Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 8 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 8 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Vote_lcapВредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Voting_barВредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Vote_lcapВредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Voting_barВредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Vote_lcapВредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Voting_barВредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Vote_lcapВредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Voting_barВредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Vote_lcapВредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Voting_barВредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Vote_lcapВредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Voting_barВредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Vote_lcapВредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Voting_barВредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Vote_lcapВредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Voting_barВредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Vote_lcapВредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Voting_barВредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Vote_rcap 
Haqq (253)
Вредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Vote_lcapВредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Voting_barВредноста на 10 (десете) дена од Зул Хиџџе Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Драги Брача и Сестри:

Ни претстојат 10 вредни денови, денови за кои и Возвишениот Аллах џ.ш. се колни за нив. Тие денови се првите десет дена од исламскиот месец Зул-Хиџџе или народно речено десет дена пред Курбан-бајрам. За жал, многу наши муслимани не се свесни за овие денови па дозволуваат да им поминат попусто без да стекнат или спечалат некое добро дело..

Оваа е една прилика преку која можеме да се приближиме до Аллах џ.ш., и некој вид на благодет низ кој Аллах џ.ш. ќе ја спушти Неговата милост врз трудбеникот. Најсреќен е оној кој најповеќе ќе ги искористи овие денови. Овие десет дена од Зул-хиџџе, одликувани се од страна на Аллах џ.ш. Ибн Аббас р.а. пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол:


«ما الْعَملُ في أيَّامِ العَشْر أفضلَ منَ العَمَلِ فِي هَذِهِ. قالوا: ولا الجِهادُ؟ قال: ولا الجِهادُ، إِلاَّ رجُلٌ خرَجَ يُخاطِرُ بنفسهِ وَمالهِ فلم يَرجِعْ بشيء».


“Нема денови во кои добрите дела се посакани кај Аллах од овие десет дена.” Присутните прашаа: “Дури ни џихад во име на Аллах?” Ресулуллах а.с. рече: “Дури ни џихад во име на Аллах освен во случај кога човекот замине да се бори жртвувајќи се себеси и своето богатство заради Аллах и не се врати без ништо.”
(Бухари)

Исто така, Пејгамберот а.с. рекол: “Нема денови кои се подраги кај Аллах џ.ш. да го обожаваме од десет дена на Зул хиџџе. Пост во кој било ден од тие денови вреди како пост цела година, а ноќен намаз (салату-техеџџуд) во една од тие ноќи е како да клањаш ноќен намаз во Лејлетул-кадр.” (Тирмизи)

Овие текстови и останатите, покажуваат колкава е вредноста на овие денови, дури некои исламски научници сметаат дека се повредни и од последните десет дена од Рамазан да не е во нив ноќта на Кадр.
Која е причината за вредноста на десет дена на Зул-хиџџе?
Прво: Возвишениот Аллах џ.ш. се заколнал во нив: وَالْفَجْرِ وَلَيَالٍ عَشْرٍ“Жими зората и десетте ноќи.” (Ел-Феџр, 2)

Прво: Ибн Аббас, Зубејр, Муџахид и други познати толкувачи на Кур’анот тврдат дека под десет ноќи се мисли на десетте ноќи од Зул-хиџџе.

Второ:
Аллаховите зборови: ....وَيَذْكُرُوا اسْمَ اللَّهِ فِي أَيَّامٍ مَعْلُومَاتٍ... (И сетете се на Аллах во познатите денови) /Бекаре,203/ Ибн Аббас вели: Познати денови се десетте дена од Зул хиџџе. (Бухари)

Третто: Тие се највредни денови на дуњалукот како што сведочи хадисот на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., кој вели: “«أفضل أيام الدنيا العشر» “Највредни денови на дуњалукот се десетте денови.” (Беззар, хасен)

Четвртто:
Во тие денови Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., поттикнал на зголема активност во чинење на добри дела и тоа поради вредноста на времето во овие денови и вредноста на местото (светите места) каде аџиите во овој период се наоѓаат во Мека и Медина.

Петто: Во овие денови Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., наредил многу да се чини тесбих (субханаллах), техмид (ел-хамдулиллах) и текбир (Аллаху екбер).

Шесто: Во тие денови се наоѓа денот на Арефат и Хаџ и Курбан-бајрам.
Ибн Хаџр рекол: “Очигледно е дека причина за одликување на овие десет дена од Зул-хиџџе е поради што во нив се собрани најврвните исламски ибадети (верски ритуали). А тие се намаз, пост, садака, хаџ.. што во други времиња не се спојува тоа..”


Како да ги искористиме овие мубарек денови?

Познато ни е дека кога во некој дуќан или продавница има распродажба на робата каде за помалку пари може да се купи повеќе трговска роба, тука луѓето навалуваат во поголем број и ја користат таа прилика да ги купат своите потреби, слично на тоа се овие десет дена од зул-хиџџе каде за помалку труд се постигнува голема божја награда, како што спомнавме претходно: еден ден пост е вреден како доброволен пост цела година и ноќен намаз во тие ноќи е како клањање во ноќта на Кадр.

Еве неколку начини и форми како да ги искористиме овие денови?

Прво: Многу чинење на добри дела:
Добрите дела се сакани кај Аллах џ.ш. секогаш, а особено во овие денови и ноќи бидејќи нивната вредност се дуплира, па оној што не можел да појде на хаџ тогаш Аллах џ.ш. му пружа друга шанса а тоа е се овие вредни денови да ги исполни со намаз, дова, учење Кур’ан, садака, почит кон родители, поврзување на роднина, наредување кон добро и одвраќање од зло, сомилост кон сиромашните итн.

Второ: Искрено тевбе - покајување (тевбе несух):

Тевбето во избраните времиња имаат посебно место. Душата на човекот е така наклонета што кога повеќе прави добри дела, толку повеќе е свесна за величината на гревовите и стравот кон Аллах џ.ш. Важно е да се спомне дека тевбето се бара од сите нас, верници и грешници, теоретски и практични муслимани, постојани и сезонски. Аллах џ.ш. не повикува со зборовите: “И покајте се сите кај Аллах, ако сте верници!!”. Доказ за тоа е постапката на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., кој постојано барал опрост кај Аллах и чинел тевбе.

Трето: Во овие десет дена препорачливо е текбир, техмид и техлил
и нивно јавно искажување во џамија, улици, куќи, пазари итн. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: “Нема поголеми денови во очите на Аллах во кои добрите дела се подраги од овие десет дена, затоа во овие денови учете тахлил (Ла илахе иллаллах), Текбир (Аллаху екбер) и Тахмид (Ел хамдулиллах).” (Ахмед, сахих)

Четврто: Пост:
Од праксата на Ресулуллах а.с. била постење на деветиот ден од Зул хиџџе бидејќи тој имал навика да го пости тој ден. Некоја од жените на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекла: “Пратеникот с.а.в.с., имал обичај да пости деветти ден од Зул хиџџе, денот на Ашура, три дена во секој месец, и првите два понеделника и четвртока од секој месец.” (Несаи, Ебу Давуд, сахих)

Постот е меѓу најизбраните добри дела. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: “Кој ќе пости еден ден на Аллаховиот пат, Аллах неговото лице ќе го оддалечи од Оган седумдесет години.” (Бухари, Муслим) Особено кога е во прашање постот на деветти Зул хиџџе (јеуму арефе), за кој Пејгамберот с.а.в.с. рекол: “Верувам дека Аллах за постот на денот на Арефат ќе ги опрости гревовите за минатата и идната година.” (Муслим)

Петто: Жртва (курбан):
Едно од најдобрите дела со кое човекот може да се приближи до Аллах џ.ш. е принесување на курбан, избирање на покрупна стока и делење заради Аллах. Тоа била постојана пракса на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. На вредноста на Курбанот укажува хадисот на Ресулуллах а.с. кој вели: “Човекот најдобро што може да направи за Аллах џ.ш. во денот на Курбан-Бајрам е да пушти крв (курбан). Тој (курбанот) ќе дојде на Судниот ден со своите рогови и влакна. Курбанската крв ќе стигне кај Аллах пред да падне на земја.” (Таберани)

Овие благословени денови треба да ги искористиме за искрено покајание кај Аллах, овие денови да бидат време во кое ќе свртеме нова страница во нашите животи, овие денови да ги искористиме во често величање на Аллах, упатување на дова и ибадет кој ќе биде плоден и награден.

Не треба да ги заборавиме страдањата и голготата на низ која поминуваат нашите браќа и сестри ширум светот. Тоа е минимално што можеме да дадеме од себе кога е во прашање нивното помагање на патот на вистината. Овие денови треба да ги поминеме во учење на Кур’анот и размислување за неговите пораки и поуки кои претставуваат непресушен извор и важат до Судниот ден. Треба да го зголемиме ангажманот со добри дела, доброволен намаз, делење садака, добродетелство кон сите, а посебно кон оние кои се во вашата близина; родители, деца, соседи, пријатели и останатите.

На крај го молиме Аллах во овие денови да не направи подобри од одошто сме сме биле пред нив, да не направи успешни во овие денови, а на нашите хаџии кои престојуваат во Светите места да им подари сила и моќ да го извршат хаџот на најдоследен начин. Амин ја раббе-л-алемин.


хатиб: Ариф Рамадани

http://www.ahlu-sunnah.org

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Возвишениот Аллах тебареке ве те’ала ги одликувал овие 10 дена од Зул Хиџџе над останатите денови.

Овие денови се најдобри кај Аллах. Бухари бележи од Ибн Аббас радијјАллаху анху, дека Аллаховиот Посланик саллаллаху алејхи ве селлем рекол:

“Нема други денови во кои доброто дело е повеќе сакано од Аллах од овие 10 дена.“ Прашале: “И Џихад на Аллаховиот пат?“ Одговорил: “Да дури ни џихад на Аллаховиот пат, освен ако човек излезе со својот живот и имот и не се враќа назад со ништо од тоа.“ (Бухари 2/382,383), (Ебу Давуд 2438) и (Ибн Маџе 1727).

Тоа се 10 дена во кој Аллах се заколнал со зборовите:

“Се колнам во зората, и во десетте ноќи.“ (Ел Феџр 1 – 2)

Затоа добро е во овие денови, што повеќе да се изговорува текбир (Аллаху Екбер), техлил (Ла иллахе иллаллах) и тахмуд (Елхамдулиллах), како што рекол Посланик саллаллаху алејхи ве селлем:

“Во нив што повеќе правете текбир, техлил и тахмуд.“

Овој хадис го бележи имам Таберани во Ел – Кебир, (3/110/1) од Ибн Аббас како мерфу’ предание.

Десетте дена од Зул Хиџџе се избрани поради Курбанскиот Бајрам, денот на Арафат и денот Је’уме тервије а тоа е осмиот ден од Зул Хиџџе и наречен е така заради тоа што Хаџиите тој ден ги напоиле своите камили и земале вода припремајќи се за заминување на Арафат. А Арафат е деветтиот ден и тогаш хаџиите го обавуваат составниот дел од Хаџот – престојување на Арафат.

Имам Муслим во својот Сахих (1162) бележи предание од Ебу Катаде ел Енсаријје радијјАллаху Анху каде Аллаховиот Посланик саллаллаху алејхи ве селлем бил запрашан за пост на денот на Арафат па одговорил Мухаммед алејхи селлам:

“Аллах ги опростува гревовите за таа и за идната година“



Портал:

monoteizam.com

http://www.ahlu-sunnah.org

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот