Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 14 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 14 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Vote_lcapОдговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Voting_barОдговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Vote_lcapОдговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Voting_barОдговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Vote_lcapОдговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Voting_barОдговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Vote_lcapОдговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Voting_barОдговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Vote_lcapОдговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Voting_barОдговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Vote_lcapОдговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Voting_barОдговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Vote_lcapОдговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Voting_barОдговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Vote_lcapОдговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Voting_barОдговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Vote_lcapОдговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Voting_barОдговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Vote_rcap 
Haqq (253)
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Vote_lcapОдговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Voting_barОдговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Monoteizam

Monoteizam
Редовен член
Редовен член
Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање 104ge9t


Одговор на сомнежот:

Прв сомнеж:

Правило: “Делата се вреднуваат спрема нијјет (намера)“

Оние кои го применуваат ова правило кажуваат дека се додека намерата од човекот е да се намали зулумот(неправдата)над муслиманите, или да им се обезбеди нешто од олеснување или работи како овие, тогаш гласањето постанува дозволено. И оние кажуваат дека се додека човекот со своето учествување на демократските избори не сака да направи никакво зло и се додека единствена намера му е да донесе добро – тогаш ова го дозволува делото и го прави халал.

И ние кажуваме дека оваа грешка(Грешка во оправдување лоши забранети дела (харам) со добра намера) со логично размислување не е преовладувачка само во оваа тема за која ние расправаме, туку таа се простира низ други важни теми. Затоа ние ќе му посветиме малку внимание тука иншАллах.

Прва цел е дека гревовите поради намерата од оној кој ги прави не престануваат да бидат грешни. Ебу Хамид ел Газали, Аллах нека му се смилува рекол:

“Гревови: Тие не ја менуваат својата природа со нијјетот(намерата). Така џахилот(незналицата) од општественоста на зборовите од Аллаховиот Посланик салаллаху алејхи ве селлем: “Делата се вреднуваат спрема намерата“, мисли дека гревот може да биде претворен во добро дело со добра намера, како што е случајот со личноста која го озборува на човек за да би го придобил срцето на некој друг човек, нахранува сиромав со туѓи пари, или гради училиште, џамија или воен камп со харам пари, додека пак неговата намера е да направи добро. Сето ова е џехл (незнаење). Добрата намера нема ефект т.с неможе никако да се оправда правење грев. Најпрво неговата намера да направи добро по лош пат – што е спротивно на шеријатот – е она следно зло. Па ако е свесен на ова тогаш тој е тврдоглав во поглед на шеријатот. Но ако тој нема знаење за ова, тогаш тој е грешен што е џахил (незналица), затоа што барање на знаење е обавеза од секој муслиман. Што значи, дека добрите работи како такви можат да бидат познати единствено само со шеријат, како тогаш она што е зло по шеријат може да биде добро? Ова е многу чудно. Навистина работите во срцето кои ова го предизвикуваат се скриени желби и внатрешна страст.“

Понатака кажува Ебу Хамид ел Газали:

“Она што добро се разбира е било кој во незнаење има намера (нијјет) да направи добро дело по пат на грев, тој нема да биде оправдан, освен ако е нов во ислам и нема време за да би стекнал знаење а Аллах Возвишениот рекол:

“Прашајте ги оние кои знаат, ако вие не знаете“ (Ен – Нахл 43)

Исто така рекол:

“Затоа неговите зборови салаллаху алејхи ве селлем “Делата се вреднуваат спрема намерата“ се ограничени само на покорност(добри дела) и на мубахе (дозволени дела) но никако не се однесуваат на правење грев. Ова е затоа што доброто дело може да биде претворено во грев со лош нијјет(намера). Исто така дозволеното дело може да биде претворено во лошо или во покорност со добар нијјет. Намерата може единствено да има влијание на грев кога другите лоши намери се придодадени на тоа дело, кои би ја зголемиле тежината на тој грев и неговата кобна последица како што е спомнато во книгата “ Ихја улумид – дин 4/388 стр“.

А во својата побиена фетва Абдул Азиз ибн Баз кој дозволил човек да постане пратеник и дозволил учество на демократски избори заснована на правилото“Делата се вреднуваат спрема намерата“ (А оваа фетва е издадена во магазинот(Лива ел – ислам бр.11, 1409 хиџретска година, 7 страна) од каде Абдул Азиз ибн Баз рекол:

“Реков дека оваа фетва е погрешна, спрема она што го наведивме од ел Газали дека гревовите неможат да постанат дозволени со добар нијјет(намера). Освен тоа куфрот е најголем од гревовите. Па тогаш ако пристапувањето во парламентот е куфр, тоа нема да постане дозволено со добар нијјет. Ова е така поради чинот дека парламентот е средство по кој пат е применет демократскиот систем. Со тоа познавањето на прописите за учествување во парламент или избирање на нејзини членови (Гласање) зависи од познавањето на демократските ставови, т.с од кои ставови повторно зависи познавањето на нејзината реалност. (Ел Џами’ фи талеб ел – илм еш – шериф 1/147 – 148 стр)

Со тоа намерата не е фактор за дозволување на грев се додека човекот е свесен дека тоа е грев. И тој не дозволува правење на дела кои се куфр и ширк, дури и ако нијјетот(намерата) е резултат на тоа дело – корист или олеснување за муслимани. Ако ова би било случај тогаш ние би дозволиле продавање на библијата и кипови, за да приходот би бил дониран на муслимани во сиромаштија, но ваква работа никој не би дозволил.

Од ова се разбира дека сите учесници во друг закон освен Аллаховиот, било да се работи за преседателите на држава или парламентарци – Тагути, од причина што пропишуваат тоа што Аллах не го пропишал и со тоа си земаат за право она што му припаѓа на Аллах. Пренесува ет - Табери :

“ Етх – Тхевбан му рекол на Аллаховиот Посланик Мухаммед с.а.в.с ’ Дали сум јас од твоите?’ Аллаховиот Посланик с.а.в.с, се замолчи, па рече: ’ Сигурно дека си, се додека не му се приближиш на естрадата (парламентот) и се додека не затропаш на вратата од султанот (владар, тагут).’“

Овде се гледа како Мухаммед салаллаху алејхи ве селлем, му негира Ислам на луѓето кои се наоѓаат во парламентите и делуваат на начин кој ја руши основата на верата. Овој темел е многу важен, затоа што покажува на кого луѓето му даваат подршка. Овде оние кои гласаат, без никаков сомнеж, подржуваат тагути кои ќе пропишуваат закони покрај Аллах, Аллах му нареди да заневеруваат во тагути. Па како тие луѓе да бидат муслимани? Едно правило е познато и гласи : “ Помогнувањето на куфрот ( неверството ) е куфр “, па како тогаш оној кој му помага на неверството да биде муслиман? Нема сомнеж дека таквиот е кафир, а кафир е и оној кој има сомнеж во неговото неверство, затоа што таквиот не го спознал тевхидот, и не го спознал првиот услов ( рукн ) на шехадетот – негирање, порекнување од тагут, со срце, со јазик или со дело ( т.е СО НЕГЛАСАЊЕ ). Единствено оној кој има оправдување може да биде : Малолетник, луд или оној кој е присилен.

Monoteizam

Monoteizam
Редовен член
Редовен член
Втор сомнеж:

Правило: “Наредување добро и одвраќање од зло“

Оние кои го користат ова правило кажуваат дека гласањето за ’Најмалку штетниот’ кандидат на демократските избори, или гласање за него врз основа на некоја негова добра политика кои се во спротивност со злобната политика од некој негов противник – облик за наредување добро и одвраќање од зло. Авторите на вакви текстови го спомнуваат ова правило не само да би го дозволиле учествувањето на демократските избори туку и да би го направиле обавезно, кога рекле:

“Бројни текстови од Кур’ан и суннет докажуваат дека наредување добро и одвраќање од зло е суштински дел од верата, и со тоа таа е една од најголемите заеднички обавези во исламот, како што рекол Аллах:

“Вие сте најдобрата заедница за луѓето која се појави: Наредувате добро и одвраќате од зло, и верувате во Аллах.“ (Али Имран 110)

Од ова произлегува, дека е обавезно секој муслиман да измени зло во својот живот. Несомнено, ако би имале можност да го одложиме или да ги пореметиме плановите на оние кои се во моќ, тогаш тоа ни постанува обавеза.

Наш одговор на ова е: Дека учествувањето на демократските избори е само по себе зло, кое треба да биде забрането затоа што ова зло настојува да ги помеша страстите од човекот со Законодавството од Возвишениот Аллах: Ако овој концепт е јасен во разумот на читателот, тогаш тој ќе согледа дека аргументот за гласање кандидати на демократски избори – кое е ШИРК – еднакво со наредување добро и забранување зло – кое е обавезно, и спротивно правило, кое неисправно применето на самиот почеток.

А од најлоши работи кои дошле во текстовите од некои автори (кои го дозволуваат ова) се следниве изјави:

“Некои муслимани би можеле да дојдат до заклучок дека воздржувањето од изборниот процес е подобар за ислам и муслимани. Ако ова е она што некој поединец верува тогаш тој не би требало да го наметнува своето мислење на други муслимани, одвраќајќи ги од гласање или инстистирајќи да го напуштат гласањето, со докажување дека тоа е дело на куфр. Ова би било рамно на неправда и угнетување.“

Па нели е овој истиот автор кој претходно го направи обавезно учествувањето на демократските избори со правилото наредување добро и забранување зло?! И дали е ова истиот оној кој сега ги брани оние од нас кои го гледаат ширкот од ова дело и да ги одвраќаат муслиманите од запаѓање во него?! Па дури и ако тој не го гледа ова дело како недозволено, како тој може да ги брани оние муслимани кои гледаат јасен и очигледен ширк со избирање на пратеници да пропишуваат човечки закони во нивно име во парламент кој е законодавен дом – куфр, т.с наредување добро и забранување зло?! Затоа што него не му доликува да наредува добро (како што тој го гледа), додека нас не ни е дозволено да забрануваме зло(како што ние го гледаме)?! И како тој нашето наредување добро и забранување зло може да го нарече “Неправда и угнетување“?! Зарем тој не е од оние кои нас ’Ни го наметнаа своето мислење’?! А нема сомнеж дека овој поединец во овој случај го испревртил ова правило и го зел како што нему му одговара, да ограничи негово применување на оние работи, кои тој ги гледа како обавезни, па дури и ако токму тој е оној кој западнал во овој сомнеж и погрешно разбирање во врска со ова прашање. Затоа тој би требало да се плаши од Аллах!

Од познатите услови за наредување добро и забранување зло е тоа дека мора да биде изведено по пат на дозволен метод. Така да не е дозволено да се убие човек за да би го одвратиле од крадење, и не е дозволено да се зема пари од муслимани со лажење за да би го одвратиле од плаќање камата, и не е дозволено да се киднапира човек од некоја фамилија за да би ги сочувале од неговата злоупотреба. Ова не му е непознато дури и на оној со најосновно разбирање на ова правило наредување добро и забранување зло.

Наредниот услов од овој резултат од тоа наредување добро и забранување зло е дека несмее да резултира со уште поголемо зло.

Шејхул ислам Ибн Тејмијје рахимехуллах, рекол:

“А ако оние кој наредуваат добро и забрануваат зло знаат дека резултатот од нивната постапка би имала неразделна мешавина од добро и зло, во тој случај не им е дозволено така да постапат се додека не го проценат неговиот резултат. Ако доброто е она кое ќе преовладува тогаш тие би требало да продолжат со тоа. Ако пак злото би било она кое ќе преовладува, тогаш тоа е забрането да го прават, па дури и ако со тоа се изгуби некое добро. Во овој случај, наредувањето добро кое би резултирало со многу поголемо зло во стварност би било наредување зло и унапредување непокорност спрема Аллах и Неговиот Посланик.“ (Ел – емру бил – ма’руфи вен – нехју анил – мункер 21 стр)

А ибн Кајјим рахимехуллах, рекол:

“Затоа ако нечије дело за наредување добро и забранување зло ќе води до она што е замразено и полошо кај Аллах и Неговиот Посланик, тогаш не е дозволено да се забрани, и ако Аллах го мрзи делото и оној кој го прави“

(И’лам ел – мувекки’ин 3/4 стр)

Така пробале злото да се забрани, од страна на оние кои повикуваат во учествување на демократските избори, плаќајќи со цена ширк и непокорност. Па ти размисли и стави ги на вага овие работи.

Дури и ако се сложиме со нашите браќа кои се во ужасна тешка ситуација со кои денес се соочени муслиманите, ние ова го вагаме со дела ширка во кој се повикува, со нијет намалување на угнетувањето на тие муслимани.

Затоа што Возвишениот Аллах рекол:
“А фитната е поголема отколку убивањето“ (Ел Бекаре 191)

И исто така рекол:

“А фитната е потешка(поголема) него ли убивањето“ (Ел Бекаре 217)

А тука зборот фитна значи ширк и куфр, како што тоа дошло во книгите на тефсирот. Шејхул ислам ибн Тејмијје рахимехуллах рекол:

“Со други зборови убивање, дури ако постои зло и штета во него, тогаш во фитната од неверниците постои зло и штета, која дури е поголема од убивањето.“

(Меѓмул фетава 28/355 стр)

А Али ел Худејр во своето поглавје (Повикување во шехадет ’ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ’) спомнал дека Сулејман ибн Сахман за овие ајети дека рекол:

“Фитната е куфр. Така кога сите бедуини и жителите на градовите би се бореле се додека сите не погинат тоа би било помалку штетно отколку да се постави ТАГУТ кој ќе суди по она што се спротивставува на исламскиот шеријат.“ (Ел – Џему вет – теџрид фи шерхи китаб ет – тевхид 121 стр)

Затоа, нема сомнеж: Ако се направи дело ширк со нијјет (намера) за намалување штета, зло по други муслимани па дури и ако таа штета достигнува степен на смрт и убивање... Тогаш ширкот е поголемо зло и неможе да биде направено како дело за наредување добро и одвраќање од зло затоа што злото од тоа дело ја надминува штетата по муслиманите.

Monoteizam

Monoteizam
Редовен член
Редовен член
Продолжува иншАллах....

Селам Алејкум

Monoteizam

Monoteizam
Редовен член
Редовен член
Трет сомнеж:

Правило: “Се бира помала од две штети“

А ова правило го користат оние кои дозволуваат учествување на избори да сугерираат дека гласањето за кандидати, чија политика во најмала рака е во спротивност со исламот – избор за помала од две штети. Или оние кажуваат дека во потполното НЕ – гласање и со самото тоа се дозволува да победи лош кандидат – поголема штета отколку да се гласа за друг кој тие сакаат да го изберат, поради неговата политика која е поблиска до исламот. Како што е во случај со поголемиот дел од фикхските исламски правила, луѓето често наведуваат исправно правило, а тогаш или неисправно го применуваат или во околности каде тоа не би требало да се примени.

Грешката од оние кои го користат ова правило е следната: Дека ова правило може да биде применето единствено кога изборот е неизбежен. Пример за ова правило е кога некој ќе биде соочен со две опции, кој се потполно неизбежни, а двете опции се недозволени. Така ако личноста е принудена во оваа ситуација да избере помеѓу овие две работи кои кажавме дека суштински не се дозволени – помалата од овие две треба да биде избрана. Како што еден брат наведил:

“Кога некој се обидува да го примени овој принцип на ова ситуација, тоа е слично на оној кој пие алкохол во следното сценарио: ’Некој брат го повикува својот брат во неговата куќа, и таму му понудува две чаши со алкохол, во едната чаша има 50 процентен алкохол а во другата 25 – овој по оваа логика ја избира втората.“

А што се однесува за учеството на овие демократски избори – не постои никаква принуда, така да неможе да биде оправдување за правење ширк со користење за оправдување ова правило мала штета поголема корист. Исто така кажуваме дека избирањето да се прави дело ширк – испраќајќи некого да суди по измислени човечки закони а не по Аллахов шеријат – далеку е штетата поголема одколку воздржување од гласање по овој тагутски, демократски, кафирски систем. Со тоа навистина би биле како личноста која би избрала 50 процентен алкохол над 25.

Monoteizam

Monoteizam
Редовен член
Редовен член
Четврт сомнеж:

Правило:“ Користа е поголема отколку штетата“

Ова правило е слично на претходното кое гласеше “Се бира помала од две штети“. Оние кои го користат ова правило за да би го дозволиле учествувањето на демократските избори кажуваат дека користа која произлегува со избирањето на кандидатот чија што политика е најмалку штетна по муслиманите – ја надминува секоја штета од другите кандидати, чија што политика е пожестока спрема нив. (Како што спомнавме во претходните одговори, исто и тука ќе спомнеме што кажуваат некои заблудени автори:

“Самото гласање не е обавезно ниту препорачливо према исламските закони, туку ние за цел имаме да обезбедиме најголема корист за муслиманите или избегнување на некое зло“. А авторот во еден член кажува “Да се гласа или не“ тука наведил она што тој мисли дека е корист за учествување на демократски избори и рекол:

“Во нашиот живот т.с во животот од муслиманите и со карактеристичните ситуации со кои се соочуваме, неопходно е муслиманите политички да се активираат во различни изборни процеси со тоа да би постигнале некаква шеријатска корист.“

Прва, наводна корист со избирањето на кандидат по пат на демократски избори – секако дека тоа е ширк, како што е спомнато,од тука не се дозволува потикнување за правење на вакво дело.

Со ова оној кој учествува во вакво дело во стварност бара корист од Аллах а во исто време кршејќи ја светоста од Неговиот Тевхид.

А дури и ако би признале дека постои стварна корист со учествување на демократски избори, исто така ниту ова не го прави дозволено тоа дело. Како што кажува Возвишениот Аллах:

“Те прашуваат и за виното и за коцката, кажи: “Во нив има голема штета, а и некаква корист за луѓето. Но штетата е поголема од нивната корист.“ (Ел Бекаре 219)

Исто така Аллах рекол:

“О верници, вино, хазардна игра, кумири и гатање на стрелички се лоша постапка шејтанова, навистина! Затоа избегнувајте ги, за да би го постигнале она што го сакате и за да бидете спасени!“ (Ел Маиде 90)

Во својот тефсир за првиот ајет, ибн Кесир рекол:

“А што се однесува за користа од нив (од алкохолот) таа е материјална, вклучувајќи корист за телото, варење на храната, ослободување од измет, бистрење на паметот, донесување на добро расположение и финанскиска корист од нивната продажба. Исто така нивната корист вклучува заработка од коцкање, која човекот ја троши на својата фамилија и на себе. Но тука овие користи се натежнати со јасна штета која тие ја причинуваат, која штетно влијае по разумот и верата. Ова е причина поради која Аллах рекол:

“...Но штетата од нив е поголема отколку користа“ (Тефсир ел – Кур’ан ел – Азим 1/345 стр)

И слично на тоа, па дури и ако би признале дека во учествувањето на демократските избори би постоела некаква извесна корист (а ова треба да се докаже затоа што резултатот од изборите не е познат, ниту пак е позната било каква постапка од партијата која би имала член во парламентот и би ја освоила власта. А она што е сигурно е тоа дека личноста(гласачот) најпрво мора да направи ширк (како што докажавме) а потоа доаѓаат резултаите од изборите.) Штетата по верата од човекот со правење на ова дело е ширк – испраќање некого да пропишува закони покрај Аллах е далеку поголема по човечкото верување и верата од било каква возможна дуњалучка корист. И тука ние кажуваме, со сета сигурност дека ширкот е многу поштетен отколку било какво опојно средство или коцкање, и дека резултатите од ова се повеќе погубни и пожестоки.

Monoteizam

Monoteizam
Редовен член
Редовен член
Петти сомнеж:

Правило: “Нужда (дарура) дозволува забрането“

Оние кои го користат ова правило кажуваат дека луѓето се во ситуација на дарура (нужда, принуда), во која правење на недозволени дела – како што е учествување на демократски избори – постанува дозволено.

Што се однесува за користење на ова правило, тогаш читателот мора да знае дека тоа не е апсолутно. Туку веќе постојат исклучоци во условување на ова правило, кои го прават неприменливо за учество на демократски избори.

Прво: Постојат работи кои никако неможат да се сметаат за нужни, неопходни. Затоа човекот мора да биде внимателен за да не би применил некакво олеснување со ова правило на нешто што дури неможе ни да се квалификува како принуда (дарура). А познато е дека дарурата (принудата) има пет основни категории:

1. Верата од човекот.

2. Неговиот живот.

3. Човековиот разум (душевната состојба).

4. Човековата фамилија, неговото потекло и неговата чест.

5. Имотната состојба (финансиска).

(Фетхул - бари 1/179 стр)

Така на човекот нему е дозволено да направи блуд или да се ожени со некој кој му е во негова забрана (махрем), и покрај неговите страсти, и тогаш тој својот грев да го оправдува со ова спомнато правило. Спрема тоа, гледаме дека само некои работи спаѓаат под нужда и дека не е возможно сите работи да бидат дозволени со применување на ова правило.

Второ: Кога ќе дојде до куфр и ширк, нема оправдување да се направи поради дарура (нужда). Ова е така затоа што со правење куфр и ширк се нарушува едната категорија а тоа е првата од самата дарура (нужда) – верата од човекот како што веќе спомнавме. Покрај другото тоа е кршење на најголемата принуда од сите – верата од човекот. Па како може човек да настојува да оправдува зачувување на една нужда (принуда) врз штета на друга? Не, тоа веќе е само едно време кога тоа е дозволено – а тоа е ситуацијата кога човекот потпаѓа под присила (икрах). (ИншАллах за ова ќе биде прокоментирано во рамките на следното правило)

И како гледаме (споредуваме) во некои примери каде е дозволено да се направи грев, втемелено врз основа на легитимна законска нужда, а тогаш да го користиме тоа споредување за да се дозволи правење дела кои се куфр и ширк?

Шејхул ислам Ибн Тејмијје рахимехуллах, кажува:

“Навистина, работи кои се забранети, од нив има такви кои сигурно шеријатот ништо не дозволил, било тоа да биде поради дарура (нужда) или не,како што е ширк, ел – фавахиш (развратни работи), говор за Аллах без знаење и бесправно угнетување зулум (правење неправда). Овие четири работи спомнати се во говорот од Возвишениот Аллах:

“Кажи: “Господарот мој, навистина, забрани: “Срамни дела, било да се јавни, било да се тајни, и грев, и сила бесправно да му здружувате на Аллах нешто за што Он не објави доказ, и да го зборувате за Аллах она што не го знаете!“ (Ел Араф 33)

Така овие работи биле забранети во сите шеријати (законодавства). И покрај тоа, Аллах ги испратил Своите Посланици да ги забранат, и Тој не дозволил ништо од нив во било каква ситуација. Поради оваа причина овој ајет е објавен во оваа Мекканска сура т.с на самиот почеток од објавата.“ (Муѓмул Фетава 14/470 – 471 стр)

Али Ел – Худајр наведува дека шејх Хамед бин Атик рекол:

“Он ви забранува навистина, и мрша, и крв, и свинско месо, и она што е заклано во друго име, а не во името на Аллах. А оној што ќе биде присилен, но не со желба и негова навика, тогаш тој нема грев.“ (Ел Бекаре 175)

Така е условено се додека нуждата (дарура) постои, и дека оној кој тоа го јаде – тоа го прави без доброволна непокорност и престап. И разликата помеѓу овие две ситуации – измеѓу присила (икрах) и принуда (дарура), не е сокриена таа е позната и јасна.“

Шејх Хамед бин Атик рекол:

“Па дали има дозвола за мрша за оној кој е во нужда – било што да укажува на дозволеност за доброволен ридетт (отпадништво)?! И дали ова споредување е било какво со споредувањето со тоа човек за да би ја оженил својата сестра или ќерка, втемелено врз основа на дозволеноста од слободниот да ожени робинка во ситуација кога се плаши од блуд и неможноста да ожени слободна жена? Така оваа шубха и голема заблуда е далеку полоша од споредувањата од оние кои рекле:

“Трговијата е исто што и камата“ (Ел Бекаре 275)

(Хидајет ет – Тарик 151 стр)

А Али ел Худајр продолжил и кажува:

“ И ние кажуваме: Дали постои дозволеност за мрша за оној кој е во нужда- било што да покажува на дозволеност за доброволно влегување во законодавни домови (парламенти), здружувајќи се со секуларисти и тагутски ориентирани влади, со употреба на аргументи а кои звучат ’Корист за Дава’?!

(Ел – Џем’у вет – Теџрид фи шерхи китаб ет – тевхид, 121 стр)

Monoteizam

Monoteizam
Редовен член
Редовен член
Одговор на сомнежот:

Шести сомнеж:

Правило: “Куфр е оправдан поради присила (икрах)“

Кога веќе е констатирано дека куфр и ширк не се дозволени поради нужда (принуда) како што спомнавме во претходното правило, наредниот чекор е да се потврди (да се направи важечко) учествувањето на демократски избори со употрба на ова правило. А оние кои го користат ова правило сакаат да прикажат дека оваа ситуација е толку кобна по луѓето па мислат дека тоа е икрах (присила).

А авторите кои ги спомнавме во претходните одговори по се изгледа дека ја користат оваа терминологија кога кажуваат:

“Јасно се гледа дека некои поединци понекогаш се доведени во ситуација во која се присилени да донесат одлука која нормално може да изгледа како неприфатлива.“

А ние кажуваме, дека ако човек вистински е присилен за да би учествувал на демократски избори – тогаш ова правило би го оправдал и тој не би имал одговорност за правење на ова дело.

Меѓутоа, дефиницијата и условите за икрах (присила) не постојат во оваа ситуација која ние ја разгледуваме.

Прво, дефиницијата за присила (икрах) бара од човекот буквално да е натеран (приморан, присилен) да направи нешто, а не тој доброволно сам да го направи тоа.

Ала ед – Дин ел – Бухари присилата (икрах) ја дефинирал на следниов начин:

“Држење друг човек на работи, кои тој ги одбил да ги направи, низ негов страв дека оној кој го прави тоа т.с присилувачот – да е во состојба заканата да ја изврши. Така другиот т.с присилениот постанува исплашен и неговото задовослтво е отстрането, поради заканата од оваа присила.“ (Кешф ел – Есрар 4/482)

А доктор Мухаммед ибн Абдуллах ел – Вухајби рекол:

“Тоа е врста која се случува над самиот присилен и поединец па поради тоа нема повеќе можност или избор.“ (Навакид ел – иман ел – и’тикадијје ве давабит ет – текфир индес – селеф 2/7 стр)

Спрема тоа, оние кои го користат ова правило за да го дозволат учеството на демократските избори неможат никако да тврдат дека ова е икрах (присила). А самиот чин да се повикуваат муслиманите доброволно да го прават ова дело – преставува најасен доказ дека тие не се присилени тоа да го направат.

А што се однесува за условите за присила (икрах), ибн Хаџер рекол:

“Услови за присила има четири:

Прв услов е оној кој би го правел да биде во состојба да ја примени заканата, додека оној на кого му се заканува да не биде во можност истата закана да ја одбие, макар и со бегство.

Втор услов е присилениот да има цврста претпоставка дека ако одбие да се сложи, истата закана би била применета врз него.

Трет услов е она со што му се заканува т.с заканата да биде во моментот. Така да ако би му се каже ’Ова ако ти не го направиш, утре ќе бидеш тепан’ значи оваа ситуација не се смета за присила. Исклучок е ако тој(присилувачот) спомнал време кое е многу блиску или ако тој не се откажува.

Четврт услов е да од страна на оној на кому му се наредува (присилениот) не му е покажано ништо што би укажало на негово доброволно сложување.“ (Фетхул – бари 12/311 стр)

Со тоа ова е исправно правило и ако човек вистински е присилен за да би учествувал на демократски избори, ова би го оправдало од куфр и ширк кои би се направиле. Меѓутоа, јасно е дека она што во овој случај се нарекува присилување (икрах) никако не одговара на дефиницијата за присила, ниту пак достигнува критериум за условите кои претходно ги спомнавем за истото да би било валидно.

Напомена во врска со присилата (икрах)

Она што се случува на луѓето во некои места кои се во војна навистина многу од нив ги ставаат во ситуација која би можела да се квалификува како икрах (присила). А нема сомнеж дека овие работи се случуваат од страна на Аллаховите непријатели кој ги тортурираат, ги измачуваат, убиваат луѓето. Секој кој ќе слушне за овие инциденти би се сложил ако човек би се нашол во такви околности и со тоа би бил присилен да направи куфр и ширк со цел да би ги спречил овие вистински измачувања – тогаш навистина тие би биле оправдани со ова правило.

Меѓутоа, вистина е дека оние кои повикуваат за учествување на демократски избори а тоа се кандидатите не се присилени од страна на оние кои насекаде чинат вакви злодела. А од овие причини неможе и несмее да се применува ова правило за да би се со истото дозволило на една група луѓе во еден дел од светот да прават куфр и ширк на сметка од оние луѓе кои навистина се паднати во рацете од непријателот во некој друг дел од светот.

Оваа грозна слика навистина не го менува чинот дека оние кои повикуваат во гласање за членови на парламент и за претседатели и оние кои гласаат за нив – не се присилени тоа да го направат, ниту пак не се исполнети условите за ова да би се нарекло присила (икрах).

Monoteizam

Monoteizam
Редовен член
Редовен член
Ес Селаму Алејкум Ве Рахметуллах Ве Берекатуху.

БисмилахиРахманиРахим

Благодарност и Хамд на Нашиот Господар Аллах субаханеху ве те’ала, нека е Салават и Селам до Нашиот Пејгамбер Мухаммед алејхи селам...

Мене Аллах ми наредил, а и на Посланикот Негов да прво во што ќе ги повикува луѓето да биде како што му е речено на Муаз ибн Џебел кога бил испратен во Јемен да посведочат ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ, е тогаш тие се наши браќа и ние сме милостиви едни спрема други и ќе сабуриме на нивните грешки кои ги имаме и ние, а не како овие кои се декларираат како политички водачи и кои за себе кажуваат дека се муслимани а не се !!!!!!!!!
Ова е она што јас сакам, т.с да секој нешто прочита за тевхид (монотеизам) со докази од Кур’ан, суннет и концензус, и да се после спознавањето покае и покори на Аллах, за да Аллах му го очисти срцето. Освен Аллаху мој, ако се работи за луѓе за кои Возвишениот Аллах рекол:
“На оној што ќе го остави Аллах во неговата сплетка ти никогаш не ќе можеш било што да му осигураш од Аллах. Срцата на онаквите Аллах несака да ги очисти. За нив на овој свет има надоместок, а на Ахирет има казна голема.“ ( Ел Маиде 41 )

Дали Аллах џ.ш им наредил на муслиманите да гласаат, одговорот е НЕ секако !!!
А што им наредил ?
Да не земаат друго божанство покрај Него и да не следат никого друг туку Мухаммед саллаллаху алејхи ве селлем и да нема друг закон освен Ислам и да подигнат ИСЛАМСКА ДРЖАВА во која Законодавец ќе биде Аллах и неговиот Посланик а закон ќе бидат исламот и исламскиот ШЕРИЈАТ.
Возвишениот Аллах им наредил на Своите веровесници да повикуваат во Тевхид, т.с во значењето на “ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ“.

“Нели ви наредив, о синови Адемови, да не го обожавате Шејтанот. Тој, навистина, е ваш јасен непријател “ ( Јасин 60 )

“ Не ги гледаш ли оние кои мислат дека веруваат во она што ти се објавува и во она што беше пред тебе објавено; посакуваат да им се суди пред Тагут а веќе им беше наредено да не веруваат во него. Шејтанот сака да ги талне во беспаќе далечно.“ (Ен Ниса 60)
“ А оние кои не судат според она што го објави Аллах – та, неверници се !“ ( Ел Маиде 44 )

Кажува ибн Тејмијје рахимехуллах, во “ Меџму’ул – фетава“, 11/262:
“ Шеријатот е спуштен од Аллах, Возвишениот, Книга и суннет со кој Аллах го испратил Неговиот Посланик ; никому од створенијата нему е дозволено да излегуваат од овој Шерјат. И не ќе излезе од него, никој освен кафир.“

Кога Шејхот споменува “ излегување од шеријат “, тоа значи : Макар да се работи околу еден пропис, т.с , неприфаќање истиот за закон и не придржување истиот на начин со кој се излегува од вера. Што мислите тогаш за оној кој пропишува закони спротивни на Аллаховиот и на нив се придржува?

Шејх еш - Шенкити, рахимехуллах, кажува:
“ Ширк на Аллах во Неговиот суд и ширк Нему во ибадетот ; двата се од исто значење, меѓу нив нема апсолутно никаква разлика.Така оној кој следи некое уредување ( низам ), покрај Аллаховиот низам и законодавството покрај Аллаховото законодавство - исто како оној кој прави ибадет на кипови и сеџда на идоли. Меѓу нив нема никаква разлика во било кој поглед. И двајцата се МУШРИЦИ во Аллах.“ ( Адва’ул- Бејан, 7/162 и Навакидун - Иман, 297 стр )

Ибн Кајјим, рахимехуллах, преселил 751 х.г, кажува :
“ Во Кур’анот дошло, а постои и веродостоен концензус, дека динот Ислам го дерогирал секој друг дин ( вера ) пред него и дека оној кој се придржува на она со што дошол Тевратот и Инџилот, а не го следи Кур’анот – кафир. Аллах го анулирал секој закон кој бил во Тевратот и Инџилот и другите вери, и на џиновите и на луѓето обавезни им ги направил прописите од Исламот. Така нема харам, освен оној кој Исламот го направил харам, нити фарз обавеза освен на оној на кој Исламот го обавезил “ ( Ахкаму – Ехлидх – Дхимме , 1/259 )

Monoteizam

Monoteizam
Редовен член
Редовен член
Следење некого други во спротивно со она што Аллах го наредил и го пропишал значи земање нив за божанства покрај Аллах, значи верување во шејтан, ако тоа Аллах не го пропишал тогаш тоа е дело од шејтанот.

“И Ние за секој народ, секако, испративме пејгамбер: “ Обожавајте Го Аллаха и избегнувајте ги тагутите!“ (Ен Нахл 36)

Нажалост денес голем број ги зеле овие свештеници и монаси за богови покрај Аллах.

Аллаху Мој тебе да те немаше како што кажуваат овие тагути, ние ниту ќе клањавме ниту ќе постевме нити садака ќе дававме затоа спушти на нас милост, ОНИЕ насилство нас ни направија. Треба да знаат дека кај Аллах ништо нема да им вреди тоа што ДЕМОКРАТИЈАТА ЈА ПОИСТОВЕТИЈА со ШЕРИЈАТ.

“Аллаху, Тебе ти се предадов, во Тебе поверував, на Тебе сум наслонет, Тебе ти се враќам, во Името Твое се расправам, пред Тебе се судам (парничам), опрости ми го она што било и она што ќе биде, она што тајно или јавно го направив, Ти си Мој Бог, Нема други Бог Освен Тебе .“

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот