награди според тоа што го правеле и од изобилството Свое уште да им даде, бидејќи Тој многу простува и Благодарен е. “ (Фатир, 29 – 30). Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Учете го Куранот затоа што тој на Судниот Ден ќе дојде како поборник за својот учач.“(Муслим). Поради тоа, Куранот треба да се учи континуирано и напорно, треба многу да се чита затоа што Куранот ги прочистува срцата и го продуховува човекот и неговата душа. Тој исто така го поттикнува човекот да прави добри дела, а го оддалечува од правење на лоши.


Должни сме оваа величествена Книга, која е разделувач на вистината од невистината, да ја учиме со размислување околу нејзините ајети, во согласност со зборовите на Возвишениот: „Книгата која ти ја објавуваме е благословена, за тие да размислат за зборовите нејзини и за тие што се обдарени со разум да примат поука.“ (Сад, 29). Аллах во негативна конотација ги спомува тие кои не размислуваат за Неговата Книга, велејќи: „Како тие не размислат за Куранот, или на срцата имаат катанци?!.“ (Мухаммед 24).

Плашете се од Аллах, о Аллахови робови, и размислете за Неговата величествена Книга. Учењето на Куранот ќе му користи на срцето само ако се состават сите неопходни аспекти на учење: учење и слушање, и особено рамислување за значењата на неговите ајети, за да се почуствувало дека тоа е говор од Господарот на световите спуштен на Неговиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем. Пренесено е од исправните претходници дека имале навика да клањаат ноќен намаз повторувајќи еден ајет и размислувајќи за неговите значења .

Исто така, должни сме со почит да се однесуваме кон Куранот и да го чуваме, затоа што тоа е говор на нашиот Господар, Возвишен и Благороден. Научниците се сложни за фактот дека сме должни со почит да се однесуваме кон Куранот, да се величи и чува. Тој кој се исмејува со Куранот или со дел од Куранот, тој не поверувал во Аллах и неверник е, по консензусот на сите муслимани. Поради тоа, величете ја оваа Книга, о Аллахови робови, и чувајте ја од тие кои ги надвладеала безгрижноста. Еден од начините на величење и почитување на Куранот е да се допира само под абдест. Исто така, џунуб не смее да го учи Куранот. Исто така, не е дозволено Куранот да се става позади плеќи, ниту да се става нога на него, или пак да се стави на место каде може да биде извалкан или осквернавен. Плашете се од Аллах и почитувајте ја Неговата Книга: „Така е тоа! Па кој ги почитува Аллаховите прописи, тоа е знак за богобојазност на срцето.“(Ел – Хаџџ, 32).

Должни сме, истотака, цврсто да се држиме за оваа Книга, како што тоа му го нареди Аллах на Својот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, кога рече: „Затоа држи се до тоа што ти се објавува, бидејќи ти навистина си на Вистинскиот пат. “(Ез – Зухруф, 43). Држење до Куранот значи следење на неговите упатства и не негирање на ниту еден негов ајет, како што кажува Возвишениот: „Следете го тоа што ви се објавува од вашиот Господар.“ Плашете се од Аллах и цврсто држете се до Книгата на вашиот Господарот. Бидете искрени во тоа така што трагите од вашето придржување до Куранот ќе бидат видливи на вашите дела, зборови и однесување. Учете го и читајте го Куранот, памтете ги неговите ајети и размислувајте околу нив, затоа што тој кој ќе се прифати за Куранот, тој е упатен. Затоа, верници, сите прифатете се за Аллаховото јаже.


Превземено од: Минбер.ба


Превод: Мухамед Ајдиноски

Обработка: Исламски-Центар

http://www.ahlu-sunnah.org

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот