Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Хиџра EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Хиџра EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Хиџра EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Хиџра EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Хиџра EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Хиџра EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Хиџра EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Хиџра EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Хиџра EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Хиџра EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Хиџра EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Хиџра EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Хиџра EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Хиџра EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Хиџра EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 20 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 20 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Хиџра Vote_lcapХиџра Voting_barХиџра Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Хиџра Vote_lcapХиџра Voting_barХиџра Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Хиџра Vote_lcapХиџра Voting_barХиџра Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Хиџра Vote_lcapХиџра Voting_barХиџра Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Хиџра Vote_lcapХиџра Voting_barХиџра Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Хиџра Vote_lcapХиџра Voting_barХиџра Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Хиџра Vote_lcapХиџра Voting_barХиџра Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Хиџра Vote_lcapХиџра Voting_barХиџра Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Хиџра Vote_lcapХиџра Voting_barХиџра Vote_rcap 
Haqq (253)
Хиџра Vote_lcapХиџра Voting_barХиџра Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Хиџра Empty Хиџра Чет 15 Мар 2012, 9:59 pm

Al-Ghuraba

Al-Ghuraba
Модератор
Модератор
Хиџра 820124

Во Името на Аллах Милостивиот и Сомилосен!


Хиџретскиот календар (таквим) е заснован врз основа на движењето на Месечината,во кој се сметаат годините според Хиџра, т.е., годината во која Мухаммед (عليه السلام‎) , се иселил од Мекка во Медина. Тоа се случило на 8. ребиу-л-еввел, во понеделник , 20. септември 622. год. на Грегоријанскиот календар.

Земајки ја Хиџра за почеток на својот календар, муслиманите и дале надисториски карактер, третирајки ја како трајна инспирација во борба против непријателот на исламот и Аллаховиот збор. Она за муслиманите секогаш била атмосфера на нова сила, но сила во онаа мерка со која му се доближуваме на Аллах (سبحانه وتعالى‎) .

Хиџрата во Кур'анот е спомната на триесет места: во сурето Ниса, пет пати, во сурето Енфал, три пати, во сурето Тевбе, три пати, во сурето Нахл, два пати, во сурето Ахзаб, два пати, во сурето Хашр, два пати, во сурето Муземил, два пати, во сурето Му’мин, еден пат, во сурето Нур, еден пат, во сурето Муддесир, еден пат, во сурето Бекаре, еден пат, во сурето Али-Имран, еден пат, во сурето Мерјем, еден пат, во сурето Хаџџ, еден пат, во сурето Фуркан, еден пат, во сурето Анкебут, еден пат, во сурето Касас, еден пат и во сурето Исра, еден пат.


Хиџра во името на Аллах (سبحانه وتعالى‎)


Во Мекка на Аллаховиот Пратеник (صلى الله عليه وسل‎) , и на една мала, но многу доверлива група на следбеници, им беше јасно дека се во тешка состојба, и дека имаат многу малку надежи за победа врз тврдокорните противници на исламот, иако тринаесет години Аллаховиот Пратеник (с.а.в.с.), непрестано приповедал и се борел со нив.

Во тоа време народот на Медина (кое во тоа време се викало Јесриб), дошле во допир со Пратеникот (صلى الله عليه وسل‎) , и го повикале да оди во тој град во својство на политички и верски водач.

Не може да се тврди дека Пратеникот (صلى الله عليه وسل‎) , бил во потполна безнадежност, ниту пак дека во Мекка бил потполно отфрлен, иако неговата работа многу споро напредувала, туку дошло до очигледен застој во неговата работа.

Доколку неговата мисија напредувала на задоволителен начин, он никогаш не би ја напуштил Мекка, бидејќи неговата првенствена цел била да го придобие тој град, како верски центар на Арапите.

Исто така, не може да се тврди дека он потполно бил отфрлен во Мекка, бидејќи да беше неговиот углед мал , во неговото сопствено место, во тој случај граѓаните на Медина никогаш не би го повикале да им биде нивен политички и верски водач.

Познато е дека никој не ги бира водачите од сожалување кон нив, поради тоа апсолутно е сигурно дека моралниот углед и државничката способност на Пратеникот (صلى الله عليه وسل‎) , силно влијаела врз граѓаните на Медина, бидејќи они барале некој кој ќе може да ги спаси од кобните триења кои одамна завладеале во нивниот град, поткопувајќи ги животите на луѓето.

Пратеникот (صلى الله عليه وسل‎) , останува доследен на својот пратенички повик, и покрај невидените протерувања, злоставувања и мачења.

Идолопоклониците ја изливаат својата лутина и гнев против Пратеникот (صلى الله عليه وسل‎) , и неговите следбеници, кои остануваат нескршливи и непоколебливи.

Муслиманите опстанале, затоа што упорноста и трпеливоста беа главните услови за секој успех и победа во животот.

Никој не помислуваше на било каков компромис, а најмалку Мухаммед (عليه السلام‎) , кој слободно и смело чекореше, вложувајќи максимум од снагата за оживотворување на поставените идеали.

После внимателните преговори со граѓаните на Медина, Пратеникот (صلى الله عليه وسل‎) ,ја напуштил Мекка и отишол во Медина со една мала, но одбрана група на следбеници.

Хиџра, или исселувањето во Медина, го одбележува почетокот на муслиманското сметање на времето.


„Кој ќе се иссели на Аллаховиот пат, на Земјата ќе најде многу места и богаства! А оној кој ќе го напушти својот дом, исселувајки се поради Аллах и Неговиот Пратеник, па ако го стигне смртта, од Аллах ќе добие награда! Аллах многу простува и милостив е!” (Ен-Ниса, 100)


Ова е поттик за Хиџра и убедување да се напуштат идолопоклониците, затоа што верникот, каде и да оди, ќе најде засолниште од нив.

Кој ќе го напушти својот дом со намера да се иссели (Хиџра да направи) поради Аллах (سبحانه وتعالى‎) и Неговиот Пратеник (صلى الله عليه وسل‎) ,а потоа ќе почине, нему кај Аллах му е обезбедена награда.

Тоа го потврдува и преданието во Сахихите, Муснедите и Сунените на Омер ибн Ел-Хаттаб (رضى الله عنه‎) , кој рекол:

„Делата се проценуваат според намерите и на секој човек му припаѓа она што го намерил! Исселувањето на кој, ќе биде поради Аллах и Неговиот Пратеник, неговата Хиџра е за Аллах и Неговиот Пратеник, а исселувањето на кој ќе биде поради овој свет, со цел да го освои, или поради жена која сака да ја ожени, неговата Хиџра е поради она за што се исселил!”


Ова општо се однесува за Хиџрата, односно за сите дела. Во тоа спаѓа и хадисот кој стои во два Сахиха, а се однесува на човекот кој убил девеесет и девет особи, а потоа, тоа го употполнил со стотиот побожен човек, кој починал на патот на Хиџрата и кого го зеле мелеците на милоста.

Во едно предание стои дека он, кога му дошла смртта, со градите се спуштил кон земјата во која се исселил.

Имам Ахмед (رضى الله عنه‎) , наведува предание од Абдуллах ибн Аттик (رضى الله عنه‎) , кој кажува дека го слушнал Аллаховиот Пратеник (صلى الله عليه وسل‎) , како кажува:

„Кој ќе излезе од својата куќа во борба на Аллаховиот пат, потоа кажува: „Каде се борците на Аллаховиот пат?, а потоа ќе падне од коњот и ќе почине, нему му припаѓа награда кај Аллах ! Ако го касне некое животно (змија, шкорпија и слично), па ако почине изненадно, кај Аллах (سبحانه وتعالى‎) награда му припаѓа!”


Ебу Хурејре (رضى الله عنه‎) , кажува: „Аллаховиот Пратеник (صلى الله عليه وسل‎) , рекол:

„Кој ќе тргне на хаџ и ако почине, нему му се запишува нагрда за хаџ до Судниот ден! Кој ќе тргне во бој на Аллаховиот пат и ако почине, нему награда на борец (газија) му се запишува до Судниот ден.!”



Хиџрата ја извршиле сите Аллахови Пратеници


Хиџра не е само историски настан кој говори за иселувањето на Мухаммед (عليه السلام‎) , со муслиманите од Мекка во Медина. Она е морален и духовен поим во психологијата на развојот на исламот, кој ја означува духовната подготвеност на муслиманите да согорат за идеалот на верата, правдината и човечноста. Така Хиџрата станала правило во ширењето на сите големи покрети.

Хиџрата ја извршиле речиси сите Аллахови Пратеници. Нема ниту еден Аллахов Пратеник кој не се повлекол од својата средина, поради тоа Хиџрата е суннет на Аллаховиот Пратеник (صلى الله عليه وسل‎) .


Животот на првиот човек на земјата започнал со Хиџра.

Адем (عليه السلام‎) , на земјата по пат на Хиџра го носи првото знаење за животот и светот.
Со тоа веќе е најавено дека Хиџра ќе биде составниот дел на животниот пат на сите Аллахови Пратеници.


Секој Аллахов пратеник имал своја Хиџра.

Познати се миграциите на Ибрахим (عليه السلام‎) , Муса (عليه السلام‎) , Иса (عليه السلام‎) , и другите. Сите морале да поминат макотрпен пат на Хиџрата. Тоа била нужна стратегија на нивната пратеничка мисија. Секоја борба помеѓу доброто и злото се води во покрет, значи динамично, а не статично.

Хиџра е нужна последица на динамичната борба помеѓу доброто и злото, вистината и невистината, знаењето и не знаењето.

Аллаховите пратеници никогаш не потклекнувале пред ударите на противниците. Нивниот животен пат беше права линија од која нема скшнување. Во борбата за големи идеи, големите луѓе како што се Аллаховите пратеници, не знаеле за колебање. Они секогаш биле одлучни, знаеле што сакаат.. Со тоа им покажале на идните генерации дека борбата е животна потреба, закон на животот, дека само преку жртви и самопрекор на сите членови на заедницата, се доаѓа до успехот.


Мухаџирите и алтруизмот на енсариите


Хиџра значи нова ера во духовниот и етичкиот развој на човештвото. Поради тоа не можеше да се најде попогоден настан за почетокот на исламската ера.

Аарапите, кои во џахилијетот живееле од ограбувања и кај кои владеало правилото на посилниот, сега поврзани со исламското братство, го делат и доброто и злото.

Жителите на Медина доброволно и во името на Аллах (سبحانه وتعالى‎) , ги примаат мекканските мухаџири и им ги ставаат на располагање нивните имоти. Со тоа чинат жртва рамна на хиџретска жртва на мухаџирите, и достојно го добиваат чесниот историски назив-енсарии, што значи „помошници”.

Свесни биле дека мухаџирите се жртвувале за спасот на исламот и дека нивната Хиџра значи кулминација на материјалната жртва и искушениа.

Кур'анот им посветува најповеќе простор на мухаџирите, отколку на енсариите, иако врз основа на тоа е погрешно да се толкува дека мухаџирите се подобри од енсариите.

Кур'анот и едните и другите ги нарекува искрени и вистински верници.
Аллах(سبحانه وتعالى‎) , е задоволен со нив и им припаѓа простување на гревовите и голема награда. Тоа го потврдуваат и овие ајети:

„Оние кои веруваат и ќе се иселат на Аллаховиот пат, и оние кои ќе дадат засолниште и помагаат - они навистина се вистински верници - нив ги чека простување и благородно богаство”. (Енфал,74)

„Аллах е задоволен со првите муслимани, мухаџирите и енсариите, и со сите оние, кои добрите дела ги следат чинејќи ги. А и они се задоволни со Него, за нив Он ги подготвил џеннетските бафчи, низ кои реки ќе течат, и они вечно и засекогаш во нив ке престојуваат.”. (Тевбе,100)


Самиот Аллахов Пратеник (صلى الله عليه وسل‎) , го потенцирал значењето на Хиџра и отворено им доделувал достојни признанија на мухаџирите.

Кога еднаш во една прилика го прашале, оние кои не биле мухаџири, на кој начин они би се стекнале со степенот на мухаџирите, Пратеникот (صلى الله عليه وسل‎) , рекол: „ Мухаџир е секој кој ќе напушти се она што Аллах ,забранил, а ќе прифати се она што Он наредил”.
Со ова Пратеникот (صلى الله عليه وسل‎) , потенцирал , како Хиџрата ја има својата духовно-моралната димензија.

Дистанцирањето од гревовите и тежнеењето кон возвишениот идеал, тоа е патот на Хиџрата.

„И сиромашните мухаџири, кои од својот роден крај се протерани и од својот имот се лишени, кои сакаат да ја стекнат Аллаховата добрина и задоволство, и на Аллах и на Неговиот Пратеник му помагаат, тоа се навистина, вистински верници.
И оние кои пред нив Медина ја настаниле и иманот го прифатиле, они ги сакаат оние кои им се доселуваат, и на градите никакви тегоби не чувствуваат , зошто им се дава, и повеќе сакаат ним да им дадат, отколку за себе да задржат, иако на ним самите им е потребно. А оние кои избегнуваат шкртарење они сигурно ќе успеат.
Оние кои после нив доаѓаат - говорат „Господару наш, прости ни нам и на нашите браќа, кои не претекнале во верата и не дозволувај во нашиве срца да има злоба кон верниците. Господару наш, Ти навистина си добар и милостив.” (Ел-Хашр, 8-10)

Аллах (سبحانه وتعالى‎) енсариите во Кур'анот ги пофалува и ги објаснува нивните доблести, честа, благородноста, незавидност кон мухаџирите и делењето со нив, претпочитувајќи ги над себе и ако на самите им е потребно.

Омер (رضى الله عنه‎) , кажува:

„Им ги доверувам првите мухаџирите на халифот, кој ќе дојде после мене, да ги запознае со нивните права и да го чува нивното достоинство. Препорачувам кон енсариите убаво да се однесува, кон оние кои Медина ја настаниле и иманот го прифатиле , пред многу од нив, да го прифатат доброчинството - на добротворот, и да му ја прости грешката на грешникот.,”. (Ел-Бухари)

Имам Ахмед (رضى الله عنه‎) , ги бележи зборовите на Енес (р.а.),: Мухаџирите говореле:

„Аллахов Пратенику, ние не сме виделе слични на народот кај кој сме дошле, многу помагаат и кога немаат , а кога имаат отповеќе, неизмерно даруваат.
Не поштеделе од трудот околу снабдувањето, а ни се придружиле во удобноста,така што се плашиме дека целата награда ќе ја земат!” „Не, нема, пофалете ги и чинете дова на Аллах, за нив!”

Енсариите не завидувале кон мухаџирите поради честта, положбата, степенот и првенството при спомнувањето, со што Аллах (سبحانه وتعالى‎) , ги обдарил.
Енсариите им даваа на другите иако они биле зависни од тоа. Во ситуации кога на сите им беше потребно, прво даваа на другите.

Ебу Хурејре (رضى الله عنه‎) кажува.:

„Еден човек дошол кај Пратеникот (صلى الله عليه وسل‎) и му се пожалил со зборовите:


„Аллахов Пратенику беда ме задесила”, па Аллаховиот Пратеник (صلى الله عليه وسل‎) , испратил од своите луѓе до своите сопруги да ги прашаат, но кај нив немало ништо, па Пратеникот (с.а.в.с.) , рекол:

„Дали има некој кој вечерва ќе го угости овој човек, Аллах да му се смилува?”, така станал еден од енсариите и рекол: „Јас ,Аллахов Пратенику!” Отишол дома и на сопругата и рече: „Ова е гостинот на Ресулуллах , немој со ништо да го понижиш!”
„Така ми Аллах имам храна само за децата”. „Кога ќе сакаат да вечераат, ти успиј ги, дојди и изгаси ја свеќата. Вечерва ќе гладуваме. Така и направила. Овој енсарије бил Ебу Талха (رضى الله عنه‎) .

Во еден хадис Пратеникот (صلى الله عليه وسل‎) , за енсариите кажува: „Енсариите не може никој да ги сака освен верниците, ниту некој може да ги мрази освен лицемерните.кој ке ги засака-Аллах ке го засака, а кој ги мрази-Аллах ке го замрази.”

Хишам б.Зејд (رضى الله عنه‎) слушнал од Енес б. Малик (رضى الله عنه‎) дека кажувал:

„Некоја енсаријка со детето дошла кај Ааллаховиот Пратеник (صلى الله عليه وسل‎) , он разговарал со неа и рекол: „Така ми Оној на чија рака е душава моја, вие сте ми најдраги луѓе.”. Два пати, тоа го повторил.


Првите муслимани длабоко ја доживеале Хиџра. Они биле свесни дека со Хиџра од Мека во Медина, работат на зачувувањето на Аллаховиот (سبحانه وتعالى‎) , еманет, дека со својата пожртвуваност, излагањето на животна опасност и со оставањето на родното место и иметокот , они обезбедуваат погодна почва за развојот и напредокот на исламот.

Таа јасна цел ги зацврстувала, така што на тој пат биле одлучни и непоколебливи и не се плашеле, ниту шкртареле да направат било каква жртва. Оваа одлучност и цврстина биле гаранција на успехот на мухаџирите. И Мединците, домаќини на мухаџирите, не сакале во тој, за исламот судбоносен момент, да останат настрана, туку сакале и самите да учествуваат во Хиџра. Во таа смисла, они на мухаџирите ширум вратите им ги отвориле, ги примиле како да им се родени браќа и со нив го споделиле иметокот.

Енсариите и мухаџирите живеат како браќа. Исламот омразата на Арапот од пустината го претвара во љубов и самоодрекување, ја елиминира омразата, а ја пропагира вистината и мудроста.

Едно време мухаџирите и енсариите се наследувале, додека не дошла Аллахвата објава со која се наредува дека роднинството е поблиско во поглед на наследството.

Во Бухаровите хадиси се наведува како некои од енсариите сакале да пуштат по една жена во корист на мухаџирите, што мухаџирите тоа не го прифатиле. Мухаџирите и енсариите се чувствувале како едно тело, живееле како една душа, биле преокупирани со исти идеали, борејќи се за исти, заеднички цели.

Општествената свест кај енсариите била развиена до совршенство. Енсариите со своите постапки докажале дека поседуваат најголеми етички вредности, кои налагале љубов кон блиските, сиромашните и оние кои биле во неволја.

Воодушевувањето и пожртвуваноста за верата не познавала граници. Сите биле поврзани и единствени, заеднички го делеле и доброто и лошото. Сите лични недоразбирања и сплетки, престанувале пред општото добро на заедницата. Успехот и напредокот на заедницата биле врвната цел, светињи кои никој не помислувал да ги повреди.

Кај првите муслимани била развиена самосвеста, чувството на должност и одговорност.
Енсариите и мухаџирите ги исполнувале своите должности според своите можности.
Во моментите на опасности, целата заедница како еден човек тргнува во борба : учен и неук, богат и сиромашен, старците и децата, па дури и жените.
Јунаците на срцето и духот не потклекнуваат пред смртта. Во борбата за вечните идеали,чест е да се умре и да се согори.

И на крајот здружените сили на мухаџирите и енсариите ги совладале потешкотиите и го истрасирале патот за продирање на исламот. Нивниот напредок и воспоставувањето на огромната држава е резултат на крвта и пожртвуваноста, високата свест и самопрекорот, плод на исполнување на должноста која била насочена кон врвното добро на колективот.

Со помагањето на настраданите, на јетимите и вдовиците ,како и за општата работа на заедницата, богатите ги жртвуваат своите имоти, како што беше примерот на Ебу Бекр (رضى الله عنه‎) , и другите.

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

2Хиџра Empty Re: Хиџра Чет 15 Мар 2012, 10:05 pm

Келиметул-Хакк

Келиметул-Хакк
Талиб
Талиб
Селамуналејкум ве Рахметуллах!!!!


МашаАллах, АллахуЕкбер!!!


Може да знам од каде си го превел ова или самиот си го приготвил?

3Хиџра Empty Re: Хиџра Чет 15 Мар 2012, 10:18 pm

Al-Ghuraba

Al-Ghuraba
Модератор
Модератор
Алејкум селам Ве рахметуллахи Брате ова самиот го изработив некој дел е превземен така што се надевам нема да имаат некои реакции исто така се надевам дека ќе ви се допадне Wink Селам Алејкум

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

4Хиџра Empty Re: Хиџра Чет 15 Мар 2012, 10:33 pm

Келиметул-Хакк

Келиметул-Хакк
Талиб
Талиб
МашаАллах убаво е !!!


Го молам на Возвишениот Аллах субхане ве те ала, да не сторит од оние кои ради Него чиниме Хиџра, и го молам на да не не ставит на искушение кои не можеме да го поднесеме, а кога не може да се поднесе повеќе зулумот на неверниците да на сме јаки да ради Него субхане ве те ала, чиниме Хиџра.



Аллахумме амин ја Рабб!!!

5Хиџра Empty Re: Хиџра Чет 15 Мар 2012, 11:03 pm

Haqq

Haqq
Администратор
Администратор
Аллах субаханаху ве теала да те награди за текстот - секако - вакви користни текстови се за сите важни!

Во исто сакам да ти речам „добре ни дојде во нашиов форум„ - но би било прекрасно, ако се преставиш
со кратки црти (не треба детално) кој си - исто така за да имаат и другите членови да ти посакаат добре дојде!

отвори тука нова тема - иншАллах: [You must be registered and logged in to see this link.]

БаракАллаху Феек!

http://www.ahlu-sunnah.org

6Хиџра Empty Re: Хиџра Чет 15 Мар 2012, 11:50 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
Ibn Kaab напиша:Алејкум селам Ве рахметуллахи Брате ова самиот го изработив некој дел е превземен така што се надевам нема да имаат некои реакции исто така се надевам дека ќе ви се допадне Wink Селам Алејкум

Постот и темава ти е убаф,Аллах џ.ш да те награди но исто така и предлогот на Адмистраторто е убаф па се надевам и ти убаво го прифати и чес и задоволство би ни преставувало во кратки црти да ни се преставиш на посочената тема(линг)..

Ес Селамун Алејкум...

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот