Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Ширкот е, навистина најголема неправда EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Ширкот е, навистина најголема неправда EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Ширкот е, навистина најголема неправда EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Ширкот е, навистина најголема неправда EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Ширкот е, навистина најголема неправда EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Ширкот е, навистина најголема неправда EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Ширкот е, навистина најголема неправда EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Ширкот е, навистина најголема неправда EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Ширкот е, навистина најголема неправда EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Ширкот е, навистина најголема неправда EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Ширкот е, навистина најголема неправда EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Ширкот е, навистина најголема неправда EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Ширкот е, навистина најголема неправда EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Ширкот е, навистина најголема неправда EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Ширкот е, навистина најголема неправда EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 19 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 19 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Ширкот е, навистина најголема неправда Vote_lcapШиркот е, навистина најголема неправда Voting_barШиркот е, навистина најголема неправда Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Ширкот е, навистина најголема неправда Vote_lcapШиркот е, навистина најголема неправда Voting_barШиркот е, навистина најголема неправда Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Ширкот е, навистина најголема неправда Vote_lcapШиркот е, навистина најголема неправда Voting_barШиркот е, навистина најголема неправда Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Ширкот е, навистина најголема неправда Vote_lcapШиркот е, навистина најголема неправда Voting_barШиркот е, навистина најголема неправда Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Ширкот е, навистина најголема неправда Vote_lcapШиркот е, навистина најголема неправда Voting_barШиркот е, навистина најголема неправда Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Ширкот е, навистина најголема неправда Vote_lcapШиркот е, навистина најголема неправда Voting_barШиркот е, навистина најголема неправда Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Ширкот е, навистина најголема неправда Vote_lcapШиркот е, навистина најголема неправда Voting_barШиркот е, навистина најголема неправда Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Ширкот е, навистина најголема неправда Vote_lcapШиркот е, навистина најголема неправда Voting_barШиркот е, навистина најголема неправда Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Ширкот е, навистина најголема неправда Vote_lcapШиркот е, навистина најголема неправда Voting_barШиркот е, навистина најголема неправда Vote_rcap 
Haqq (253)
Ширкот е, навистина најголема неправда Vote_lcapШиркот е, навистина најголема неправда Voting_barШиркот е, навистина најголема неправда Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Ширкот е, навистина најголема неправда Gurbetruzgarihzallahhzl
ШИРКОТ Е, НАВИСТИНА НАЈГОЛЕМА НЕПРАВДА

Од Абдуллах б. Абас, р.а., се пренесува дека Пратеникот, а.с., рекол: „Правото на Аллах кај Неговите робови е да Го обожуваат и ништо како здруженик да не му припишуваат.“ (Мутеффекун алејхи) Правото на Возвишениот Аллах е највеличественото и најважното право, и тоа се заснова на две големи основи:


Првата е: Чинење ибадет само Нему, Едниот. А ибадет е заедничко име за сето она што Возвишениот Аллах го сака и е задоволен од зборовите и делата и јавни и тајни. Така, намазот (молитвата), зекатот, постот, хаџот, вистинитиот говор, извршувањето на аманетот, доброчинството кон родителите, одржувањето на роднинските врски, исполнувањето на договореното, наредувањето на добро, одвраќањето од лошо, џихадот против неверниците и мунафиците (дволичните), добротворството кон соседот, сиракот, сиромашниот, патникот, луѓето и животните, довата, зикрот, читањето на Куранот и слични дела се сметаат за ибадет.

Исто така, љубовта кон Аллах, Неговиот Пратеник, стравот од Аллах, каењето Нему, искреноста, трпението над Неговата пресуда, благодарноста на Неговите благодати, задоволството со Неговата одредба, потпирањето на Него, надежта во Неговата милост, стравот од Неговата казна и слично, се вбројуваат во ибадет.
Само со ибадетот може да се постигне Неговото задоволство и ибадетот е причината поради која ги создал сите суштества, како што вели Возвишениот: „Џинните и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат.“ (превод на значење Ез Заријат, 56) Со цел да Му се прави ибадет само Нему Едниот, Аллах, џ.ш., ги испраќал сите Свои пратеници, нека е мирот над нив, како што е наведено во Неговите зборови: „Ние на секој народ Пратеник му испративме: „Само Аллах обожувајте Го, а тргнете се од тагутот!“ И меѓу нив имаше од тие на кои Аллах на Вистинскиот пат им укажал, а и од тие што заслужиле да останат во заблуда.“ (превод на значење Ен Нахл, 36)
Прекорувајќи ги оние кои се вообразени и не сакаат да Му чинат ибадет, Возишениот Аллах, вели: „Тие што од вообразеност не сакаат да Ме обожуваат – сигурно понижени ќе влезат во џехеннем.“ (превод на значење Ел Мумин, 60)

Оттука и целата вера влегува под поимот ибадет (обожување). Така, во веродостојниот хадис, каде се пренесува дека, Пратеникот, а.с., кога му дошол Џибрил во форма на бедуин и го прашал за исламот, му одговорил: „Исламот е да сведочиш дека не постои друг бог освен Аллах, и дека Мухаммед е Аллахов Пратеник, и да извршуваш намаз, да даваш зекат, да постиш во рамазан, и извршиш хаџ ако си во можност.“ Потоа го прашал: А што е иман? Пратеникот, а.с., рекол: „Да веруваш во Аллах, во Неговите мелеци, книги, пратеници, проживувањето по смртта, и да веруваш во кадер – Неговото одредување на доброто и злото.“
Потоа Џибрил прашал: А што е тоа ихсан – добротворство? Пратеникот, а.с., рекол: „Да го обожуваш Аллах како да Го гледаш, бидејќи ако ти Него не го гледаш, Тој навистина тебе те гледа.“ Сите наведени детали, Пратеникот, а.с., ги сметал за работи од верата, а самата вера содржи значење на понизност, покорност и послушност. Оттука е и значењето на Алаховата вера за обожување на Аллах, покорност кон Него и понизност Нему. А ибадетот кој ни е нареден покрај понизноста содржи и значење на потполна љубов. Да се обожува Аллах така значи да се постигне врвноста на понизност и љубов кон Аллах, субханеху ве теала.

Втората основа на Аллаховото право кај Неговите робови е: Да не му прават ширк. А ширк е здружување придружник на Аллах во Неговата моќ и божественост. Во повеќето случаи ширк на Аллах во Неговата божественост (илахијет) бива, со молење на некој друг покрај Аллах или со упатување поедини видови ибадети некому друг покрај Аллах, како: колење, завет, страв, надеж и љубов. Ширкот е најголемиот грев, и тоа поради следниве работи:

• Затоа што ширкот претставува истоветување на суштествата со Создателот во божествените особини, па така оној што на Аллах му придружи некого, тој веќе го споредил со Аллах , а тоа е голем зулум – неправда. Вели Возвишениот: „Ширкот е, навистина голема неправда.“ (превод на значење Лукман, 13) Зулумот е да се стават некои работи на погрешно место, затоа оној што обожува нешто покрај Аллах, тој го ставил неговиот ибадет на погрешно место и го упатил кон оној кој не го заслужува, а тоа е најголемата неправда.

• Возвишениот Аллах нè известува дека нема да го прости ширкот на оној што не се покае од него. Вели Возвишениот: „Аллах нема да прости ако нешто Му се здружува, а ќе прости сe освен тоа кому Тој сака! А тој што на Аллах Му припишува здруженик, тој прави клевета и голем грев.“ (превод на значење Ен Ниса, 48)

• Возвишениот Аллах нè известил дека Му го забранил џеннетот на оној што направи ширк, и дека таквиот вечно ќе престојува во џехеннемот. Вели Возвишениот: „Кој на Аллах ќе Му припишува здруженик, Аллах ќе му го забрани влезот во џеннетот и неговото живеалиште ќе биде џехеннемот; а на злосторниците нема никој да им помогне!“ (превод на значење Ел-Маида, 72)

• Затоа што ширкот ги уништува сите дела. Вели Возвишениот: „А да Му припишуваа здруженик, сигурно ќе им пропаднеше тоа што го правеа.“(превод на значење Ел Енам, 88)

• Затоа што ширкот е најголемиот грев. Пратеникот, а.с., рекол: „Сакате ли да ве известам за најголемиот грев? Рековме: ’Секако, Аллахов пратенику’, ’Правењето ширк на Аллах, и непослушноста кон родителите... ’“(Муттефекун алејхи)

• Затоа што ширкот е недостаток и маана која Аллах ја негирал од Себе, па оној што му придружи здруженик, тој му припишал нешто што Тој самиот го негирал, а тоа е краен предизвик и противење на Возвишениот Аллах.
Постојат два вида на ширк: Голем ширк, кој човекот го вади од верата и го носи вечно во огнот доколку умре и не се покае, а тоа е чинењето ибадет на некој друг освен Аллах, како чинењето дова на друг освен Аллах, приближување со колење, завет на некој друг покрај Аллах како гроб, џин или шејтан. Исто така, стравот од умрените, џинните, шејтаните, да нанесат некаква штета или болест, и надеж во некој друг освен Аллах во она што само Аллах е моќен, како исполнувањето на желби и отстранувањето неволји, што е практика денес околу турбињата направени врз гробовите на евлии, побожни и добри луѓе. Вели Возвишениот Аллах: „Тие, покрај Аллах, ги обожуваат тие кои не можат да им наштетат ниту пак можат каква било корист да им донесат, и велат: „Ова се нашите заземачи кај Аллах.“(Превод на значење Јунус, 18)

Вториот вид на ширк е: Малиот ширк, тој сторителот не го вади од верата, но го нарушува теухидот, и се брои во средствата кои водат до голем ширк.
Малиот ширк се дели на два вида:
• Јасен и видлив ширк, а се однесува на изразите и постапките. Што се однесува до изразите, како колнењето во нешто друго освен Аллах. Пратеникот, а.с., рекол: „Кој се заколне во нешто друго освен Аллах, направил куфр и ширк.“ (Го бележи Тирмизи и вели дека е хасен, а Хаким смета дека е сахих). Исто така, и кога еден човек рекол: „Она што Аллах го сака и она што ти сакаш.“ Пратеникот, а.с., рекол: „Зарем ме правиш рамен со Аллах, кажи она што Аллах Едниот го сака.“ (Бележи Несаи) А правилно е да се каже дека бидува она што Аллах сака, а потоа што сака тој и тој, или тоа и тоа, така што желбата на робот ја следи волјата на Аллах, како што вели Возвишениот: „а вие не можете ништо да сакате, ако тоа Аллах, Господарот на световите, не го сака!“ (Превод на значење Ет Теквир, 29)

Што се однесува до постапките, се однесува на носењето алки или конци на себе, со намера за отстранување или сузбивање на некој проблем, како носењето амајлии и талисмани од страв од урокливи очи или слично. Ако тие алки, конци и амајлии се сметаат само како средства за отстранување на проблемот или негово сузбивање, тогаш тоа се смета за мал ширк, бидејќи Аллах тоа не го направил причина. Меѓутоа, ако некој смета дека тоа самото по себе отстранува или сузбива проблем, тогаш тоа е голем ширк, бидејќи тој се врзал за нешто друго освен Аллах, џ.ш.

• Скриен ширк, а тоа е ширкот во намерите и ниетите, како рија’а – претворањето и желбата за докажување и пофалби. На пример, кога човекот прави дело со кое се приближува до Аллах, сакајќи со тоа луѓето да го пофалат, како кога го разубавува намазот, или кога дели садака да биде пофалуван или споменуван, или гласно да изговара зикр, или го разубавува гласот при учењето Куран за да го слушнат луѓето па да го пофалат и спомнуваат. Но, ако претварањето се помеша со делото тоа го расипува. Вели Возвишениот: „Па кој се надева на средба со Господарот свој, нека прави добри дела и во обожувањето на Господарот свој нека не Му припишува здруженик.“ (превод на значење Ел Кехф, 110) Пратеникот, а.с., рекол: „Најмногу се плашам за вас од малиот ширк.“Го прашаа: „Аллахов Пратенику, а што е тоа мал ширк?“ Одговорил: „Рија – претварање“ (Бележат Ахмед и Тирмизи). Истотака во мал ширк спаѓа и правењето дела поради дуњалучки надоместок, како оној што изврши аџилак, или учи езан, или ги предводи луѓето во намаз за пари, или оној што учи шеријатско знаење за пари. Пратеникот, а.с., рекол:„Пропаднал робот на златото и среброто.“


Превземено од: Џемат сабах

Превод и обработка: Џемал Ибн Ибрахим

[You must be registered and logged in to see this link.]

http://www.ahlu-sunnah.org

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот